Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73 денари за литар, ...
Националната алијанса за интеграција во рамки на кампањата за Локалните избори 2025, вчеравечер одржа централен митинг во Гостивар. Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, меѓудругото кажа дека во Гостивар очекуваат победа на кандидатот за градоначалник и освојување на 14-15 советнички места. „Како универзитетски професор и лекар најголема среќа ми било кога некој мој студент ќе стане подобар од мене. Во политиката бев ...
Преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) државава во август годинава исплатила 1.200.875.741 денари (19,5 милиони евра) на конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, 18 километри), (Гостивар-Букојчани, 30 километри) и (Прилеп-Битола, 40 километри). Од почетокот на годинава, кон „Бехтел и Енка“ имаше две исплати во април, од 599.794.350 денари и од 524.972.228 денари, ...
Времето денес (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 5 до 18 степени. Според метеоролошката прогноза слични временски услови ќе владеат и утре (вторник). Во среда се очекува поголема облачност, заладување и услови за врнежи од дожд. Во четврток времето ќе биде ...
Народниот правобранител, преку Одделот за заштита на правата на детето и на лицата со попреченост, упати јавен апел до сите учесници во Локалните избори 2025 да се воздржат од вклучување деца во политички активности. -Вклучувањето на децата во какви било политички активности, претставува неприфатлива форма на инструментализација на детето и повреда на неговото достоинство и правото на заштита од политичко влијание, гарантирано со Конвенцијата ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Гент го игра еден од најзначајните натпревари во квалификациите за Светското првенство 2026, против фаворитот во групата – селекцијата на Белгија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски пристигнаа во Гент во средата, а синоќа одржаа официјален тренинг на стадионот каде што ќе се игра мечот. Македонија во дуелот влегува како првопласирана на табелата со 11 бодови од пет натпревари, додека ...
Џемот од сливи е омилен сладок овошен намаз на многу луѓе кој е совршен појадок со леб и путер, и одличен домашен десерт или слатка закуска на палачинки. Состојки за џем од сливи: Постапка – џем од сливи: Измијте ги свежите сливи и отстранете ги семките. Префрлете ги во тенџере со дебело дно и ставете ги на средна температура. Промешајте ги сливите во оваа фаза за да не се залепат за површината на тенџерето. Сливите наскоро ќе почнат да ...
Октомври ширум светот е познат како Месец на подигнување на свеста и превенција од рак на дојка. Во овој период се организираат бројни кампањи и активности кои потсетуваат дека редовните прегледи, информираноста и грижата за сопственото здравје се најмоќното оружје во борбата против болеста. Ракот на дојка не е само медицинска дијагноза, туку и тема опкружена со бројни заблуди и стравови. За секоја жена да има можност да донесува информирани ...
Вчера (10.10.2025) во 21:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода М.П.Ј.(30) од Волковија, постапувајќи по пријава од менаџерка во казино во Гостивар дека при контрола во казиното констатирала дека во касата фали промет од 816.297 денари и дека вработената М.П.Ј. си префрлила електронски кредит и ги потрошила парите со кои играла на апаратите, информира СВР Тетово. Полицијата извести дека таа е задржана ...
Многумина од нас ја фрлаат кората од овошјето и зеленчукот, мислејќи дека е безвредна или не е за јадење. Сепак, токму во овој дел од овошјето и зеленчукот се скриени витамини и минерали кои не треба да се занемаруваат. Затоа, пред следниот пат да ја фрлите кората, запомнете дека токму таму се крие дел од најголемото богатство што ни го нуди природата. Без разлика дали станува збор за овошје или зеленчук, многу од нивните кори се вистински ...
Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Халил ел-Хаја, соопшти дека е постигнат договор за траен прекин на огнот и завршување на војната со Израел, кој вклучува отворање на граничниот премин Рафа, влез на хуманитарна помош и размена на затвореници. Во вонредно обраќање, ел-Хаја изјави дека палестинскиот народ покажал „истрајност и трпение во војна без преседан“, обвинувајќи го Израел за одолговлекување на преговорите и „повторувачки масакри“. ...
Тридневните настани и активности кои во Гостивар ги организира Хуманитарното здружение на граѓани „Др. Трајче Нешковски“ започнаа вчера со крводарителна акција, а продолжија денеска со забава за деца на градскиот плоштад. Дечињата се забавуваа и се веселеа со маскотата на Еднорог и музиката од диџеј Боно, а потоа уживаа во театарска претстава Галенка. Денешните активности ќе се заокружат со вечерна музичка забава во Боа бар. „Целта на овие ...
СВР Тетово денеска информира дека во разбојништво во златарницата вчеравече во Гостивар, сопственост на С.Ж. било украдено околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра. „По извршување на делото лицата побегнале со патничко моторно возило “бмв х3” без регистарски таблички. Веднаш е постапено по пријавата и во 19:00 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница – с.Маврово пронајдено е опожарено патничко возило „бмв х3“ без ...
Полицијата сѐ уште трага по четворицата максирани разбојници кои вчеравечер извршија филмски грабеж во златара во централниот дел на Гостивар. Како што соопшти СВР Тетово, случајот бил пријавен во 18.45 часот. „В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во близина на малиот пазар во Гостивар, по што со патничко моторно возило “бмв” без регистарски таблички побегнале. Веднаш е ...
Македонија го празнува Денот на народното востание, 11 Октомври. На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското ...
Модринка е „обоена точка“ на кожата што се јавува кога мали крвни садови пукнуваат, но кожата останува недопрена. Кога овие крвни садови се оштетени, крвта протекува под површината на кожата и може да биде болна и придружена со оток. Времето на заздравување може да варира во зависност од голем број фактори, вклучувајќи го видот, сериозноста и локацијата на модринката, но обично трае околу две недели. Сепак, некои модринки може да потраат ...
Во пресрет на Денот на народното востание и Ден на борецот, 11 Октомври денеска во Гостивар се одржа настан со свечена програма и историски осврт за овој значаен датум од македонската историја. Одбележувањето го организираше Општинскиот одбор на сојузот на борци, во соработка со основното училиште „Единство“ чии ученици под водство на наставниците ја подготвија културно-уметничката програма. „11 Октомври во далечната, но и многу блиска 1941 ...
Израел и палестинското милитантно движење Хамас денеска ги презедоа првите чекори кон спроведување на мировниот договор, кој го објави американскиот претседател Доналд Трамп во текот на ноќта. Според израелските медиуми, Советот за безбедност на Израел ќе се состане попладне за да биде информиран за договорот за Газа, по што ќе следи владина седница на која ќе се гласа за спогодбата. Раководителот на Канцеларијата за затвореници на Хамас, ...
На 9 октомври 2025 година, во периодот од 13:15 до 14:15 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле увид на опожарено бачило над селото Дуф, во атарот на местото викано „Морава“. Бачилото, сопственост на О.Џ. (62) од истото село, било пријавено како изгорено на 7 октомври. Во пожарот немало повредени лица, а огнот се изгаснал сам по целосното изгорување на објектот. Дополнително, во пожарот било оштетено и патничко моторно возило ...
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. На 14 октомври, пак, истекува рокот за пријавување на лицата кои сакаат да гласаат на изборите, а кои издржуваат мерка куќен притвор. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската ...
Времето денеска (петок) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 8 до 20 степени. Утре (сабота) нѐ очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и максимална дневна температура до 17 степени. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во недела се очекуваат слични временски ...
Министерството за финансии соопшти дека Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а од Министерството наведуваат дека нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании. „Со оваа мерка, околу 4 милиони денари ...
Со победата над Казахстан, Белгија се искачи на второто место во групата Ј од квалификациите за Светското фудбалско првенство во 2026 година, но пласманот на „Црвените ѓаволи“ на Мундијалот нема да биде лесен, оценуваат белгиските медиуми во пресрет на квалификацискиот меч меѓу белгиската и македонската фудбалска репрезентација закажан за утре во 20:45 во Гент. – Белгија ќе мора да се бори да заврши на првото ако сака да обезбеди директен ...
Коалицијата Вреди во Гостивар денеска излезе со реакција која се однесува на греењето во училиштата на гостиварска територија. „Нашите деца денес учат во училници без греење. Децата на Гостивар, во 2025 година, се тресат од студ во училиштата, затоа што општинската власт не е способна да обезбеди ни минимални услови за настава. А во исто време, канцелариите на директорите и на градоначалникот се климатизирани и топли. Наместо греење – се дава ...
Од 1 јануари до 30 септември годинава казнети се 18 458 возачи кои учествувале во сообраќајот без да имаат возачка дозвола. Најмногу вакви прекршоци се евидентирани на подрачјата на секторите за внатрешни работи Струмица и Скопје, 3 275 и 3 202 прекршоци, соопшти денеска МВР. На територија на СВР Битола санкционирани се 2 811 возачи за возење без возачка дозвола, на подрачје на СВР Тетово изречени се 2 086 мерки, а во СВР Куманово ...
Седечкиот начин на живот и лошите навики во исхраната влијаат негативно врз нашето здравје, особено врз срцето и крвните садови. Со текот на времето, артериите можат да се стеснат поради натрупување на плаки, што го зголемува ризикот од висок крвен притисок, срцев удар и мозочен удар. Добрата вест е дека малите промени во нашата исхрана можат да имаат големо влијание. Некои намирници помагаат во чистењето на крвните садови, подобрувањето на ...
Спортскиот ветеран и олимписки учесник од Маврово, Дарко Дамјановски, претставувајќи ја Македонија постигна значајни резултати на последното меѓународно натпреварување во ролер ски, кое се одржа во Златибор, Србија, во сезоната 2025/2026. Дамјановски (1981), докажа дека е физички конкурентен на највисоко ниво, а годините се само бројка, обезбедувајќи два високи пласмани во дисциплината 10км Интервал старт – Слободен стил. На трката одржана на ...
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И. (58), двете од Скопје поради основано сомнение за сторени кривични дела „продолжена злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и „малтретирање во вршење на службата“ од член 143 од Кривичниот законик. -МВР во координација со ОЈО во изминатите два дена обезбеди докази со ...
Националната алијанса за интеграција денес во Гостивар организираше настан по повод розов месец октомври посветен на борбата против ракот на дојка. На плоштадот беше поставен штанд, а претставничките на коалицијата делеа летоци со информативна содржина и совети за заштита од оваа болест. Своја порака од настанот испрати и кандидатот за градоначалник на Гостивар, Ваљбон Лимани. „Денес како Национална алијанса за интеграција организираме ...
По осум одложувања, стапија во сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е во мнозинска сопственост на Русија, една од најважните компании за функционирање на целата српска економија. „Санкциите воведени од САД поради мнозинската руска сопственост во компанијата стапуваат во сила од шест часот утрово (9 октомври)“, соопштија од НИС. Уште во јануари, САД објави воведување санкции врз една од виталните компании за ...