Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Со предложените измени на Законот за високо образование, ДПМНЕ уште еднаш покажува дека образованието го гледа како елитистичка привилегија. Министерката предложува зголемени критериуми за избор во наставно-научни звања, барајќи од 6 до 7 научни трудови, од кои најголем дел во списанија со импакт фактор од Web of Science и Scopus. Она што намерно се премолчува е дека објавувањето во овие списанија чини илјадници евра по труд, средства кои ...
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти денеска Агенцијата. Со контролите утврдено е дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За утврдените недоследности со ...
Основното јавно обвинителство Струга предложи определување мерки на претпазливост -забрани на две правни лица од Велешта да ги посетуваат парцелите во селото Шум каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето. Како што се наведува во соопштението, преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото ...
Норвешка го задржа водството на табелата на освоени медали пред завршниот натпреварувачки викенд на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 во Милано и Кортина. Норвешките спортисти се лидери на табелата со 17 златни, 10 сребрени и 10 бронзени медали. Американците се втори (10-12-7), а домаќинот Италија е на третата позиција (9-5-13). На ЗОи2026 денеска ќе бидат доделени десет комплети медали. Табела на освоени медали по 14 ден на ЗОИ 2026. ...
Северната команда за воздушна одбрана на САД (НОРАД) соопшти дека вчера испратила воени авиони за да пресретнат пет руски авиони што летале во меѓународниот воздушен простор крај западниот брег на Алјаска, нагласувајќи дека руските авиони не биле непосредна закана. Командата соопшти дека забележала и следела два руски бомбардера Ту-95, два борбени авиона Су-35 и еден шпионски авион А-50 што летале во близина на Беринговиот Проток. Како ...
На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик денеска во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, донација од голем број клучни книги за македонскиот јазик, книжевност, култура и историја тргнува кон Љубљана., соопштија од „Матица македонска“. Од „Матица македонска“, од каде што и почна иницијативата за дарување книги и „Алкалоид“, првата општествено одговорна компанија што се приклучи кон иницијативата, заеднички донираат капитални ...
Секојдневно пред очите на целокупната јавност излегуваат сведоштва за злоупотреба на институциите, притисоци и уцените за време на владеењето на СДС и ДУИ. Власта на СДС беше одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Судиите и ...
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со 32 поени, девет скокови и седум асистенции во три четвртини го предводеше измината ноќ Денвер до рекордна победа од 157-103 над домаќинот Портланд во НБА лигата. Постигнатите 157 поени се најмногу од страна на НБА тим оваа сезона и шести најголем број поени во натпревар во историјата на Денвер. Воедно, Денвер постави рекорд во регуларната сезона со победа со разлика од 54 поени и ,исто така, го постигна ...
Најмалку 11 лица се повредени во украинскиот напад врз руската република Удмуртија, регион познат по својата одбранбена индустрија, соопштија денеска тамошните власти. Три лица се пренесени во болница, објави регионалниот министер за здравство на републиката, Сергеј Багин, на Телеграм во главниот град Ижевск. Нема потврда дали цел на украинскиот напад била фабриката за оружје во Воткинск, околу 50 километри североисточно од Ижевск, која ...
Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка – минус три степени, а највисоката во Кавадарци – седум степени. Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи во Берово е измерен минус еден степен, Маврови Анови нула, Претор, Струмица и Kрушево еден, Крива Паланка, Охрид и Битола два, Прилеп и Штип три, Тетово и Виница четири, Скопје-Петровец и Велес пет, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Гевгелија шест. Количината ...
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај а власта сѐ луксузира врз грбот на народот. Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се ...
Во финалето на турнирот во хокеј на мраз на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано, очекувано ќе играат Канада и САД. Најпрво во полуфиналните пресметки, Канада ја победи Финска со 3-2 (0-1, 1-1, 2-0), додека САД беа многу поубедливи против Словачка, триумфирајќи со 6-2 (2-0, 3-0, 1-2). САД досега ја освоија олимписката титула двапати, а имаат и осум сребрени медали. Последниот медал го освоија во 2010 година во Ванкувер, кога загубија во ...
Холандската штафета на кратки патеки во брзо лизгање, во состав Јенс ван ’т Ваут, Меле ван ’т Ваут, Теун Бур и Фрисо Емонс, ја освои титулата во трката на 5.000 метри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано. Во неизвесно финале во кое позициите се менуваа од рунда во рунда, Холанѓаните ја минаа целта за 6:51,847 минути. Сребрениот медал го освои Јужна Кореја (Дехеон Хванг, Џонгмин Ли, Џунесео Ли, Јунгун Рим), пред бронзената Италија ...
Администрацијата на претсеадтелот на САД Доналд Трамп е подготвена да разгледа предлог што би му овозможил на Иран да задржи „симболични“ капацитети за збогатување на ураниум, под услов Техеран целосно да се откаже од можоста за рзвој на атомска бомба, изјавиле високи американски функционери за „Аксиос“. Иако постои мала можност за договор, американските претставници велат дека евентуалниот компромис со Иран ди требало да исполни многу ...
– Душко и Даница Тимови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал кој се одржа во Хотелот “Сириус“ во Струмица. Тие се дел од маската „Диско забава – кралеви на подиумот“ и вечер (18 часот) заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат големото дефиле на Струмичкиот карневал. На вечерашното карневалско дефиле се очекува да учествуваат 39 групи во различни категории со учесници од земјава и ...
Пред четири години претседателот Пендаровски ја одведе 11 годишната Ембла во нејзиното училиште откако беше оставена сама да посетува настава поради бојкот на родителите на нејзините соученици. Што се промени оттогаш? Пишува Соња Крамарска Ембла Адеми чија фотографија на која претседателот на Македонија ја држи за рака и ја води во училиште го обиколи светот – сѐ уште оди во истото училиште „Единство и Башкими“ од Гостивар. Сега е ...
Почитувани мои читатели, политичката реалност во Македонија е сурова. Омразата меѓу партиите на власт и опозицијата, влезена е во сите сегменти на нашето живеење. Кога омразата ја шират врвни политичари, тогаш и поддржувачите на тие политички партии уште повеќе ќе сеат омраза. Омразата не е политика, таа е пораз! Политичкиот антагонизам води кон стагнација на општествениот развој на државата. Цената ја плаќаме ние, граѓаните, бидејќи ...
Конференцијата на тема „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“ продолжува денеска во Скопје, со воведни обраќања и три панел дисусии, а на неа меѓу другите ќе се обратат премиерот Христијан Мицковски и поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Конференцијата, која е во организација на Паневропската Унија на Македонија, во соработка со Паневропската ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска соопшти дека официјалниот број на жртвите во антивладините протести што избувнаа во Иран во декември и јануари е 3.117, пренесува ДПА. – Исполнувајќи го нашето ветување за целосна транспарентност кон сопствениот народ, иранската влада веќе објави сеопфатен список на сите 3.117 жртви на неодамнешната терористичка операција, вклучувајќи околу 200 офицери. Доколку некој ја оспорува ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, откако Врховниот суд вчера ги укина неговите царинските тарифи од април минатата година. – Голема чест ми е да потпишам во Овалната соба глобална тарифа од 10 проценти за сите земји, која стапува во сила речиси веднаш, напиша Трамп на Truth Social. Неколку часа претходно, Трамп ja најави за мерката, велејќи дека новите тарифи од 10 ...
– Најмалку 10 лица беа убиени, а 50 ранети во израелски напад во долината Бека во Либан. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале командни центри на Хезболах во областа Баалбек, дел од долината Бека. Хезболах сè уште не го коментирал инцидентот. Според изралекси извори, меѓу загинатите е и висок претставник на Хезболах. Нападот е меѓу најсмртоносните регистрирани во источен Либан во последните недели и ризикува да го наруши ...
Американската војска соопшти дека нападнала брод во источниот Пацифик за кој тврди дека бил вмешан во трговија со дрога, при што загинале три лица. Јужната команда на САД (USSOUTHCOM) објави снимки од нападот на својата веб-страница и соопшти дека бродот бил „вклучен во операции за трговија со дрога“. Порано оваа недела, уште три брода биле погодени во Пацификот и Карибите, при што загинале 11 лица. Американската војска соопшти дека ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до шест, а максималната ќе достигне од четири до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до ...
Вооружен напад е спречен денеска во Тетово, по брзата интервенција на тетовската полиција, објави Тетова Сот. Полициските сили веднаш интервенирале на терен и привремено го блокирале главниот пат во близина на кружниот тек познат во јавноста како „Мема“, со цел да се спречи инцидентот и да се гарантира безбедноста на граѓаните. Се трага по 15 годишен убиец Од друга страна, Алсат дознава дека малолетник на околу 15 години од тетовското село ...
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон треба да сведочат пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом следната недела во рамките на истрагата за Џефри Епстин, изјави денеска портпаролката на Комисијата. Исказите ќе бидат дадени во Чапаква, во сојузната американска држава Њујорк, на 26 и 27 февруари, пренесе Ен-Би-Си Њуз. Двојката Клинтон не се обвинети за какво било нелегално ...
НАСА денеска повторно изрази оптимизам откако втората копнена проба за нејзината мисија за испраќање екипаж околу Месечината веќе следниот месец покажа значителен напредок по претходните технички проблеми. Администраторот на НАСА, Џаред Исакман, на Х соопшти дека втората таканаречена „влажна генерална проба“ (wet dress rehearsal), симулација на целосно одбројување за лансирање без полетување, претставува „голем чекор кон враќањето на Америка ...
Хокеарската репрезентација на Канада е првиот финалист на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 во Милано, откако во полуфиналето вечерва го совлада бранителот на титулата Финска со 3-2 (0-1, 1-1, 2-0). Канаѓаните и Финците прикажаа фантастична хокеарска претстава, при што Финците водеа со 2-0, но Канаѓаните успеаја целосно да го свртат резултатот со гол на 35 секунди пред крајот. Во финалето в недела од 14:15 часот, Канада ќе игра против ...
Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ) побара денеска од ФИФА и УЕФА строго да ги казнат инволвираните во случајот на расизам против фудбалерот на мадридски Реал, Винисиус. Во писмото се бара од ФИФА и од УЕФА да го истражат случајот и да преземат сите потребни мерки за да ги идентификуваат и казнат одговорните за расистичките изјави. Натпреварот во Лисабон против Бенфика од нокаут фазата во Лигата на шампиони, кој Реал Мадрид го доби со ...
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше најбрз на денешното тестирање во Бахреин, последно пред почетокот на новата сезона во Формула 1. Леклер постигна резултат од 1:32,992 минути и извозе 132 круга. Втор беше актуелниот шампион, возачот на Мекларен, Ландо Норис, со заостанување од 0,879 секунди, возејќи 47 круга, а трет возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, со заостанување од 1,117 секунди, возејќи 65 круга. Новата сезона започнува на 8 март со ...