Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип кои интервенираат со сите расположиви средства. Засега нема информации за повредени. Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите над градските гробишта во Штип. Градоначалникот на општина Штип ...

Собранието вечерва, со 62 гласови против, 21 „за“ и ниту еден воздржан, ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина поради, како што истакнаа, катастрофалните резултати, намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, коруптивните ...

Со забрзано темпо се спроведуваат реформите поврзани со европската интеграција на земјата, оцени евроамбасадорот Михалис Рокас. Според него, и покрај одредени доцнења во исполнувањето на обврските, во изминатиот период е постигнат видлив напредок во нивната реализација. Рокас очекува до крајот на месецот Собранието да ги разгледа и усвои преостанатите реформи, по што Европската комисија ќе ја направи конечната оценка за постигнатите ...

Немојте да изнесувате само политички флоскули дека нешто е катастрофално. Дворот беше премногу валкан и презадолжен – таква ситуација наследивме од вашите седум години власт. Да имавте барем малку доблест да работите домаќински и економски, денеска ќе беше многу поинаква ситуацијата – им порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на пратениците од опозицијата, кои бараат негова интерпелација. Трипуновски ...

Водата на скопската територија е безбедна за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг- активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие биле земени 40 примероци од скопската водоводна мрежа. – Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ...

Претставници на Министерството за внатрешни работи од Одделот за внатрешна контрола биле во посета на албанската Агенција за надзор на полицијата. Како што соопштија попладнево од МВР, делегација од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, предводена од помошник на министерот, м-р Ивица Станковски, во организација на DCAF, Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, одржала работна посета на ...

На маргините на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Република Косово.  На средбата обете изразија подготвеност за унапредување на македонско-косовските односи во интерес на стабилноста и европската иднина на регионот. Сиљановска-Давкова упати честитки за успешното спроведување на ...

Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговорите на земјата со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите поврзани со историската комисија – изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). – ...

Нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев, одлучи вечерва Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој ги потврди одлуките што претходно денеска ги донесе ИК за со кои се избрани над 30 нови претседатели на општински комитети на партијата. ВМРО-ДПМНЕ, соопшти партискиот прес-центар по седницата на ЦК, се реструктуира и реорганизира за да донесе нови успеси за Македонија. – Миле Лефков е ...

Филмот „Утре наутро“ триумфира во регионот – освои пет награди и обезбеди регионална телевизиска дистрибуција. Воедно, најавено е и новото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“, кој ќе се одржи од 8 до 15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија. Кој е патот до меѓународен успех, кои се најголемите предизвици за домашните автори и каков е интересот за фестивалот „Преку езерото“? Мила Тодорова разговара со режисерот Јани Бојаџи. Филмот ...

Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Со трансферот, како што информираат од МФ, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. -Ова претставува 92 отсто ...

Дигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на конференцијата „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“, што се одржува во Скопје во организација на Амбасадата на САД, во име на Бирото за киберпростор и дигитална политика (CDP) при Стејт департментот. ...

Фемицидот да се третира како најтешко кривично дело со можност за доживотен затвор, заострување на казнената политика, силен институционален одговор, професионализација на службите, законска одговорност, се вметнати во заклучоците што денеска ги изгласаа членовите на Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите на 9-тата седница. Претседателката на Комисијата, Жаклина Пешевска, рече дека по исцрпните дискусии изнесени на јавната ...

Ние видливо ставаме фокус на полициентричен развој на државата преку поддршка на сите општини бидејќи развојот не смее да се концентрира само на едно место или само во еден регион – истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински пред членовите на собраниската Комисија за локална самоуправа образложувајќи го предлогот за изменување и дополнување на стратегијата за регионален развој на земјава за периодот 2021 – 2031 година. ...

Генералниот секретар Марина Димовска предводи делегација на службата на Собранието, во состав Бобан Стојаноски, заменик на генералниот секретар, Елена Доцевска-Божиновска, државен советник за политички систем, Сања Богатиновска, раководител на сектор за работни тела на Собранието од областа на политичкиот систем, Данчо Јаневски, раководител на сектор за работни тела на Собранието од областа на финансискиот и економскиот систем и јавните ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори втората седница на мониторинг-комитетот за инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествуваа претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери. Во своето обраќање Сали истакна дека Македонија останува целосно посветена на ...

Проширувањето веќе не е само технички пристапен процес. Тоа е стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан – порача шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во обраќањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржа денска во Софија ...

Денеска завршува учебната 2025/2026 година. Година која беше подобра од претходната и во која воведовме многубројни новини во воспитно-образовниот процес во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на ...

Економскиот развој на Македонија за ВЛЕН е тесно поврзан со продлабочувањето на стратешките партнерства и конкретната соработка со пријателските земји, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Во таа насока, по повеќе од 12 години, Македонија и Турција го обновуваат дијалогот на високо ниво за патниот транспорт, што претставува значаен чекор кон зајакнување на економската и институционалната соработка меѓу двете земји. Во Скопје, ...

Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз. Како што информираат од ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажува дека европскиот пат е можен и без национални понижувања. Македонија е лидер во реформите и Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, без да се продава идентитетот, без да се редефинира историјата и без да се релативизира македонскиот идентитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа им пречи на СДСМ и на Филипче и затоа упорно тврдат дека без отстапки нема напредок. Затоа граѓаните ги ...

Приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“ ќе им овозможи на граѓаните на Македонија да користат пакети за мобилни услуги, интернет, повици, СМС пораки, во земјите од ЕУ, по цени исти како и дома. Ова претставува директна придобивка од европската интеграција, која ќе донесе пониски трошоци за граѓаните, полесна комуникација со семејствата, пријателите и деловните партнери во Европа, како и подобри услови за работење на компаниите и ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека успешно се менаџира растот на бруто домашниот производ и на јавниот долг кој, според неа, е под строга контрола и сè уште е под 60 проценти од БДП. Како што изјави вечерва, состојбата со јавниот долг апсолутно не треба да загрижува и годинава ќе биде исполнета обврската за фискалана консолидација. – Не, апсолутно не треба да не загрижува. Не само сега, туку многу пати и во ...

Македонските универзитети значително заостануваат зад водечките регионални институции според бројот на цитати и научното влијание. Растот на научната продукција и цитираноста во Македонија е побавна отколку во повеќето соседни земји, што дополнително го зголемува заостанувањето. И покрај тоа, во државата постојат врвни истражувачи, особено во медицинските, техничките и природните науки, кои постигнуваат резултати со меѓународна видливост. За ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) донесе одлука за значајно намалување на референтните цени на две клучни дијагностички услуги во рамките на програмата за рано откривање рак на грлото на матката – ХПВ-генотипизацијата и ликвид ПАП-цитологијата. Мерката е веќе во сила и директно придонесува кон зголемување на бројот на достапни тестирања и подобрување на пристапот на жените до превентивна здравствена заштита. Според новите ...

Во тек се градежните активности за изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, за што денеска увид извршија градоначалниците на Општина Бутел и Град Скопје, Дарко Костовски и Орце Ѓорѓиевски. Од Општината информираат дека станува збор за трансформација на запуштен простор во модерен и функционален зелен комплекс, со содржини наменети за сите возрасни категории. -Запуштениот простор долж булеварот прераснува во ...

Инвестицијата на „Heidelberger Druckmaschinen“ во ТИРЗ влегува во напредна фаза, со интензивирање на активностите за нејзина реализација и најави за натамошно проширување на соработката, соопштуваат од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ). – Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, оствари средба со претставници на германската компанија „Heidelberger Druckmaschinen“, при ...

Фестивалот на балкански и медитерански филм оваа година по петти пат ќе обедини автори, режисери, актери и љубители на уметноста на едно место. Од 8ми до 15ти јули, за прв пат со регионален карактер, „Преку езерото 2026“ ќе се одржи во Дојран, Струмица и Гевгелија. Организаторите најавија богата програма со долгометражни и краткометражни филмови, а како што велат, целта е да биде што е можно повеќе достапен за младите, а воедно и да имаат ...

Ризичниот период за пожари во земјава се очекува да започне во првите денови од јули. Надлежните уверуваат дека годинава системот за справување со огнените стихии е значително зајакнат и подобро подготвен од претходно, со зголемен број пожарникари и дополнителна механизација на терен, со цел побрза и поефикасна интервенција при евентуални пожари. „Трите „ер трактори“ на Дирекцијата се сервисирани, двата сè уште се во Загреб поради временски ...

Низ 15 тунели, 29 мостови високи над 61 метар и со брзина до 120 километри на час, од 2028 година македонските граѓани ќе се возат со воз од Скопје до границата со Бугарија. Еден од најголемите и најкомплексни инфраструктурни проекти во Македонија, изградбата на втората делница од железничкиот Коридор 8, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, се реализира со засилена динамика. Министерот за транспорт Николоски и директорот на Железничка ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Калај

53.60

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28