Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, денеска присуствуваа на поставувањето камен-темелник за доградба на нови простории во подрачното основно училиште „Димитар Беровски“ во населбата Хром. Со овој проект, вреден приближно 31 милион денари, во училиштето ќе се изградат осум нови училници со што ќе се создадат услови за следење на ...
Истовремена изградба на шест автопатски делници во државата во текот на втората половина од годината – најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево – Букојчани. На терен се заокружуваат работите за целосно ставање во функција на автопатот Кичево – Охрид, а се работи и ...
Нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“, покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот во Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 проценти од европскиот континент, површина речиси шестпати поголема од онаа што моментно ја заземаат – се предвидува во студијата што ...
Струковиот синдикат на контрола на летање повеќе нема да може да организира штрајк, бидејќи Апелациониот суд ја одби нивната жалба и ја потврдил претходната одлука на Основниот граѓански суд во Скопје. Според судот, овој синдикат нема законско право самостојно да организира штрајк, затоа што е само подружница на синдикат, а не функционира како независен синдикат. Од М-НАВ велат дека право да организира штрајк има само Независниот синдикат на ...
Владата будно ја следи состојбата, но засега нема да носи мерки против инфлацијата која според најновите податоци со просечни нешто под 4,5 % е најниска во регионот. Според анализата на Владата, транспортот, особено цената на керозинот, цигарите и алкохолот ја зголемиле инфлацијата во мај на 4,7%. За цените на транспортот премиерот Мицкоски најави дека се разгледуваат мерки во корист на граѓаните и можно намалување на даноците, а за цигарите ...
Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година, а за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики дадено е мислење со резерва. Ревизијата на сметката на основниот буџет (603) утврдила повеќе слабости во финансиското работење и управувањето со средствата на установата. Меѓу констатираните ...
Водата претставува стратешки ресурс, чија заштита и одржливо управување се клучни за економскиот развој, безбедноста на храната, заштитата на животната средина и благосостојбата на граѓаните. Ова беше пораката од заедничката 7. сесија на работната група 5 – Животна средина (Поглавје 27) и 14. сесија на работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) одржана во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Република ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат од Основното јавно обвинителство Скопје, синоќа околу полноќ во семејниот дом во ...
Македонија презема иницијатива за отварање на дијалог со Бугарија, подава рака преку директни средби, но ретко кој очекува дека владата во Софија ќе покаже разбирање. Премиерот Мицкоски не знае што може да произлезе од најавената средба меѓу претседателката Сиљановска-давкова со нејзиниата колешка Јотова, но вели не може да се очекува чудо преку ноќ. Според него, Македонија има план и стратегија која полека се остварува, и дека тој како ...
Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година – соопшти денеска правниот застапник на М-НАВ АД Скопје, адвокатот Горан Николоски. Според него, со правосилната пресуда судовите ги прифатиле трите клучни аргументи на М-НАВ дека најавениот штрајк ...
Буџетскиот совет на македонското Собрание донесе одлука со која даде согласност за изменување на Буџетот на Собранието. Претседателот на буџетскиот совет, пратеникот Антонијо Милошоски посочи дека предложените измени на буџетот на Собранието за 2026 година се поврзани со неколку програми и потпрограми. – Со предлозите се менуваат ставките плати и придонеси и во буџетот ќе се изврши вкупно намалување од 53.400.000 денари, а тоа е намалување ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како Влада работат темелно и посветено на остварување на целите што ги имаат зацртано во насока на развој на државата и на процесот на нејзина евроинтеграција. Имаат, вели, план и стратегија, на чие остварување работат, без да ветуваат чуда, туку да ги постават работите на здрава основа. – Ние работиме темелно, посветено, чесно и напорно. Резултатите полека доаѓаат. Тоа што е наша стратегија за ...
Пратениците на Собранието на Македонија, Бeким Ќоку и Митко Трајчулески, учествуваат активно на меѓународниот семинар на „Човекови права во дигиталната ера. Вештачка интелигенција и општествени мрежи: можност или закана за младите?“, кој се одржува во Варшава, Полска, во организација на Геополитичката група 12+ во рамките на Интерпарламентарната унија (ИПУ), како и Сенатот и Сејмот на Република Полска. На семинарот учествуваат пратеници, ...
Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. Додека низ кулоарите во Европската Унија се разговара за пристап на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, вклучувајќи и Македонија како лидер во реформите и Планот за раст, Филипче и Радев бараат уставни измени за внесување на Бугари во Уставот. Без никакви ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска се обрати на сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија, посветена на европските политики за водите во услови на климатски промени. Во своето обраќање министерот истакна дека водата денес се третира како прашање на безбедност, економски развој, јавно здравје и квалитет на живот. Тој нагласи дека новите европски политики ја позиционираат водата ...
Лидер во реформската агенда за Западен Балкан е Македонија. Не Црна Гора, која е фронтранер за влез во ЕУ, не Албанија за која исто така се вели дека е фронтранер, не Србија, Босна и Херцеговина или Косово, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Од 4 извештаи за реформската агенда, Македонија 3 пати е на првото место во исполнување на реформите. Последен доказ за тоа се доделените 65,7 милиони евра за Македонија од Европската комисија за ...
За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет се интересите на македонските граѓани, направен е уште еден значаен чекор од кој директна придобивка ќе имаат токму граѓаните на Македонија, истакна на прес-конференција Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Станува збор за конкретен, видлив и практичен чекор кон европската иднина на Македонија, а тоа е приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“. Оваа иницијатива ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамките на регионалниот ИПА-проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против шверцувањето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамките на донацијата, како што информираат од МВР, беа предадени 30 алатки за проверка на документи, ...
Владата е пред одлука државава самостојно да го реализира хидроенергетскиот проект „Чебрен и Галиште“ за што инвестицијата би изнесувала до 1,5 милијарда евра заедно со каматите. – Сериозно размислуваме и сме пред носење стратешка одлука државата самостојно да го реализира, без приватен партнер. Конечната одлука ќе зависи и од состаноците што се одржуваат во рамките на ЕСМ – рече премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите. ...
Владата во моментот е фокусирана на завршување на процедурите за доизградба на Клиничката болница во Штип, изградба на факултет за медицински науки и студентски дом во Штип, како и на болниците во Кичево и Тетово. Додека течат постапките за овие проекти, Владата веќе размислува и за изградба на нов модерен клинички центар во Скопје – истакна на денешната прес-конференција претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој одговараше на ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека реализацијата на проектот „Чебрен и Галиште“ е стратешки проект не само за Македонија како држава туку и за регионот. Освен зголемувањето на производството на енергија, смета дека можеби многу поважно е и што со него ќе се создадат два резервоари на пивка вода. Затоа, вели, државата треба да се обиде да смогне сили и сама да го финансира овој проект по неколку неуспешни обиди за приватни партнерства и ...
Полноќен ужас во Скопје. 36 годишен маж, по семејна расправија, ги нападнал и повредил сопругата и нејзината мајка, се заканувал дека ќе го задави сопственото дете, па го пуштил своето куче шарпланинец да ги ги нападне и изгризе братот и таткото на сопругата. Нов ужасен случај на семејно насилство во главниот град. За среќа полицијата успеала да интеревенира пред да се случи поголема трагедија и го уапсила насилникот. Со намера да ги ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен-темелник за доградба на Основното општинско училиште „Димитар Беровски“ во населба Хром, Општина Ѓорче Петров. Со реализацијата на овој значаен проект ќе се обезбедат осум нови училници и дополнителни просторни капацитети за околу 240 ученици, со што значително ќе се подобрат условите за одвивање на наставниот процес и ќе се унапреди образовната инфраструктура во ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од ...
– Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за здравство и Законодавно-правната комисија. Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е јавната расправа за Предлог законот за парничната постапка, со европско знаменце. Членовите на Комисијата за здравство и на Законодавно-правната комисија на две одделни седници ќе го разгледаат Предлог ...
Во Собранието денеска седница ќе одржи Буџетскиот совет на Собранието. На дневниот ред на седницата се Предлог одлуката за давање на согласност за изменување на Буџетот на Собранието за 2026 година и Предлог правилникот за начинот и условите за користење на обезбедените средства во Буџетот на Собранието наменети за Советот за граѓански надзор. Во Собранието денеска седница ќе одржи Буџетскиот совет на Собранието. На дневниот ред на седницата ...
Во Националната галерија – Мала станица во Скопје, од 9 до 15 јуни ќе се одржи првото издание на Фестивалот на ментално здравје „Иницирај промена! Креирај Гласно“, во организација на здружението „Биди Човек“, со поддршка од повеќе ротари клубови. Фестивалот ќе биде отворен денеска во 19 часот со изложба на младински уметнички дела и панел-дискусија на тема „Менталното здравје кај младите“, на која ќе учествуваат експерти од областа на ...
Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ денеска со почеток во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Физика на радоста“ во реализација на Театар Пи. Претставата го преиспитува човекот како сложено суштество составено од сеќавања, недоизговорени приказни, стравови и емоции, поставувајќи го секој поединец во сопствен внатрешен лавиринт. Проектот е инспириран од романот „Физика на тагата“ на бугарскиот писател Георги Господинов, ...
Државниот архив на Македонија од денеска ја одбележува Архивската недела под мотото „Отворени за светот: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“, во пресрет на 9 јуни – Меѓународниот ден на архивите. Овој ден се одбележува во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО, а годинешната тема ја нагласува улогата на архивите како значаен општествен фактор во ...
Во Собранието денеска ќе се одржи работилница на тема: „Градење доверба во управување со јавниот долг на Македонија преку зголемена транспарентност и отчетност“. Настанот е во организација на Канцеларијата на Светската банка во Македонија, а ќе учествуваат членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Комисијата за финансирање и буџет. Во Собранието денеска ќе се одржи работилница на тема: „Градење доверба во ...