На Фејсбук група „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“ се појави објава во која се посочува дека суво дрво се скрши и оштети возило. Скопјанка објаснува дека дрво на улицата Волгоградска имало обележано со црвена боја буква „С” за сечење скоро цела година, а можеби и повеќе, а другото до него, кое исто така стоело суво, се скршило и го оштетило возилото на нејзиниот сосед. „Другото до него исто суво само се скрши и оштети кола на ...

Музичарот Мик Џегер во своето најново интервју изјави дека едвај чека повторно да се врати на турнеја со легендарниот рок-бенд „Ролинг стоунс“, со што дополнително ги поттикна гласините за можно враќање на групата во блиска иднина. Легендарниот британски состав во моментов се подготвува за објавување на својот 25-ти албум „Странски јазици“ („Foreign Tongues“). Албумот ќе биде издаден на 10 јули во продукција на „Полидор Јуниверзал мјузик“ ...

Две лица се убиени во вчерашните протести одржани во централна Кенија против планот за поставување американски карантински центар за ебола. Насилството избувнало во градот Нанјуки, каде што локални жители и претставници се собрале во знак на противење на изградба на објект за карантин со 50 легла во близина на воена воздухопловна база. Демонстрантите изразиле стравувања дека центарот, наменет за лица изложени на вирусот ебола, може да ...

Десетици илјади ултраортодоксни Евреи излегоа на улиците низ Израел, каде што блокираа патишта и железници во знак на протест против задолжителната воена служба, објавија американските медиуми. Протестите ги парализираа главните патишта, а поради масовните собири во Ерусалим и во пошироката област на Тел Авив, јавниот превоз беше запрен. Некои од демонстрантите носеа знаци со кои го осудуваат Израел, со пораките: „Подобро би умреле како ...

Стоматологот Оливер Миланов, по некоја случајност директор на АХВ, е најдиректно одговорен за сѐ што се случува со квалитетот, тоест, што се произведува, увезува и продава низ супермаркетите како храна, а која ја консумираат нашите сограѓани. После скандалите со корупција и мито во другите надлежни агенции и инспекторатот под капата на МЗШВ, сега имаме и мега скандал со небезбедна храна пуштена по маркетите. Наместо навремена контрола и ...

Општина Центар вечер со почеток од 20 часот во Парк Капиштец, ја одржува првата филмска проекција на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“ во рамки на проектот „Патувачко кино“, што ќе трае од 2 до 13 јуни, соопштија денеска од локалната самоуправа. – Ги поканувам децата и родителите на бесплатно кино под отворено небо. Филмската приказна, реализирана со поддршка на Општина Центар, е специјално наменета за младите и носи ...

Ние сме единствена држава што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации. Во следните неколку недели се отвораат пет нови линии – најавува вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. – „Австрија ерлајнс“ почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг-летовите од Виена. „Визер“ почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе биде одлично за развојот на туризмот, ќе ...

Почитувани читатели, во мојата последна колумна објавена на порталот ,,Либертас” под наслов „ Македонија на крстопат-време е да ја вратиме државата”, најавив можност зa формирање нов политички субјект. Поводот за формирање нов политички субјект не е само моја желба туку и на многумина како мене кои што сакаат нашата држава да тргне во вистинска насока, да излеземе од безидејноста и беспаќето во која несомнено сме заробени со години. Идејата ...

Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Венко Филипче и неговите политички истомисленици мора конечно да разберат дека Македонија повеќе нема да прави отстапки на слепо и нема да потпишува нови понижувања без јасни, цврсти и обврзувачки гаранции. Македонските граѓани веќе еднаш ја платија цената на погрешните ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати серија прашања до синдикалните лидери Трпе Деаноски и Слободан Трендафилов, барајќи од нив јавно да се произнесат за начинот на кој биле трошени средствата собрани од членарините на работниците. Од партијата прашуваат дали дел од синдикалните средства биле искористени за организирање спортски игри во Црна Гора и дали за таа намена биле потрошени околу 60.000 евра. „Работниците плаќаат членарина за синдикатот ...

Шест лица загинаа во масовно пукање што се случило на повеќе локации во градот Маскатин, во американската сојузна држава Ајова, а првичните информации на полицијата укажуваат дека станува збор за семеен конфликт. Шефот на полицијата во Маскатин, Ентони Кис, на прес-конференција изјави дека заедницата е потресена од трагедијата. „Денес едноставно немам зборови за овој чин на зло и за тоа што ѝ го направи на нашата заедница“, изјави Кис. ...

Контроверзниот туристички проект во Звернец, во кој се споменуваат и потенцијални инвестиции од Иванка Трамп и Џаред Кушнер, повторно ја разбранува јавноста во Албанија по протестите и инцидентите што се случија во текот на викендот. Албанскиот премиер Еди Рама ги бранеше плановите за изградба на туристички комплекс вреден околу четири милијарди евра во крајбрежната област Звернец во регионот Валона, проект кој предизвика силни реакции кај ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рамковен договор со Иран може да се постигне „во текот на следната недела“, објави синоќа американскиот радиодифузер Еј-би-си Њуз (ABC News). Трамп во телефонско интервју за Еј-би-си рече дека меморандумот за разбирање за повторно отворање на Ормуската Теснина и продолжувањето на сегашниот прекин на огнот може да биде завршен и договорен „во текот на следната недела“, пренесе ДПА. „Треба ...

Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува 2.07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 проценти има во секторот Сместување и послужување храна, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша прокламација за измена на царините за увоз на бакар, алуминиум и железо, соопшти Белата куќа. Со одлуката се намалуваат царините за одредена земјоделска и индустриска опрема од 25 на 15 проценти. Станува збор за индустриски машини како булдожери и виљушкари, во случаи кога тие се увезуваат од земји со трговски договори кои дозволуваат такво намалување. Покрај тоа, мерката предвидува повластена ...

Силен земјотрес рано изутринава го погоди подрачјето долж брегот на италијанската област Калабрија, а потресот бил почувствуван дури до Неапол, јавуваат италијанските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол. Според Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија магнитудата на потресот изнесувала 6,1, со епицентар на длабочина од околу 250 ...

Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, што повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 километри на час. Температурата се очекува да се движи од 9 до 32 Целзиусови степена. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека до крајот на ...

Од владината прес-служба информираат дека премиерот Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан, за да се сретне со лидерите од регионот и да биде ко-претседавач на самитот ...

Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва во контролен натпревар против Турција во Истанбул со убедливи 4-0 (2-0) и ја продолжи серијата без победа на осум, а без постигнат гол на четири натпревари. Почетниот состав на македонската репрезентација донесе пет измени од дуелот во петокот против БиХ со Деспотовски, Фетаи и Алиоски во одбраната, Елези во средниот ред и Омерагиќ во нападот, но избраниците на селекторот Гоце Седлоски и ...

На фронтовите во Украина се забележува „значително зајакнување“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на извештај од главниот воен командант на земјата. Зеленски рече дека главниот командант Олександар Сирски го информирал за ситуацијата на бојното поле за време на состанокот на военото раководство на Украина, пренесе ДПА. „Украинските позиции се силни, а ова е резултат кој на нашата држава ѝ е многу ...

Десет денови пред почетокот на Светското првенство, полицијата во Торонто објави денеска ја извршила најголемата заплена на фалсификувани фудбалски дресови во канадската историја. Како што е соопштено, полицијата запленила фалсификувана стока во вредност од над 3,5 милиони канадски долари од магацин во Мисисага, вклучувајќи повеќе од 16.000 лажни дресови и знамиња со лажни логоа на ФИФА, Најк, Адидас и Пума, како и два фалсификувани ...

Руската влада за првпат забрани извоз на авионско гориво, познато и како керозин, пренесе ДПА. „Целта на одлуката е да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива“, се вели во соопштението на руската влада објавено денеска. Предвидено е мерката да остане во сила заклучно со 30 ноември. Од регулативата се изземени количините керозин кои веќе се наоѓаат на царина или се испорачуваат врз основа на билатерални владини договори. Полнењето ...

По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, изразуваме благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес, пишува во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност. Ја почитуваме ...

Тие што во Западот гледаа симбол за слобода, денес се факторите кои направија, Западот во форма на ЕУ, за земјите-кандидатки, како Македонија, да стане симбол за агонијата на долго чекање. Пишува Кица Колбе Кога македонските граници би биле ЕУ-граници, тогаш историјата, која долги векови ја определуваше судбината на „македонското прашање”, конечно би заминала во минатото. Кога македонските граници еден ден би станале ЕУ-граници, тогаш никој ...

🚨Во однос на “демантот” на министерката Јаневска за ревизорскиот извештај, потсетуваме дека работа на секој министер е да го штити јавниот интерес и буџетот на граѓаните, без оглед на партијата на власт или на претходната. Ако министерката Весна Јаневска смета дека повикување на јавно достапен извештај од Државниот завод за ревизија и легитимно прашување за тоа што таа направила по негативните забелешки на државниот ревизор е манипулација ...

360°: Во последните недели актуелна е т.н. шпионска афера од кабинетот на претседателката на државата, со информации за неовластен пристап и извлекување информации од компјутерскиот систем. Претседателката во неколку јавни настапи вели дека не може да стане збор за шпионирање, ниту за афера, затоа што доверливите, класифицираните документи ниту ги добива дигитално, ниту се чуваат дигитално. Какво е вашето искуство од времето кога вие бевте ...

Црна Гора е речиси подготвена за членство во ЕУ и не треба да се врзува за планот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за доделување статус на набљудувач на земјите-кандидатки, изјави денеска во Подгорица државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на Германија, Гинтер Крихбаум. На заедничка прес-конференција со министрите за европски прашања на Црна Гора и Франција, Маида Горчевиќ и Бенжамен Адад, во Подгорица, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека разговорите со Исламската Република Иран продолжуваат со забрзано темпо. Тој ова го објави на социјалната мрежа Трут Суошл (Truth Social) веднаш откако го потврди постигнувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах. Трамп соопшти дека имал продуктивни разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со претставници на Хезболах, во кои е постигнат договор за ...

Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа во сопствената предизборна реторика и сега не знаат како да се отплеткаат од тој процес, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски за тезата на ВМРО-ДПМНЕ оти уставните измени не се последна пречка во процесот на интеграција во Европската Унија, туку дека претставуваат само вовед во процес во кој Бугарија ќе има можности за нови блокади за идентитетско-историски прашања. ...

Тројца македонски државјани се во притвор откако ее осомничени за кривично дело оштетување туѓ имот извршено минатата недела во областа Цавтат, соопшти денеска хрватската полиција. По претходно добиени пријави, службениците на граничната полициска станица Груда утврдиле дека во областа Цавтат сообраќајни знаци, патокази, корпи за отпадоци и информативни табли биле излепени со различни налепници со содржина на кирилица, до степен до кој ја ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01