Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани денеска му додели благодарница на Албон Реџепи од Чегране, како признание за неговиот придонес во науката и технологијата на меѓународната сцена. Реџепи е претседател на компанија, која има важна улога во тестирањето и надзорот на капсулата Орион од вселенската мисија Артемис II на НАСА. „Посебна чест ми е да му доделам признание на Албон Реџепи од Чегране, за неговиот придонес во науката и ...

Вредноста на најпопуларната криптовалута денеска во попладневните часови се движи околу 81.200 долари, што е знак за благ дневен раст и стабилизирање на крипто-пазарот. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа останува висок. Аналитичките крипто-портали наведуваат дека на глобалните пазари и понатаму преовладува претпазливост поради геополитичките тензии, но истовремено расте оптимизмот во технолошкиот сектор, особено околу ...

Нов онлајн водич треба да им помогне на деветтоодделенците полесно да изберат средно училиште и професија. Станува збор за платформата kvalifikacii.crso.gov.mk, која денеска ја промовираа Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од Швајцарија. На едно место учениците и родителите можат да најдат информации за струките, училиштата, квалификациите и можностите за понатамошно образование и ...

Институтот за јавно здравје почна кампања во училиштата со наслов: „Пубертетот и менстуалниот циклус кај девојчињата” со цел подобра едукација и информираност на младата популација на овие теми. Стручни лица од ИЈЗ предавањата ги посветуваат на темата пубертет и што опфаќа тој период, со посебен осврт на менструалниот циклус, при што девојчињата имаат можност да се информираат за промените што ги носи овој период, на начин прилагоден на ...

Агенцијата за администрација објави огласи за вработување на државни службеници во Министерството за култура и туризам, односно во Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик. Отворени се работни места за инспектори, помошници инспектори и помлади инспектори по македонски јазик за инспекциски надзор по региони: скопски и полошки, југозападен и пелагонски, североисточен и источен. Освен општините услови за вработување во државна ...

Вчера (12.05.2026) во 20:00 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека настанал пожар во напуштен објект (стар културен дом) во Врапчиште. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Гостивар и пожарот бил локализиран, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Вчера (12.05.2026) во 20:00 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека настанал пожар во напуштен објект (стар ...

Денес, во западните делови од земјава ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува, наведува Управата за хидрометеоролошки работи во најновото утринско метео предупредување. Според временската прогноза денеска ќе владее променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во ...

Волка со синџир и каиш чуван како домашен миленик вчеравечер бил заловен во населбата Козле во Скопје. Веста ја пренесоа од скопската Зоолошка градина, од каде информираа дека по пријава од загрижени граѓани, на местото интервенирало МВР, а веднаш потоа пристигнала и стручната служба од ЗОО и претставници од градот Скопје, а волкот бил успешно и безбедно заловен. „Волкот е безбедно транспортиран до градината, а ЗОО Скопје ќе го згрижи и ќе му ...

Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, кој во наредниот период ќе биде испратен во собраниска процедура. Портпаролката на Владата, Венера Азизи, нагласи дека со законските измени започнува нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите на штета врз граѓаните, особено врз младите, ...

СВР Тетово информира дека откако на ул.„Питарница“ во Гостивар, полициски службеници запреле патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, возачот ги предал документите за увид, но во моментот кога полициските службеници ја проверувале сообраќајната дозвола, која е во сопственост на неговата сопруга, тој го стартувал возилото и со голема брзина се упатил кон Форино. „По преземени мерки, утврдено е дека возилото го управувал ...

Во март 2026 година во Македонија престојувале значително повеќе странски отколку домашни туристи. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, од вкупниот број туристи, 73.921, домашни биле 19,7%, а дури 80,3 % биле странски. Најголем број странци кои туристички биле во земјава минатиот месец, дошле од Германија 9.645, следуваат Турција со 9.090 туристи, Франција со 4.945 и Србија со 3.955 туристи. Во текот на март биле ...

Јубилејното 70. издание на Евровизија започнува вечерва во Виена, Австрија, со првата полуфинална вечер и настапи на дел од земјите учеснички. Овогодишното издание се одржува под слоганот „United in Music“ – „Обединети во музиката“, а во натпреварувањето учествуваат вкупно 35 земји. Финалето е закажано за сабота, 16 мај. Настанот годинава се одржува во атмосфера на засилени безбедносни мерки и политички тензии поради учеството на Израел. Дел ...

Во тек е јавниот повик на Министерството за социјална политика, демографија и млади за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација наменета за деца во социјален ризик. Поконкретно, бесплатното летување опфаќа: корисници на детски додаток, додаток за образование, гарантирана минимална помош, деца корисници на посебен додаток до 26 години и деца без родители и родителска грижа, родени во периодот од 2011 до 2015 година, редовни ученици ...

Државната изборна комисија (ДИК) на вчера на седница донесе Одлука за доделување финансиски средства во 11 општини со блокирани жиро-сметки со цел исплата на заостанатите надоместоци за изборните органи. Како што информираше претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, средствата се наменети за надоместоците на изборните органи за Локалните избори 2025 и повторните избори за градоначалници спроведени во 2026 година. Одлуката е донесена врз основа на ...

Денешниот датум, 12-ти мај е Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари, а се одбележува секоја година во знак на сеќавање на роденденот на Флоренс Најтингеjл, која се смета за пионер на модерното сестринство во светот Флоренс Најтингеjл е родена во Фиренца, Италија на 12 мај 1820 година. Целиот свој живот се борела за унапредување на својата професија и правата на жените. По завршување на школувањето се пријавила за заминување во ...

Вчера (11.05.2026) во 13:25 часот во ОВР Гостивар, 53- годишен маж од Гостивар пријавил дека бил измамен од М.Д. од Кавадарци, со престој во Скопје, за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, на 24.04.2026 контактирале преку социјална мрежа и се договориле да му извади пасош по брза постапка, по што по автобус му ги пуштил парите, а откако ги примил го блокирал и не можел да стапи во контакт со него. СВР Тетово наведува дека се преземаат ...

Градежните активности на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани се одвиваат со засилена динамика, констатираа надлежните по денешниот увид во реализацијата на инфраструктурните проекти на западниот дел од Коридор 8. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека на терен се реализираат сложени инженерски зафати и дека сите предизвици се надминуваат преку добра координација меѓу институциите и ...

Русија денеска со воена парада на Црвениот плоштад во Москва ја одбележа 81-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, а рускиот претседател Владимир Путин порача дека земјата останува уверена во победата и покрај актуелните глобални тензии и војната во Украина. Во обраќањето пред војниците и присутните странски делегации, Путин изјави дека Денот на победата е „свет и најважен празник“ за Русија и нагласи дека ...

Регулаторната комисија донесе одлука за утврдување на цените на горивата. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво 85,00 ден/лит. ЕУРОСУПЕР БС-98, поевтинува за 0,50 ден/лит, и ќе се продава по 86,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 4,00 ден/лит, и ќе изнесува 89,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за ...

Либанската баклава е препознатлива по својот мирисен шербет, во кој најчесто се додава вода од рози (ружина вода) или вода од цвет од портокал. Токму ова му дава на десертот специфичен ориентален вкус и полесна, но истовремено богата арома. За подготовка на оваа баклава се потребни околу еден час, плус дополнително време за впивање на шербетот. Печењето трае од 35 до 45 минути, а рецептот се смета за средно тежок. За баклавата се потребни 500 ...

Заменик министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи Шаќири денеска беше во посета на Општина Гостивар, кадешто оствари средба со градоначалникот Валбон Лимани. Главна тема на состанокот беше реализацијата на проектите во Гостивар коишто финансиски се поддржани Од Владата преку Министерството за транспорт. „Со заменик министерката за транспорт и врски разговараме за тековните проекти кои се дел од двата повици на Владата на Репубика ...

Вчера (10.05.2026) во 20:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.И.(53) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик (кражба). Тој се сомничи дека одзел личен предмет на Ф.А.(45) од гостиварско село додека чистела во ординација, соопшти СВР Тетово. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Вчера (10.05.2026) во 20:30 часот во ...

Јавната установа Национален парк „Маврово“, во соработка со Македонската риболовна федерација, изврши порибување на Мавровското Езеро со 2.000 килограми крап. Од Националниот парк информираат дека станува збор за прва фаза од планираните активности за порибување, кои ќе продолжат и во наредниот период, со цел збогатување и унапредување на рибниот фонд во водите на територијата на паркот. Активноста се реализира во пресрет на Светското ...

Времето денеска (понеделник) претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 10 до 24 степени. Според метеоролошките прогнози, времето во ...

ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”. „Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи и му ...

Во текот на изминатата вечер, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар лишиле од слобода две лица кои управувале возила без соодветна документација. Првиот случај е регистриран на 09.05.2026 во 20:25 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, каде е приведен Ф.И.(18) од Џепчиште, тетовско, кој управувал возило „фолксваген поло“ без возачка дозвола. Потоа, ноќеска 40 минути после полноќ во Долна Бањица, гостиварско, е лишен од ...

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска оддаде длабока почит кон хероите кои ги положија своите животи за татковината, во вооружената престрелка на 9 јули 2015-та година во „Диво насеље“ во Куманово. Полициски службеници ги посетија вечните почивалишта на загинатите бранители од полошкиот регион, се поклонија во знак на почит и положија цвеќе. Меѓу осумте загинати херои во Куманово беа: Горан Илијевски (Гостивар), Жарко Кузмановски ...

Колагенот е главна градбена компонента на кожата, косата, ноктите, зглобовите, коските и сврзното ткиво. Тој е заслужен за еластичноста, цврстината и здравиот изглед на кожата, како и за подвижноста и издржливоста на зглобовите. Со текот на годините, природното производство на колаген постепено се намалува, па се појавуваат проблеми како: сува и помалку еластична кожа, брчки, кршливи нокти, ослабена коса, болки и вкочанетост во зглобовите, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира утрово Автомото Сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се вели во соопштението на АМСМ. Од таму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

На денешен датум, шести мај, се празнува Ѓурѓовден, празник во чест на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец. Ова е неподвижен празник и секоја година се одбележува на истиот датум. Во неговата симболика се врежани будењето на природата, вегетацијата и величење на животот. Такви се и обичаите коишто се практикуваат за Ѓурѓовден. Традициите налагаат, плетење на венец од зеленило и цвеќиња, миење со водата во која се потопуваат растенија и ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
2.68
67%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
72%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.51
73%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
78%
1018
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
0.45
67%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
94%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15