Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Зголемен е бројот на пациенти во Ургенетен центар Куманово кои бараат помош за справување со тегоби предизвикани од стомачни вируси. Лекарите велат дека честите температурни промени придонесуваат за појава на гастроинтестинални инфекции, а најпогодени се децата и лицата со намален имунитет. Во Ургентниот центар во Куманово, изминатава недела е регистриран значителен пораст на пациенти кои се јавуваат со симптоми како гадење, повраќање, ...
На денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за користење на енергија од обновливи извори и за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање. Воведно образложение по првиот предлог закон, даде претставникот на Владата, заменик министерот Мирослав Лабудовиќ. – Предлог законот за користење на енергија од обновливи извори воспоставува современа и сеопфатна рамка за ...
Одличните билатерални односи и континуираната соработка меѓу двете држави, како и конструктивниот политички дијалог што се одвива на сите нивоа, биле потврдени на денешната средба во Сараево на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ. – Одржуваме редовен и содржаен политички дијалог на сите нивоа и немаме отворени билатерални прашања. Во ...
Новиот претседател на Советот за македонски јазик ќе биде познат утре за кога е закажана следната седница на Владата. Ова денеска го изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на брифинг со новинарите, на кој присуствуваше и директорката на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик – Менче Андреева. Љутков не ги коментира причините за оставката на претходната претседателка на Советот, но нагласи дека кадровското решение ќе биде ...
Следната година граѓаните ќе плаќаат пефтина струја за 5 до 10 проценти – прогнозира премиерот Христијан Мицкоски. Владата го подготвува теренот за преговори со ЕВН хоум и ЕСМ во пресрет на новата цена на електричната енергија. До крајот на годината треба да биде распишан тендер кој ќе го одреди клучното прашање за секое домаќинство- колку ќе чини струјата од јануари 2027. Според Мицкоски, ако овие проекции се реализираат, тоа би значело ...
До четврток времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР најавуваат дека во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку ...
Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8 %, а цените на мало раст од 5.6 %. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај во однос на април годинава, изнесува 0.6 %. Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 1.6 %, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.0 %, Рекреација, спорт и ...
Уште од првиот ден, мојата визија беше јасна – Собранието – дом за сите. Собрание што го олицетворува институционалното достоинство, што го штити плурализмот, што го зајакнува консензусот за стратешките прашања и што дејствува одговорно кон европските аспирации на државата. Се разбира, две години не се доволни за да се исполнат сите цели. Пред нас има уште многу работа, уште многу реформи што треба да се продлабочат и уште многу очекувања на ...
Градоначалникот на Општина Виница заедно со пратеничката Даниела Христова, денеска оствари работна средба со заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристевски. – Разговаравме за актуелните економски состојби, можностите за унапредување на локалната економија и поддршката на домашните компании и инвестициски проекти, информира Костадиновски. Според него, во разговорите била истакната важноста од добрата соработка помеѓу локалната и ...
Партијата на косовскиот премиер Албин Курти, „Самоопределување“, освои најмногу гласови на предвремените избори одржани вчера. И покрај победата, партијата нема доволно мнозинство за да формира самостојна влада, што најавува тешки коалициски преговори. Бидејќи ниту една партија нема апсолутно мнозинство, претстои период на сложени преговори за формирање коалиција. Политичките субјекти ќе треба да постигнат договор за стабилно мнозинство и ...
Израел и Иран повторно разменија директни воени напади, што е најголема ескалација по априлското примирје. Израел изврши воздушни напади врз воени цели и ракетна инфраструктура во Иран, вклучувајќи цели во петрохемискиот комплекс во Махшахр, како одговор на ирански балистички ракети. Иран возврати со напади врз израелските воздухопловни бази Неватим и Тел Ноф, тврдејќи дека тоа е одговор на израелските напади врз радарски локации во Иран. Во ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, по повод отворањето на новата фабрика за кондиторски производи – фабрика во рамки на брендот „Винчини“. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата, премиерот Мицкоски ќе оствари работен состанок со менаџерскиот тим на компанијата, на кој ќе се разговара за тековните економски состојби, извозните ...
За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска, во законодавниот дом ќе го презентира извештајот за неговата двегодишна работа. Како што соопштуваат од собраниската прес-служба, презентацијата е закажана за 10 часот во салата „Борис Трајковски“. Според агендата, Гаши најпрво ќе го презентира двегодишниот извештај за неговата работа, по што ќе следува видео-презентација и негово обраќање. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска, во ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид). На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата браќа на возраст од 43 и 44 години, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во ...
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола апелира да не се палат стрништа, сува трева, отпад и други растителни остатоци на отворен простор во Пелагонија. Од ТППЕ Битола посочуваат дека палењето на стрништата и сувата вегетација многу лесно може да прерасне во неконтролиран пожар, особено во услови на високи температури и ветер. Ваквите пожари претставуваат сериозна опасност за шумите, земјоделските површини, домовите и човечките ...
Државниот архив на Македонија ја одбележува Архивската недела под слоганот „Отворени за светот: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“. Меѓународниот ден на архивите – 9 јуни, се одбележува секоја година во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО. Во периодот од 8 до 12 јуни се одржува Архивската недела, која го нагласува значењето на архивите како ...
Признанија и пофалби за работа на Владата и напредокот на државата доаѓаат од повеќе функционери и претставници на земји членки на Европската Унија. Европски претставници како што е Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет и институции како Европската Комисија кои потврдуваат дека Македонија се развива и напредува во Реформската агенда, за што доби и најмногу финансиски средства од Планот за раст од земјите во регионот, се вели во ...
Во изминатите три дена Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје го реализира „Лајка фест – повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните за една тема што со години е присутна во нашето општество – проблемот со бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија. Фестивалот почна со панел-дискусија во Собранието на Град Скопје, каде што ...
Во рамките на завршната вечер на Македонската вечер, одржана како дел од програмата на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“ во Созопол, публиката имаше можност да доживее вистинска музичка и културна свеченост преку настапот на реномираната македонска група „Баклава“. Настанот претставуваше уште една значајна можност за промоција на македонската култура, традиција и уметност пред меѓународна публика, која со големо внимание и интерес ...
По едногодишни подготовки, утревечер со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ ќе биде изведена премиерата на театарската претстава „Физика на радоста“ на Театар Пи. Претставата го преиспитува човекот како суштество составено од туѓи сеќавања, недоизговорени приказни, тишини, стравови и нежности – елементи што секој од нас ги носи низ животот како свој личен лавиринт, се наведува во денешното соопштение на Театар Пи. – ...
Претставата „Кармен“ вечер е во официјалната програма на 14. Меѓународен фестивал за изведувачки уметности БАБЕЛ, што се одржува во градот Т’рговиште, Романија. Фестивалот е основан во 2007 година од Театарот „Тони Буландра“ со идеја да создаде простор за средба на различни култури, театарска естетика и современа сценска практика. Монодрамата „Кармен“ е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес. ...
На четврти јуни, за Маржан Сатрапи, француско-иранска писателка, стрип-авторка и режисерка која ја освои глобалната јавност со нејзиниот автобиографски роман „Персеполис“, беше објавено дека повеќе не е меѓу живите. Имаше 56 години. Изјавата на семејството и блиските беше кратка и разорна: „Маржан Сатрапи умре од тага, малку повеќе од една година по смртта на Матијас Рипа, нејзиниот сопруг и љубовта на нејзиниот живот.” Ниту долга болест. ...
Рано утрово почина поранешниот амбасадор и политички аналитичар Арсим Зеколи на 60-годишна возраст. Вестa ја објави неговиот брат Шефќет Зеколи на социјалните мрежи. -Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, неочекувано почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026) – се вели во неговата објава. Погребната церемонија ќе се одржи денеска во 18:00 часот на гробиштата во ...
Јавното претпријатије хидросистем „Стрежево“ денеска ја почна сезоната за наводнување на земјоделските површини во Пелагонија. Корисниците кои користат вода од вештачката акумулација „Стрежево“, како што велат оттаму, од денеска непречено и навремено ќе се снабдуваат со вода. -Во тек е полнењето на цевководната мрежа и подготовката на системот за непречено и навремено снабдување со вода. Ги повикуваме граѓаните кои имаат потреба од ...
Државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска од 5 до 7 јуни учествуваше на Годишното собрание и бизнис форум на Европската банка за обнова и развој, што се одржа во Рига, Латвија. Годинашното Собрание беше посветено на тема „Од нестабилни до разновидни економиии коишто иновираат во свет што се менува“, на коешто учествуваа владини претставници, финансиски и корпоративни директори, акционерите, партнерите и клиентите на ...
Лековите за слабеење засновани на рецепторот ГЛП-1 се поврзани со намалување од 41 отсто на опасноста од рак поврзана и со тежината, и тоа кај пациенти со дебелина без дијабетес, посочуваат новите научни испитувања. Написот е објавен во „Анали на онкологијата (Annals of Oncology)“, а истражувањето опфати повеќе од 229.000 пациенти од САД. Ова е прво проучување од ваков вид кај популација без дијабетес. Лековите како „Оземпик (Ozempic)“, ...
Под покровителство на Општина Ѓорче Петров, а во организација на ЕФЗ „Седум Осмини“, на 10 јуни 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во реонскиот парк во Ѓорче Петров, за првпат ќе се одржи „Полуматурска парада 2026“. Како што соопштуваат од општинската прес – служба, овој настан има за цел да ги обедини полуматурантите од шесте основни училишта на територијата на општината и на достоинствен, радосен и свечен начин да го одбележи нивниот ...
Општина Македонска Каменица најави дека во наредниот период ќе спроведува засилени инспекциски контроли на целата територија на општината, со цел подобрување на јавниот ред, чистотата и заштитата на животната средина. Како што информираа од локалната самоуправа, контролите ќе се реализираат врз основа на повеќе законски прописи, меѓу кои Законот за локалната самоуправа, Законот за комуналните дејности, Законот за јавна чистота, Законот за ...
Охрид денеска е домаќин на „Денот на спортот“ и јубилејното десетто издание на Плазма Спортските игри за млади, кои годинава по првпат се реализираат во повеќе градови низ Македонија. Стотици деца од охридските училишта учествуваат во десет спортски дисциплини – мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика, како и баскет 3х3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок. Организаторите посочуваат дека игрите имаат инклузивен карактер и ...