Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе одговори „без милост“ на секој обид за нарушување на одбележувањето на Денот на победата, 9 Мај, еден од најзначајните државни празници во Русија. Изјавата ја даде на церемонија на положување венци во зградата на руското Министерство за надворешни работи, при што оцени дека преку Украина се прават обиди да се наруши празникот. Лавров употреби остар речник кон Киев и ...

Вчера (8.05.2026) во периодот од 14:30 до 19:00 часот во Гостивар и гостиварско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар ги лишиле од слобода Е.А.(24) и Д.Ш. (24) во Гостивар и Л.Г.(20) во Долна Бањица, гостиварско. „При преглед кај лицето Е.А. е пронајден и одземен мобилен телефон и предмети со остатоци од наркотична дрога. Врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, полициските службеници ...

Денес (9 мај) се навршуваат единаесет години од настаните во Диво насеље-Куманово, кадешто бранејќи ја татковината загинааГоран Илијевски Мече од Гостивар и Ненад Серафимовски од Зубовце. Тие учествуваа во полициската акција, првиот како припадник на единиците за брзо распоредување, а вториот како припадник на специјалната единица Тигри. Горан Илијевски од Гостивар имаше 41 година и беше припадник на единиците за брзо распоредување. Неговите ...

Јавното претпријатие „Паркинзи на градот и зеленило“ информира дека за време на викендот ќе реализира теренски активности за сечење дрвја на булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар. Во сабота, 9 мај 2026 година, од 08:00 до 16:00 часот, за сообраќај ќе биде затворена 100-метарска делница од кружниот тек кај Домот на културата кон Малеарди. Во недела, 10 мај 2026 година, почнувајќи од 08:00 часот, за сообраќај ќе биде затворена 100-метарска ...

Во март 2026 година се издадени 245 одобренија за градење, што е за 26,6% помалку споредено со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на планираните објекти изнесува 24,5 милијарди денари, што е раст од 21,9%. Главна причина за зголемувањето се одобренијата за изградба на ветерни паркови во општините Штип, Радовиш и Карбинци. Од издадените одобренија, 148 се за високоградба, 31 за нискоградба, а 66 за ...

Многумина доживуваат ситуација во која, иако не се гладни и се занимаваат со други активности, мислите постојано им се враќаат кон храната, фрижидерот или следниот оброк. Оваа појава сè почесто се опишува со терминот „фуд нојз“ ментален „шум“ поврзан со храна. „Фуд нојз“ не е исто што и емоционално прејадување. Станува збор за упорни и наметливи мисли за храна кои се појавуваат и кога нема вистинско чувство на глад. Тие може да бидат поврзани ...

На 7 мај 2026 година, во 16:30 часот, од Итната медицинска помош било пријавено дека во куќа на улицата „Никола Тесла“ во населба Дутлок, Гостивар е пронајден починат 77-годишен маж од Скопје, кој живеел сам. Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа на ОВР Гостивар. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција. На 7 мај 2026 година, во 16:30 часот, од Итната медицинска помош било ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска (8 мај) започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците ...

Во Гостивар денеска беше одбележан 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, со пригоден собир и положување цвеќе пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк. Одбележувањето беше организирано од Општинскиот одбор на Сојузот на борци, а на настанот присуствуваа негови членови, претставници на политички партии, граѓани, наставници и ученици од ОУ „Гоце Делчев“. Претседателот на Сојузот на борци Гостивар, Радислав Ѓиноски, во своето ...

Вчера (7.05.2026) во 13:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(39) од Гостивар, информира СВР Тетово. Од полицијата додаваат дека тој се сомничи дека околу 01:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата 30-годишна сопруга. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Вчера (7.05.2026) во 13:00 ...

Денеска, 3 мај, се одбележa Светскиот ден на слободата на медиумите, ден посветен на заштитата на новинарите, независното информирање и правото на граѓаните да добиваат точни и проверени информации. Годинешното одбележување доаѓа во период кога новинарите и медиумските работници ширум светот се соочуваат со сериозни закани, насилство, притисоци, цензура, правни постапки и економска несигурност. Европската Унија предупредува дека 2025 година ...

Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција, човекови права, демократија и владеење на правото, првиот меѓународно обврзувачки документ што поставува стандарди за одговорна употреба на ВИ технологиите. На церемонијата, министерот за правда Игор Филков упати благодарност до генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, за неговото лидерство и посветеност, како и до Советот на Европа за ...

Времето денес (петок) ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени. Утре (сабота) нѐ очекува променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до ...

Инфлацијата, мерена преку индексот на трошоците за животот, во април 2026 година во споредба со март 2026 година изнесува 1.3 %. Најголем раст на трошоците е забележан кај транспортот – 10.1 %. Зголемување има и кај рекреација, спорт и култура (1.4 %), алкохолни пијалаци и тутун (1.2 %), како и храна и безалкохолни пијалаци (0.7 %). Пораст е регистриран и кај облека и обувки, лична нега и комуникации (0.6 %), ресторани и сместување (0.4 %), ...

Вчера (6.05.2026) во 13:30 часот во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(37) од Гостивар. „При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 денари. Потоа, во 21:40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и Џ.М.(38) од село Здуње, гостиварско, ...

Сончевата светлина е главниот извор на витамин Д, но некои збогатени пијалаци може значително да придонесат за дневниот внес. Збогатениот сок од портокал обично дава околу 100 меѓународни единици витамин Д по чаша, а постојат пијалаци со уште повисока содржина. Млекото обично се збогатува со витамин Д и нуди приближно 117 меѓународни единици по чаша. Слично, растителните млека кои се збогатени — на пример од соја и бадем — може да даваат ...

Во рамки на одбележувањето на 7 Мај, Денот на македонската полиција, во Гостивар се организираше отворен настан посветен на пријателството и соработката помеѓу полицијата и заедницата. Активноста се одржа во средното општинско училиште во Гостивар, кадешто полициските службеници ја претставија својата работа и опремата пред учениците и граѓаните. Настанот беше искористен и за презентација на специјалните возила и уреди што полицијата ги ...

Цените на угостителските услуги во април 2026 се зголемени за 0.6 % во однос на март, а за 2.8 % споредено со април минатата година, соопшти Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – април 2026, цените пораснале за 3.0 % во однос на истиот период лани, а за 0.6 % во споредба со декември 2025. По категории, во април најмногу пораснале цените на храната (0.8 %), потоа на алкохолните пијалаци (0.2 %) и на безалкохолните пијалаци (0.1 ...

За нов претседател на Клубот на млади на ОО Црвен крст Гостивар е избран Ерин Сулејмани, додека за заменик-претседател Ивана Трпеска. Тие го добија мандатот 2026–2028 година на изборите за ново раководство на клубот коишто се одржаа вчера (6 мај) во просториите на Црвениот крст Гостивар. На изборите беа изгласани и членовите на новото координативно тело: Дорарт Јонузи, Рејхан Алији, Марио Василески, Џан Бајрами и Јована Дабевска. „Честитки ...

Актерот Атила Клинче е еден од четирите добитници на наградата за животно дело што ќе ја додели Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на јубилејното 60. издание кое ќе се одржи во Прилеп од 5 до 12 јуни. Останатите добитници се: режисерот Сашо Миленковски, актерот Веби Ќерими и Љубомир Чадиковски, сценограф и основач на Театарот за деца и младинци. Клинче, актер во пензија од Театарот на народностите – Турска драма е роден во ...

Во Македонија денеска се одбележува Денот на македонската полиција – 7 Мај. Активност по тој повод ќе биде организирана и во Гостивар. Како што најави СВР Тетово, во кругот на гостиварската гимназија во периодот од 10 до 13 часот ќе се одржи настан на кој граѓаните ќе имаат ретка можност одблизу да се запознаат со полициската професија. Предвидени се технички тактички активности, изложување на материјално-технички средства, дел од опремата ...

Цените на нафтата на меѓународните пазари во средата забележаа силен пад, откако се појавија информации дека САД и Иран се приближуваат кон рамковен договор што би можел да го намали притисокот врз глобалното снабдување со енергенси. На лондонскиот пазар, цената на барел нафта од типот „брент“ се спушти под 100 долари, првпат од 22 април. Американската WTI нафта исто така забележа значително поевтинување. Пазарите реагираа на информациите ...

Општина Гостивар информира дека денес (6 мај) ќе започнат работите за реконструкција на улицата „101“ во должина од околу половина километар, од кружен тек кај „Турбо“ до крстосницата со улицата ЈНА, во близина на „Макпетрол”. „Додека се изведуваат градежните работи, сообраќајот ќе се одвива со редуциран режим. Ве повикуваме да ја почитувате привремената сигнализација и да користите алтернативни патишта. Ве молиме за разбирање и однапред ви ...

Градскиот мешан хор „Балтепе“ во недела (19 април), ќе одржи целовечерен концерт во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар. Концертот е насловен „Блесоглас“, а на програмата се застапени духовни и световни хорски дела од реномирани композитори, меѓу кои Лука Маренцио и Добри Христов, познати композиции од Стефан Гајдов: „Леле Јано“, „Калеш бре Анѓо“ , обработки на традиционални композиции од Глигор Кондовски, како и делото „Голем ...

Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти, информира ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава дека набрзо ќе има избори, посочи дека во моментот фокус на Владата се реформи и консолидирање, а избори како што рече ќе се одржат пролетта 2028-та година. „Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и ...

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на акушерките, 5 мај под мотото „Еден милион повеќе акушерки“. Целта е потсетување за важноста на оваа професија во унапредувањето на здравјето и добросостојбата на мајките, новороденчињата и нивните семејства. „Акушерките имаат особено значајна улога во обезбедувањето сеопфатна грижа за време на бременоста, породувањето и постпарталниот период.“, потенцираат од Министерството за здравство. ...

Емоција, креативност и силни пораки, обединети ученици, професори и уметници во заедничка мисија: негување и зачувување на македонскиот јазик. Во ваков дух помина свеченоста која се одржа вчеравечер во Гостивар во чест на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Настанот посветен на јазикот како темел на националниот идентитет и културното наследство, започна со интонирање на химната, по што се прикажа дел од документарниот филм „Аз, Буки, ...

Вчера (4.05.2026) во 16:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во населба Фазанерија, малолетник од Гостивар, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Гостивар, информира полицијата. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар. Вчера (4.05.2026) во 16:30 часот во ОВР Гостивар е ...

Денешниот датум, 1 Мај ширум светот се одбележува како Ден на трудот, со цел да се даде акцент на борбата за унапредување на правата на работниците. Денот е востановен во чест на жртвите во штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго, организиран од работници со барање работното време да се скрати од 12 на 8 часа. Во знак на почит кон жртвите, Втората интернационала на основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
2.68
67%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
72%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.51
73%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
78%
1018
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
0.45
67%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
94%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Кобалт

45.39