Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Десет денови пред почетокот на Светското првенство, полицијата во Торонто објави денеска ја извршила најголемата заплена на фалсификувани фудбалски дресови во канадската историја. Како што е соопштено, полицијата запленила фалсификувана стока во вредност од над 3,5 милиони канадски долари од магацин во Мисисага, вклучувајќи повеќе од 16.000 лажни дресови и знамиња со лажни логоа на ФИФА, Најк, Адидас и Пума, како и два фалсификувани ...
Руската влада за првпат забрани извоз на авионско гориво, познато и како керозин, пренесе ДПА. „Целта на одлуката е да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива“, се вели во соопштението на руската влада објавено денеска. Предвидено е мерката да остане во сила заклучно со 30 ноември. Од регулативата се изземени количините керозин кои веќе се наоѓаат на царина или се испорачуваат врз основа на билатерални владини договори. Полнењето ...
По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, изразуваме благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес, пишува во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност. Ја почитуваме ...
Тие што во Западот гледаа симбол за слобода, денес се факторите кои направија, Западот во форма на ЕУ, за земјите-кандидатки, како Македонија, да стане симбол за агонијата на долго чекање. Пишува Кица Колбе Кога македонските граници би биле ЕУ-граници, тогаш историјата, која долги векови ја определуваше судбината на „македонското прашање”, конечно би заминала во минатото. Кога македонските граници еден ден би станале ЕУ-граници, тогаш никој ...
🚨Во однос на “демантот” на министерката Јаневска за ревизорскиот извештај, потсетуваме дека работа на секој министер е да го штити јавниот интерес и буџетот на граѓаните, без оглед на партијата на власт или на претходната. Ако министерката Весна Јаневска смета дека повикување на јавно достапен извештај од Државниот завод за ревизија и легитимно прашување за тоа што таа направила по негативните забелешки на државниот ревизор е манипулација ...
360°: Во последните недели актуелна е т.н. шпионска афера од кабинетот на претседателката на државата, со информации за неовластен пристап и извлекување информации од компјутерскиот систем. Претседателката во неколку јавни настапи вели дека не може да стане збор за шпионирање, ниту за афера, затоа што доверливите, класифицираните документи ниту ги добива дигитално, ниту се чуваат дигитално. Какво е вашето искуство од времето кога вие бевте ...
Црна Гора е речиси подготвена за членство во ЕУ и не треба да се врзува за планот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за доделување статус на набљудувач на земјите-кандидатки, изјави денеска во Подгорица државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на Германија, Гинтер Крихбаум. На заедничка прес-конференција со министрите за европски прашања на Црна Гора и Франција, Маида Горчевиќ и Бенжамен Адад, во Подгорица, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека разговорите со Исламската Република Иран продолжуваат со забрзано темпо. Тој ова го објави на социјалната мрежа Трут Суошл (Truth Social) веднаш откако го потврди постигнувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах. Трамп соопшти дека имал продуктивни разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со претставници на Хезболах, во кои е постигнат договор за ...
Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа во сопствената предизборна реторика и сега не знаат како да се отплеткаат од тој процес, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски за тезата на ВМРО-ДПМНЕ оти уставните измени не се последна пречка во процесот на интеграција во Европската Унија, туку дека претставуваат само вовед во процес во кој Бугарија ќе има можности за нови блокади за идентитетско-историски прашања. ...
Тројца македонски државјани се во притвор откако ее осомничени за кривично дело оштетување туѓ имот извршено минатата недела во областа Цавтат, соопшти денеска хрватската полиција. По претходно добиени пријави, службениците на граничната полициска станица Груда утврдиле дека во областа Цавтат сообраќајни знаци, патокази, корпи за отпадоци и информативни табли биле излепени со различни налепници со содржина на кирилица, до степен до кој ја ...
Инфлацијата на потрошувачките цени во Бугарија дополнително се забрза во мај до највисокото ниво во повеќе од две и пол години, покажаа денешните прелиминарни податоци од Националниот статистички институт. Индексот на потрошувачките цени (ИПЦ) во мај се искачи за 7,0 отсто на годишно ниво, побрзо од порастот од 6,8 проценти во април. Понатаму, ова беше најсилниот бран на инфлација од август 2023 година, кога цените скокнаа за 7,7 отсто, ...
Италијанскиот фудбалски стратег Давиде Анчелоти е назначен за нов тренер на Лил, објави денеска францускиот клуб. Анчелоти потпиша двегодишен договор со Лил и ќе го замени Бруно Џенези на клупата на францускиот прволигаш. Давиде Анчелоти, син на прославениот актуелен бразилски селектор Карло Анчелоти, беше тренер на Ботафого од јули до декември минатата година, додека претходно во кариерата беше помошник тренер на својот татко во Баерн ...
Ноќеска во 00:15 часот во СВР Штип, 25-годишна жена од село во општина Карбинци пријавила дека на 31.05.2026 во 17:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Ш.М.(45). Според пријавеното, претходниот ден тој физички ги нападнал нивните малолетни деца. Таа и малолетните деца се предадени на Центарот за социјални работи Штип. Ноќеска во 00:15 часот во СВР Штип, 25-годишна жена од село во општина Карбинци пријавила ...
За првпат во државата ќе се полага три вида матура, државна, државна стручна и државно уметничка. Во сабота, над 14 илјади ученици ќе го полагаат првиот екстерен испит. Надлежните уверуваат дека подготовките се завршени, а тестовите се подготвени за навремена дистрибуција до испитните центри низ државата. Најголем интерес има за државна матура над 12.000 ученици, повеќе од две илјади мауранти ќе полагаат државна стручна матура, додека 127 ...
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, рече дека истата ќе биде архивирана утре, додека во однос на реконструкцијата на Владата, посочи дека ќе се разговара со коалициските партнери. -Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни не очекува ...
Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“. Намален е бројот на прекршоци за управуввање на нерегистрирано возило за 7,9 проценти споредбено со април, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во периодот од 1 до 31 мај од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. Од вкупниот број на ...
Министерот за надворешни работи на Норвешка, Еспен Барт Ајде, денеска изјави дека земјата повторно го преиспитува својот однос со Европската Унија поради променетите глобални околности и растечкото влијание на политиките на САД и Кина, додека сè повеќе расте притисокот, по двата неуспешни референдуми, да се покрене нова дебата за можното членство во блокот. Ајде наведе дека околностите значително се променија од 1994 година и дека ЕУ сега ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба и оти државава и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата. – Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа дека оваа ...
Селекторот Гоце Седлоски ги избра стартните 11 фудбалери за вечерашниот контролен дуел против Турција во Истанбул. За разлика од дуелот против БиХ во петокот, нови имиња во почетниот состав се дефанзивците Деспотовски, Фетаи и Алиоски, Елези во средниот ред и Омерагиќ во нападот. На голот со капитенската лента ќе биде Димитриевски, во дефанзивната линија Велковски, Фетаи, Зајков и Деспотовски, Елези, Атанасов и Елмас во средниот ред, а ...
Фудбалската репрезентација на Јужна Африка го одложи патувањето во Мексико поради проблеми со визите, само 11 денови пред почетокот на Светското првенство. Јужноафриканската репрезентација требаше да отпатува за Мексико во недела за да ги почне завршните подготовки за мундијалскиот турнирот. Министерот за спорт на Јужна Африка, Гејтон Мекензи, ја нарече ситуацијата срамна и побара од Фудбалската асоцијација на Јужна Африка извештај, ...
Палминото масло не е директно канцерогено само по себе, а јавноста треба да биде подобро информирана за вистинските ризици поврзани со неговата употреба, смета д-р Ненад Лазаров. Тој посочува дека палминото масло содржи значително повеќе заситени масти од многу други растителни масла, поради што може да биде понеповолно за здравјето, особено кога се користи за пржење. Сепак, според него, многу поголем проблем претставува начинот на кој се ...
Обемот на стратешките нафтени резерви на САД падна на најниско ниво во последните две години, откако официјален Вашингтон беше принуден да ги отвори складиштата за да го ублажи глобалниот дефицит настанат поради конфликтот со Иран. Министерството за енергетика на САД (ЕИА) соопшти дека резервите на нафта и нафтени деривати во стратешките резервоари во моментов изнесуваат 1,584 милијарди барели, како и дека резервите и понатаму опаѓаат. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека заклучно со декемврискиот извештај сме фронтранери во исполнувањето на Реформската агенда. Тој изрази жалење што опозицијата вели дека рокот истекол, коментирајќи дека рокот е 30 јуни, а не 1 јуни. -За жал, опозицијата денеска ја слушам како вели дека дека рокот истекол. Жалам кога политички аналфабети се дрзнуваат да даваат такви коментари, бидејќи не е први ...
Израелската војска ги предупреди жителите на јужните предградија на Бејрут да ги напуштат своите домови поради можни напади. Во соопштението се наведува дека израелската војска ќе гаѓа цели во Дахије доколку Хезболах „продолжи да лансира ракети кон израелските градови и места“, пренесува Тајмс оф Израел. – Израелската војска ги предупредува жителите на областа Дахије во Бејрут и ги повикува да се евакуираат заради сопствена безбедност. Ако ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека Русија ја доработила својата идеја за концептот на колективна безбедност во регионот на Персискиот Залив и оти е подготвена да им ја претстави на заинтересираните страни. Тој наведе дека, покрај подготвеноста да пружи практична поддршка за можниот договор меѓу САД и Иран, Русија ја унапредила својата идеја за колективна безбедност во зоната на Персискиот ...
Актерот Владо Јовановски објави дека по долгогодишна пауза бил на чекор повторно да заигра во долгометражен игран филм, но проектот пропаднал поради недостиг на финансиски средства. Во објава на социјалните мрежи, Јовановски открива дека требало да ја толкува главната улога во филмот, но продукцијата не успеала да го затвори финансискиот план. „После долги години апстиненција, за малку ќе заиграв на филм. Што би се рекло, за т’нко влакно. Да ...
Легендарниот англиски фудбалер Кевин Киген обелодени денеска дека боледува рак во четвртиот стадиум. Четвртата фаза е најнапредната фаза на рак и значи дека болеста се проширила на други делови од телото. Семејството на Киген првично во јануари објави дека легендарниот фудбалер се бори со рак и оттогаш е на хемотерапија. „Имав сообраќајна несреќа и затоа морав да се оперирам. Додека ме скенираа за операцијата, открија дека имам рак. Рекоа ...
Цените на американската нафта ВТИ (WTI) скокнаа за речиси осум отсто и надминаа 94 долари за барел, по извештаите дека Иран би можел да ги прекине контактите со САД поради ескалацијата на израелските воени операции во Либан. Според податоците од берзите во 16:00 часот, цената на нафтата ВТИ порасна за 7,84 отсто на 94,109 долари за барел, а на нафтата Брент (Brent) за 6,53 отсто на 97,060 долари. Иранската новинска агенција Тасним пренесе ...
Потпретседателот на Владата, Арбен Фетаи, официјално поднесе оставка од својата функција во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски. Како што дознава телевизија Телма, оваа одлука доаѓа по период од повеќе од два и пол месеци во кои Фетаи воопшто не се појавил на своето работно место. Од владината прес-служба за Телма потврдија дека оставката е веќе доставена во текот на денешниот ден, објави 4news.mk Портпаролката на Владата, Марија ...
Денес низ Македонија времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, но попладневните часови носат можност за промена на временските услови во одредени делови од земјата. Според најавите, локално ќе има услови за нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени, додека максималните дневни ...