„Многу ми е мило што на овие избори во Гостивар и покрај системската цензура којашто ја трпиме како политичка партија, партијата очигледно се шири. Имаме кандидат за градоначалник, Дарко Грујоски и листа со носителот Никола Исакоски. Се надевам дека граѓаните на Гостивар ќе ја препознаат нашата опција која е различна од сето до сега што го виделе. Нашата платформа, нашата понуда не е етничка, туку национално обединувачка, и конечно ќе ...

Околу 450 ученици од македонските паралелки во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар од вчера не одат на училиште. Родителите денес излегоа во јавноста со објаснување дека наставата се бојкотира како израз на незадоволство поради смени на класни раководители и прераспределби, кои, како што велат биле извршени без причини и основи, како и без учество на помошник директорот во македонските паралелки, што било претходно пракса. „Од страна на ...

Европската комисија денеска ја усвои новата Стратегија за еднаквост на ЛГБТИК+ популацијата за периодот 2026–2030 година, со цел да обезбеди еднакви права и заштита од дискриминација за сите лица, без оглед на нивната сексуална ориентација или родов идентитет. Во соопштението на Комисијата се наведува дека, иако општественото прифаќање на ЛГБТИК+ лицата во Европската Унија се зголемило во последните пет години, тие и понатаму се соочуваат со ...

Ненадејната промена на времето носи со себе не толку пријатни промени во телото, вклучувајќи болка во зглобовите и коските. Овој одговор на телото е под влијание на бројни фактори, вклучувајќи не само возраста, туку и начинот на живот. Воздушниот притисок е виновен за болките во зглобовите Непријатноста што кај некои луѓе се развива во тапа, постојана болка е поврзана со промените во атмосферскиот притисок. Флуктуациите во воздухот влијаат, ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе Упатство за гласање на Локалните избори 2025. Гласањето е лично, а избирачите на гласање ќе можат да одат само еднаш, ќе се идентификуваат со лична карта или со пасош. Ќе можат да гласаат и лица чија важност на документите им истеклa од денот на распишување на изборите до 19 октомври. Пред да го добијат гласачкото ливче избирачите ќе биат проверувани со апаратите за биометриска ...

СВР Тетово информира дека вчера (7.10.2025 година), околу 12:50 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосницата од улиците „Живко Брајкоски“ и „Бранко Станоевиќ“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило марка „Ман“ со приколка, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.М. (51) од Гостивар, и велосипед управуван од И.З. (84) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а повредите ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи Европската унија, како што рече, „се распаѓа“ и земјата не треба уште повеќе да ја врзува својата судбина со неа. Во интервју за економскиот портал „EconomX“, Орбан нагласи дека Унијата се соочува со сериозни политички и економски потреси и дека без радикални промени, „ЕУ ќе остане само приватна епизода во нашите животи“. Поради тоа, според него, ...

Во рамките на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, во Маврово-Ростуше вчера се одржа митинг под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, на кој беше промовиран кандидатот за градоначалник Онер Јакупоски и советничката листа за Општина Маврово и Ростуше, предводена од Елвир Пајковски. Јакупоски во своето обраќање порача дека е време да се врати надежта и општината да стане вистински сервис на граѓаните, каде ...

Дали некогаш сте се разбудиле наутро, сте се прошетале низ градот или сте се напиле кафе, а потоа од никаде ви се појавува познат рефрен во главата, свирејќи одново и одново, без да застанува? Песна што можеби не сте ја слушнале со денови одеднаш станува постојан саундтрак на вашиот ден. Овој феномен има свое име – „ушен црв“ (од англиското earworm), или едноставно кажано: песна што се заглавува во глава. Синдром на рефрен Психолозите го ...

Во рамки на кампањата за Локалните избори 2025, ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа централен митинг во Гостивар. Лидерот на партијата и претседател на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните да го дадат својот глас за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, а рече дека во Гостивар ДУИ и Левица подготвуваат стапица. „На Гостивар му се потребни промени, тие се нужни, затоа што тажна е сликата на овој преубав град воден од ...

По несреќа со тешко повреден велосипедист која се случила денес во Гостивар на раскрсницата кај градскиот стадион, група граѓани од населбата Дутлок реагираат дека раскрсницата е голем ризик, не е безбедна, особено за децата, кои секојдневно минуваат од таму за на училиште. Граѓаните нагласуваат дека поставената сигнализација не функционира соодветно, и дека до сега на нивните бројни укажувања институциите не презеле мерки. „Безброј пати се ...

Се вршат контроли и надзори кај извозникот, откупувачите и индивидуалните земјоделски производители по нотификациите од RASFF системот и официјалното известување од Хрватска за утврдено присуство на пестицидот метомил во свежа црвена пиперка увезена од Македонија, информира Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ). Станува збор за пратка од околу 15 000 килограм пипер. Извозникот не е производител, пиперот го купил од други правни субјекти ...

Уште три дена остануваат за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место , немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање – 10 октомври на полноќ. За да се овозможи лицето да гласа во ...

Есента пристигна, а со пониските температури и пократките денови, плодовите на природата пристигнаа во светли и топли бои. И токму во овие бои може да се најдат бројни причини за здравствените придобивки од есенските плодови. Нема поубави бои од есента – од природата до храната, кога изобилство од убави плодови пристигнува на трпезата. Совршената шареност на јаболка, круши, мандарини, калинки, пченка, костени и друго овошје и зеленчук, кои се ...

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест ...

Нема достоинствена работа без достоинствени плати кои ќе ги задоволат реалните егзистенцијални потреби на работниците и нивните семејства, порачува Сојузот на синдикати на Македонија по повод 7 Октомври – Светскиот ден на достоинствената работа. Од ССМ укажуваат дека платите во државата значително заостануваат зад реалните животни трошоци, дека според нив, истите создаваат сиромаштија, поттикнуваат масовна миграција и дека затоа нивното ...

Њоки ала сорентина е италијански специјалитет од регионот Кампанија, поточно од Соренто. Тоа се меки њоки од компир подготвени во доматен сос, со додавање на моцарела и свеж босилек. Јадењето е едноставно, но исклучително вкусно и е едно од оние што плени со топлината и аромите на јужна Италија. Ова јадење има свои корени во традиционалната „кучина повера“ (сиромашна кујна) на полуостровот Соренто, каде што се користеле едноставни, но ...

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,2 процента, додека во однос на декември 2024 година за 1,9 отсто. Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4,7 отсто во однос на истиот месец претходната година. Цените во угостителството ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар од Национална алијанса за интеграција, Ваљбон Лимани и носителот на листата за советници, Ваљдет Џафери попладнево беа на средба со млади, на која ги претставија проектите и активностите во изборната програма предвидени за младата популација. „Една од точките во нашата програма е поддршка за сите млади до 30 годишна возраст кои ќе отворат нови бизниси, општината ќе ги субвенционира со по 60.000 ...

Силното невреме што зафати денеска делови од Европа предизвика прекини во снабдувањето со електрична енерегија, откажување на летови, соборени дрвја и блокада на некои сообраќајници. Во неколку европски земји, припадници на противпожарните служби се ангажирани во санација, јави ДПА. Во белгискиот главен град Брисел, противпожарната служба одговори на околу 90 повици, претежно за паднати дрвја или скршени гранки. Бројни повици и материјална ...

Откако пред неколку дена блокираа пратка од 8 тони црвени лути пиперки од Албанија, хрватските власти повторно запреа уште еден албански производ на границата. Овој пат станува збор за крем (паста) од фстаци, за која се покажало дека содржи високо ниво на токсин опасен по здравјето. Додаваат дека на 3 октомври, било поднесено официјално известување во системот РАСФФ, за да се информираат другите земји-членки на ЕУ, за да можат да ја запрат ...

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Историскиот чекор којшто се направи кога Европскиот совет за плаќањата го прифати барањето на нашата земја за приклучување кон СЕПА им овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од уште 40 земји, ...

Роми од Гостивар, предводени од Кашмир Салиу, актуелен заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување најавија формирање на нова политичка партија. На собир пред присутните граѓани и поддржувачи беше официјално претставен кандидатот за член на Советот на Општина Гостивар — Ерџан Рушани, кој се наоѓа на листата на ВМРО-ДПМНЕ. Во своето обраќање, Рушани ја претстави својата програма и заложби за подобрување на условите и поголема ...

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полноќ ќе стапат во сила новите, пониски цени на нафтените деривати. Според најновата одлука, малопродажната цена на Еуросупер-95 се намалува за 1,5 денари и ќе изнесува 74 денари за литар. За ист износ поевтинува и Еуросупер-98, кој од утре ќе се продава по 76 денари за литар. Цената на дизелот се намалува за 1 денар и ќе изнесува 68,5 денари за литар, додека екстралесното масло за ...

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми на денешната прес конференција кажа видување за состојбите во образованието и условите во училиштата. „Имаме големи проблеми со партизација на образованието. Во Гостивар без да се знаеш со некого од партијата, без да имаш партиски или семејни врски со градоначалникот или претседателот на партијата не можеш да бидеш вработен. Таа партизација мора да престане, затоа што не ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално над 60 километри на час. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 5 до 11 степени. Според прогнозата на УХМР, утре (вторник) и во среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. -Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 ...

Општинската организација на Демократските сили на Ромите (ДСР) во Гостивар на работен состанок со локалните координатори на партијата ја разгледа подготовката за претстојните локални избори, координацијата на активностите на терен и донесе одлука за поддршка на листата на ВМРО-ДПМНЕ. „Тргнувајќи од колективниот интерес и потребите на ромската заедница во Гостивар, Општинската организација на ДСР ја дава својата поддршка за листата на ...

Националното студентско тело информира дека денеска официјално го испрати до Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи Барањето за разграничување на поимот „приход“ од „прилив“ при примената на мерката за субвенциониран студентски оброк. – Со ова барање се укажува на потребата институциите да направат јасна разлика меѓу реален приход и прилив на средства на студентските сметки со цел да се спречи неправедното одбивање ...

Розов Пикник во чест на сите жени што се борат со ракот на дојка за поддршка на сите оние кои секојдневно се соочуваат со болеста организираа денеска во Градскиот парк во Скопје ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели со поддршка на Mediсus Help. На настанот присуствуваа жени од повеќе градови во земјата. – Имаме многу работа. Се уште немаме направено исчекори во промените и во здравствениот систем и во ...

Изборните активности на учесниците на Локалните избори 2025 продолжуваат и денеска, неработен ден за граѓаните, но активен за кандидатите за советници и градоначалници во 80 општини во државава. И седмиот ден од кампањата за изборите на 19 октомври како во делник, митинзи и средби со граѓани во повеќе делови од земјата. Кандидатите ги презентираат своите изборни програми со приоритетни проекти кои се предвидени во нив и со кои ја бараат ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
7.2
54%
1020
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
5.14
74%
1022
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -5ᴼ
0.51
68%
1024
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
5.66
79%
1021
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
9.22
74%
1018
weather icon

Љубљана

-5ᴼ / -8ᴼ
1.03
91%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
63%
1008
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
6.69
56%
1013
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
11.32
32%
1019
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -5ᴼ
0.0
85%
1015
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
10.8
69%
1019
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
8.75
93%
1010
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Калај

44.73

Платина

72292.89

Бакар

11.84

Рутениум

44946.74

Злато

144981.23

Кобалт

59.52

Сребро

2569.43

Алуминиум

3.14

Цинк

3.10

Паладиум

57935.65

Родиум

310254.70

Иридиум

169549.30