ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца ...

Заклучно со 18 август, според податоците на ИЈЗ, во земјава се регистрирани 38 случаи на западнонилска треска од кои 36 потврдени и два веројатни, соопшти денес Министерството за здравство. 37 во случаите се регистрирани во скопскиот регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани во Клиниката за ...

Седумнаесет Иранци се обвинети за наводно водење долгогодишна „координирана кампања“ на сајбер напади во обид да украдат податоци од американски организации, објави Би-Би-Си. Министерството за правда на САД соопшти дека членови на Институтот „Мабна“, со седиште во Иран, ги нападнале компјутерските системи на 144 американски универзитети и 42 фирми од приватниот сектор од најмалку 2013 година. Се тврди дека групата украла повеќе од 31 терабајт ...

Од 2013 та до 2022 та година повеќе од 90 отсто од испитувањата на водата за пиење на ниво на државата, покажале дека водата за пиење е исправна односно санитарно-хигиенската состојба била во границите на очекуваното, се наведува во годишната „Статистика на животната средина за 2025“ што ја објавува Државниот завод за статистика. Додека Гостиварци ги помина „најпеколните“ летни денови без вода за пиење од градскиот водовод а партиите ...

Јужнокорејската војска соопшти во средата дека ќе ги скрати заеднички воени вежби со САД, а претседателот Доналд Трамп наводно инсистира на средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун уште оваа есен, обајви Си-Ен-Би-Си. Заедничката вежба „Штитот на слободата на Улчи“ ќе се одржува 17 до 21 август, според соопштението на Здружениот штаб на јужнокорејската армија, во кое се наведува дека одлуката е предлог на САД. Програмата првично беше ...

Поранешниот украински министер за одбрана, Михајло Федоров, повика на воени избори, што се смета за најголем предизвик за претседателствувањето на Володимир Зеленски од целосната инвазија на Русија пред четири и пол години, објави Би-Би-Си. „Демократијата не може да биде заложник на Русија“, рече 35-годишниот Федоров во видео објавено на YouTube во вторник, додавајќи дека Украина се бори „токму затоа што сака да остане слободна европска ...

Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на Србија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка против ...

Ниту еден универзитет од Македонија не се најде меѓу 1.000 најдобри универзитети во светот на најновото Академско рангирање на светските универзитети (Academic Ranking of World Universities – ARWU), попознато како Шангајска листа, објавено на 15 август. Податоците од годинашното рангирање покажуваат и продолжување на трендот на зголемување на бројот на кинеските универзитети во однос на американските и европските. Македонија не е единствена ...

Иако неколкумина локални и државни функционери на 14 август пиеја вода од јавна чешма во Гостивар за да докажат дека е безбедна за пиење, сепак, четири дена подоцна ниту една институција не сака да ги обелодени резултатите од последните направени анализи на водата. Мета се обиде да дојде до резултатите со оглед на тоа дека се земени мостри и истите се анализирани, но ниедна надлежна институција не открива информации кои се однесуваат на ...

Иако неколкумина локални и државни функционери на 14 август пиеја вода од јавна чешма во Гостивар за да докажат дека е безбедна за пиење, сепак, четири дена подоцна ниту една институција не сака да ги обелодени резултатите од последните направени анализи на водата. Мета се обиде да дојде до резултатите со оглед на тоа дека се земени мостри и истите се анализирани, но ниедна надлежна институција не открива информации кои се однесуваат на ...

Починал пациент на 76 годишна возраст и во тешка состојба, кој бил хоспитализиран 27 дрдена на Клиниката за инфективни болести, информираше денеска директорот на клиниката Фадил Цана. Тој кажа дека и покрај напорите на медицинскиот кадар, поради дополнителните придружни сериозни заболувања, како и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка, пациентот сепак починал. „Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 20 пациенти со ...

Првото издание на фестивалот за електронска музика „Кора“ ќе се одржи на 18 и 19 септември во Кучково, на околу 30 минути од Скопје. Организатор на дводневниот настан е екипата зад скопскиот клуб „Минус Еден“. На фестивалот, кој ќе се одржува под отворено небо, ќе настапат околу 30 локални, регионални и интернационални артисти. Организаторите го најавуваат „Кора“ како отворен простор за современата електронска сцена, без строги жанровски ...

Луѓето на возраст од 60 години и постари се соочуваат со опасности по своето здравје од изложеност на топлина при многу пониски температури отколку што претходно се сметаше, покажало истражување, објави „Гардијан“. Повозрасните лица ќе ги почувствуваат најтешките последици од сè почестите и подолги периоди на екстремни горештини ширум светот, додека планетата продолжува да се загрева, се наведува во студија објавена во списанието „Де Лансет ...

Откако е прогласена епидемијата во Гостивар на 19 јули, досега, здравствените власти евидентирале 1.149 заболени лица од ентероколит, односно стомачен вирус. Иако здравствените експерти предупредуваа дека бројките на заразени се 4-5 илјади (голем број од нив не се јавиле на лекар), од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за Мета објаснуваат дека бројката од 1.149 се базира само на пријавите кои ги прават лекарите што дијагностицираат и ги ...

Во текот на месец јули, до Институтот за јавно здравје пристигнале пет пријави за појава на епидемии од акутни заразни заболувања. Од нив, три се со дијагноза токсикоинфекција алиментарис (труење од контаминирана храна), една со салмонела и една со стомачна инфекција (гастроентеритис), наведено е во билтенот за акутни заразни заболувања за месец јули, што го објавија од Институтот зајавно здравје (ИЈЗ). „Првата епидемија е пријавена од ...

„Фантом Блејд Зирo“ е долгоочекувана игра за која излезе и нов трејлер што доста открива за тоа што ќе излезе на 29 октомври годинава за „PS5“ и „PC“ и веќе е отворена опцијата за преднарачки. Но, најинтересната вест е дека познатиот азиски актер Дони Јен е длабоко навлезен во процесот на изработка на боречка кунг фу кореографија за играта. Во трејлерот можат да се видат редица категории од борби против различни босеви, дружината пријатели ...

Во текот на месец јули, пријавени се 11 нови случаи на ХИВ/СИДА, од нив 9 се лица од машки пол и 2 лица од женски пол, на возраст од 20-49 години, пишува во новиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули. „Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во РС Македонија, за периодот 1987–2026, изнесува 765. Евидентирани се вкупно 141 починато лице, 508 лица ...

Четири лица се осомничени за предизвикување десет пожари на подрачјето на Задар и задарската жупанија, по што ќе поминат еден месец во истражен притвор. Истрагата сега е насочена кон нивната меѓусебна комуникација, трагите на облеката и утврдувањето на точната причина за секој од пожарите, објави Индекс.хр. Како што пренесува медиумот, станува збор за тројца хрватски државјани од српска националност, на возраст од 42, 45 и 46 години, како и ...

Почина хрватската писателка, колумнистка и блогерка Ведрана Рудан, јави Н1 Хрватска. Таа имаше 76 години. Веста беше објавена и на нејзиниот официјален профил со кратка порака дека Рудан „заминала во подрачје без сигнал“. Станува збор за формулација што самата ја употреби во едно од своите последни јавни обраќања зборувајќи за сопствената смрт и за болеста со која се соочуваше. Рудан во 2024 година објави дека престанува да го пишува својот ...

Трет пациент почина од западнонилска треска во земјава, додека шестмина од хоспитализираните се во критична состојба и се лекуваат на интензивна нега на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Починатиот пациент имал 61 година и бил од едно од подрачјата зафатени со епидемијата, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Пациентот починал во саботата и освен што бил со зголемена телесна тежина, немал други ...

Дизел горивото од ноќва поскапува за 6,5 денари, а бензините за 4,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука, литар дизел ќе чини 98 денари, еуросупер 95 ќе чини 91,5 денари, а еуросупер 98 ќе чини 93,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 6 денари за литар, а мазутот М-1 НС за 0,188 денари за килограм. Дизел горивото од ноќва поскапува за 6,5 денари, а бензините за 4,5 денари, ...

Зетот на Доналд Трамп и негов пратеник, Џаред Кушнер, во неделата во Египет се состанал со политичкиот лидер на Хамас, во рамките на нов дипломатски обид да се постигне напредок во застојот околу примирјето во Газа. Кушнер во понеделник ќе се сретне со Бенјамин Нетанјаху, кој се соочува со притисок откако го одби новиот, 15-точковен патоказ поддржан од САД, пренесува „Гардијан“. Како што пренесува медиумот, целта на разговорите е да се спаси ...

Во Скопје и во Штип денеска со повеќе активности ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата, информираат од Генералштабот. По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје, вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Во 18 часот, претходно, ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на ...

Возрасен брачен пар загина во пожарите на грчкиот остров Саламина во неделата, додека Белгија се бори со најголемиот шумски пожар во својата современа историја, кој беснее во непристапна област во близина на границата со Германија, во најновиот бран шумски пожари што ја зафати Европа, пренесува „Гардијан“. Брачниот пар загинал пред својот дом во областа Перистерија, соопшти грчката крајбрежна стража. На повеќе од 500 луѓе им било наредено да ...

Ќе се градат шест нови автопатски делници, а проектот Блаце – Скопје почнува на крајот на месецов, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека следниот месец се очекува и делницата Букојчани – Кичево, како и засилување на динамиката на автопатот Кичево – Охрид. Во октомври ќе биде пуштена делницата од Извор до Врбјани, а целиот проект да заврши во првиот квартал од 2027 година. Мицкоски најави засилена динамика и на трите ...

Едно лице од вчера е во притвор и ќе одговара за продажба на над 300 килограми марихуана, за едно со уште три лица за кои се води постапка во Грција. Како што информираат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесена е кривична пријава од Министерството за внатрешни работи и покрената е постапка за едно лице кое е осомничено за кривично дело, неовластено производство и пуштање во промет наркотични ...

Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски возел општинско противпожарно возило, а припадници на доброволното противпожарно друштво од Зелениково ноќеска гаснеле пожар што се заканувал да изгори куќи на ридот над селото, додека да пристигнат пожарникари од Скопје. Жителите од куќите кои биле во опасност претходно направиле делумна заштита со сечење на вегетација и помогнале на пожарникарите да ја сопрат огнената стихија пред да ...

Руските сили извршија ракетни и беспилотни напади врз Киев рано утрово, предизвикувајќи пожари во најмалку два округа на главниот град на Украина, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Воената администрација на градот соопшти дека три лица се повредени. Кличко, на Телеграм, рече дека остатоците од леталата предизвикале пожар во нестанбен дел од северно предградие. Неколку автомобили биле во пламен, а друг пожар избувнал во област јужно од ...

Слично како и претходните години, и оваа година со доаѓањето на печалбарите во последните два месеци во Тетово владее сообраќаен хаос, а властите сè уште не најдоа решение за овој долгогодишен проблем на градот, известува Порталб.мк. И покрај најавите на властите дека преземаат мерки, сообраќајната состојба останува практично непроменета, со долги редици и метеж на главните градски улици. И додека се соочуваат со овој сообраќаен хаос, градот ...

Слаб земјотрес попладнево ги стресе Тетово и Гостивар. Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје. Силината на потресот е со Рихтерова локална магнитуда, M L 2.5, а жителите на Гостивар и околината го почувствуваа со ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35