Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Сојуз на синдикатите на Македонија најави нов работнички протест кој ќе се одржи на 1 Мај, на Меѓународниот ден на трудот. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, информираше дека протестот ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом, со главно барање за зголемување на минималната плата и раст на останатите работнички плати. Под слоганот „За плати се бориме и не се молиме“ работниците оваа година ќе го одбележат 1 Мај со излегување на ...
Во делови од Гостивар прекинато е водоснабдувањето поради оштетување на водоводна цевка. Станува збор за на улицата „18 Ноември“, улицата „101“ и дел од булеварот „Браќа Ѓиноски“. Како што информира Јавното претпријатие „Комуналец“ оштетувањата биле предизвикани од работи извршени од приватен сопственик. „Технички екипи на ЈП Комуналец се на терен и работат на санација на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде воспоставено веднаш по завршување ...
Управата за јавни приходи ги извести даночните обврзници и корисниците на системот е-Даноци дека поради планирана техничка надградба на ИТ системите, во среда, 08.04.2026 година, со почеток од 14:00 часот, ќе се изврши привремен прекин во работата на системот и електронските услуги. „Со цел непречено исполнување на даночните обврски, ги повикуваме сите корисници да ги завршат своите активности пред започнувањето на прекинот. По завршување на ...
Полициски службеници од ОВР Гостивар на 6 април 2026 година во 21:50 часот го лишиле од слобода Ф.И. (36) од гостиварското село Вруток. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“ во џамија во селото Мердита. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Полициски службеници од ОВР Гостивар на 6 април 2026 година во 21:50 часот го лишиле од слобода Ф.И. ...
СВР Тетово информира дека вчера (6.04.2026) во 07:00 часот, од Општа болница во Гостивар е пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба била донесена Р.М.(29) од Битола, која набргу починала. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено во Судска медицина за обдукција, извести полицијата. СВР Тетово информира дека вчера (6.04.2026) во 07:00 часот, од Општа болница во Гостивар е пријавено ...
Европскиот институт за иновации и технологија (EIT) го отвори повикот за новото издание на EIT Jumpstarter 2026, една од најпознатите европски пред-акцелераторски програми, преку која иноватори во рана фаза можат да добијат обука, менторство и финансиска поддршка за развој на стартап идеи. Програмата нуди вкупно над 240.000 евра финансиска поддршка, а право на учество имаат и тимови од Западен Балкан, што отвора можност и за млади иноватори ...
Вчера (5.04.2026) во 15:30 часот во гостиварско село, полициски службеници го лишиле од слобода Р.А. (27), кој бил пријавен од страна на неговата поранешна вонбрачна партнерка дека откако ја прекинала врската, Р.А. дошол пред домот на нејзините родители со патничко моторно возило „бмв“ и им упатил сериозни закани по животот, соопшти СВР Тетово. По документирање на случајот најавен е соодветен поднесок. Вчера (5.04.2026) во 15:30 часот во ...
Денес се одбележува Светскиот ден на здравјето, ден кој нè потсетува дека здравјето е најголемото богатство и заедничка одговорност на сите нас. Оваа година, вниманието е насочено кон улогата на науката во заштитата на здравјето и одржливоста на екосистемите, под мотото: „Заедно за здравје. Бидете на страната на науката“. Како што истакнува Институтот за јавно здравје, темата го нагласува концептот „Едно здравје“ (One Health)-пристап што ја ...
Државната изборна комисија изрази сериозна загриженост во однос на доцнењето и нецелосната исплата на надоместоците за членовите на изборните органи за Локалните избори 2025 година од страна на одредени општини и апелира до градоначалниците и до Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) за доследно почитување на законските одредби при реализацијата на овие исплати. „Иако илјадници граѓани својата задача ја извршија професионално, ...
Многу деца добиваат дигитален идентитет уште пред да се родат. Од објави за бременост и ултразвук, па сè до фотографии од родендени, училишни настани и лични моменти, многу родители редовно споделуваат детали од животот на своите деца на интернет. Но, токму тука се отвора прашањето: Каде е границата меѓу родителската гордост и правото на детето на приватност? Оваа појава е позната како „шарентинг“ термин што се користи за објавување ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска (6 април) започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, соопшти Министерството. ...
Јавното претпријатие Комуналец од Гостивар алармира за случаи на нерационално и неодговорно користење на водата од страна на домаќинства и бизниси. Од претпријатието наведуваат дека со тоа се врши значителен притисок врз системот за водоснабдување, особено во периоди на зголемена потрошувачка и апелираат на рационална употреба на водата. „Апелираме до сите граѓани да ја користат водата рационално и исклучиво за основни потреби. Водата за ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која дизел горивото поскапува, додека бензинот ЕУРОСУПЕР-95 поевтинува. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 ден/лит и изнесува 83,50 ден/лит. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува 85,50 ден/лит. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), поскапува за 2,50 ден/лит, и новата цена изнесува 98,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во гостиварскиот регион ќе достигне 21 степен. И утре (вторник) ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, додека од среда се прогнозира промена на временските прилики. Се очекува дожд и заладување. Во четврток ќе владее променливо облачно време со умерен ...
Со почетокот на Страдалната седмица и во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден – Христово Воскресение, ви ја пренесуваме програмата на Гостиварското архиерејско намесништво за богослуженијата што ќе се одржат во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар, како и во црквата „Св. Петка“. Верниците ќе можат да присуствуваат на богослужби, литургии, читање на страдалните евангелија, изнесување на Плаштеницата, ...
СВР Тетово информира дека вчера (4.04.2026) во 20:40 часот во населба Фазанерија во Гостивар, полициски службеници ги привеле Е.Е. (26) и Д.Е. (27), двајцата од Гостивар поради нарушување на јавниот ред и мир. „Претходно, околу 19:30 часот, во ПС Гостивар случајот го пријавил Џ.Џ. (31) од Гостивар. Според пријавеното, во неговиот дом настанала вербална расправија помеѓу неговата сопруга А.Џ. (26) и мајка М.Ш. (51) со нивните соседи А.Д., Е.Е. ...
Со одигрувањето на финалните средби од баражите, познати се сите учесници на фудбалскиот Мундијал 2026. Ирак стана последен учесник на Светското првенство, откако рано утрово во Монтереј (Мексико) ја совлада Боливија со 2:1. Синоќа преку европските баражи, пласман на планетарниот собир изборија, Босна и Херцеговина по победата над Италија на пенали (4:1), Турција по триумфот над Косово (1:0), Чешка над Данска (на пенали 3:1) и Шведска над ...
Владата донесе одлука за намалување на акцизите на горивата. Одлуката беше донесена денеска на вонредна и итна седница. Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека Владата реагира навремено и со конкретни мерки за стабилизирање на цените на енергенсите. „Денеска имавме вонредна, итна седница на Владата, на која донесовме конкретни одлуки. Ја продолжуваме до крајот на кризната состојба, некаде до 20 април, намалената стапка на ДДВ од 18 на ...
Празникот во чест на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим – Цветници во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар собра голем број верници на Света литургија во богослуќба на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Пред започнувањето на литургијата, според обичајот на православната црква, беа осветени врбовите гранчиња. Во својата беседа по повод празникот Митрополитот г. Јосиф меѓудругото истакна: „Вчера славевме ...
Управата за јавни приходи информира дека активно работи на проектот е-Фактура и во моментов се тестира системот за електронско фактурирање. Се проверува и можноста за директно поврзување (API) на компаниите со системот. УЈП ги повикува сите компании што сè уште не се вклучиле во процесот, особено оние што развиваат или користат системи за фактурирање кои може да се надградат, што побрзо да започнат со тестирање. „Вклучувањето во оваа фаза е ...
Вчера (3.04.2026) во СВР Тетово, Н.Б. (38) од Скопје, вработен во фирма од Врапчиште, пријавил компјутерска измама во правен субјект. „При нарачка на стока од странска фирма, преку пресретната електронска комуникација, оштетените биле доведени во заблуда од страна на непознати сторители да префрлат 13.572 евра на лажна трансакциска сметка.“, информира полицијата. СВР Тетово вели дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера ...
Кога патувате во странство, покрај пасошот и визата, важно е да ги знаете и специфичните закони на земјата во која влегувате. Во некои држави, граничните служби имаат овластување да побараат увид, да запленат или да ја прегледаат содржината на мобилни телефони, лаптопи и други електронски уреди пред да дозволат влез. Во Русија, според предупредувања на американскиот Стејт департмент, патниците не треба да очекуваат приватност на електронските ...
Денеска е забележано заматување на Вардар во Гостивар, што од утрово предизвика реакции и загриженост кај граѓаните. Водата во реката е невообичаено матна и нечиста, а причината за сега не се знае. Од Општина Гостивар информираат дека инспекциски служби се на терен и ја утврдуваат состојбата. „Утрово, загрижени граѓани доставија фотографски материјали кои укажуваат на загадување на реката Вардар. Општина Гостивар, односно инспекциските ...
На 63 годишна возраст во Гостивар вчеравечер почина д-р Стојо Бошкоски, интернист-ендокринолог, меѓу гостиварци познат по посветеноста кон пациентите и хуманиот, искрен однос. Д-р Бошкоски по потекло беше од Македонски Брод. Со семејството се преселиле во Гостивар кога бил дете. Завршил гимназија во Гостивар, а дипломирал Медицински факултет во Скопје, 1989 година. Специјализирал интерна медицина со субспецијализација ендокринологија. Од 1995 ...
По последните снежни врнежи во регионот, има нови снежи наноси на патот кон Галичник. Месната заедница информира дека од вчера повторно е започнато расчистување на патот, кадешто има многу снег. „Станува збор за значително поголема количина снег и работата е во тек со засилен интензитет. Се очекува во текот на наредната недела, непосредно пред Велигден, патот повторно да биде целосно прооден, особено имајќи ја предвид најавената стабилизација ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави нов јавен повик за доделување ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. „За прв пат, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. Наместо досегашното доставување документи во ...
Храната е важен дел од културата, традицијата и секојдневниот живот, но она што во една земја се смета за вообичаено, во друга може да биде забрането или строго ограничено. Причините најчесто се поврзани со здравствени ризици, безбедноста на потрошувачите, етички прашања или заштита на животински видови. Еден од најпознатите примери е дурианот – овошје познато по својот исклучително силен мирис. Иако не е целосно забранет како храна, во многу ...
Согласно Законот за празници и Програмата за неработни денови во Република Македонија, понеделник (6 април) е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед. Причина е празикот Велигден, Христовото воскресение кој католиците го слават во недела (5 април). Во следната седмица, петок (10 април, Велики Петок) е неработен за православните граѓани, додека понеделник (13 април) за сите граѓани на Македонија, поради православен Велигден, кој е ...
Вчера (2.04.2026) во 9:00 часот, во Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишиле од слобода А.А. (45) од Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик, соопшти МВР. Таа е спроведена во казнено-поправна установа за издржување на казната. Член 190 од Кривичниот законик ...
Реконструкцијата на Стариот конак во Лешочкиот манастир е во завршна фаза, информираше министерот за култура и туризам, Зоран Љутков кој денеска беше во посета на ова духовно светилиште и оствари средба со Митрополитот на тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф. „Активностите се одвиваат согласно планираната динамика и предвидено е да завршат на крај на јуни. Посветени сме на заштита и унапредување на нашето културно и духовно наследство, ...