Скопје
-5ᴼ /
-5ᴼ
Како што навлегов во 40-тите, огледалото стана непријател број еден! Секојдневно откривање мали, нови линии и брчки кои се чинеше дека се продлабочуваат со секој изминат ден. Борбата со стареењето на кожата е реалност како одминува времето – цврстината, сјајот и еластичноста се губат први. Одењето пречесто на козметичар е и временски невозможно и не е препорачливо да биде толку зачестено. Барањето соодветна нега може да биде талкање низ ...
Групата Синтезис, еден од најзначајните амбасадори на македонската музика, ќе го одбележи својот 30-годишен јубилеј со спектакуларен концерт во Македонската Филхармонија на 25 септември 2024 година. Формирана во 1995 година, Синтезис ја започна својата кариера со уникатна визија – да ја оживее и презентира македонската традиционална музика на современ начин. Со комбинирање на старите фолклорни звуци со модерни аранжмани, групата брзо се ...
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ продолжува со кампањата „Читаме современи македонски автори“ По успешните две сезони, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува третиот циклус од големата кампања „Читаме современи македонски автори“. До мај следната година ќе бидат претставени осум македонски автори и исто толку дела. Кампањата ја задржува препознатливата структура: секој месец започнува со Книга на месецот, ...
Скопското инди-рок трио Милко се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник” во издание на Шарла Рекордс. „Тажен понеделник” е снимена во студио Алшар, во период мај-јуни 2024 година. Текстот и музиката се на Сашо Митревски, аранжманот е на Милко, продуцент е Ивица Јанкуловски. Покрај Сашо Митревски на гитара и вокал, Филип Поповски свири бас гитара, Стефан Терпини – тапани и Владимир Бичковски – сајзери. Синглот го носи скопскиот ...
Венеција деновиве е центарот на филмот благодарение на најстариот филмски фестивал во светот кој се одржува во италијанскиот град, на отворањето беше премиерата на „Битлџус Битлџус“, продолжението на култниот филм „Битлџус“ на Тим Бартон од 1998 година. На црвениот килим на свеченото отворање се појавија актерите од филмот Винона Рајдер, Мајкл Китон и Кетрин О’Хара кои се појавуваат и во првиот дел, младата Џена Ортега, Вилијам Дефо, Џастин ...
По годишноодморската пауза вратите на кинотеката, домот на седмата уметност, во септември повторно се отвораат. Разновидноста, во неколку форми, е карактеристика на оваа понуда за гледачите. Различни жанрови, разновидни земји во кои се продуцирани, разновидно време во кои се создадени. Оваа инклузивност го подразбира и значителниот број на регионалните копродукции, како дел од месечнава програмска понуда. Ќе се стартува со ...
Нашата модна дизајнерка Евгенија Зафировска ја претстави својата колекција „Кога модата ја следи архитектурата“ на модна ревија што се одржа на 12 август на брегот во Сутиван на хрватскиот остров Брач. Колекцијата потпишана од брендот EZ (Евгенија Зафировска Дизајн) е презентирана и со каталог со сите модели фотографирани во Сутиван. Фотографиите се дело на Сања Гргич Чурич, а како заштитни лица се појавуваат Ника Шунара и Николина Петров ...
На 10 август (сабота), во градината на кафулето „P_inn“ во Старата скопска чаршија, со почеток во 21 часот ќе се реализира промотивен музички настан по повод 5 години активно делување на лејблот за електронска музика ПМГ Танц Дигитал (PMG Tanz Digital). „PMG Tanz Digital“ се јавува како одговор на потребите за регистрирање, издавање и промоција на новиот автентичен и квалитетен израз на македонските електронски музички автори. Оние, чија ...
Women in Tech Macedonia ја најавува втората WITCON конференција, на 18 мај во Скопје WITCON е конференција со главен фокус на спој помеѓу технологијата и бизнис заедницата. По втор пат, оваа година повеќе од 20 говорници ќе ја споделат својата експертиза на различни теми од овие две категории. Преку панел дискусии говорниците од индустријата ќе ги споделат своите искуствата на актуелни теми во ИТ индустријата во последната година, бизнис ...
Нашата интернационална манекенка Тати Јанушева во последниве месеци престојуваше во најголемите модни центри Париз, Лондон, Милано и Мадрид, каде работеше на многу кампањи и едиторијали. Последно, Тати се појавува во кампањата за познатиот бренд Tod’s изработена во Милано, во која таа позира во облека, обувки и чанти од новата колекција. -Татјана Тати има изградено веќе богато портфолио и ангажмани за врвни брендови како Sportmax, Prada, ...
ЈУ „Универзална сала“ – Скопје и Град Скопје објавуваат јавен повик за програмски активности за манифестацијата Бела ноќ 2024. Крајниот рок на аплицирање е 19 август 2024. Оваа година ќе се одржи јубилејното 20-то издание на „Бела ноќ“, како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде ќе се одбележи уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани ...
Тој е македонски диџеј и продуцент многу добро познат на домашната музичка сцена и пошироко за кого со години веќе не е потребен вовед. Галоски е синоним за талент, амбиција, дисциплина, посветеност, емоција, а со тоа еден од најуспешните диџеи кои некогаш постоеле во земјава. Човекот кој ја постави Македонија на светската мапа за електронска музика. Со итнернационални настапи од едниот до другиот крај на светот и музички изданија за ...
Маркантната македонска манекенка Сара Стои продолжува со успеси на интернационалната модна сцена, пред неколку дена, на 23 јули, се појави на ревија на познатиот италијански дизајнер Роко Бароко, кој пет децении е во модата и креира за својот бренд Roccobarocco. View this post on Instagram A post shared by Rocco Barocco (@roccobarocco37) Сара Стои беше дел од ревискиот спектакл кој се одржа на археолошките ископини на Помпеја, со што самата ...
На 06.10.2024 со старт од 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и најмасовна атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски Маратон. Пријавувањето започна уште во март, односно на 28.03.2024 и ќе трае до 20.09.2024 до 23:59 часот. Заинтересираноста е огромна и досега пријавени се учесници од 44 земји. Вториот бран на пријавување и плаќање котизација е веќе во тек и ќе трае до 25.07.2024, а ден потоа цените за ...
„Лабораториум„ и „Лаб дизајн маркет” ја покануваат скопската публика на отворањето на „поп-ап“ изложба на дизајн и визуелни уметности на 23 август во 20 часот, дел настанот „Скопје вибрира”. Во изложбата ќе учествуваат млади и досега релативно непознати имиња во сферата на дизајнот, рачните изработки и визуелните уметности, за кои градот Скопје има битно значење и е тема и инспирација во нивната работа. Настанот ќе им даде можност за ...
Бела, беж, светли земјени тонови, ова е палетата на бои на кои постојано се навраќаме во летната сезона. Понекогаш сакаме да носиме и црна боја, често ги следиме тековните трендови кои нè насочуваат кон облека во пастелни или јаки бои, но сепак летото не можеме да го замислиме без бел памучен фустан, ленени панталони во песок-боја, беж шорцеви, кошула во маслинесто зелена боја… View this post on Instagram A post shared by Lucy Williams ...
Андреј Пајмакоски веќе со години работи како интернационален модел, па неговите успеси никако не остануваат незабележани. Помеѓу последните проекти беше и рекламната летна кампања за шпанскиот бренд Polinesia. Заедно со други модели престојуваа на повеќе егзотични дестинации за да ја снимат рекламата, последно и на Кајманските Острови. -Пајмакоски го застапува една од најдобрите светски агенции ЕЛИТ, па несомнено дека го ангажираат за добри ...
Од вкупно 46 пријавени проекти, „МСУ- Скопје ремек дела за сите” е единствен македонски проект, избран уште во првиот повик за грантови од „Фондот за културно наследство на Хедли за Југоисточна Европа“ за 2024 година, преку „Балканската мрежа на музеи“ (BMN). Членовите на стручната евалуациона комисија едногласно заклучија дека МСУ- Скопје е еден од водечките музеи во државата и затоа е од суштинско значење музејот да започне со ...
Нашиот интернационален модел Горјана или како ја нарекуваат странските модни агенции Џоја, неодамна сними летен моден едиторијал за српското издание на модниот магазин Мари Клер. Фотографиран на повеќе локации со огромниот креативен тим на магазинот, Горјана се појавува во модниот едиторијал наречен Heatwave. Кулишевска е веќе долги години под договор со Јелена Ивановиќ и нејзината модна агенција, а по престојот во Милано и Париз работеше ...
Како правилно да ја заштитиме кожата од сонцето? Дури и многу краток период на незаштитено изложување на сонце е доволен за да создадеме потребни количини на витамин Д. Секое дополнително изложување носи ризик од моментално или подолгорочно оштетување на кожата. За да се заштитиме правилно, добро е да имаме на ум три важни точки: •Заштитата од сонце е за секој ден, не само за на плажа. Треба да биде дел од нашата секојдневна рутина и да ги ...
Оваа сабота, 6 јули, со почеток од 18 часот во „Лаб дизајн маркет„ ќе започне промоцијата на „Тотем“ – новата модуларна колекција на „Номад студио“. „Тотем“ e разиграна сензорна скулптура, инспирирана од играчката со редење обрачи на стапче. Нејзиниот уникатен модуларен дизајн е комбинација на форми и бои кои постојано се менуваат, а истовремено инспирираат различни конфигурации пренесувајќи чувство на разиграност. Внимателно рачно ...
Оваа сабота, 6 јули, со почеток од 18 часот во „Лаб дизајн маркет„ ќе започне промоцијата на „Тотем“ – новата модуларна колекција на „Номад студио“. „Тотем“ e разиграна сензорна скулптура, инспирирана од играчката со редење обрачи на стапче. Нејзиниот уникатен модуларен дизајн е комбинација на форми и бои кои постојано се менуваат, а истовремено инспирираат различни конфигурации пренесувајќи чувство на разиграност. Внимателно рачно ...
Костимите од филмовите „Појадок кај Тифани“, „Матрикс“, „Мулен Руж“, „Црниот пантер“, „Клеопатра“, „Очи широко отворени“, „Титаник“. „Аватар“… беа инспирација за креациите на студентите од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ кои ги прикажаа на нивната традиционална завршна модна ревија која се одржа деновиве во киното „Милениум“. Во објаснувањето за тематиката и ревијата стои: Дека една студенска ревија не мора секогаш да го носи ...
Брендот Масимо Дути го откри едиторијалот за летната Minimal Resort колекција, мешавина на едноставност и софистицираност, фотографирана во мирна позадина на песок, сонце и море. Земјените и неутрални тонови на маслинесто зелена, слонова коска, сива и темнобордо доминираат во палетата, создавајќи визуелна хармонија која истовремено е смирувачка и воодушевувачка. Овие бои вешто се применуваат на различни ткаенини, нагласувајќи ги лесните и ...
Под слоганот Биди зелен, не биди „зелен“, овој викенд Пакомак ќе бие присутен на Д Фестивал со голем број на промоции и едукативни активности. Сите посетители на Д Фестивал ќе можат да набават реупотреблива чаша и да добијат попуст на точено пиво. Целта со овие чаши е посетителите да создадат што е можно помалку отпад, но и да добијат соодветен спомен од фестивалот. Дополнително на голем број на локации, за време на фестивалот ќе бидат ...
Дизајнерот Даниел Роузбери колекцијата на висока мода на Скјапарели за есен-зима 2024 ја наслови „Феникс“ и во неа ја истражува идејата за повторното раѓање и трансформација. „Феникс“ е во чест на Елса Скјапарели, која брендот ја споредува со митската птица во нејзината способност постојано да се трансформира себеси и својата работа. Истото може да се каже и за Роузбери, чија фантазија се чини дека нема граници: секоја сезона, без разлика ...
Во четврток, 27 јуни со почеток во 18 часот, во изложбениот салон Лаб дизајн маркет ќе започне промоцијата на новата капсулна колекција на брендот за накит „Капка” зад кој стои дизајнерката Јана Ацевска. -Капсулната колекција насловена како „РЕфлексии” има повеќекратни значења: врска меѓу минатото и сегашноста, иновацијата и традицијата, како и традицијата на изработка. Со поврзување на традиционалното со современото се генерираат нови ...
По повод прославата на 65-годишнината од основањето на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, студентите од Институтот за текстилно инженерство, под менторство на проф. Лидија Георгиева, ја подготвија традиционалната модна ревија на тема „Време“. Тие го истражуваа поимот време како континуум, река која постојано тече и со себе го носи наследството од минатото низ патеките кон иднината. Приказната за влијанието на времето врз ...
За фотостареењето се повеќе дознаваме од дерматолошките истражувања кои се попрецизно го лоцираат фотостареењето односно предвременото стареење на кожата во 90% при незаштитеното изложување на сонце. Сонцето, иако е витален извор на енергија и живот, има и значителна негативна страна а тоа е влијанието врз кожата. Долготрајната изложеност на сончевите ултравиолетови (УВ) зраци е примарна причина за фотостареење. Студиите сугерираат дека ...
Новите производи на Млекара АД Битола, Имлек Оаза, претставуваат алтернативни, посни напитоци од овес и бадем и се резултат на континуираното истражување, развој и стремење кон иновации, како и одговор на потребите на современиот потрошувач. Бимилк, после повеќе од 70 години постоење, првпат влегува во категоријата на растителни напитоци, кај народот познати како „билни млека“. Со лансирањето на ова портфолио, Бимилк како компанија се ...