Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија формираше предмет по допрен глас по информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи. „Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на ...
Косовската претседателка Вјоса Османи денеска го распушти парламентот и распиша предвремени избори откако пратениците не успеаја да изберат нов шеф на државата во уставниот рок. Парламентот имаше рок до полноќ во четврток да избере претседател пред да заврши мандатот на Османи во април, но опозициските партии одбија да учествуваат во гласањето. Според законот на земјата, неуспехот да се избере нов претседател значи распишување предвремени ...
Кина е во преговори со Иран за да им овозможи на бродовите за сурова нафта и катарски течен природен гас безбедно да минуваат низ Ормускиот теснец, додека се интензивира американско-израелската војна против Техеран, изјавија за Ројтерс три дипломатски извори. Војната, која влезе во својот шести ден, го остави критичниот бродски премин речиси затворен, а земјите од целиот свет се отсечени од една петтина од глобалните резерви на нафта и течен ...
На 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) одСкопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја нападнал 24-годишната ќерка. Според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по ...
Соединетите Американски Држави и привремените власти во Венецуела се согласија да ги обноват дипломатските и конзуларните односи, соопшти американскиот Стејт департмент, со цел да се поттикне мирна транзиција за избор на нова влада во јужноамериканската земја. „Овој чекор ќе ги олесни нашите заеднички напори за промовирање на стабилноста, поддршка на економското закрепнување и унапредување на политичкото помирување во Венецуела“, се вели во ...
Првите македонски граѓани, евакуирани ое Израел синоќа се вратија во Македонија. Тие патуваа по копнен пат од Израел до Египет, од каде со владиниот авион се вратија дома. „Благодарение на координацијата меѓу институциите и нашите дипломатско-конзуларни претставништва, евакуацијата беше успешно организирана од Тел Авив преку Шарм ел-Шеик, до Скопје“ рече заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да бидат вклучени во изборот на следниот лидер на Иран и рече дека би било одлично доколку иранските курдски сили со седиште во Ирак преминат во Иран за да извршат напади врз безбедносните сили таму. Трамп во телефонско интервју за Ројтерс рече дека смета оти е малку веројатно дека следниот лидер на Иран ќе биде синот на покојниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој се појави ...
Кривичниот суд Скопје ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, во чиј подкаст гостинот раскажуваше за злоставување и силување девојка. Првично, двајцата добија осудителна пресуда во Кривичниот суд Скопје, но по поднесените жалби, судии од кривичниот оддел на Апелацискиот суд Скопје ја укинаа пресудата и ја вратија на повторно судење. Во контроверзниот разговор Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров се смееја на насилството. ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна, една недела по избивањето на конфликтот на Блискиот Исток, но не ја исклучи можноста за економски последици, особено преку раст на цените на нафтата. „Можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, тука пред се мислам на притисок врз цената на енергенсите, на нафтата и на гасот. Повеќе на нафтата бидејќи ние немаме премногу голема ...
Во рамки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и безбедноста. Како што информира денеска директорката на Институтот, Марија Андоновска, отпадот е моментно безбедно отстранет и нема да остане во државата, туку ќе биде согорен надвор. Се работи за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен ...
Азербејџан предупреди дека ќе одговори откако соопшти дека ирански беспилотни летала прелетале преку неговата граница и повредиле четири лица во утрово. „Овие напади нема да останат неодговорени“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан. Додаде дека ги истражува видовите беспилотни летала што се користат во нападот и „ги подготвува потребните мерки за одговор за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на ...
Основното јавно обвинителство Скопје бара продолжување на мерката краткотраен притвор за Стојанче Јовановски, сопруг на 31-годишната жена која заедно со нивното шестгодишно дете падна од балкон во скопската населба Карпош. Од Обвинителството велат дека предлогот за определување нов 48-часовен притвор е доставен бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, а се обезбедуваат и се ...
Италија, Шпанија, Франција и Холандија ќе испратат поморски средства за заштита на Кипар, вели италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето. Одделно, италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави за радио станицата RTL дека Италија планира да испрати помош за воздушна одбрана до земјите од Заливот како одговор на иранските воздушни напади, објави Ројтерс. Таа рече дека потегот е поттикнат не само од дипломатските врски, туку и од ...
Декласифицирани документи од архивите на американската разузнавачка служба ЦИА откриваат нови информации за дипломатските притисоци со кои се соочувала Македонија во раните години по независноста и за политичката улога на Киро Глигоров. Документот наведува дека и покрај сериозните економски предизвици во земјата, Глигоров одбил понуда од грчки претставници во износ од 100 милиони долари со услов Македонија да го промени своето име. Тој ги ...
Полиција уапси вработен во РЕК Осломеј кој ноќеска лажно пријавил дека има сознанија дека во комбинатот има поставено бомба, само за да може порано да си замине од работа. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Р.Б.(44) од Кичево ноќеска во 2:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба. „По преземени мерки и извршени проверки со ...
Платформата за родова еднаквост апелираше до Владата и Собранието да бидат направени системски измени кои ќе обезбедат поефикасна заштита на жртвите на насилство. Од Платформата постенцираат дека последниот трагичен случај на семејно насилство во кој животот го загубија мајката и нејзината 6 годишна ќерка е резултат на нефункционалниот систем за заштита кој на „хартија“ постои уште од 2004 година. „Во целиот овој период државата не презеде ...
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, и американскиот министер за внатрешни работи, Даг Бургум, изјавија дека двете земји ќе работат заедно на развој на рударството во земјата, објави Би-Би-Си. Бургум, кој го води Националниот совет за енергетска доминација на претседателот Доналд Трамп, се сретна со Родригез во претседателската палата во Каракас, во втората посета на американски секретар по американските напади и ...
Џорџ Буш и „Пустинска бура“ во Ирак, Бил Клинтон и „Сојузничка сила“ во Сојузна Република Југославија, Џорџ Буш помладиот и „Ирачка слобода“ – ќе остане ли Доналд Трамп запишан во историските книги преку операцијата „Епски бес“ во Иран?, пренесува Би-Би-Си Србија. Воздушните напади на американската и израелската војска врз Иран и убиството на врховниот лидер, ајатолахот Али Хаменеи, потпалија ново буре барут на Блискиот Исток. Иранците ...
Жители на виничкото село Блатец повеќе од една деценија се борат за да ја зачуваат својата река Блатешница од изградба на мала хидроцентрала. Тие велат дека животот во селото, во кое живеат над 1.200 жители зависи од водата во реката која ја користат за пиење и за наводнување на нивите. Градинарството и призводството на јагоди, пченка и компир се главните дејности кои ги одржуваат овие домаќинства и кои се директно зависни од пристапот на ...
Владимир Путин ја обвини Украина за терористички напад врз еден од руските носачи на течен природен гас, кој експлодираше и потона во Средоземното Море во близина на Либија. Арктик Метагаз беше санкциониран од САД и ЕУ поради тоа што е дел од флотата во сенка на Москва од стари танкери што ја носат нејзината нафта и гас низ целиот свет, заобиколувајќи ги западните ограничувања. Либиската поморска управа пријави ненадејни експлозии, проследени ...
Резолуцијата, насочена кон ограничување на можностите на претседателот Доналд Трамп да води војна во Иран, не успеа во американскиот Сенат. Мерката за воени овластувања беше отфрлена со 53-47 гласа, главно со партиско гласање. Таа ќе ја запреше воената акција на САД во Иран без одобрение од Конгресот. Демократите тврдат дека Трамп го тргнал Конгресот настрана и понудил променливи причини за војната. Повеќето републиканци ја блокираа ...
Иран лансираше бран ракети кон Израел рано утрово, испраќајќи милиони жители во засолништа за бомби, додека војната меѓу САД и Израел со Иран влезе во својот шести ден и само неколку часа откако во Вашингтон беа блокирани потезите за запирање на воздушниот напад на САД. Републиканските сенатори во Вашингтон гласаа против предлогот насочен кон запирање на воздушната кампања и барање воената акција да биде одобрена од Конгресот, оставајќи ја ...
Ирански воен брод со екипаж од 180 лица потона во Индискиот Океан покрај јужниот брег на Шри Ланка, соопштија официјални лица во земјата. Околу 30 лица беа спасени, многумина се исчезнати, пренесува Њујорк Тајмс. Иако причината за потонувањето е непозната, иранската поморска флота е нападната откако САД и Израел започнаа војна против Иран минатиот викенд, насочена кон воениот и безбедносниот апарат на земјата. „Ирис Дена“, опишан како ...
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г од Кривичниот законик. Осомничениот, преку посебно креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук, ...
Турција соопшти дека воздушната одбрана на НАТО уништила балистичка ракета испукана од Иран додека се упатувала кон турскиот воздушен простор, што е првпат членката на алијансата да биде вовлечена во растечкиот конфликт на Блискиот Исток, пренесува Ројтерс. Не беше јасно каде била насочена ракетата, но портпарол на НАТО рече дека трансатлантскиот одбранбен блок го осудува иранското насочување кон Турција и дека цврсто стои зад сите сојузници. ...
Штотуку излезе најновата експанзија за играта World of Warcraft насловена Midnight. И покрај многуте новитети најважен додаден е вдомувањето во играта, односно можноста да имате куќа во играта со имот што играчите индивидуално си го уредуват по свој вкус, каде може и да се дружите со пријатели во играта. За оваа експанзија и општо за самата игра имаме и претходни написи што може да ги прочитате овде. Што се однесува до другите претходно ...
Триесет и еден отсто од децата во Македонија имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто од нив живеат со дебелина, што е над европскиот просек (25 отсто и 11 отсто). Зголемената телесна тежина и дебелината е почеста кај момчињата во споредба со девојчињата, покажуваат наодите од студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата (COSI), а за кои информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). „Наодите покажуваат ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез ја нарече американско-израелската војна во Иран „катастрофа“ што ја спореди со руската инвазија на Украина и израелскиот напад врз Газа откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги прекине трговските врски со Шпанија поради конфликтот, пренесува Фајненшл Тајмс. Санчез изјави дека е против иранскиот режим, но тврдеше дека нападот врз земјата е кршење на меѓународното право. „Не можете да ...
В недела во центарот на Скопје, по повод 8 март – Меѓународниот ден на жената ќе се одржи традиционалниот марш за женски права. Маршот ќе започне во 12 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, во знак на протест и отпор кон фактичкото и фигуративното бришење на жените во нашето општество. Годинава слоганот на маршот е „Нема да нè снема“, кој ја изразува непоколебливата и нужна борба на жените да опстојат ...
За трагедијата во Карпош мора да има одговорност и оставка од Панче Тошковски, побараа денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Од партијата велат дека трагедијата во која трагично згаснаа два животи на мајка и дете, покажа сериози пропусти на институциите за заштита од семејно насилство. „Две години пријавувано семејно, физичко и психичко насилство. Дури 12 пријави имало за сопругот, кој имал и други обвиненија а последниот ...