Новиот состав на општинскиот совет на Гостивар ќе го има своето официјално оформување во петок, за кога е закажана конститутивна седница. Како што стои во Дневниот ред, по формирање на верификациона комисија и донесување одлука за верифицирање на мандатите на новите советници, ќе следува давање и потпишување на свечената изјава. Конститутивната седница ќе продолжи со одлуки за формирање на неколку комисии и тоа: Kомисија за финансии и локален ...

Буџетот на програмата за ретки болести треба да се зголемува како и во претходните години, бидејќи тоа е потребно за пациентите, апелираат од Здружението „Живот со предизвици“. Тие посочуваат дека буџетот се одредува на почетокот на годината и останува ист, испланиран е за постоечки пациенти и нема место за нови пациенти освен ако некој не почине. – Намален е буџетот на програмата за ретки болести и тоа не изненадува, бидејќи имаме нови ...

Кога станува збор за мед, тој не е само сладок додаток, туку е и многу корисен за телото – може да ги ублажи настинките, да го зајакне имунитетот. Сепак, важно е како го консумирате и со која храна го комбинирате, бидејќи во спротивно можете да направите повеќе штета отколку корист. Топол пијалок Иако медот често е засладувач за чај и други топли пијалоци, температурата на некои течности, како што се чајот или млекото, може да влијае на ...

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. – За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката ...

Празникот на градот, Денот на ослободувањето на Гостивар 18 Ноември, Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ ќе го прослави со целовечерен концерт. Со овој концерт, друштвото ќе ја заокружи својата јубилејна сезона, односно годината во која одбележува 7 и пол децении постоење. Воедно ова ќе биде 783-ти настап пред домашната публика. „Настанот за првпат е целосно организиран во сопствена режија, без никаква ...

Верувале или не, постојат некои сериозни придобивки од стареењето на кои не им се обрнува доволно внимание. Овие скриени придобивки од стареењето не само што можат да го променат начинот на кој го доживуваме процесот на стареење, туку и начинот на кој го живееме нашиот живот додека старееме. Ова не се само секојдневни придобивки. Ова се вистински трансформации кои можат да го променат нашиот поглед на стареењето. Треба да го направиме ...

Три тима од гимназијата во Гостивар влегоа во потесен круг за наградата од еден милион денари на националниот натпревар „Средношколец милионер“. Гимназијалците со своите бизнис идеи се пласираа меѓу најдобрите педесетина од вкупно 438 пријавени. Трите тима се UBV Sparks-Unspoken but Visible, кои претставија иновативната идеја за нараквица која ги менува боите во зависност од емотивната состојба за лицето кое ја носи, WowPopust – тим кој нуди ...

Либерално-демократската партија ќе предложи измени на Изборниот законик со кои ќе бара поверениците што Владата ќе ги назначи во општините во кои поради немање цензус не се избраа градоначалници, да не може да се кандидираат кога ќе бидат повторно организирани избори. – Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во ...

Ова е како пита, гибаница од карфиол, извонредно, вкусно и декоративно. Состојки: Подготовка: Исчистете го, измијте го и искинете го карфиолот на цветчиња. Додадете ги во врела вода околу 10 минути за да омекнат. Изматете ги јајцата, зачинете со сол и црн бибер, додадете ја павлаката и добро измешајте. Ако е премногу густа, додадете малку млеко. Извадете го карфиолот од водата, ставете го во намастен сад за печење и истурете ја смесата врз ...

Во натпреварот од 6. коло на кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лига, КК Гостивар загуби на домашен терен од МКК Куманово со резултат 65:79. Средбата се одигра вечерва во Спортската сала „Младост“ во Гостивар. Гостите од Куманово го контролираа резултатот во поголемиот дел од мечот, добивајќи ги сите четвртини (18:20, 17:21, 12:16, 18:22). Тимот на искусниот тренер Марин Докузовски ја потврди одличната форма и ја запиша петтата победа во сезоната. ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денеска донесе одлука со која од ноќеска на полноќ се зголемуваат цените на горивата. Според одлуката, цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар по литар и ќе изнесува 74,5, односно 76,5 денари по литар. Цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар и ќе се продава по 72 ...

Жителите на гостиварското село Беловиште и останатите населени места од подрачјето од сега имаат подобри услови за сообраќај и поврзување. Изминатиот период се работеше на реконструкција на главниот пат во селото во должина од околу еден километар, а денес инвестицијата официјално ја промовираше градоначалникот Ваљбон Лимани. „Ова е пат за кој долги години жителите бараа да се реконструира и дојде време тоа да биде направено. Граѓаните сега ...

Екипите на „Електродистрибуција“ во вторник (11 ноември 2025 година) ќе спроведат активности за реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа во поширокиот регион на Гостивар, со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија, информираат од компанијата. Според најавата, без електрична енергија ќе останат следните места: Од 09:10 до 13:30 часот: селата Врбен, Богдево, Стрезимир, Кракорница, Бродец, Ничпур, ...

Доколку Владата донесе одлука за именување на повереник во Гостивар, ние нашето право ќе го бараме по правен пат, изјави денеска првиот човек на Гостивар Ваљбон Лимани, прашан за коменар на најавите на премиерот Христијан Мицкоски за скоро назначување повереници во општините во кои немаше цензус на локалните избори. „Јас сум избран како в.д. градоначалник минатата година во јули. Согласно Законот за локална самоуправа член 54 и после член 4 ...

Независниот синдикат за образованиеи наука соопшти дека голем број членови до синдикатот доставиле забелешки за функционалноста на новиот е-дневник, кој како што наведуваат, покажува сериозни слабости во работата на серверите и не може соодветно да ја опслужи наставната активност во периодите со поголема фреквенција на користење. „Новиот е-дневник предизвикува незадоволство и фрустрација кај голем број просветни работници, бидејќи во него се ...

Вратата на Општина Врапчиште од утрово е заклучена, а вработените не се на своите работни места. Просториите на општинските служби, како и кабинетот на градоначалникот ги затекнавме под заклучени врати. Граѓани кои доаѓаат да завршат некоја работа во општината остануваат зачудени поради затворените врати во понеделник и се прашуваат што се случува. Оваа ситуација доаѓа по најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека во текот на следниот ...

Вчера (9.11.2025) во 12:13 часот на патот Тетово – Гостивар, во близина на наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ј.Џ.(31) од Равен, гостиварско, со живеалиште во Швајцарија. При контрола во патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „шкода“ со брзина од 174 километри на час на место каде што дозволената брзина е 80 километри на час, информира ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа), со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 7 до 14 степени. УХМР најавува дека утре (вторник) во претпладневните часови ќе има услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува ...

СВР Тетово регистрира три одделни случаи во Гостивар вчера при кои биле откриени кокаин и марихуана. Во 14:00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во населба „Фазанерија 2″ во Гостивар, го лишиле од слобода А.К.(28) од Гостивар. „Во 12.35 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во дом и помошните простории на Ј.К.(33). При претресот Ј.К. не бил во домот, туку таму бил затекнат ...

Новото истражување на Универзитетот во Тел Авив открива дека луѓето даваат бакшиш од два главни мотива – искрена благодарност за услугата и потреба да се следат општествените норми. Студијата е објавена во научното списание Management Science. Истражувањето покажува дека оние кои навистина го ценат квалитетот на услугата обично оставаат поголем бакшиш од вообичаениот, додека луѓето кои се водат според социјалните правила даваат стандардна ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изминатата недела при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, заплениле и нештетно уништиле приближно 37 тони храна. Како што соопшти денеска Агенцијата, биле запленети и уништени јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години. За сторениот прекршок на операторот му е ...

Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра), информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава. ...

Кинескиот SUV „Jaecoo 7“ во октомври се продаде во поголем број примероци од „Nissan Qashqai“ на британскиот пазар, покажуваат податоците на Здружението на производители и трговци на автомобили (SMMT). Во текот на месецот биле регистрирани 2.611 возила „Jaecoo 7“, наспроти 2.461 примерок од „Qashqai“. Иако моделот на „Nissan“ сè уште води во последните три месеци со вкупно 10.721 регистрации, „Jaecoo 7“ е веднаш зад него со 10.467. Од ...

Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви, соопшти МВР. -Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечиј деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, ...

Владата ќе именува повереници во оние места каде не беа избрани градоначалници на локалните избори, но, откако Државната изборна комисија официјално ќе ги заврши изборите и ќе достави информација до неа. За персонални имиња, како што рече премиерот Христијан Мицкоски, се уште не се водени разговори со коалициските партнери. Така што, како што истакна, очекува во текот на следната недела кога ќе го добијат известувањето, да седнат со ...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши денеска остварил работна средба со претставници на Државната изборна комисија – Борис Кондарко, претседател на ДИК, Абдуш Демири, потпретседател на Комисијата и Александар Даштевски, член на Комисијата. Од собраниската прес-служба информираат дека средбата поминала во конструктивна атмосфера и била оценета како позитивен пристап на институциите кога станува збор за прашања што се ...

Во рамки на 6. коло од кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лига, екипата на Кошаркарскиот клуб Гостивар вечерва од 18 часот во Спортската сала „Младост“ ќе го пречека тимот на МКК Куманово. Гостиварци по пет одиграни кола сè уште ја бараат својата вистинска форма, имаат збир од една победа и четири порази. Единствениот триумф досега го забележаа против екипата на КК Ангели, додека беа поразени од Работнички, МЗТ Скопје, Кожув и Тиквеш. Избраниците на ...

Постојаниот замор што нè мачи секој ден стана вообичаен дел од современиот живот, а многумина се свртуваат кон додатоци во исхраната и квалитетна исхрана за да се справат со него. Многу луѓе се обидуваат да внесат доволно протеини и здрави јаглехидрати и масти, макронутриенти кои ни даваат енергија на сите нас. Но, она што често недостасува се малите енергетски единици на нашето тело, микронутриентите, кои играат подеднакво важна улога. ...

Вчера (6.11.2025 година) во 13:30 часот во ОВР Гостивар, 64-годишник од Гостивар, пријави дека истиот ден околу 11:30 часот на ул. ,,Мајор Чеде Филиповски“ пред угостителски објект бил измамен од две лица кои му рекле дека се од Дубаи и побарале од него да видат како изгледаат локалните пари, а при тоа му дале наводно златна нараквица. „Оштетениот им дал 150 евра и 3100 денари во разни апоени, по што лицата рекле дека ќе одат да му донесат ...

Во средината на октомври, цената на златото достигна 4.380 долари за унца, што е историски рекорд. Во изминатата година, цената на златото порасна за повеќе од 55 проценти во номинален износ. Главно поради геополитичките тензии, инфлацијата и побарувачката од Азија, но и голем број други фактори. Покрај основната причина, побарувачката за безбедни средства во неизвесни времиња, цената на златото е водена од стравот од инфлација и економска ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1003
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
3.6
100%
1010
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
7.2
86%
1012
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
72%
1002
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.93
100%
1002
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -2ᴼ
2.06
98%
1012
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.02
63%
1003
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
76%
999
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
65%
1002
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
6.26
91%
1001
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -7ᴼ
1.34
83%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
93%
999
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4288

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58605

Цинк

3.10

Злато

144981.23

Кобалт

59.52

Сребро

2569.43

Бакар

11.84

Алуминиум

3.14

Паладиум

57935.65

Калај

44.73

Рутениум

44946.74

Иридиум

169549.30

Платина

72292.89

Родиум

310254.70