Скопје на 7 ноември ќе биде домаќин на концертна вечер каква што не се случува често. Во Т арената „Борис Трајковски“, на иста сцена ќе застанат светската музичка ѕвезда Емели Санде, Дупер и Мијата. Мијата е едно од оние имиња на македонската музичка сцена кои не се изградени преку минливи трендови и моментална популарност. Напротив, нејзината музичка приказна се темели на авторска оригиналност, препознатлив стил и доследност кон сопствениот ...

Кантавторката Мијата ќе настапи на фестивалот „Скрим“ со британската поп-ѕвезда Емели Санде и популарниот македонски бенд „Дупер“ на 7 ноември во aрената „Борис Трајковски“ во Скопје, објави организаторот, продукцијата „Прагма“. Мијата во јуни го промовираше синглот „Ти биди свој“, за кој самата ги напиша музиката и текстот и учествуваше во аранжманот. Британската пејачка Емели Санде е повеќекратна добитничка на Британските музички награди. ...