По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, денеска во Гостивар се одржа настан посветен на богатото културно-историско наследство на гостиварскиот регион. Настанот по петти пат го организираше Конзерваторскиот центар од Гостивар, кој преку изложба на фотографии ја доближи својата долгогодишна работа до јавноста. Во автентичниот амбиент пред Беговата куќа, еден од најпрепознатливите симболи на градот и објект ...

Вчера (19.04.2026- во 11:15 часот во Полициската станица Гостивар, А.О.(43) од Градец, пријавила дека претходниот ден околу 21:30 часот била физички нападната од А.М. од Гостивар. Според пријавата, нападот се случил во станот на пријавениот по претходна расправија околу исплата за извршени работни задачи, информира СВР Тетово. Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера (19.04.2026- во 11:15 часот во ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13%. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и ЕУРОДИЗЕЛ поевтинуваат за 1,50 ден/лит. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ден/лит, додека ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 94,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница во април 2026 година изнесува 68.797 денари, што претставува зголемување од 979 денари во однос на март, кога изнесуваше 67.818 денари. Доколку се пресмета и трошок за изнајмен стан од 60 квадратни метри, вредноста на кошницата достигнува 84.172 денари. Според последните податоци, во периодот од јануари до април 2026 година, синдикалната минимална кошница е зголемена за вкупно 3.305 денари. Од ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 19 степени. Утре (вторник) нѐ очекува променливо облачно време со повремени врнежи од ...

Вчера (19.04.2026) во 18:50 часот на патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена беше брзина на движење на патничко возило ,,мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната ...

Со хуманост и несебичност на семејство соочено со најтешкиот момент, спасен е човечки живот преку трансплантиран црн дроб на 67 годишен пациент, а на уште една пациентка на 51 годишна возраст и е подарена нова шанса за поквалитетен живот со трансплантација на бубрег. Пациентите се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување, информира Министерството за здравство. – Овие медицински интервенции се воедно и приказни за надеж, за ...

Вчера (18.04.2026) во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.М.(41) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека преку телефонски повици и социјални мрежи упатувал закани на неговата поранешна 35-годишна партнерка. „Истовремено, неговата сопруга А.М.(40) пријавила дека поранешната партнерка на нејзиниот сопруг на социјална мрежа објавувала содржини со кои ги злоупотребила нејзините лични ...

Јадењето кое денес ви предлагаме да си го подготвите е пример за модерна интернационална кујна, комбинација од техники и вкусови од неколку европски гастрономски традиции: италијанска, француска и скандинавска. Вкусот на печениот лосос во сос од лимон и пармезан ќе се воодушеви! Состојки: 4 парчиња филе од лосос 3 лажици путер 4 чешниња лук (ситно сечкани) 200 мл павлака за готвење 50–70 г рендан пармезан сок од 1/2 лимон сол, црн бибер, ...

Ноќеска во 4 и 10 часот после полноќ во СВР Тетово – ОВР Гостивар, малолетничка од Гостивар пријавила дека подолг временски период нејзиниот брат А.Н. ја вознемирувал со пораки со недолична содржина, а пред три месеци со употреба на сила врз неа извршил и полово дејствие, информира полицијата. „Малолетничката, исто така, пријавила дека и нејзиниот татко В.Н. физички ја малтретирал и ја принудувал да бара пари од нејзината баба. Малолетничката ...

На секого му се случува: ноќ кога се вртиме во кревет, гледаме во таван или проверуваме колку е час по десетти пат. А утрото доаѓа без милост, со обврски што не може да се одложат. Без разлика дали станува збор за работа, училиште или домашни задачи, денот мора да продолжи. Добрата вест е дека постојат неколку мали трикови што можат да ви помогнат да го поминете денот полесно, дури и кога батеријата ви е на „резерва“. За повеќето возрасни ...

Иако изминува четвртиот месец од 2026-та, владиниот Оперативен план за вработување и јавните повици за невработените сè уште не се објавени. Сепак, од Министерството за економија и труд информираат дека се планира спроведување на планот и во текот на оваа година. На прашање на Gostivarpress.mk дали ќе има мерки за невработените, од Министерството посочија дека Оперативниот план ќе се реализира и годинава, при што мерките, според содржината и ...

Во полицискиот билетн за изминатото деноноќие на подрачје на Гостивар евиднтирани се повеќе случаи на нарушување јавен ред и мир, тепачки, напад и др. Во 22:15 часот во ОВР Гостивар бил пријавен нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. и Л.,,Н”. При преземени мерки, полициските службеници го затекнале повреден Л.,Н” на кој му била укажана помош од граѓани, додека другото лице го напуштило местото на настанот, информира ...

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4 мај, со цел како што велат ублажување на ценовните притисоци и поддршка на економијата. Од Владата информираат дека, согласно нивните пресметки, се очекува дополнително намалување на цените на горивата. „Согласно нашите пресметки очекуваме Регулаторна комисија за енергетика да донесе одлука со која ќе се изврши дополнително намалување на малопродажните цени на ...

Ноќеска 40 минути после полноќ во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 42-годишната В.Н.. „Според пријавеното, таа се здобила со повредите од експлозија на плинска боца и поради сериозноста на повредите е префрлена во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје.“, информира СВР Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. Ноќеска 40 минути после полноќ во ОВР ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека институциите преземаат мерки за задржување на младите во државата и дека, според статистичките податоци, веќе се забележува одреден прилив на иселеници кои се враќаат во Македонија. „Може да видите во статистиката, веќе имаме прилив на иселеници. Тој не е голем, но луѓе почнаа да се враќаат во Македонија. Тоа е резултат на политиките што ги спроведува оваа Влада“, изјави Јаневска ...

Денешниот саботен ден во Гостивар се користи за расчистување на градот и засадување дрвца. Утрово започна акција за чистење и уредување на повеќе локации, со цел подобрување на изгледот на јавните површини и поттикнување на поголема грижа за животната средина. Акцијата ја организира Општина Гостивар во соработка јавните претпријатија. Стартуваше од реонот кај економското училиште, а се вклучија и пожарникари, компанијата Бехтел и Енка, како ...

Вчера (16.04.2026) во 23:00 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници го привеле К.Џ.(62) од Добридол, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон случајните минувачи. „При извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,08 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, информира ...

Кошаркарите на Гостивар со победа од 76:74 синоќа на домашен терен славеа над Феникс 2010 со што го затворија регуларниот дел од сезоната во македонската Суперлига. Натпреварот беше решен во драматична завршница, по 40:34 резултат со кој се замина на полувремето. И покрај победата, гостиварскиот тим регуларната сезона ја заврши на 11. место со 6 победи и 16 порази, немајќи капацитет да ја избегне плеј-аут фазата. Во плеј-офот се пласираа ...

Претседателот на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, изјави дека неговата партија Ресница ќе инсистира на организирање референдум за излегување на Словенија од НАТО, нагласувајќи дека станува збор за едно од нивните клучни предизборни ветувања. Стевановиќ на 10 април беше избран за претседател на парламентот со поддршка од 48 пратеници, додека Ресница има пет пратеници во 90-члениот парламент. Во интервју за словенечки медиуми, тој ...

Јаболката и портокалите имаат слични нутритивни својства и можат да бидат дел од исхрана што помага во одржување на постабилно ниво на шеќер во крвта. И двата плода содржат природни шеќери кои влијаат врз гликозата, но количината на јаглехидрати, влакна, како и начинот на кој се консумираат, ја одредуваат брзината на порастот на шеќерот. Едно средно јаболко (околу 182 грама) содржи приближно 25 грама јаглехидрати, од кои 4,5 грама се влакна и ...

Исмаил Омер е именуван за нов директор на Националната установа Гостиварски театар. За Gostivarpess.mk Омер потврди дека решението за раководното место му било доделено денеска. Тој е дипломиран актер на Драмскиот факултет во Тетово, а во текот на повеќегодишното професионално искуство има остварено бројни улоги во театарски претстави, филмски проекти и телевизиски серии со познати продукциски куќи. Неговата продукција воедно е претставник од ...

Претставници од Министерството за одбрана и Воената академија, заедно со професионални војници, подофицери и офицери од македонската Армија, изминатиот период одржаа презентации во средни училишта низ земјава со цел да им ја приближат на учениците мисијата на воената служба како животен избор и професија која симболизира храброст и одговорност. Презентациите беа организирани пред средношколци во Гостивар, Скопје, Битола, Ресен, Охрид, ...

Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар информираше дека денеска доделени се решенија за 20 нови вработувања, а во следниот период ќе се доделат за уште 17. Станува збор за избраните кандидати од оглас објавен во август минатата година. „Со ова, ЈЗУ „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар ги зајакнува своите капацитети со: еден специјалист радиолог, 5 општи лекари, 2 дипломирани медицински сестри, 2 дипломирани физиотерапевти, 11 медицински сестри ...

Вчера (16.04.2026) во 15:30 часот во ОВР Гостивар, 56-годишен маж од Гостивар пријави дека бил измамен од А.С. од Арачиново, скопско, за сума од 5.000 евра. „Според пријавеното, преку социјални мрежи, стапил во контакт со лицето и бил доведен во заблуда за купопродажба на стадо овци, при што преку посредник му исплатил на пријавениот 5.000 евра како капар. По примањето на парите, пријавениот ги прекинал контактите и го исклучил телефонот, по ...

Боите, четките и младешката креативност го исполнија просторот на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, каде по повод Светскиот ден на уметноста се одржа мултиетничка уметничка колонија со учество на ученици од средното техничко и од основните училишта од општината. Настанот беше можност младите преку уметноста да се поврзат и да го изразат својот уникатен поглед кон светот. Учениците имаа можност да нурнат во светот на боите и формите, ...

Во првиот петок по Велигден, православните верници го слават празникот Источен Петок -Балаклија, со кој и‘ се оддава почит и признание на Пресвета Богородица и се слават нејзините чуда. Во Гостивар традиционално храмот „Света Петка“ е местото на централното чествување на Балаклија. Голем број верници ја посетуваат црквата и се помолуваат за здравје, благосостојба и духовен мир и обединување. Утрово во храмот, беше отслужена света ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во гостиварскиот регион ќе достигне 20 степени. Утре (сабота) според прогнозите, ќе владее сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец. ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против П.Б.(21) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 07.03.2026 во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал неговата 53-годишна мајка, информира МВР. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава и против Б.С.(43) поради постоење основи на сомнение за сторено ...

Патувањата во сончеви краишта најчесто се поврзуваат со добро расположение, одмор и безгрижни денови. Но, премногу сонце носи и непријатности, како изгореници, високи температури и потреба од постојана заштита. Токму затоа, дел од патниците намерно избираат дестинации со малку или речиси без сончева светлина студени, магливи и снежни предели што нудат мир, драматична атмосфера и поинаква, потемна убавина. На ваквите листи често високо се ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
49%
1012
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
66%
1013
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
86%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
6.17
47%
1012
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
7.69
53%
1011
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
95%
1013
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
4.63
60%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
72%
1013
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
51%
1007
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
7.72
41%
1012
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
36%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Рутениум

55395.74

Калај

49.88

Злато

166450.52

Бакар

12.14

Паладиум

49215.93

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

3.44

Родиум

324722.54

Сребро

2840.84

Платина

66712.80