Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар вчеравечер беше отворена изложба на дела од Стефани Стојаноска Наумческа. Ова е прво самостојно изложување на авторката, и содржи 37 слики работени во различни техники, поделени во три циклуси: апстракција, женски портрети и дела насликани со кафе. „Со уметност се занимавам веќе девет години, а талентот го имам од детски денови, од шестгодишна возраст. Во творењето најмногу ме инспирира она што нѐ ...

На Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје вечер од 20:45 часот, македонската фудбалска репрезентација е домаќин на Казахстан. Овој натпревар е претпоследен за двете селекции во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. За „црвено-жолтите“ мечот има големо значење, бидејќи со победа ќе ги задржат шансите за пласман на Мундијалот. Голманот Столе Димитриевски, очекува голема поддршка од трибините и уверува дека тимот размислува ...

Во познатото древно светилиште Бигорскиот манастир беше промовирано најново книжевно петтомно издание „Бигорска хроника – архијерејско петлетие“. – Ова монументално дело, издадено во пет тома, претставува духовен летопис и сведоштво за најзначајните настани од животот на нашата Света Обител во последните пет години од архијерејското служење на нашиот возљубен старец и владика, г. Партениј. Ова дело претставува благодарствен дар на Братството ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура во гостиварскиот регион ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне 12. Според прогнозите за време на викендов ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од ...

Во периодот од 27 октомври до 2 номеври во Македонија, пријавени се 94 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип што претставува зголемување од 67,9% во споредба со минатата недела, информира Институтот за јавно здравје. Заболените лица оваа недела се регистрирани во Гостивар – 27, Куманово – 26, Битола – 7, Штип – 15, Неготино и М. Брод – по 4, Тетово и Струмица – по 3, Скопје и Радовиш – по 2 и Кавадарци еден. ...

И покрај децениската популарност на микробрановите печки, многу луѓе сè уште се прашуваат како тие влијаат на храната и дали се навистина безбедни за употреба. За да се разјаснат ваквите дилеми, доволно е да се знаат неколку факти – еден од најважните е дека микробрановите печки не ја менуваат значително хранливата вредност на храната, што е токму она за што се грижат многу луѓе. Електричната енергија произведува електромагнетни бранови ...

Преку дискусии, проекции, квизови, игри гостиварци имаат можност да го подигнат нивото на медиумска писменост и да научат како да препознаат дезинформации, да развиваат критичко мислење, да разликуваат содржини креирани со вештачка интелигенција и слично. Гостивар два дена е дел од турнејата на Balkan News Truck-патувачка платформа што ги истражува вестите, сликите и критичкото размислување низ шест балкански земји: Косово, Босна и ...

Сѐ уште е неизвесно кога ќе се одржат повторените избори за градоначалник на Општина Гостивар, откако на гласањето од Локалните избори на 19 октомври не беше постигнат цензус. Според член 132 од Изборниот законик доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список, се повторува целата изборна постапка. Повторените избори се ...

Националниот парк „Маврово“ донесе одлука за завршување на сезоната на риболов во водите на подрачјето на паркот, вклучувајќи го Мавровско Езеро, реката Радика и нејзините притоки, за сезоната 2024/2025 година. -Во исто време со одлуката се воведува забрана за риболов, која стапи во сила на 1 ноември и ќе трае до 31 јануари следната година. Се однесува за сите видови риба, на водните ресурси на подрачјето на паркот. Овој период е наменет за ...

Агенцијата за храна и ветеринарство заплени небезбедна храна од непознато потекло во возило на подрачјето на Чучер-Сандево. Како што денеска информираат оттаму, по добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, спроведен е вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло. При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми ...

Ноќеска (05.11.2025) во 03:00 часот на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.О.(29) од Видуше, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение дека е извршител на повеќе кривични дела кражби и тешки кражби и дека во текот на минатата ноќ извршил три тешки кражби во обид. Тој е здржан во полициска станица и кај него биле пронајдени и одземени предмети со кои ги извршувал ...

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието организираат јавна дискусија за нов предлог-лектирен список за основното образование и упатуваат покана до сите заинтересирани страни – наставници, стручни служби и други чинители во образованието – „активно да се вклучат во дефинирање современ, инклузивен и квалитетен лектирен список, кој ќе одговара на реалните потреби на учениците и наставниот процес“. МОН на својата ...

Утре, 5 ноември, ќе се појави најголемата супермесечина за оваа година, небесен феномен кога Месечината е во полна фаза и во најблиска точка до Земјата. Таа ќе изгледа околу осум отсто поголема и до 16 отсто посветла од вообичаеното, а фазата на полна Месечина ќе започне во 15:19 часот по локално време. Супермесечината настанува поради елипсовидната орбита на Месечината околу Земјата. Во најблиската точка таа се наоѓа на околу 350.000 ...

Интернет медиумот Gostivarpress.mk учествуваше на Media Innovation Summit 2025, што се одржа на 31 октомври и 1 ноември во Прага, Чешка Република, во организација на Transitions и Journalismfund Europe. Настанот обедини речиси 80 новинари и претставници од повеќе од 40 независни редакции од 20 европски земји, со цел размена на искуства и идеи за тоа како новинарството може да остане релевантно, отпорно и иновативно во новите медиумски ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори што се одржа вчера. Како што истакна претседателот на ДИК Борис Кондарко, се гласаше во 32 општини и во градот Скопје, а вкупниот бројот избирачи изнесуваше 1 013 357. Бројот на избирачки места на кои се спроведе гласањето беше 1 777, вкупниот број избирачи кои гласале е 424 923 или 41,93 отсто. Бројот на ...

Душан ја прифатил поканата за посета на Македонија под еден услов: да му ги најдат роднините во Зубовце, што и било направено. Желбата да го види родното село на неговите баба и дедо, Добрица и Манојло, му се исполни. Зубовчани топло го пречекаа, го прошетаа низ селото, му ги претставија храмовите, ги искажаа предизвиците и можностите на селото, а не изостана и трпезата со традиционален ручек и неколку книги за селото и гостиварскиот регион ...

Мото клубот „Go Bikers“ од Гостивар денеска ја реализира својата втора крводарителска акција, во рамки на која беа собрани повеќе од 24 крвни единици. Акцијата се одржа во соработка со Одделението за трансфузиологија при Медицинскиот центар „Д-р Ферид Мурад“, чии вработени се погрижија дарувањето крв да помине организирано. Со оваа активност, членовите на клубот уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност и подготвеност да ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка, 0 степени Целзиусови, а максимални 12 степени се измерени во Гевгелија. Според Управата за хидрометеоролошки работи, 2 степена се измерени во Маврови Анови и Лазарополе, 3 во Крушево, 6 во Охрид, Претор и Берово, 7 во Крива Паланка, Битола, Прилеп и Виница, 8 во Тетово, Куманово и Штип, 9 Скопје–Зајчев Рид, Струмица и Кавадарци, како и 10 Скопје–Петровец, Велес и Демир Капија. Според податоците на Управата ...

Аблација за коморна тахикардија прват во државава е извршена на Универзитетската клиника за кардиологија. По тој повод Клиниката денеска ја посетија министерот за здравство Азир Алиу и генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Алиу на прес-конференција во Клиниката рече дека тимот од Кардиологија покажал дека во македонското здравство има знаење, храброст и визија за врвни резултати. Според него, ова е голем ...

Зелените домати содржат иста, а во некои случаи дури и поголема количина на витамин Ц во споредба со црвените домати, иако – црвените домати имаат многу повеќе ликопен, а портокаловите домати имаат многу повеќе бета-каротен. Богати се со други хранливи материи, како што се витамин А и калиум. Зрелите, црвени домати се полни со витамин Ц, а интересно е што и зелените имаат слични количини на овој витамин. Консумирањето доволно витамин Ц може ...

Велат дека секоја деценија од животот носи своја мудрост. До триесеттата година учиме како да стоиме на нозе, до четириесеттата како да балансираме помеѓу работата и семејството, а педесеттата година носи едно вредно знаење – кои вештини всушност прават разлика помеѓу преживување и исполнет живот. Ова не се трикови или мотивациски говори, туку лекции што се искусени во животот: преку падови, грешки, подеми и падови, љубови и загуби. Луѓето ...

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациони единици во текот на месец октомври, во повеќе различни случаи лишија од слобода над 130 лица, меѓу кои и неколку малолетници, информира денеска МВР. Кај нив при извршени лични прегледи и прегледи на возила, биле откриени и запленети поголема количина на марихуана, бела грутчеста ...

Без разлика дали се служи со крекери или препечен леб, хумусот со тиква ќе воодушеви со својот кремаст есенски вкус. Состојки: Подготовка: Исечете ја излупената и исчистена тиква на коцки. Ставете ги во плех за печење и печете во рерна загреана на 180 °C околу 30 минути, додека не омекне. Печената тиква оставете ја да се олади.Ставете го исцедениот наут, печената тиква, сувата пиперка, сокот од лимон, толчениот лук, солта и црниот пипер во ...

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 54 општини. Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВРЕДИ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има шест градоначалници, НАИ 4, а Движење ЗНАМ и Унијата на Ромите по еден градоначалник. Една општина ќе ја води независен кандидат. На вториот изборен круг вчера се избираа градоначалници во 32 општини ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – ...

Од денеска до 15 ноември ќе трае аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година. Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат по конкурсот за четири категории стипендиии. Првпат оваа година Министерството распиша и конкурс за доделување 15 стипендии за редовни студенти запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето е ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 6 до 18 степени. Утре (вторник) нѐ очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено ...

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025 во 32 општини и Градот Скопје. Претседателот на ДИК Борис Кондарко, информираше дека од обработени 98,25% од избирачките места во вториот круг, гласале вкупно 415 435 избирачи или 41,76 проценти на ниво на цела држава. За градоначалник на Град Скопје во вториот круг за Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски гласале 93.207 ...

Првите денови од новата работна седмица во Гостивар ќе бидат во знакот на крводарителството како највисока вредност за покажување на хуманост. Во службата за трансфузиона медицина во болницата во Гостивар утре (3 ноември, понеделник) ќе се спроведе крводарителна акција. Апел упати Црвен крст Гостивар. „Согласно добиените информации од Институтот за трансфузиона медицина, во претходниот период е евидентиран недостаток од 0 крвна група. ...

Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 69,17% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 21 општини. Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) во четири, СДСМ во 3, Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, исто како и ЗНАМ. Унијата на Роми води во Шуто Оризари, додека, еден независен кандидат води во Струга. ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1003
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
3.6
100%
1010
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
7.2
86%
1012
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
72%
1002
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.93
100%
1002
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -2ᴼ
2.06
98%
1012
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.02
63%
1003
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
76%
999
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
65%
1002
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
6.26
91%
1001
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -7ᴼ
1.34
83%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
93%
999
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4288

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58605

Платина

72292.89

Иридиум

169549.30

Калај

44.73

Цинк

3.10

Родиум

310254.70

Злато

144981.23

Сребро

2569.43

Алуминиум

3.14

Бакар

11.84

Рутениум

44946.74

Кобалт

59.52

Паладиум

57935.65