Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија, соопшти АМСМ. Од 12.20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато. Од 12 часот пред ГП Долно Блаце почнат е протест на превозници со тешки моторни возила поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП „Дизел“, а другиот сообраќај се ...

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поскапува за 1,00 денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети. Со новата одлука, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 67,50 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 66,50 ...

Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце, Велес и Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Реката Сатеска кај Ботун, Брегалница кај Штип и Бабуна кај Богомила покажуваат минимално намалување на ...

Во пресрет на најавениот протест на Сојузот на синдикати во среда (28 јануари) за повисоки плати претседателот, Слободан Трендафилов, порача дека протестот не е симболичен, туку директна борба за егзистенција и ги повика работниците да се приклучат. „Овој протест не е за ‘ако имаш време’ па ќе дојдеш. Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први“, истакна Трендафилов во отворено писмо, додавајќи дека ...

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре (26 јануари) ќе има врнежи од дожд, што наместа ќе бидат пообилни – над 30 литри на квадратен метар, проследени со ретки грмежи. На планините, врнежите ќе бидат од снег, информираа денеска од Управата за хидрометеоролошки работи во издадениот метео аларм. – Во вторник претпладне сè уште во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и дожд и снег на повисоките места и ...

Во рамки на кампањите за унапредување на сообраќајната култура, денеска (25.01.) на подрачјето на СВР Тетово ОВР Гостивар, на локации на централното градско подрачје во Гостивар, Одделот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, спроведоа превентивно-едукативна активност под мотото „Паркирај совесно – паркирај одговорно“. „Активноста имаше за цел ...

Доколку барате брз, здрав и хранлив рецепт што лесно се подготвува, овој домашен протеински леб е одличен избор. Совршен е за појадок или ужина и претставува здрава алтернатива на традиционалниот леб. Состојки: 3 јајца 200 мл јогурт/кисело млеко 100 грама овесно брашно 2 лажици ленено семе 1 кесичка прашок за пециво Прстофат сол По желба: сончогледови или тиквени семки, како и зачини (оригано и сл.) Подготовка: Сите состојки измешајте ги во ...

Вчера (24.01.2026 година) во 13:30 часот на бул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода 45 годишниот гостиварец А.К.. „Лицето е приведено поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“ сторено во изминатите три недели во куќи и објекти во гостиварското подрачје. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по комплетирање на случајот против него ќе следи соодветна ...

Вчера (24.01.2026 година) во 15:15 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Маврово-Дебар, кај Ростушки мост, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „Фолксваген Туран“ со албански национални ознаки, управувано од И.Т. (40) од Р. Албанија, излетало од коловозот и се превртило. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Т. (69) од Р. Албанија, констатирани во Медицинскиот центар ...

Тантрумите или нападите на бес кај малите деца се еден од најпредизвикувачките аспекти на родителството. Имаме тенденција да се чувствуваме како добри родители кога нашите малечки се насмеани и опуштени, но можеме да се чувствуваме беспомошно и депресивно кога лежат на подот, удираат и врескаат. Сепак, верувале или не, нападите на бес кај малите деца се важен дел од емоционалното здравје и благосостојба на детето, според психолозите кои ...

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, соопшти денеска АХВ. Покрај домашниот промет, предмет на контролите биле и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Акцент со контролите бил ставен на ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре-недела (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово. Како што информираа од Министерството, ективностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со ...

Во многу домаќинства, јаболковиот оцет се користи не само за салати, туку и во народната медицина. Иако не е научно докажано дека лечи обична настинка, неговите антимикробни својства можат да ги ублажат симптомите кај некои луѓе. Истражувањата покажуваат дека јаболковиот оцет може да влијае на бактерии и габични инфекции, но веројатно нема ефект против вируси кои предизвикуваат обична настинка или грип. Сепак, малку јаболков оцет во чај или ...

Вчера (23.01.2026 година) во 14:50 часот, 32 годишниот гостиварец Ќ.И., во ОВР Гостивар пријавил дека по претходна вербална расправија на бензиска пумпа во Гостивар, непознато машко лице кое управувало возило „Форд“ го следел пријавителот низ град и му упатил закани со остар предмет. Се работи на расчистување на случајот, извести полицијата. Вчера (23.01.2026 година) во 14:50 часот, 32 годишниот гостиварец Ќ.И., во ОВР Гостивар пријавил дека ...

На 23.01.2026 година во ПС Гостивар, И.С.(63) пријавил противправно лишување од слобода и изнуда извршени истиот ден од страна на З.С. и неколку лица од Гостивар. „Според пријавата, поради нерасчистени должничко-доверителски односи за банкарски кредит, пријавителот бил присилно внесен во возило, физички нападнат и му биле упатени закани по живот. Сторителите подоцна влегле во неговиот дом, му ги одзеле личните документи на него и на неговата ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50 до 100 метри на патниот правец Делчево–Пехчево, од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и Пресека, а видливост до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар. Како што информира АМСМ, сите државни ...

Во сообраќајните контроли спроведени на 21 и 22 јануари во Гостивар, пајак службата подигнала 15 возила кои биле непрописно паркирани. Како што информира СВР Тетово, вчера (22 јануари) во контролата на возила и возачи на подрачјето што го покрива, санкционирани се вкупно 26 возачи (ТЕ-14 и ГВ-12) за непрописно паркирање, а 22 возила (ТЕ-11 и ГВ-11) се подигнати со специјално возило пајак. Санкционирани биле и 25 други видови сообраќајни ...

Асоцијацијата на превозници Макамтранс од понеделник (26 јануари) ќе ги блокира граничните премини за влез и излез од државата, како дел од регионалниот простест против новите шенген правила за транспортните возачи. Превозниците од земјава заедно со колегите од Србија, Црна Гора и БиХ целосно ќе го блокираат товарниот сообраќај кон земјите од Европската Унија, а протестот според најавите ќе трае цела недела. „Целта е да се прати порака на ...

Nokia 3310 е чиста носталгија за многумина. Ако сè уште го имате – не го фрлајте. Вашиот „антиквитет“ денес може да вреди изненадувачки многу пари. Секој што имал Nokia на почетокот на 2000-тите се сеќава колку поедноставен бил животот тогаш. Мали, забавни копчиња, симпатичен екран што не можел да се скрши и најважно, кога ќе повикате некого, тој всушност се јавува. Nokia 3310 беше толку мал што лесно можевте да го носите со себе насекаде. ...

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката. Најмладите пациентки се на 18 годишна возраст, дијагностицирани 2017 и 2020 година и средната возраст е некаде 55 години. Според најновата клиничка епидемиолошка статистика на Клиниката за радиотерапија и онкологија, за разлика од 2024 година кога имало само 74 пациентки, во 2025 година имале 122 пациентки кои по првпат со оваа дијагноза се јавиле во клиниката. ХПВ вакцинацијата го ...

Вчера (22.01.2026 година) во 09:20 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект и куќа во Добридол, сопственост на Б.Р.(33). Нема повредени лица, а пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, информира СВР Тетово. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар. Вчера (22.01.2026 година) во 09:20 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека настанал пожар ...

Собранието денеска со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова, се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. По барање на координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше номинално, односно секој пратеник гласаше поединечно. За Законот ...

„Оне Македонија“ на унгарски „Фор ај џи“, која денеска доби лиценца за трет мобилен оператор во државата од Агенцијата за електронски комуникации, најавува новини на пазарот, на кој, според раководството, има амбиции да заземе сериозен удел. Првенствено ќе почне со мрежите на постојните оператори додека да изгради сопствена. Со изградба на 5G stand alone мрежа, според АЕК треба да понуди новини што досегашните мрежи не ги поддржуваат. Се ...

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Намалена видливост и појава на магла во околината на Смојмирово и Буково до 50м., Ѓавато до 80м., Струмица до 100м., Тетово до 40м., Петровец до 150м. и Делчево до 50м, соопшти АМСМ. Магла утрово има и во Гостивар. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура во гостиварскиот регион ќе достигне 7 степени. Според метеоролошката прогноза утре (сабота) времето ќе биде променливо облачно и со услови за врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот се очекува интензивирање на ...

Финансиски мерки за поддршка на домаќинства и системска замена на фосилни горива се дел од стратегија за подобрување на квалитетот на воздухот на Општина Гостивар. Со цел намалување на загадувањето од греењето и сообраќајот годинава се предвидува субвенционирање на домаќинствата за купување инвертери со вкупен износ од 2 милиони денари, како и 1,5 милион денари за субвенции за велосипеди. Субвенционирањето ќе се одвива преку претходно ...

Јавното здравје пред комерцијалниот интерес – забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи, се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство. Новиот предлог-закон за заштита од пушење, како што се посочува во соопштението, предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби, како што се појаснува, се однесуваат на објави во медиумите, на интернет и на ...

Со доаѓањето на зимата, многу луѓе забележуваат дека болката во зглобовите им се зголемува. Иако понекогаш изгледа како случајност, постои вистинска врска помеѓу ниските температури и поинтензивната болка. Студот влијае на подвижноста на зглобовите, циркулацијата и мускулите, што заедно може да предизвика чувство на вкочанетост и непријатност. Студените месеци често носат непријатна болка во зглобовите, особено кај луѓето кои веќе имаат ...

Во текот на третата недела од 2026 година – од 12 до 18 јануари – во државава биле пријавени 2.062 случаја на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со третата недела од минатата сезона е зголемен за 46,0 отсто, а во споредба со бројот за третата недела од типичната епидемиска крива моделирана од последните 15 ...

Изминатите денови на подрајче на Гостивар евидентирани се неколку одделни случаи на физички напади и заканување врз жени. Вчера (21.01.2026) во 11:40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(65) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 60-годишна сопруга дека околу 10:30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
55%
1024
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
36%
1025
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
44%
1025
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
55%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.39
47%
1024
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
57%
1024
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.92
52%
1023
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
21%
1022
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
36%
1023
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
45%
1025
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.58
41%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Иридиум

221848.72

Цинк

3.28

Паладиум

52823.68

Сребро

2704.52

Алуминиум

3.35

Платина

69606.37

Калај

51.64

Кобалт

66.14

Бакар

11.80

Родиум

368126.05

Злато

166049.28

Рутениум

45750.51