Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
H&M со гордост ги открива сите изгледи во претстојната колекција на Stella McCartney H&M. Колекцијата ќе биде лансирана на 7 мај, околу дваесет години по првото партнерство на H&M со реномираната дизајнерка и активистка. Првото партнерство на Stella McCartney H&M – втората дизајнерска соработка на H&M – започна во ноември 2005 година. Оваа нова колекција на Stella McCartney H&M се темели на тоа наследство. Таа ги ...
На 18 април 2026 година, во Парк „Авионче“, ќе се одржи Sakura Festival, културно-едукативен настан кој има за цел да ја доближи јапонската традиција, уметност и филозофија до локалната публика преку внимателно осмислена програма. Настанот ќе се реализира во периодот од 12:00 до 15:00 часот и претставува синергија на едукативни, културни и забавни содржини, наменети за широка публика, вклучувајќи семејства, млади и љубители на ...
Билетите за отворањето на 54. издание на Мајските оперски вечери, кое ќе се одржи на 9 мај, 2026 година се распродадоа за само 30 минути, потврдувајќи го огромниот интерес и најавувајќи издание што веќе се смета за едно од најважните досега. Со рекордна брзина и огромен интерес од публиката, билетите за отворањето на 54.Мајски оперски вечери се распродадоа за само 30 минути. Овој резултат уште еднаш ја потврдува позицијата на фестивалот како ...
Во новиот број на престижниот моден магазин Numero Switzerland е ангажирана една од нашите најпознати манекенки Сара Стојчевска, позната како Сара Стои. Во фантастичниот едиторијал каде се промовираат најновите парчиња на модните куќи и дизајнери како Max Mara, Dior, Vintage Chanel, Michael Kors нашата убавица зрачи со гламур и бескрајна софистицираност. Специјално за овој моден едиторијал беа селектирани парчиња од неколку колекции на ...
На 4 април, во Офицерскиот дом во Битола, за првпат ќе се одржи Bitola Whisky Fest, настан кој ја носи концепцијата на современите lifestyle фестивали надвор од Скопје. Зад организацијата стои Bottega Eventi, тимот кој во изминатите години се позиционираше со истиот проект кој е веќе традиционален во Скопје, како и проекти како што е Gin Lane Festival, со цел да се третира културата на пијалоците како дел од пошироко искуство. Bitola Whisky ...
Со ревијата на нашата дизајнерка Олгица Ѓоргиева вчеравечер заврши 32. издание на Моден викенд Скопје. Од првата вечер посветена на кинеската мода, преку повеќето модни ревии, Моден викенд се осврна и на нордиско-балтичката приказна и дизајнерските резиденции, изложбите, јавните разговори и презентациите, иницијативите како Mission for Water и регионалните соработки со сцени од Балканот. Направивме преглед на ревиите одржани на FWSK и на ...
Првиот ден на 32-то издание на Моден викенд Скопје (Fashion Weekend Skopje) powered by UniBank, кој се одржува во Diamond Mall, беше во знакот на кинеската мода преку презентацијата и ревијалниот приказ на три кинески модни и дизајнери на накит, потоа изложбата Изложбата „3D & AI во модата и инсталацијата „Луминисцентни силуети“. „CHINA NIGHT“: ПРЕЦИЗНОСТ И КОНТИНУИТЕТ Првиот сегмент, „China Night“, реализиран со поддршка на Амбасадата ...
Најисчекуваниот црвен килим е оној на Оскарите, холивудска вечер во која не се вреднуваат само филмските квалитети, туку и модниот избор. На вчерашното доделување на филмските награди во Лос Анџелес, црвениот килим повторно како модна писта на која се мешаат класичен гламур, современ минимализам, личен израз, но и кич стајлизни и претерување во изгледот. Пред самото доделување на златните статуетки, фокусот e на модата на црвениот килим, а ...
Оскарите се сметаат за финалe на сезоната на филмски награди, а на вчерашното доделување филмот на Пол Томас Андерсон, „Една битка по друга“, освои шест златни статуетки. „Грешници“ иако имаше рекордни 16 номинации доби четири Оскари, „Франкенштајн“ три, додека анимираниот филм „K-Pop: Ловци на демони“ освои два. На 98. Оскари, филмот на Андерсон победи во шест категории – за најдобар филм, најдобар режисер (Андерсон), најдобро адаптирано ...
Новата модна колекција Vivid Echoes на дизајнерката Росица Мршиќ претставува истражување на апстрактниот визуелен јазик како извор за современ, скулптурален моден израз. Инспирирана од делата на Хелен Франкенталер и нејзините експанзивни полиња на боја, колекцијата ја трансформира сликарската апстракција во архитектонски конструирани, носливи силуети. Секое парче функционира како автономен дизајнерски објект, каде дисциплинираната ...
Постојат настани што траат една вечер. И постојат платформи што градат систем. Триесет и две сезони подоцна, FashionWeekendSkopje повеќе не е само моден календар. Тој е архитектура и структура што ја обликува сцената, ги поврзува индустриите и создава културен континуитет. Од 27 до 29 март 2026 година, 32-то издание на Fashion Weekend Skopje powered byUNIBankго позиционира Скопје како активен учесник во глобалниот моден разговор. Домаќин на ...
Во пресрет на Денот на жената – 8 март на приземјето во Скопје Сити мол од 5 до 8 март ќе се одржи голем базар под слоганот „ЗА ТАА ШТО ТИ Е СÈ“. На базарот учество ќе земат успешните и докажани брендови: Solar creations, СОС Детско село, Coral Jewelry, LaSoy & LA CHA, МЕДЕНА, Stardust Kejt Rakotvorbi, tilia.organica, Тиноски, Добро ми стои, M&M Luxury Soap Bouquet, Nebula jewelry, Игнеа Козметика, Монкдолс, CustomCakes од Бојана ...
Доколку размислувате што да подарите за Денот на жената 8 Март, тогаш вистинското место за инспирација е традиционалниот Осмомартовски базар на ракотворби во ГТЦ Скопје. На приземјето ќе ве пречекаат вредните ракотворци, подготвени лично да ви ги претстават своите уникатни дела, изработени со љубов, трпение и внимание кон секој детал. Посетителите ќе имаат можност да изберат од богат и разновиден асортиман: мартинки и плетени алки, накит од ...
Во периодот од 21 до 30 март 2026 година, Северна Македонија ќе биде домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“, која ќе обедини десет истакнати модни дизајнери од нордиско-балтичкиот регион и Северна Македонија. Обединети околу заедничката заложба за одржливост како долгорочна и суштинска практика, учесниците ќе создадат платформа за креативна размена, иновација и културен дијалог. ...
Еден од балетските бисери на класичниот репертоар, „Жизел“ од Адолф Адам, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари со почеток во 19.30 часот. Диригент е Едуард Амбарцумјан (Ерменија), кореографијата е по Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ (Хрватска). Костимограф е Александар Ношпал, сценографијата е на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, концерт-мајстор е ...
„Глумците ПЕАТ“ на 24 и 25 март повторно ќе го одбележат Светскиот ден на театарот во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот. Годинава шоуто е посветено на македонската музика од различни периоди – песни што публиката ги знае, но ќе ги слушне во нова актерска интерпретација. Покрај соло изведби, на сцената ќе има и повеќе дуети и групни точки, што носат поинаква динамика и сценска енергија. На сцената ќе настапат актери од ...
Скопје се подготвува за спектакл од светска класа! На 13 март 2026 година, во арената „Борис Трајковски“, ќе настапи мега популарниот HUGEL со своето ексклузивно шоу “UP ALL NIGHT” и интересот е огромен уште од самиот старт. Ова е единствен настап на HUGEL во регионот, што дополнително го зголемува значењето на настанот. Францускиот диџеј и продуцент моментално е на светска турнеја со настапи речиси секој ден во различен дел од светот-од ...
Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, на приземјето на Скопје Сити Мол ќе се одржи четиридневен „Сити базар“, под слоганот „Една љубов, безброј подароци“. Базарот им нуди на посетителите автентична и креативна алтернатива за избор на подароци, преку уникатни рачно изработени производи создадени од домашни мајстори и современи ракотворци. Секој продукт носи личен печат, раскажува уникатна приказна и порака за љубов. ...
Валентино Гаравани, познат едноставно како Валентино, гигант во италијанската модна индустрија кој помогна во обликувањето на дизајнерскиот луксуз и високата мода, почина на 19 јануари на 93-годишна возраст во својот дом во Рим. Роден во 1932 година во Вогера, Италија, Валентино уживаше во богата кариера воведувајќи италијански гламур на глобалната модна сцена и важи за еден од великаните во модата во 20-от, но и 21-от век. Својата ...
Дебела плетена ролка облечена под капут е честа модна комбинација во зимските денови, оваа комбинација ќе ве згрее кога е студено, а овој спој на зимски парчиња облека истовремно е едноставен и модерен. Со ролката и капутот може да постигнете елегантен и отмен, но и лежерен и спотрски изглед, преку комбинирање со фармерки, зимски панталони или сатенско здолниште, со чизми или патики, со чанта и накит по ваш избор. Дебела плетена ролка ...
Од 24 до 28 декември, просторот пред СЦ „Борис Трајковски“ ќе се претвори во вистинска празнична сцена исполнета со вкусна улична храна, богата музичка програма и зимска атмосфера за сите генерации. WINTER FESTIVAL носи градска предновогодишна дружба каква што Скопје одамна посакува. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во внимателно одбрани street food брендови, меѓу кои: Jojo’s, Sorelle, Destan, Milkey, Oljo’s, La Pizza, Smash Burger, ...
Новогодишниот базар во Скопје Сити Мол повторно го носи празничниот дух, претворајќи го приземјето од трговскиот центар во атрактивно, колоритно и креативно место, исполнето со локална уметност, автентични производи и уникатни празнични подароци. Од 16 до 31 декември посетителите ќе имаат можност да прошетаат низ најголемиот празничен базар, каде 50 современи занаетчии од целата држава ќе изложат рачно создадени изработки. На базарот ќе може ...
Најавата за оваа пионерска соработка доаѓа речиси точно 20 години од денот кога започна дебитантското партнерство на Стела Мекартни и H&M, во ноември 2005 година – втората дизајнерска соработка на H&M Колекцијата, која ќе биде лансирана на пролет 2026 година, ќе содржи сертифицирани, општествено одговорни материјали, од кои многу се рециклирани, прикажувајќи примери на алтернативи за конвенционалните ткаенини и текстил. Изданието, ...
MY:TIME СО „МОМЕНТИ ЗА НАС“ НÈ ПОТСЕТУВА: НАЈГОЛЕМИОТ ЛУКСУЗ НЕ Е ГЛАМУРОТ, ТУКУ ИСКРЕНОТО ПРИСУСТВО Во период на припрема за празничната сезона и брзата динамика на животот, MY:TIME со гордост ја претставува својата најнова кампања „Моменти за нас“, која служи како нежен потсетник за она што навистина е важно. Кампањата ја пренасочува светлината од големите настани кон малите, интимни мигови на искрена блискост. MY:TIME ја пренесува ...
Дали има нешто поемотивно и повредно од тоа да „копаш“ по сопствената историја, да ја бараш с’ржта, а да ја најдеш вечноста? Дали има нешто потешко од тоа да го бараш почетокот или крајот на вечноста? – овие прашања ја поттикнаа нашата модна дизајнерка Стефанија Насеска стилски да се повика на нашето културно наследство и оттаму да извлече инспирација за нејзината нова колекција „Вечност“ (Eternity), поконкретно од златните маски пронајдени ...
Со слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“, од 14 до 16 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи годишниот „Фестивал на чај“, кој нуди ретко искуство за сите љубители на природата, чаевите и здравиот начин на живот. Настанот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол. Во текот на трите фестивалски денови, над 30 учесници ќе ги ...
Двојната изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ ќе се одржи на 18 и 21 ноември со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет. Балетот, поставен во два чина и инспириран од безвременскиот роман на Г. Флобер, ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент на изведбите е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека ...
Во рамките 31-то издание на Fashion Weekend Skopje се одржа добротворната модна аукција „Fashion with a Cause“ иницирана од Фондацијата Конект Во соработка со Фондацијата Конект и со поддршка од Амбасадата на Франција во Скопје, третата добротворна модна аукција уште еднаш ја потврди идејата дека модата може да биде акт на човечност.Благодарение на солидарноста и великодушноста на гостите и учесниците, беа собрани 200.500 денари, наменети ...
Овој четврток, петок и сабота, од 6 до 8 ноември во хотел Мериот ќе се одржи петтото издание на најхедонистичкиот фестивал SKOPJE WHISKEY FEST 2025, во организација на Боттега Евенти. Фестивалот ќе им понуди на посетителите дегустација на над 80 етикети виски од различни светски дестилерии, вклучувајќи американски бурбони, шкотско, ирско и јапонско виски, како и мастер класови водени од интернационални виски амбасадори. Покрај виски, ...
31. издание на Fashion Weekend Skopje powered by UniBank, поддржан од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес, во петтиот ден ја претвори салата на Diamond Mall – Carat во сцена каде модата зборуваше за дизајн, свест и етика. Од разговорите за прифаќање и различност до ревиите што го слават модниот дизајн, вечерта покажа дека модата не е само облека, таа е јазик на вредности и културна промена. Денот започна со ...