Општина Гостивар извести дека утре (вторник) ќе започнат работите за продолжување на реконструкцијата на булеварот „Браќа Ѓиновски“ на левата страна од влезот во Гостивар. Според најавата, работите ќе се одвиваат од кружниот тек кај раскрсницата со ул. „Седек Костовски“ до раскрсницата со ул. „Шуматовска“. „Во текот на изведбата на работите, сообраќајот ќе се одвива со редуциран режим. Ве повикуваме да ја почитувате привремената сигнализација ...

Фондот за здравствено осигурување по барање на Министерството за внатрешни работи во втората половина на 2025 година изврши детална контрола на боледувањата на вработени во МВР со која се опфатени 80 осигурени лица со 514 боледувања. Утврдено е дека кај 29 лица од нив, има неправилности во издадените боледувања (околу 37 отсто), односно околу 100 боледувања од вкупно 514 се неуредни или неправилни (околу 20 отсто). Ова денеска го соопшти ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на горивата, која ќе важи од полноќ (24 март 2026 година). Според одлуката, дизелот поскапува за 3,5 денари по литар, додека цените на бензините остануваат непроменети. Со тоа новите малопродажни цени ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 86,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 – 88,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50 денари, Екстра лесно масло за домаќинство – 92,00 денари, а мазутот ќе ...

СВР Тетово информира дека вчера (22.03.2026) во 12:45 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.О.(49) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60-годишен брат дека физички го нападнал, при што употребил остар предмет и нанел повреди. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, додаваат од полицијата. СВР Тетово информира дека вчера (22.03.2026) во 12:45 ...

Вчера (22.03.2026) во 17:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека настанал пожар во помошен објект (штала) во двор од куќа во Голема Бањица, гостиварско, сопственост на Ф.Ш.(70). Објектот целосно изгорел, а биле зафатени и три бандери, сопственост на ЕВН – Македонија. Повредени лица нема, а попожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, информира СВР Тетово. Извршен бил увид. Вчера (22.03.2026) во 17:05 ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во остиварскиот регион ќе биде во интервал од 3 до 12 степени. Утре (вторник) нѐ очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во среда ќе ...

Светскиот ден на поезијата се одбележува секоја година на 21 март, ден посветен на зборот, ритамот и тишината што зборува меѓу стиховите. Овој ден е прогласен од UNESCO во 1999 година, со цел да се поттикне читањето, пишувањето и изучувањето на поезијата, како и да се зачува нејзината уникатна улога во културата и општеството. Поезијата не е само уметност, таа е начин на гледање, чувствување и преживување. Таа ги надминува јазичните и ...

Во текот на изминатиот продолжен викенд (20/21/22.03.2026) во сообраќајни контроли на патиштата низ земјава биле регистрирани 1699 сообраќајни прекршоци. Од нив 476 биле за непочитување на пропишаната брзина на движење. МВР соопшти дека лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 17 за возење без возачка дозвола, шест поради претходно изречена забрана за управување на возило, ...

Владата донесе две важни одлуки, намалување на ДДВ за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија, информира денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски, по владината седница, посветена на мерките за ублажување на ценовниот скок на горивата. Мицкоски нагласи дека донесена е и одлука за прогласување на кризна состојба на ...

Ноќеска 30 минути после полноќ во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.С.(43) од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека физички ја нападнал во домот. Полицијата наведува дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. Ноќеска 30 минути после полноќ во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода ...

Вчера (21.03.2026) во 11:07 часот во ОВР Гостивар, 33-годишен маж од Р.Турција пријавил дека бил измамен од А.И. за сума од 2700 евра. „Според пријавеното, во текот на 2026 година, тој се договорил со лицето во врска со посредување и добивање возачка дозвола за неговата сопруга, му исплатил 2000 евра, а остатокот од 700 евра требало да ги исплати по добивањето на возачката дозвола. Но, услугата не му била завршена, а пријавениот не сакал ниту ...

Агенцијата за храна и ветеринарство минатата недела спречи увоз на околу 50 тони небезбедна храна на граничните премини. На Ќафасан бил запрен увоз на 27 тони говедско мелено месо од Парагвај, бидејќи потекнувало од објект кој не е одобрен од АХВ и не ги исполнувало безбедносните стандарди, што претставува ризик за здравјето на потрошувачите. Дополнително, забранет бил и увоз на 22 тони ореви од Казахстан поради несоодветно означување и ...

Ги пренесуваме последните настани регистрирани во полицискиот билтен на гостиварското подрачје врзани со сообраќајот: На 21.03.2026 во 23:00 часот во Гостивар на ул. „Боге Велјаноски“, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Л.Ф.(22) од Чегране, гостиварско. При контрола во патниот сообраќај на ул. „Питарница“, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал, ...

Вчера (20.03.2026) во 18:00 часот на патот Тетово – Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Ф.(40) од Ѓурѓевиште. „При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека Г.Н. нема возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде се слават Четириесете Севастиски маченици, Младенци. Утрово во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион и надлежниот Митрополит ...

Владата константно ја следи состојбата со цените на светските нафтени берзи и за утре во 12 часот најавува седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата. -Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен ...

Дали конечно е откриен Banksy, човекот (или можеби групата) зад некои од најпознатите улични дела, графити низ светот? Иако не е официјално потврдено, повторно има силни тврдења дека идентитетот на Banksy е откриен. Истрага на Reuters тврди дека Бенкси е Robin Gunningham, човек од Бристол. Наводно, тој подоцна го сменил името во „David Jones“ за да остане анонимен. Но, Бенкси никогаш не го потврдил својот идентитет. Неговиот адвокат ги ...

Денешницата е напната од утро до мрак. Парадоксално, никогаш не сме имале повеќе алатки за олеснување на животот, а никогаш не сме биле поуморни и постресни. Причините за оваа напнатост се повеќеслојни. Брзината на живот, постојаната изложеност на информации, несигурноста, како и притисокот „да се биде продуктивен“ создаваат состојба во која мозокот речиси никогаш не одмора. Дури и кога телото мирува, мислите продолжуваат да трчаат. Но, ако ...

Смислата за хумор не е само талент, таа е комбинација од искуство, интелигенција, емпатија и храброст. Најчесто, најсмешните луѓе не се оние со најлесен живот, туку оние кои научиле да го гледаат светот од повеќе агли и да изберат да се насмевнат. Што вели психологијата, кои луѓе најмногу развиваат смисла за хумор и како општеството ги гледа? Еден од најчестите профили на луѓе со силен хумор се оние кои искусиле предизвици, загуба, стрес, ...

Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам кој се празнува на 20 март (петок), во Гостивар се одржа координативна средба меѓу претставници на гостиварското Муфтиство и Министерството за внатрешни работи, со цел навремено преземање мерки за зачувување на јавниот ред и мир за време на празничните денови. Средбата се оствари меѓу Муфтијата Х. Сабахудин еф. Зендели и референтите на Муфтиството, Берат Абдули, независен инспектор за ...

СВР Тетово соопшти дека вчера (18.03.2026) во 23:40 во ОВР Гостивар, Е.Н.(47) од Неготино полошко, пријавила дека во периодот од 15.03.2026 до 18.03.2026 од нејзиниот дом во два наврати биле одземени пари. „Според пријавеното, одземени се околу 3.000 евра, пари кои ѝ биле доделени од верници за помагање на семејства на кои им е потребна помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, информираат од полицијата. СВР Тетово соопшти ...

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што и формално ја презеде функцијата. Савески во изјава за медиумите ги повика јавните обвинители да продолжат со извршување на своите законски обврски, нагласувајќи дека секој обвинител постапува самостојно по предметите. „Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по предметите. Заедно со нив сигурен ...

Месната заедница Галичник попладнево информираше дека поради снежните врнежи од синоќа, на патот кон Галичник има наноси од снег. Од таму наведуваат дека патот е прооден, но задолжително е возилата да бидат опремени со зимска опрема (зимски гуми и ланци). „Апелираме до сите кои ќе се упатат кон Галичник да возат внимателно и прилагодено на условите на патот. Согласно најавите, можни се нови врнежи од снег и во текот на вечерта, па ги ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во гостиварскиот регион ќе достигне 10 степени. Според метеоролошките прогнози утре (сабота) нѐ очекува исто така променливо облачно време со сончеви периоди. Температурата ќе биде во интервал од 1 до 11 степени. Во недела ќе се задржат слични временски прилики со пораст на ...

Падот на наталитетот во Албанија станува еден од нај загрижувачките демографски случувања во последните години, што условува длабоки социјални и економски промени. -Во последните десетина години, бројот на деца родени во земјата се намалил за околу 35%, додека годишните бројки се приближиле до нивото од околу 20 илјади раѓања, што значително помалку во споредба со пред една деценија. Овој пад не е поврзан само со индивидуалните избори за ...

Од денеска на бензинските пумпи на ОКТА, Пуцко Петрол, Макпетрол и Лукоил се точи гориво поевтино за два денара од максималната цена што ја определува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нафтените деривати, информираат од ОКТА. Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за два денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и веќе почна да им испорачува гориво по пониски цени. Пред пет дена на 13 март министерката ...

Среќата е универзална желба, а 20 март – Меѓународниот ден на среќата е потсетник дека секој треба да верува во неа и дека треба да се даде шанса таа да ве изненади. Доказ дека вреди да се верува во среќата се добивките и моментите на радост и возбуда што ги создаваат игрите на среќа на Државна лотарија. Секој ден, преку Лото 7 и Џокер, Кено, Среќни топчиња, Инстант лотарија и онлајн игрите на среќа, Државна лотарија ја претвора надежта во ...

Предлог Законот за заштита од пушење, кој во вторник ќе се најде на владина седница предвидува дозвола за пушење на тераси со најмалку две отворени страни (или отворен покрив), задолжително одвојување на пушачки и непушачки зони и нови инфраструктурни услови за угостителските објекти. „Дојдовме до заклучок и од научната фела и од експертите во здравството дека со две отворени страни просторот, терасите, може да бидат места каде што може да се ...

Откупот на јагне почна, а првите количини се извезени на пазарите во Италија и Албанија вели потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сарафимов. Тој додава дека откупната цена на јагнето изнесува од 260 до 280 денари и според сточарите е ниска. -Цената се уште е ниска од 260-280 денари макисмум, а овчарите сакаат да не биде под пет евра, под 300 денари, затоа што и млекото сега е намалено, бидејќи млекото беше до скоро 65 денари, ...

Зголемувањето на вредноста на Синдикалната минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2.326 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Според нивните пресметки вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година изнесува 67.818 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 год. која изнесува 67.382 денари е зголемена за 436 денари. ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Цинк

0.00