Режисерката Дина Дума ја освои Nora Ephron Award на Tribeca Festival во Њујорк за својот втор долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, кој ја имаше својата светска премиера во рамки на фестивалот. Nora Ephron Award е специјално признание што се доделува на исклучителна жена филмска авторка која го претставува духот и визијата на легендарната американска сценаристка, режисерка и писателка Нора Ефрон. Со ова признание, Tribeca ја ...

Додека раководството на СДСM и нивниот претседател Венко Филипче, познат како специјален пратеник на Бугарија во Македонија или народски кажано – слуга на официјална Софија, гледаат само да распродадат се македонско, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните и секојдневно работи за подобар животен стандард. Колку за илустрација во таа насока се и активностите деновиве за привлекување на странски инвеститори, се вели во соопштението ...

Авторката Славица Андреева од Струмица за песната „Порака од пчелките“ ја доби првата награда – златната плакета со пригодни подароци на Деветтиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2026“ што вчера се одржа во големата сала на Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Втората награда – сребрена плакета со пригодни подароци и припадна на авторката Јулијана Димитриевска од Скопје за песната „Принцеза“, а третата награда – бронзена плакета ...

Општина Илинден успешно го реализираше капиталниот инфраструктурен проект за целосна реконструкција на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, со што значително се унапредуваат условите за сообраќај, безбедноста и локалната поврзаност, информираат од локалната самоуправа. Проектот, како што велат, претставува една од позначајните инвестиции во патната инфраструктура на општината, обезбедувајќи современа, ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12-годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски беше во Волково, во општина Ѓорче Петров, каде го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „101“. -За првпат откако е изградена, целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково! Денес, заедно со пратеникот Бојан Стојаноски, сме во Волково, општина Ѓорче Петров, каде го означуваме почетокот на реконструкцијата на една од најважните ...

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР-Скопје вчера во 23:45 часот на патот помеѓу селата Шишево и Грчец на подрачјето на општина Сарај ги лишија од слобода Н.С.(54) од село Сарај и Р.С.(58) од село Крушопек. При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ...

СДСМ повторно продава илузии како во минатото со предизборните бајки за младите, истите оние млади кои токму за време на нивното владеење масовно ја напуштаа Македонија во потрага по подобар живот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Бојан Цветаноски од СДММ. По седум години власт, СДСМ нема кредибилитет да зборува за младински политики. Ако навистина знаеле како да ги задржат младите, зошто десетици илјади ...

На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од страна на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2026 до 01.05.2026 година. Комисијата, согласно одредбите на истиот, по завршувањето на предвидените фази за својата работа, на состанокот одржан на 10 јуни го утврди поширок избор од 10 автори: 1. ...

СВР-Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од ...

Прекин во водоснабдувањето денеска ќе има за корисниците на неколку улици во Скопје. ЈП Водовод и канализација најавува прекин на водоснабдување денеска за корисниците на улиците „Бул Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“ од 8:00 часот изутринава. Прекинот ќе биде поради поправка на затворач со пречник од 300милиметри на двете улици, а ќе трае до завршување на работните активности. Од 8:00 часот прекин во водоснабдувањето поради поправка на ...

Концертна манифестација „Центарска Симфонија“ ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот, на Плочник – Градски Ѕид во центарот на Скопје. „Центарска Симфонија“ е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, со цел збогатување на културниот живот и доближување на квалитетната музичка уметност до пошироката јавност. -Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите ...

Филипче е на страната на бугарските барања за Уставни измени, а ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интереси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Уставните измени не се последната, туку првата отстапка од низата барања кои Бугарија сака да ги наметне на Македонија. Отворањето на Уставот значи отворање на Пандорината кутија за нови условувања, нови притисоци и нови удари врз македонскиот идентитет. Капитулантската политика на ...

Младите остануваат во центарот на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ покажува со дела, а не со зборови. Намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места остануваат врвен приоритет на Владата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Со зголемени средства за мерките за вработување и јасен фокус кон младите, резултатите се веќе видливи. Само преку Оперативниот план за вработување ...

Стратешкото партнерство со Турција добива нова димензија преку економската соработка и поттикнувањето на инвестициите, во согласност со визијата на ВРЕДИ за одржлив развој, конкурентна економија и повеќе можности за граѓаните, стои во соопштението на ВРЕДИ. Учеството на првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на Бизнис форумот Турција-Македонија во Истанбул е доказ за активниот ...

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој ги обединува стопанските комори од регионот на Западен Балкан. На седницата одржана во Белград, Република Србија, Азески беше едногласно избран со мандат да спроведе темелни корекции во структурата на КИФ и на Бизнис советот, составен од најголемите компании од регионот. Како што инфомрираат од Комората, во ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во попладневната програма на МРТВ ги покани граѓаните на второто издание на „Центарска симфонија“, музички спектакл под отворено небо, кој ќе се одржи утре со почеток во 19:30 часот на „Плочник“ во Градски Ѕид. „Јас, како градоначалник, во изминативе години многу инвестирам во културата и во културните настани што се одржуваат низ годините. Буџетот за култура е зголемен на 25 милиони ...

Градоначалникот на Скопје денеска одржа редовна координативна средба со градоначалниците на општините на територијата на град Скопје и претставници од општините, на која биле дефинирани следните чекори за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на главниот град. – Денес, заедно со моите колеги, градоначалниците на општините на територијата на град Скопје и претставници од општините, одржав редовна координативна средба, на која ги ...

Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата – истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во мегаинтервјуто, што ќе биде ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во Народната канцеларија во Скопје, се сретна со претставници на граѓанското здружение САНО, кое ги обединува родителите и децата што го победиле или сè уште се борат со канцерот. На средбата, како што информираа од Кабинетот на претседателката, претставниците на САНО ја информирале за минатата и за тековната работа на здружението, како и за проблемите и предизвиците со кои се соочени. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во Народната канцеларија во Скопје, оствари средба со претставници на Здружението на воените ветерани и воените инвалиди „Братство 2001“. На средбата, информираат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, присуствуваа Владо Томески, претседател на Здружението, Петар Јанчевски, Мики Ристовски и Сашко Голубовски. Според нив, Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на ...

Со серија активности и донации наменети за поддршка на локалната заедница, Рудник Саса денеска одбележува значаен јубилеј – 20 години од рестартирањето на рудникот. Реализираните активности и донации како што информираа од компанијата се уште една потврда за долгорочна посветеност на Рудник Саса кон развојот, благосостојбата и просперитетот на средината и земјата во која работи. Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од рестартирањето ...

Паника и страв утрово околу 6 часот доживеале станарите на нова станбена зграда во Кисела Вода, откако избувнал пожар пред влезот на објектот. Се запалил орман на ЕВН, при што гореле електрични кабли и броила, информираат од Републичкиот центар за управување со кризи. Интервенирано е со едно возило и петмина пожарникари. Материјалната штета сѐ уште се утврдува. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за ...

Уште едно успешно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Шеесеттото издание годинава понуди богата содржина со бројни претстави, промоции и изложби. Наградата за уметничко остварување на претстава во целина оди во рацете на ансамблот на Македонскиот народен театар за претставата „Страв и надеж“. „Јас, како традиционалист или конзервативец, можам да кажам дека со некои претстави можеби не се согласувам, но имам око и ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека се почнати активности за уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде се поставува нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани. -Го уредуваме еден од најубавите паркови во Скопје. Парковите се белите дробови на градот. Таму децата растат, семејствата создаваат спомени, младите се дружат, а ...

Македонија и Турција ќе работат на воспоставување карго железничко поврзување меѓу двете земји, со цел да се забрза транспортот на стоки и да се зголеми трговската размена. Ова било договорено на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министерот за транспорт на Турција, каде што се разговарало за унапредување на економската и инфраструктурната ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Истанбул учествуваше на бизнис-форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, со цел ...

Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска беше потпишан Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence) меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за правда и француските партнери. Како што соопштуваат од МЖСПП, меморандумот го потпишале заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане ...

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола изразува благодарност до министерката за образование и наука, професор д-р Весна Јаневска, за нејзината поддршка и заложба за развој на високото образование, како и до сите пратеници кои ја препознаа важноста на законското решение со кое Високата медицинска школа во Битола прераснува во Факултет за медицински науки и здравство. Од УКЛО информираат дека донесената одлука претставува значаен исчекор ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.31
36%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.95
44%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
39%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.61
41%
1018
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
54%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.36
58%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
3.67
36%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.81
36%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.55
85%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Бакар

13.01