Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ го одобрија почетокот на преговорите за укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан. Одлуката се однесува на отворање преговори со Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија за роаминг во јавните мобилни комуникациски мрежи. Според најавите, Советот на ЕУ формално ќе ја усвои одлуката на 4 јуни, по што преговорите можат да започнат со секоја земја од регионот ...
Маж е убиен во центарот на Белград утрово, а осомничен за злосторството е 26-годишник кој, според српските медиуми, останал на местото на настанот по убиството и ја чекал полицијата. Според Telegraf.rs, убиството се случило околу 7:00 часот наутро во куќа лоцирана зад старата зграда на БИП. Полицијата рано наутро добила пријава за злосторството и веднаш испратила патрола на местото на настанот. Според неофицијални информации пренесени од ...
„Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја претепал својата сопруга, доби условна казна откако ја признал вината за стореното делo. Наместо затворска казна, насилникот доби уште една шанса од системот кој со години потфрла во заштитата на жртвите на семејно насилство. Мицкоски неодамна тврдеше дека овој случај бил „доказ дека системот функционира“. Ако ова е функционирање на системот, тогаш не е чудо што Македонија е ...
Неколку училишта во Белград и Војводина добија дојави за поставени бомби утрово, што беше потврдено од Министерството за внатрешни работи. Известувањето за бомбите беше испратено на е-поштата на училиштата, а според информациите на „Данас“. Слични пријави беа примени утрово во основните и средните училишта во Нови Сад, односно во Јужнобачкиот округ. Пријави за бомба преку е-пошта беа примени и во Врбас и Бачки Петровац. Во е-поштата се ...
Денко Малески Веќе извесно време си го поставувам прашањето што се случи со дебатата меѓу Македонија и Бугарија во која, со колеги професори од другата страна на гранизата,ја покренавме некаде пред 6 години. Каде изчезнаа широките теми за историјата на двата народи и за природата на меѓународниот систем и како дојдовме до точката целата денешна дебата да се све на само една нејзина димензија, и тоа не најважната: Бугарите во уставот – да или ...
По најавите за зголемување на банкарските провизии и реакциите што следуваа во јавноста, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Трајко Славески, смета дека е време да се отвори поширока дебата за можни законски решенија кои би овозможиле подобра заштита на корисниците на платежните услуги. Во објава на социјалната мрежа Икс, Славески посочи дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат и граѓаните и компаниите, ...
Вистинска драма се одвива во градот Бејкерсфилд во американската сојузна држава Калифорнија, каде што маж се забарикадирал во филијала на банка и држи заложници, соопшти локалната полиција. #WATCH : Photo Reportedly Shows Hostage Being Escorted During Bakersfield Bank Standoff pic.twitter.com/MVFatfZL5y — upuknews (@upuknews1) June 3, 2026 Инцидентот започнал во вторникот околу 13 часот по локално време, кога полицијата добила пријава за ...
Посетата на претседателот на Европски совет, Антонио Кошта, претставува јасен сигнал дека Македонија останува дел од европската перспектива, но и дека напредокот кон членство зависи од исполнувањето на веќе преземените обврски, оценуваат од Либерално-демократска партија во нивното соопштение. Од партијата преку соопштение посочуваат дека е потребен поодговорен и подржавнички пристап кон процесот на европска интеграција и апелираат ...
Европската Унија остро реагираше на предлогот на САД за воведување нови царини за увоз на стоки, оценувајќи дека секое дополнително зголемување над веќе договорените стапки е неприфатливо. Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, ги отфрли американските тврдења дека ЕУ не прави доволно во борбата против трговијата со производи создадени со присилна работа, нарекувајќи ги „целосно апсурдни“. ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавениот, како што посочуваат од МВР, во својство на градоначалник на Општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени ...
Хрватска од 1 јуни започна со примена на нови европски безбедносни и царински процедури за стоките што влегуваат на територијата на Европската Унија преку нејзините гранични премини. Новите правила се однесуваат на патниот и железничкиот транспорт и имаат цел подобра контрола на увозот на стоки од земјите што не се членки на Унијата. Според новите прописи, пред пристигнувањето на стоката на хрватската граница мора да биде поднесена скратена ...
Желбата детето постојано да биде среќно може да има спротивен ефект од очекуваниот“, наведуваат педагозите. Тагата, разочарувањето и неуспехот се важни делови од растењето и токму преку нив децата ја стекнуваат отпорноста која им е неопходна за справување со животните предизвици во подоцнежните години.Денешното детство е тешко да се спореди со растењето на претходните генерации, наведуваат педагоците. „Воспитните стилови денес се многу ...
На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и порача дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, токму тогаш предмет за Стефан Богоев. Дали има некој што верува во ова партизирано судство и обвинителство после нарачките на Мицкоски преку собраниската говорница, на телевизија и на крај директно преку телефон?, наведува СДСМ во ...
На границата меѓу американската држава Калифорнија и Мексико е откриен тунел долг 600 метри, опремен со електрична енергија, вентилација и железнички систем за транспорт на дрога, а бил користен за транспорт на кокаин во вредност од над 45 милиони долари, соопштија американските власти, цитирани од западните агенции. Ископан на длабочина од околу 17 метри тунелот има зајакнати ѕидови и хидрауличен товарен лифт, соопшти американското ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс“. Во судницата беа ...
Седум лица се убиени, а 11 повредени во украински напад со дрон врз автобус во областа Доњецк, соопшти вршителот на должноста шеф на самопрогласената руска Доњецка Народна Република, Денис Пушилин. Во објава на Телеграм тој наведе дека дронот погодил патнички автобус што сообраќал на линијата Москва – Симферопол на полуостровот Крим што е исто така под руска контрола. Руските медиуми јавуваат дека Истражниот комитет веднаш во врска со ...
Џил Бајден, сопругата на поранешниот американски претседател Џо Бајден, нуди она што таа го нарекува „целосно признание“ во своите нови мемоари. Во книгата „Поглед од источното крило“, која излегува денес, поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави отворено зборува за шокот што следел по дијагнозата на рак на нејзиниот сопруг, катастрофалниот настап на Џо Бајден на дебатата во 2024 година и како проблемите на нејзиниот син ...
Нафтениот терминал во Санкт Петербург, кој се наоѓа во рускиот Ленинградски регион, беше нападнат во раните утрински часови. Очевидци пријавија силни експлозии и голем пожар што избувна во еден од најважните енергетски објекти во Русија, објавува „Киев Индепендент“. Нападот се случил на самиот ден од почетокот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, традиционален собир на политичките и бизнис елитите што секоја година го ...
Американската армија соопшти дека во текот на ноќта одбила голем ирански напад со балистички ракети и беспилотни летала насочени кон цели во регионот на Персискиот Залив. Според американската Централна команда (CENTCOM), американските сили успешно пресретнале повеќе ирански ракети и дронови, а извршиле и одбранбени напади врз цели на островот Кешм, како одговор на обидите за напади врз американски позиции на Блискиот Исто Непосредно пред ...
Дали знаевте дека повеќе од десет проценти од пациентите во Обединетото Кралство на кои им е потребен специјалистички преглед чекаат повеќе од една година? Или дека во Словенија, чекањето за замена на колк е речиси две години, или поточно 667 дена? Овие бројки, кои илустрираат еден од најсериозните предизвици за јавното здравје во Европа, доаѓаат од извештајот “Health at a Glance 2025” на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), ...
Традиционалната слика за европското семејство со повеќе деца брзо се менува. Најновите податоци на Евростат за 2025 година откриваат длабоки демографски промени во Европската Унија: бројот на домаќинства кои имаат деца се намалува, додека драматично расте бројот на луѓе кои живеат сами или како парови без потомство. Дополнително, за оние кои имаат деца, реалноста сè почесто значи дека само еден родител го носи целиот товар на нивното ...
Напад со беспилотно летало уби седум лица, а 11 беа ранети кога автобус беше погоден во источна Украина, окупирана од Русија, соопштија денеска властите назначени од Москва во регионот Донецк. Инцидентот се случи еден ден по масовниот напад со беспилотни летала и ракети од страна на Русија врз Украина, во кој загинаа најмалку 23 лица. Автобусот беше погоден во регионот Донецк додека се движеше по рутата Москва-Симферопол на Крим, полуостров ...
Со длабока почит кон починат органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицински тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага. -Во овие моменти, хуманоста на едно семејство и посветеноста на здравствените работници отвораат можности за нова надеж и нов живот, вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација. -Министерството за ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа предложи воведување дополнителни царини од 10 или 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ, со цел, како што велат, да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија. Предлогот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) е дел од најновата истрага за нефер трговски практики, според Член 301, која беше објавена ...
САД сметаат дека иранскиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, е „жив“ и „сè повеќе вклучен“ во водењето на земјата, изјави синоќа првиот американски дипломат Марко Рубио, во моменти кога има слаб прогрес во разговорите за завршување на војната. „Мислам дека има знаци дека сè повеќе се вклучува на некое ниво, иако целата комуникација е писмена и преку трета страна“, изјави Рубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, нагласувајќи дека ...
Во последното интервју за „360 степени“, поранешниот претседател Стево Пендаровски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ активно учествувало во носењето на скандалозните измени на Кривичниот законик, со кои беа амнестирани сериозни криминали на поранешни функционери, пишува во денешното соопштение на Левица. Пендаровски во интервјуто откри дека тогашниот премиер Зоран Заев му соопштил дека е обезбеден кворум за измените на членот 353 од Кривичниот законик ...
Лицето кое синоќа застрела и повреди полицаец во германскиот град Дортмунд, рано утрово им се предаде на властите откако ноќта ја мина забарикадирано во стан во кој биле и неговите три деца. Според полицијата, децата се безбедни и во добра состојба со оглед на околностите. Инцидентот започнал вчера вечерта кога полицијата реагирала на итен повик од жена. Осомничениот, 51-годишен маж, отворил оган кон полицајците, по што се забарикадирал во ...
Боливиските власти во главниот град Ла Паз вчера прогласија здравствена и хуманитарна вонредна состојба поради недостиг предизвикан од неколкунеделните блокади на патиштата низ оваа јужноамериканска земја, јавува ДПА. Целта на мерката е обезбедување на снабдувањето на болниците со медицински кислород, лекови, храна и други основни средства, се наведува во административна одлука цитирана од весникот „Ла Разон“. Мерката, првично воведена на 90 ...
🚨Пропаднатиот тендер за набавка на униформи со контроверзната фирма ,,Памитекс Тим” уште еднаш ги потврдува коруптивните шеми со тендери на десничарската власт. #Левица и претходно алармираше за скандалозниот тендер за униформи за специјалните сили, каде фирмата „Памитекс Тим“ беше регистрирана само 20 дена пред распишувањето на тендерот, без никаква историја на набавки. Ова беше очигледен АЛАРМ дека МВР на Тошковски ги елиминирало сите ...
Раперот Слаткаристика објави дека документарниот филм посветен на неговиот живот ќе се реализира без средствата доделени од Агенцијата за филм, по реакциите во јавноста поврзани со одлуката проектот да добие државна поддршка. Во објава на социјалните мрежи, тој посочи дека изминатите денови бил изложен на критики и коментари, но нагласи дека лично не побарал ниту добил финансиски средства. „Сакам една работа да биде јасна… ниту барав, ниту ...