Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Јас сум убеден дека без луѓе од ЕВН и без внатрешни луѓе од Железница ова не може да се направи, вели министерот Николоски Министерот за транспорт и врски Александар Николоски го опишува како „филмски“ грабежот на електровлечната потстаница во Драчево, кој ресорното министерство минатиот месец го оцени како тежок напад врз критичната железничка инфраструктура. За потсетување, при кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски ...
Важи за еден од најценетите унгарски правници, а неговото назначување се смета за симболичен раскин со досегашниот политички поредок Унгарскиот парламент го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бакa, за нов претседател на земјата, пишува Ројтерс. Бака беше избран на оваа претежно церемонијална позиција со гласовите на владејачката десничарска партија Тиса. Пратениците од опозициската партија Фидес не гласаа. Неговиот мандат ...
Во организација на Асоцијацијата „Макам-транс“, се одржа регионална средба на претставници на здруженијата на превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тема на беа актуелните проблеми со кои се соочуваат професионалните возачи во однос на ограничувањето и броењето на деновите за престој во Шенген зоната, како и дефинирање чекори за надминување на оваа состојба. Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе чекаат ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека на претстојните избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији. Од партијата наведуваат дека кандидатурата на Јахији претставува „одговорност, единство и визија за развој на општината“ и дека целта е создавање поразвиена и достоинствена Брвеница, со администрација во служба на граѓаните, конкретни инвестиции и еднакви можности за сите населени места. Во ...
Постигнат е договор за пиперката – куртовска капија, откупната цена за пиперката која ќе се носи во преработувачките капацитети ќе биде 30 денари за килограм. „Оние 25 денари за килограм пиперка што беа спорни на почетокот успеавме таа класа на пиперката да ја вметниме во прва-втора класа, тоа се 80 проценти од родот на земјоделците што припаѓа во таа класа. Добив уверување од откупувачите и преработувачите дека ќе го почитуваат договорот“, ...
„Изворот Рашче е под постојан, 24-часовен надзор и обезбедување. Станува збор за простор кој е силно заштитен со видеонадзор, како и со физичко обезбедување на голема површина околу изворот. Затоа, на граѓаните сакам да им порачам, бидете спокојни. Скопје има безбедна вода за пиење“, пишува градоначалникот Водата за пиење во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за употреба, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Неговата ...
Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро кај Пештани Експлозивна направа била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани. Од МВР информираат дека на 10 август во 18:10 часот, во Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид, А.С. од Охрид пријавил дека во езерото била пронајдена бомба. За случајот била известена Дирекцијата за заштита и спасување, која треба да преземе активности за подигнување на ...
Се очекува дека сегашниот топлотен бран во Италија ќе биде најдолгиот од четирите што ја погодија земјата оваа година и ќе трае најмалку до 17 август, изјави денес физичарот од Универзитетот во Тренто, Лоренцо Џованини. Тој изјави за Анса дека климатските промени влијаеле периодите на екстремна топлина да бидат подолги и почести. Џованини изјави дека сегашниот топлотен бран во Италија ќе трае најмалку до 17 август, кога ќе се наполнат 20 ...
Соопштение на СДСМ Алта банка, блиска до Александар Вучиќ и СНС, продолжува со ширење во Македонија. По Стопанска банка АД Битола, сега влегува и во осигурувањето. ЗОИЛ официјално преминува во Алта осигурување. Во исто време, Владата на Црна Гора го стопира аранжманот со истата Алта банка. Одбиваат да влезат во бизнис со банка околу која има сериозни европски истраги, контроверзии и прашања околу потеклото на парите на банката. Црна Гора оди ...
Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е речиси безбедна за користење и пиење, информираат од Локалниот кризен штаб. Микробиолошките анализи подолго време покажуваат поволни резултати, а последните мерења потврдуваат дека и зголеменото ниво на хлор, кое се користеше за дезинфекција, веќе се враќа во дозволените граници. Координаторот на Локалниот кризен штаб, Зуди Џелили, во изјава за МИА вели дека одлуката за целосно повлекување на ...
Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна новинарка и актуелна сопственичка на ПР-агенција и адвокат се тројца од петте номинирани идни амбасадори за кои Владата неодамна на седница дала зелено светло, пишува „Слободен печат“. Во Атина заминува Филип Пасху, кој на 31 декември 2021 година беше назначен за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ каде што претходно веќе работел како заменик-директор и претседател на Управниот одбор. ...
Министерството за здравство реагира на наводите изнесени од Левица во врска со состојбата на ПЕТ/КТ скенерот. „Согласно официјалните информации од Универзитетскиот институт за позитронско емисиона томографија (УИ ПЕТ), моменталниот застој е предизвикан од технички проблем во производството на радиоизотопи, поврзан со циклотронот. Овластениот сервисер интензивно работи на отстранувањето на дефектот, а преземени се сите неопходни чекори ...
Од СДСМ потсетија дека членот 30 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната предвидува санкции за прекршочна одговорност доколку организатор на јавен настан истакне погрешно знаме Кој ќе сноси одговорност за промашеното знаме и понижувањето на државниот симбол, праша Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Жерновски на денешната прес-конференција посочи дека токму на ...
Соппштеное на Левица 🚨Единствениот државен ПЕТ/КТ, апарат од кој зависи проценката дали малигното заболување се проширило и дали терапијата воопшто делува, со месеци е надвор од функција. Пациенти сведочат дека биле враќани повеќепати, дел се принудени да одат приватно или во странство и да издвојат околу 1.300 евра, а државата нема ни датум кога услугата повторно ќе биде достапна. Практично, ДПМНЕ без трошка совест и чувство за ...
Сметаме дека ваквите ситуации се недозволиви и не смеат да се повторуваат во ФЗОМ, особено кога станува збор за здравственото осигурување полициските службеници. Ова го посочуваат од Независниот синдикат на полицијата од каде истакнуваат дека внимателно ја следат состојбата со проблемот со здравственото осигурување на припадниците на Министерството за внатрешни работи, кој повторно се појавува во Фондот за здравствено осигурување на ...
СДСМ алармира дека во околината на изворот за вода Рашче тлее нова еколошка катастрофа. -Нова закана за чиста вода за пиење се случува овде во заштитеното еколошко подрачје на Рашче, и тоа пред очите на власта на Мицкоски. Околината на изворот од кој со вода се снабдуваат Скопје и 25% од граѓаните во Македонија е затрупана во депонија. Стравична е оваа слика што ја објави наш познат новинар. Страшно е тоа што го гледаме тука на терен. За ...
Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување“. Апсењето следува по претходна пријава поднесена истиот ден во 14:35 часот во СВР Битола од страна на 21-годишна девојка, државјанка на Шведска. Според пријавата на оштетената, тешкото кривично дело било извршено во ноќта меѓу 8 и 9 август 2026 година во ноќен клуб. ...
Бурни реакции во романската јавност предизвика неодамнешниот случај на напад врз возило на Службата за итна медицинска помош, со повици и за целосна забрана на социјалната платформа „ТикТок“ во земјата. Јавноста во Романија се разбранува откако завчера во селото Речја-Кристур во округот Клуж, во северозападниот дел на Романија, локално население нападнало со секири и камења екипа на Службата за итна медицинска помош, при што било искршено ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен утре и на 14 август, со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1 328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Утре (12 август) е тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. За другите странски ...
Неочекувано прашање го прекина разговорот на српскиот претседател Александар Вучиќ со граѓаните при неговата посета на Нова Варош. Жена од публиката јавно побара одговор зошто не добила работа за која, како што тврди, ѝ било ветено дека ќе ја добие доколку собере одреден број гласови на изборите во 2020 година. Неочекувано прашање го прекина разговорот на српскиот претседател Александар Вучиќ со граѓаните при неговата посета на Нова Варош. ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност. Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително и пораки со кои се повикува на негово елиминирање и смрт. ...
Сириски суд денеска го осуди поранешниот претседател Башар ал-Асад на смрт во отсуство, откако го прогласи за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на граѓанската војна, јави „Асошиејтед прес“. Братучед на Асад по мајчина линија, Атеф Наџиб, исто така беше осуден на смрт на истиот судски процес. Судот го смета за одговорен за репресијата во јужната покраина Дара што му претходеше на востанието и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп тајно го напуштил минатомесечниот самит на НАТО во Анкара (Турција) користејќи алтернативен воен авион и возило за кетеринг, додека Белата куќа креирала илузија за новинарите дека тој патува со претседателскиот „Ер Форс Уан“, објави весникот „Вашингтон пост“. Главна причина за оваа вонредна оперативна маневра била сериозна и конкретна закана за атентат врз американскиот претседател од страна на Иран. ...
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека побарал Артан Груби да се врати во Македонија и да се соочи со одговорност за каква било злоупотреба на довербата. „Ако не добие обвинение, Артан Груби за десетина дена ќе излезе од домашен притвор во случајот „Лотарија“. Ахмети нагласи дека бара вистинска и неселективна правда, надевајќи се дека Груби ќе биде ослободен од домашен притвор и дека постапката ќе продолжи. Ахмети нагласи дека бара ...
Соопштение на Левица Во Македонија, каде работничките права секојдневно се газат и каде само во 2025 година се евидентирани 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход, и оваа власт на ДПМНЕ како и претходно на СДСМ, очекува истите работодавачи самите да покажат совест при високи температури. Во таква држава да ја оставиш заштитата од екстремна жештина на ʼпрепоракиʼ не е наивност, туку политичка одлука газдата да не се вознемирува со ...
Најмалку 164 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините. Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден ...
Д-р Кирил Лазов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, инаку, специјалист по трансфузиона медицина, реагира по повод кривичната пријава од СДСМ за случајот во Гостивар, а во која е наведено и неговото име. „Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички театар да се прикрие недостатокот на одговори за сопственото постапување. Наместо со кривични пријави да бараат виновници на прес-конференции, ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека предвремените парламентарни избори се најдоброто решение за земјата, оценувајќи дека е потребно да се промени политичката клима и да не се дозволи состојбата дополнително да се влошува. Гостувајќи во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Ахмети рече дека предвремени избори најверојатно нема да има оваа година, туку следната, но посочи дека неговата партија е подготвена за избори во секое време. „Треба да се ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра, соопштија од Народната банка. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра. „И ...
СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека во политичката комуникација користи поделби на „патриоти“ и „предавници“ и дека со таквата реторика го следи моделот што, според партијата, го применувал Ванчо Михајлов кон своите политички противници. Во соопштение од партискиот Центар за комуникации, СДСМ тврди дека означувањето на политичките неистомисленици како предавници и одроденици било дел од пропагандата на Михајлов, а дека слична ...