Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која бензините поскапуваат за еден денар по литар. Промена во цената на дизел горивата нема. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,5, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе се продава за 71, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 70 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,022 денари по килограм се зголемува и малопродажната ...

Се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со сите нив се одржува постојан контакт и се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација. – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 2 до 14 степени. Во вторник и среда, според метеоролошката прогноза нѐ очекува сончево и топло време со дневна температура која ќе достигне до 17 степени. Во четврток ќе има наоблачување и услови за врнежи во попладневните часови, додека во петок времето ќе се разведри. Во текот на сите ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД и оти неодамнешниот „гренландски момент“ треба да се сфати како повик за будење за спроведување на долго одложуваните економски реформи и зајакнување на глобалната моќ на Европската унија. Во интервју објавено во неколку европски весници, Макрон рече дека Европа не треба да го замени привременото смирување на тензиите со ...

Нов случај на фатено лице зад волан без возачка дозвола во Гостивар. СВР Тетово извести дека ноќеска 45 минути после полноќ, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Г.Н.(26) од Гостивар. „При контрола во патниот сообраќај на ул. „Гоце Делчев“, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека Г.Н. нема возачка дозвола. ...

Секој од нас има свое „омилено“ доба од денот. Некој е најсвеж наутро, друг оживува навечер, а има и такви што најдобро функционираат во текот на денот. Иако често го сметаме ова за навика, истражувањата покажуваат дека нашиот дневен ритам може многу да открие за карактерот, работните навики и дури за изборот на професија. Утрински типови: Дисциплина, ред и резултати Утринските луѓе обично се организирани, фокусирани и сакаат јасна структура. ...

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција. Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информациите од иранската опозиција. Нападите се насочени и кон локации од кои Иран може да ...

Родители на ученици во ООУ „Гоце Делчев“ Гостивар поттикнаа иницијатива, со цел расчистување и средување на дворниот простор на училиштето во кој секојдневно престојуваат децата. Како што извести училиштето преку социјалните мрежи, родителите Горан Зарески и Дарко Антески презеле конкретен чекор и исчистиле значителен дел од училишниот двор, а нивниот пример добива поддршка од училиштето со чекор акцијата да прерасне во поширока ...

СВР Тетово соопшти дека вчера (28.02.2026) во 21:25 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.З.(27) од Долна Бањица, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка, дека и праќал пораки со заканувачка содржина, а потоа ја повикал пред нејзината зграда, каде почнал агресивно да се однесува и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од други ...

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во рамки на посетата на Македонија, денеска престојуваше и во Гостивар, каде што оствари средба со градоначалникот Валбон Лимани, по што следуваше свечен настан во општинската сала. Во своето обраќање, Лимани меѓудругото истакна дека Албанците се среќна нација затоа што, како што рече, имаат неколку претседатели: државни, но и национални претседатели. „Драг претседателе, во овие времиња на политички ...

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 март 2026. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...

Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. – Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака, се наведува во ...

Друштвената мрежа Инстаграм, која е во сопственост на компанијата „Мета“, наскоро ќе започне со нов систем на известување на родителите доколку нивните деца користат пребарување на содржини поврзани со самоубиство или самоповредување. Почнувајќи од наредната недела, родителите кои ја користат алатката за надзор на апликацијата ќе добиваат известувања преку е-пошта, СМС или WhatsApp доколку нивното дете во кус временски период повеќепати ...

Вчера (27.02.2026) во 17:10 часот на патот Тетово-Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.А.(23) од Чегране. „Полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека Н.А. го управувал возилото и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Возилото е одземено и по целосно ...

Во врска со актуелната безбедносна состојба во регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги повика македонските државјани кои престојуваат на територијата на Државата Катар, Обединетите Арапски Емирати, Државата Кувајт и Кралството Бахреин внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции во земјите домаќини. Од Министерството информираат дека состојбата се ...

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. „Истовремено, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите ...

Уставниот суд информира дека од 4 март, за првпат во историјата, јавноста ќе може да ги следи седниците во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот на YouTube и Facebook. „Со воведување на овој модел на транспарентност се отвора ново поглавје во односот меѓу институцијата и граѓаните. Секој граѓанин ќе може во реално време да види како се водат расправите, кои аргументи се соочуваат во процесот на одлучување, како ...

На денешната седница на Советот на Гостивар беше изгласан Предлог-планот за воспоставување на контејнерски пунктови во градот, со што општината најавува посеопфатен пристап кон управувањето со комуналниот отпад. Според планот, комуналното претпријатие треба да постави околу 200 контејнери главно на постоечки, но и на некои нови локации низ градот. Сафет Асани, од Општина Гостивар, информираше дека веќе се утврдени местата на кои ќе бидат ...

По убедливото издание против Азербејџан на домашен терен во СРЦ „Кале“ и значајната гостинска победа над Ирска во Даблин, македонската кошаркарска репрезентација вечерва (18:00 часот) ќе се обиде да ја продолжи победничката серија во „А“ групата од претквалификациите за пласман на Евробаскет 2029. Во реновираната сала во „Градски парк“ во Скопје, нашите најдобри кошаркари ќе атакуваат на трета победа по ред, триумф што би значел нови два бода ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информираат дека во тек е исплатата на образовниот додаток за вториот мерен период од учебната 2025/2026 година. „Исплатата на образовниот додаток се реализира во четири мерни периоди во текот на учебната година. Исплатата за првиот мерен период се врши во текот на декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во февруари во наредната календарска година, за третиот ...

Во многу домови особено во зимскиот период проблем се влагата, кондензацијата и појавата на мувла. Финците, познати по нивната способност да се справат со студената клима, применуваат едноставен пристап наречен „шок-проветрување“, кој се смета за поефикасен од постојано држење на прозорците „на кип“. Методот подразбира два до три пати дневно целосно отворање на прозорците на спротивни страни од домот, во траење од три до пет минути. Во тој ...

Неодамнешните поплави коишто се случија на повеќе локации на подрачје на Гостивар, а од кои најпогодено беше селото Форино, се најдоа пред советниците на денешната седница на советот. Предлогот да се дискутира за поплавите дојде од советникот од Националната алијанса за интеграција, Садри Салиу, кој од говорницата меѓудругото истакна: „Поплави се случуваат, тоа е природна непогода, но во овој случај и самите сме виновни. Во Вардар има многу ...

Селекторот на машката сениорска кошаркарска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот список на играчи за претстојниот февруарски ФИБА „прозорец“, во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2029. Новиот предводник на националниот тим се одлучи за комбинација од искусни имиња и интернационалци, со вкупно 16 кошаркари на кои ќе смета за дуелите со Луксембург и Азербејџан. Подготовките на репрезентацијата ќе се одвиваат во ...

Во сабота (28.02.2026) ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим во Гостивар поради официјалната посетата на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Како што соопшти СВР Тетово, Полициското одделение за безбедноста на патниот сообраќај Гостивар ќе презема мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Гостивар. Бегај ќе биде во престој и на Тетово, кадешто исто така ќе има посебен ...

Продолжува трендот на намалување на бројот на заболени. Според податоците на Институт за јавно здравје, минатата недела регистрирани се 1.113 случаи на грип, што е за 3,2% помалку во однос на претходната недела, кога беа пријавени 1.150 случаи. Најголем број заболени се евидентирани во Скопје, 669 случаи. Потоа следуваат Струмица со 81, Прилеп со 61 и Тетово со 50 заболени лица. По 37 случаи се регистрирани во Гевгелија и Охрид. Во Битола, ...

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички. Засилената автентикација има за цел да обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите кај банките преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при извршувањето на плаќањата без физичко присуство, ...

Царинската управа сооопшти дека Секторот за контрола и истраги откри и спречил обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава заради сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. „Осомничениот е застанат за контрола од страна на мобилен царински тим, во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен ...

На денешната седница на Советот на Општина Гостивар беше донесена одлука за финансиска поддршка на Кошаркарскиот клуб Гостивар. Како што беше речено на седницата, согласно поднесеното барање, на КК Гостивар ќе му бидат доделени 2 милиони денари, пари кои ќе се обезбедат од годинешниот општински буџет. Одлуката беше донесена едногласно. При дополнување на дневниот ред, советникот Владимир Нанчески од ВМРО-ДПМНЕ предложи да бидат доделени ...

Времето денеска (петок) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 14 степени. Утре (сабота) ќе владее сончево време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Не се ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2 денари по литар, во однос на цените утврдени со одлуката од 23 февруари 2026 година, одлучи РКЕ. Со најновата корекција, цената на дизелот после полноќ ќе изнесува 71,00 денар за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 70,00 денари за литар. Од друга страна, цените на бензините остануваат непроменети. ЕУРОСУПЕР ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Загреб

5ᴼ / -1ᴼ
0.51
82%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.21
62%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.34
82%
1025
weather icon

Љубљана

5ᴼ / -1ᴼ
1.03
92%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
71%
1024
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
87%
1023
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
87%
1024
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
68%
1025
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.79
63%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
100%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Рутениум

45750.51

Родиум

368126.05

Калај

51.64

Злато

166049.28

Иридиум

221848.72

Бакар

11.80

Паладиум

52823.68

Кобалт

66.14

Платина

69606.37

Сребро

2704.52

Цинк

3.28

Алуминиум

3.35