Украина соопшти дека погодила пет брода што превезувале нелегален товар во Азовското Море и териториите окупирани од Русија. Командантот на украинските беспилотни летала рече дека бродовите биле вклучени во „крадење“ на украинско жито, како и во префрлање на воен товар и гориво, објави Би-Би-Си. Нападите доаѓаат во време кога рускиот претседател Владимир Путин се подготвува да зборува на голем економски настан во Санкт Петербург, а еден ден ...

Коосновачот на „Антропик“, Џек Кларк, вели дека треба да се забави напредокот на вештачката интелигенција (ВИ), предупредувајќи дека технологијата се приближува до точка каде што би можела да се развива без човечко учество. „Сакате опција да можете да ја тргнете ногата од гаста и да ја ставите ногата на кочницата. Во моментов, индустријата за вештачка интелигенција има педала за гас, но нема педала за кочење“, изјави Кларк на Би-Би-Си. Тој ...

Неколку вработени биле повредени откако предниот дел од системот за слетување на авионот „Боинг 787“ ненадејно се урнал додека леталото било паркирано на аеродромот во Франкфурт, соопшти авиокомпанијата Луфтханза, пренесува Ројтерс. „Патниците сè уште немаа започнато со качување во авионот“, изјави портпарол на компанијата во писмено соопштение. Тој додаде дека во моментот на инцидентот во авионот се наоѓале членови на екипажот и персонал од ...

Американскиот Сенат рано утринава му обезбеди политичка победа на претседателот Доналд Трамп, усвојувајќи закон со кој на Министерството за внатрешна безбедност (DHS) ќе му бидат доделени дополнителни 70 милијарди долари за спроведување на имиграциските политики. Законот сега оди во Претставничкиот дом на конечно разгледување, пренесува Ројтерс. Сенатот го усвои законскиот предлог со 52 гласа „за“ и 47 „против“. Ниту еден демократ не го ...

Косово ќе одржи парламентарни избори во недела, трети за само 18 месеци, откако политичките партии не успеаја да постигнат компромис за избор на нов претседател. Не се спроведени анкети на јавното мислење, но аналитичарите предвидуваат повторна победа за партијата „Ветевендосје“ на премиерот Албин Курти. Сепак, тие велат дека ќе треба да постигне компромис со опозициските партии за да обезбеди двотретинско мнозинство потребно за избор на нов ...

Вештачката интелигенција била користена за развој на вакцина што би можела да заштити од голем број вируси и да спречи пандемии, објави Би-Би-Си. Тимот на Универзитетот Кембриџ кој работи на вакцината вели дека ова е прв пат клучната компонента на вакцината да биде целосно дизајнирана од вештачка интелигенција, а потоа тестирана кај луѓе. Вакцината е дизајнирана да делува на сите варијанти на Ковид и вируси кои заразуваат животни. Тимот веќе ...

За првпат од осамостојувањето Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации за мандатниот период 2027–2029 година добивајќи поддршка од дури 174 земји членки на гласањето во Њујорк. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека изборот претставува признание за вложените напори во надворешната политика и за довербата што Македонија ја гради со своите меѓународни партнери. Според Министерството за надворешни ...

Володимир Зеленски повика на средба лице в лице меѓу него и Владимир Путин во обновен обид за ставање крај на војната, пренесува Би-Би-Си. Во отворено писмо до рускиот претседател, украинскиот лидер рече дека би било „погрешно едноставно да се чека“ додека војната во Европа повторно не стане фокус на вниманието на САД, додавајќи дека мирот може да дојде само „преку директен ангажман меѓу“ Украина и Русија. Тој, исто така, повика на целосен ...

Организацијата ЦРТА соопшти дека на списокот на патници на чартер-летот, на кои од безбедносни причини им бил забранет влез во Црна Гора во Тиват, се наоѓаат и имиња кои се совпаѓаат со акредитирани набљудувачи во мисии поврзани со власта на повеќе локални избори, пренесува Н1. Раша Недељков од оваа организација изјави дека, според последните информации, станува збор за 10 лица. Тој додаде дека постојат и шпекулации дека меѓу патниците се ...

Кир Стармер го обвини Илон Маск дека „се обидува да предизвика поделби“ околу убиството на Хенри Новак, објави Би-Би-Си. Во Обединетото Кралство имаше насилни протести по објавувањето на снимка на која се гледа како полицијата му става лисици на 18-годишниот Новак додека умира. Неговиот убиец Викрум Дигва тврдеше дека бил жртва на расистички напад. Снимките предизвикаа бран политички реакции во Велика Британија, а сопственикот на „X“, Маск, ...

На Steam и на Playstation 5 моментално има Демо верзија за играта „Onimusha: The Way of The Sword.“ Иако играта не е сè уште излезена, на настанот „Playstation State of Play“ беше најавен датум за нејзино објавување, 25 септември годинава. Претходните делови од Onimusha серијалот имаа огромен успех. Главниот лик е самурај и ловец на чудовишта, кој се бори со секакви „демонски грдосии“ во сите различни делови од игрите на оваа тема. Воедно ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар вчера изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи одобрување на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја, во пристапните преговори на Украина со ЕУ. Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, објави Ројтерс. Секој чекор од процесот кон влез во ЕУ, кој е поделен на ...

Настанот го организирала м-р Дороти Пачкова, авторка и експертка по родови студии, на 8 март во 2024 година и истиот бил најавен и на социјалните мрежи. Станува збор за настан насловен „Женски круг – 8 Март на еден поинкаов начин – женска енергија наша и на нашите предки“, анализира „Вистиномер“. Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Феминизам или сатанизам? Објавата споделува и видео од кое може да се види дека е снимено ...

Голем крајбрежен градежен проект поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, се соочува со сè поголем отпор од демонстранти во Албанија, пишува Национално јавно радио. Албанската влада тврди дека проектот на јадранското крајбрежје ќе биде трансформативен за поранешната комунистичка држава, која настојува да се позиционира на пазарот на луксузен туризам и паралелно да напредува кон членство во Европската Унија. ...

Четири лица загинаа во пад на мал авион во областа Кампанож, помеѓу Каштијун и Медулин, во близина на спортскиот аеродром Медулин, потврди истарската полиција, пренесува Хрватскиот Н1. Според неофицијални информации, станува збор за мал германски авион кој полетал од Австрија со дестинација во Медулин, а сите детали и информации за несреќата ќе бидат познати вечерта по пристигнувањето во Медулин на истражителите од Агенцијата за истражување ...

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против шест лица од Скопје, Куманово и Тетово поради сомнение дека организирале и реализирале незаконско посвојување на новородено дете. Како што информираат од МВР, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе поднела кривична пријава против Ф.А. (63), Ѓ.К. (57), И.Ш. (35), Џ.Ш. (35), С.Ј. (35) и И.А. (38) поради постоење основи на сомнение за сторено ...

На 6 јуни (сабота), со почеток од 9 часот, учениците кои пријавиле полагање државна матура ќе го полагаат првиот екстерен предмет. Пријавените кандидати ќе ги полагаат тестовите по англиски, германски, француски, италијански и руски јазик, како и по математика (зависно кој што одбрал). Истиот ден, учениците кои пријавиле државна стручна матура, ќе полагаат англиски јазик и математика, а матурантите кои пријавиле уметничка матура ќе полагаат ...

Црногорскиот дневен весник „Побједа“ ги објави имињата на сите 87 мажи кои вчера се протерани од Црна Гора откако пристнале со чартер лет на „Ер Србија“ во Тиват каде утре се одржува Самитот ЕУ-Западен Балкан. Најголем дел од нив биле поврзани со владејачката партија во Србија, Српска Напредна Странка. Црногорската полиција и Агенцијата за национална безбедност најавија дека на сите овие лица ќе им биде изречена забрана за влез и престој во ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе го номинира Тод Бланш за државен обвинител, избирајќи го својот поранешен личен адвокат, кој агресивно ја спроведуваше агендата на републиканскиот претседател додека го водеше Министерството за правда како вршител на должноста, пренесува Асошиејтед Прес. Трамп изјави на вечера во Белата куќа дека планира официјално да го номинира Бланш во четврток, според видео од настанот објавено на социјалните ...

Низа пропусти во финансиското работење и во почитувањето на законските процедури констатирал Државниот завод за ревизија во Академијата за судии и јавни обвинители. Ревизорите утврдиле неправилности поврзани со исплата на надоместоци, ангажирање на кадар, прекувремена работа, користење службени ресурси и јавни набавки. Според извештајот, исплатите на надоместоци на членовите на Управниот одбор и на Програмскиот совет се вршеле месечно и во ...

Администрацијата на Трамп соопшти дека Израел и Либан се согласиле да спроведат прекин на огнот за да се стави крај на непријателствата, додека САД се обидуваат да надминат една од најголемите пречки за постигнување поширок договор за завршување на војната со Иран, пренесува „Гардијан“. Според заедничката изјава на САД, Либан и Израел, објавена од американскиот Стејт департмент по преговорите во Вашингтон, прекинот на огнот меѓу Израел и ...

Во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, премиерот Христијан Мицкоски беше запрашан дали очекува промена на ставот на Брисел кон евроинтеграцискиот процес. Прашањето следуваше по вчерашната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој повторно нагласи дека Македонија треба да ги исполни условите договорени во 2022 година. Мицкоски одговори дека со Кошта имаат изградено искрен однос, иако не се ...

Платформата за родова еднаквост најостро реагира на последните две судските одлуки кои испраќаат опасна и нечовечна порака до жените жртви на насилство: ако системот не ве заштити, ќе ве казни кога ќе се обидете да преживеете. „Во првиот случај, жена од Кратово, за која во текот на судската постапка беа презентирани наоди дека повеќе од десет години била изложена на континуирано физичко и психичко насилство, а институциите не ја заштитиле, ...

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) престана да ги објавува неделните извештаи за спроведените инспекциски надзори, посочува граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“. Според иницијативата, со ова се укинува единствениот механизам преку кој јавноста можеше да добива увид во работата на инспекциските служби. „До март 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) редовно објавуваше неделни извештаи за извршените ...

Седум лица загинаа, а уште 11 се повредени откако дрон погодил патнички автобус што сообраќал низ дел од Украина под руска контрола, соопштија локалните власти, пренесува Би-Би-Си Њуз. Денис Пушилин, лидерот на источниот украински регион Доњецк поставен од Кремљ, изјави дека автобусот бил погоден во раните утрински часови во средата додека сообраќал на релацијата Москва – Симферопол, во руско-окупираниот Крим. Во меѓувреме, црн чад можеше да ...

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ го одобрија почетокот на преговорите за укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан, односно со Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија, потврдено е денес неофицијално од Советот на ЕУ, пренесува „Н1“. Според најавите, Советот на ЕУ утре формално ќе ја усвои одлуката, по што ќе можат да започнат преговори со секоја земја од регионот поединечно, пренесе Радио ...

Во последните денови се интензивираа протестите против плановите на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, за изградба на луксузни туристички комплекси на еколошки чувствителни делови од албанското крајбрежје, пренесува Њујорк Тајмс. Протестите, кои се одржуваат во Тирана и во крајбрежните градови, станаа симбол на поширокото незадоволство во Албанија, една од најсиромашните земји во Европа. Нов протест беше најавен и ...

САД и Иран разменија нови ракети и напади со беспилотни летала, дополнително загрозувајќи ги напорите на Вашингтон да обезбеди нов договор за прекин на огнот со Техеран, пренесува Гардијан. Американските сили испалиле ракета „Хелфаер“ за да го онеспособат танкерот што се обидувал да ја пробие американската блокада на Ормутскиот теснец во вторник, а подоцна изјавиле дека ги одбиле иранските одмазднички напади во регионот и нападнале локации на ...

Администрацијата на Трамп предлага да се воведат тарифи од 10% или повеќе за производи од десетици големи трговски партнери по истрагата за увоз на стоки наводно направени со принудна работа, пренесува Асошиејтед Прес. Во извештајот објавен рано во среда од страна на трговскиот претставник на САД се вели дека Канада, Мексико, Тајван и Обединетото Кралство и некои други земји и територии ќе се соочат со дополнителни тарифи од 10% поради ...

Иднината на Северна Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија (ЕУ), а проширувањето е наша цел, истакна претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата. Тој кажа дека земјата бележи напредок во спроведувањето на реформската агенда и дека Владата покажала посветеност, па ги пофали континуираните напори што се вложуваат. „Посебно би сакал да го истакнам ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09