Националната алијанса за интеграција со централен настан синоќа официјално во Гостивар ја започна изборната кампања за повторените избори за градоначалник кои ќе се одржат на 11 јануарина. Кандидатот за градоначалник Ваљбон Лимани во своето обраќање се заблагодари за поддршката на гласањето во октомври, нагласувајќи дека победата тогаш била извојувана, но била одземена поради цензус за малку гласови. Лимани порача дека кампањата треба да се ...

Согласно Роковникот за повторените избори за градоначалници во четири општини, од денеска (22 декември) почнува предизбрната кампања. Претходно поминаа роковите за увид во Избирачкиот список кој беше заклучен на 20 декември. Кампањата ќе трае 20 дена, односно до 9 јануари 2026 година на полноќ, кога почнува 24 часовниот молк. Повторените избори ќе се одржат на 11 јануари во општините Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше кадешто ...

Соработник на тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје, маскиран во Дедо Мраз и волонтери маскирани во костуми на омилените супер херои од цртаните филмови денеска се спуштија по јаже од хеликоптер и им поделија пакетчиња на децата хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести. Станува збор за показна вежба насловена „Да подариме насмевка” во која учествуваше тимот за спасување на планина, како дел од ...

Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар вчеравечер беше отворена изложба на ретро предмети и телефонија на гостиварецот Александар Радически. Изложбата насловена „Поглед кон минатото“ содржи монети, часовници, ножици, лулиња и други различни антиквитети, како и стари фиксни телефони. Ретро предметите датираат од 1717 година до втора половина на 20-тиот век, додека телефоните од Првата светска војна, сѐ до 1986 година. „Со оваа прекрасна ...

Во новата работна седмица нѐ очекува промена на временските прилики. Денеска (понеделник) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 0 до 7 степени. УХМР најавува дека утре (вторник) преку денот ќе се задржи стабилно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Кон крајот ...

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави денеска списокот на ракометари кои ќе им укаже шанса во подготовките за Европското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Лазаров повика вкупно 21 ракометари, меѓу кои членот на Еурофарм Пелистер, Самоил Ристевски, е единствениот дебитант, додека голманот на германски Битигхајм, Мартин Томовски, е единствениот кој ...

Регулаторната комисија донесе одлука за намалување на цената на бензините. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 70,00 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 по 72,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува 64,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ...

Економско-социјалниот совет денеска не донесе одлука за зголемување на минималната плата. Од Владата велат дека не се против зголемување на минималната плата, но дека тоа треба да е економски оправдано. Економските параметри во моментот, како што велат од Владата, покажуваат дека нема потреба од такво нешто. Од Сојузот на синдикати остануваат на ставот за зголемување на минималната плата со оглед на тоа што секојдневно растат животните ...

Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 25 до 30 метри на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и од 100 до 150 метри на патниот правец Тетово – Гостивар. Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...

Новогодишниот период носи посебна атмосфера – време кога сме поблиску едни до други, славиме нови почетоци, истовремено осврнувајќи се на годината што изминува. Во овие празнични денови секогаш го бараме идеалниот подарок што ќе ги израдува нашите најблиски. Вистинската вредност на подарокот се мери со насмевките и среќата што ја носи, па токму затоа овој период е совршен за подарување шанса за среќа. Шареноликата понуда на инстант лозови на ...

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите Истанбул, Измир, Венеција и Љубљана, како и повеќето полетувања. Бидејќи временските услови се менуваат постојано, од ТАВ Македонија апелираат до сите патници да ги следат информациите и насоките за ...

Кандидатите за градоначалник на повторените избори во Општина Гостивар неколку дена пред почетокот на изборната кампања, потпишаа Кодекс за фер и демократски изборен процес. Потпис на документот ставија, Ваљбон Лимани како кандидат од Националната алијанса за интеграција и Невзат Бејта, зад чија кандидатура стои коалицијата Вреди. Пред почетокот на официјалниот чин, кој го организираше Општинската изборна комисија во салата на гостиварскиот ...

Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри има на патните правци Тетово – Гостивар и Куманово – Страцин, а кај Сарамзалино – Штип до 100 метри, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез ...

Солидарност, хуманост, креативност, забава и споделена радост се споија денеска на градскиот плоштад во Гостивар на предновогодишниот настан што го организираше здружението When in Trouble. На штанд беа изложени најразлични рачни изработки и колачи, создадени со љубов од вредни гостиварки, кои се продаваа, а собраните средства ќе бидат наменети за ранливи категории граѓани во предпразничниот период. Настанот го привлече вниманието на ...

Полициски службеници од ОВР Гостивар на 20 декември 2025 година, околу 18:20 часот, лишиле од слобода две лица од Гостивар – А.З. (24) и М.З. (27), поради основано сомнение дека на 14 декември извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф.М. (58) од Гостивар. При кражбата биле одземени пари и златен накит во вкупна вредност од околу 65.000 евра. Подоцна истата вечер, од слобода била лишена и Н.И. (24) од Тетово, која се доведува во врска со ...

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување. Како што информираат од АХВ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за ...

Ноќеска во 3 и 30 часот после полноќ на патот Тетово – Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Р.(62) од Тетово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,90 промили алкохол во крвта, по што веднаш е ...

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на денешниот Конгрес на партијата во Скопје најави нов „Национален договор за напредок“ и побара целосен ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во последните 34 години. Ахмети предложи и воведување на „извршен Бадентер“ при избор на Владата, примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд и нова фаза на функционална и фискална децентрализација. Лидерот ...

Дали одржувањето на митот за Дедо Мраз е невина празнична игра или свесна измама што ја нарушува довербата меѓу родителите и децата? Ова прашање сè почесто се поставува во современото општество, кое ги преиспитува дури и најдлабоко вкоренетите детски приказни. Во време кога се прави селекција на некои бајки и се забрануваат некои филмски класици, на ред дојде и Дедо Мраз, белобрадиот и добродушен дедо кој им носи подароци на добрите и ...

Утрово во вечноста замина легендата на македонското музичко новинарство и радиоводителство, Драган Б. Костиќ. Жалната вест со јавноста ја сподели неговиот син Бане Костиќ. „Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ – сопруг, татко и дедо. Поменот ќе се одржи утре, недела, 21 декември, од 12:30 до 13:30 часот, во капелата на гробиштата Бутел. Семејството изразува искрена и длабока ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173. ССМ денеска информираше дека со изнајмен стан од 60 метри квадратни за декември синдикалната минимална кошница изнесува 80 867 денари. Според пресметките на ССМ, во декември за храна и пијалаци се ...

Во чест на загинатите припадници на Армијата во конфликтот во 2001 година и на загинатите припадници на полицијата во кумановските настани во 2015 година, денеска, во спортската сала „Борис Трајковски“ беше отворен 25. Меморијален турнир во мал фудбал којшто го организира Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“. Отворањето започна со едноминутно молчење во чест на загинатите, по што беше интонирана македонската химна, а потоа следуваа и ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 64,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, додека ...

Пиењето кафе на празен стомак е утрински ритуал за многумина, но често се поставува прашањето дали тоа е здраво. Иако кафето е кисело (pH 4,8–5,1), истражувањата покажуваат дека не ја оштетува слузницата на желудникот и не предизвикува долгорочни дигестивни проблеми. Сепак, кај лица со чувствителен стомак или киселински рефлукс може да предизвика привремена иритација. Според гастроентеролозите, кафето на празен стомак може да доведе до ...

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите, како што информираат од АХВ, биле спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид производи, при што утврдени се минимални недоследности. По спроведените 262 инспекциски контроли на безбедноста на ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за гласањето на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Изборите ќе се одржат по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026. Во Гостивар во Избирачкиот список се запишани 82.870 граѓани со право на глас, 78.185 гласачи се постојани жители на општината, во посебниот ИС за лица кои живеат во странство се ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше, кои ќе се одржат на 11 јануари идната година. Според утврдениот редослед, коалицијата ВРЕДИ ќе биде под реден број 1, коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, под број 2, НАИ под број 3, коалицијата предводена од СДСМ под број 4, група ...

Според метеролошките прогнози засновани на глобални и европски метеоролошки модели, зимата во Македонија се очекува да биде умерено потопла од повеќегодишниот просек, но со реални шанси за појава на снег во одредени периоди, особено во јануари и февруари. Анализите покажуваат дека зимата нема да биде континуирано студена, туку динамична, со наизменични потопли и постудени фази. Овие процени се темелат на сезонските излези од ECMWF – European ...

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за сторено кривично дело „Убиство“ од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик, при што информира дека истрагата ги опфаќа сите околности поврзани со начинот на извршување и прикривањето на кривичното дело, а мотивот за убиството сè уште се испитува. „Осомничениот и осомничената, како соизвршители, во гостиварско Неготино, ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 1ᴼ
1.54
74%
1026
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.34
61%
1027
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.14
81%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
71%
1026
weather icon

Атина

13ᴼ / 9ᴼ
3.09
63%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
75%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
65%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 2ᴼ
1.34
71%
1030
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
61%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
68%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Бакар

11.75

Цинк

3.27

Родиум

368126.05

Паладиум

51794.85

Сребро

2648.90

Иридиум

229769.28

Калај

50.04

Платина

67998.83

Кобалт

66.14

Рутениум

45750.51

Злато

163613.54

Алуминиум

3.29