Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив се наменети за физички, а една за правни лица, информираа министерот за дигитална трансофрмација, Стефан Андоновски, и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата. За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, ...
Вчера (20.01.2026) во ОВР Гостивар, 72-годишник Гостивар пријавил дека му биле злоупотребени неговите лични податоци. Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал. „Како што е пријавено, тој се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги ...
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, информира АМСМ. Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. „Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на ...
Сојузот на синдикати (ССМ) во среда (28 јануари) организира протест за да изрази незадоволство од незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Протестот ќе почне од 17 часот од зградата на ССМ и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. Од ССМ ги повикаа сите работници на кои не им е зголемена платата да се приклучат на протестот. – Време е заедно да се избориме за ...
Старечките дамки најчесто почнуваат да се појавуваат по 40-тата година – период кога кожата веќе ги покажува последиците од сите години поминати на сонце без соодветна заштита. Дерматолозите постојано нè потсетуваат дека кожата „памети“ и секое летно ожарување, секоја изгореница и секое заборавено нанесување SPF оставаат трага. Подоцна во животот, ова се манифестира како потемни дамки, брчки, губење на еластичноста и посува кожа. Старечките ...
Турскиот Амбасадор, Фатих Улусој денеска беше во официјална посета на Општина Гостивар, кадешто оствари средба со градоначалникот Ваљбон Лимани. На средбата разговараа за натамошните активности на поддршка и продолжување на соработката во различни области. „Задоволство ми е што ни е гостин Амбасадрот Улусој, драг пријател, мој и на Гостивар. Разговаравме околу сите можни соработки и во однос на нашата општина со општини од Турција, но и на ...
Државната лотарија на Република Северна Македонија упати соопштение до јавноста, кое во продолжение ви го пренесуваме во целост: „Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Северна Македонија, најостро реагира на тенденциозните, малициозни и клеветнички обиди на одредени критички настроени медиуми да креираат искривена и неоснована перцепција за законитоста, професионалноста и ...
Вчера (20.01.2026) во ОВР Гостивар, 42-годишник од Гостивар пријавил дека бил измамен за сума од 26.000 денари. Според пријавеното, тој добил смс порака со линк наводно на „Пошта на Северна Македонија“ за ажурирање на податоци за достава на пакет. „Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на лажната веб страница и набргу потоа од неговата сметка биле ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните денеска да патуваат внимателно и само доколку тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите и соодветна зимска опрема, особено на повисоките места и планинските превои. Како што информираат од ЦУК, поради временските услови можно е формирање навеви од снег, а одредени патни правци на повисоките делници повремено да бидат непроодни. Од Центарот апелираат и граѓаните кои живеат во ...
„Со започнувањето на снежните врнежи, ангажираната компанија, во координација и со поддршка од јавните претпријатија, е на терен уште од раните утрински часови. Сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива без прекини.“, соопшти Општина Гостивар. Снегот на гостиварското подрачје од утрово паѓа непрестано со различен интензитет и формирана е снежна покривка. Движењето на пешаците и сообраќајот низ градските улици се одвива во зимски ...
Полициски службеници од Полициското одделение Ростуше на 20 јануари 2026 година во 20:10 часот го лишиле од слобода А.Ј. (49) од селото Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Како што е пријавено од Н.А. од селото Калиште, општина Врапчиште, осомничениот А.Ј., вработен во Основниот суд во Гостивар, преку негов пријател С.М. од Гостивар понудил за сума ...
Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатитена Македонија. Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари. Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалаци, а за намирување на минималните ...
Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража од 07.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товварни возила. Забрана за камиони има и на планинските превои Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, соопштија ЈП Македонијапат и АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Хернинг во драматичен натпревар ја совлада Романија со 24-23 и со триумфот обезбеди статус на носител во жрепката за плејофот за следното Светско првенство, а за пласман во главната фаза на тековното Европско првенство ќе треба да го чека исходот од завршниот дуел во групата Б и да се надева на победа со двоцифрена разлика на домаќинот Данска над Португалија. Македонските ракометари во текот на ...
Гостивар утрово се буди во бело. Паѓа снег со среден интензитет и веќе почнува да се формира снежна покривка. Според метеоролошката прогноза врнежните ќе продолжат повремено во текот на денот, а ќе владее доста студено време со максимална температура од 1 степен. Снежни врнежи има и во останатите делови од земјава. Пообилни се на запад каде се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до ...
Според метеоролошките прогнози времето утре (среда) ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во наредните денови следува ...
Македонската ракометна репрезентација, вечерва, од 18 часот, ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија. Правдата ќе ја делат словенечките судии Давид Сок и Бојан Лах. Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол разлика, а исто таков епилог ќе треба да има и на средбата меѓу ...
МВР апелира граѓаните да не отвараат лажни пораки кои им пристигаат на мобилните телефони, мејловите и социјалните мрежи во кои од нив се бара да извршат уплата за сторен сообраќаен прекршок преку наведен лажен линк. СМС известувањата за направен прекршок, велат од МВР, треба да бидат од испраќач „MVR-SC“, а во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат ...
Новоизбраниот градоначалник на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани денеска официјално го започна својот четиригодишен мандат на чело на општината. На своето работно место до градоначалничкото столче дојде придружуван од сопругата и трите ќерки, претседателот на Советот Ваљдет Џафери, соработници, сопартијци, а пред општината пак се случи кратка церемонија со пречекување и честитки од поддржувачи и администрацијата. Градоначалникот даде ветување ...
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до 2 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката, бензините „Евросупер БС-95“ и „Евросупер БС-98“, како и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), поскапуваат за 1,5 денар по литар, додека „Евродизелот“ поскапува за 2 денари. Новите цени ќе изнесуваат: „Евросупер БС-95“ – 72 денари за литар „Евросупер БС-98“ – 74 денари за литар „Евродизел“ – 66,5 денари ...
Во Гостивар денеска по 12 пат од возобновувањето на традицијата, се организираше градско одбележување на големиот православен празник Богојавление Водици. За верниците од православна вероисповед празникот има големо духовно значење и секоја година манифестацијата во Гостивар носи заедничка радост и сплотеност. Како празник на духовното прочистување, Водици потсетува на важноста на верата, смирението и заедништвото, како и на потребата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди денеска дека САД извршиле воздушни напади врз Венецуела и рече дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е „заробен и изнесен од земјата“. – Соединетите Американски Држави успешно извршија голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, беше заробен и изнесен од земјата“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social. Тој наведува и дека ...
Државна лотарија изминатата година ја потврди својата улога како голем поддржувач на културата и спортот во Македонија. Преку својата деловна активност, која е во симбиоза со општествената одговорност, компанијата ја демонстрира својата посветеност кон заедничкото добро и ја зајакнува својата позиција како активен член на општеството и партнер во неговиот развој. Преку одговорно приредување игри на среќа за граѓаните над 18-годишна возраст, ...
Македонската машка ракометна репрезентација одигра херојски натпревар против фаворизираната Португалија и освои бод по драматично реми 29:29 во второто коло од групната фаза на Европското првенство 2026, на дуелот одигран во Хернинг. Иако Македонија во второто полувреме заостануваше со пет голови разлика, избраниците на Кире Лазаров не се предадоа и со борбена игра и голем карактер успеаја да се вратат во мечот и да избегнат пораз. Во ...
Во рамки на проектот „Безбеден град“ од денеска до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот. Како што информира Министерството за внатрешни работи, за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата недела од ...
За учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава денеска почна второто полугодие. Министерката за образование и наука Весна Јаневска во објава на Фејсбук им посака успех на сите ученици во претстојното полугодие. -Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на ...
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното ...
Крстот од водите на Вардар на Богојавеление-Водици во Гостивар годинава го извади Бобан Симјановски. Тој ја имаше најголемата среќа меѓу момчињата кои учествуваа во обичајот на фаќање на крстот во рамки на одбележувањето на големиот христијански празник, кој масовно се чествува во Гостивар. Од верниците, кои и годинава ги имаше во голем број беа упатени честитки и желби за здравје, бериќет и благосостојба. Организациониот одбор му подари ...
Синоптичариоте најавуваат студено утро со мала до умерена облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од -6 до 3 степени. Според Управата за хитрометеоролошки работи (УХМР), утре (вторник) преку ден времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински и дневни температури. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се ...
На Инфективна клиника вчера починал 69-годишен пациент, кај кога бил потврдена лабораториски инфлуенца А. Пациентот, како што информираше директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, бил со комордбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако бил во ризична група. -Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија. Пациентот веднаш беше третиран навремено од страна на медицинскиот тим ...