Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели кои инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на 60-тото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Претседателката Силјаноска Давкова која е покровител на Фестивалот рече дека ...
По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими дечиња и претставници на згрижувачките семејства од СОС Детско село, како и дел од раководството на организацијата. Оддавајќи им почит за благородната дејност и хуманоста, претседателката ги оквалификува згрижувачите како големи мајки и татковци, како големи родители. -Со Вас домот не е само куќа – истакна таа и ...
Отворен е повикот за пријавување научни и стручни трудови за XVII-то стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026. По успешното минатогодишно издание, годинава се очекува уште посилно учество на претставници од академската заедница, рударската индустрија, институциите, регулаторната јавност и креаторите на политики од земјава како и еминентни ...
На СДСМ му смета се што е во корист на државата. Не сакаат Македонија да напредува и да успее, затоа и му пречи и дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој во Скопје го потврди и претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Минатата недела од Македонија, Кошта испрати јасна порака дека државата има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската агенда, а дополнително тоа се ...
Демократскиот сојуз ја поддржува стратешката определба на Македонија за полноправно членство во ЕУ и смета дека процесот на европска интеграција треба да продолжи со засилена динамика и јасна европска перспектива. Во изминатите години Македонија спроведе значителен број суштински реформи, усогласи голем дел од своето законодавство со правото на Европската Унија, воспостави функционална пазарна економија, ги зајакна механизмите за борба против ...
На првиот кат во Етнокуќата во Кочани синоќа беше отворена изложбата на изработки од обуката за ткаење на вертикален разбој, реализирана пролетва од Здружението „Синтезис“ и Општина Кочани. Во витрините на Етнокуќата се изложени и ткаени, плетени, везени и шиени предмети позајмени од кочанци – сведоштво на богатата локална етнолошка ризница, како и нови изработки со современ уметнички израз. Пред присутните, учесничките во обуката и ...
Општина Штип денеска на свечен начин ги промовираше првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип. По четврти пат се доделуваат прзинанија и парични награди за најдобрите ученици во една генерација. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов истакна дека со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања. Порача дека вложувањето во образованието е вложување во иднината на ...
Општина Дојран објави повик со кој бара организатор на културно лето, манифестација која ќе обезбеди културни и забавни случувања во период од два месеци во текот на летната сезона. Во јавниот повик објавен на општинската веб страна е наведено дека се бара заинтересирано правно лице или здружение на граѓани со кое ќе се склучи меморандум за организирање на манифестацијата со назив ,,Дојранско културно лето-Дојрански ракувања”. Настаните е ...
Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина (World Environment Day 2026), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay). Настанот како што информираат во своето соопштение до јавноста е насочена кон подигнување на јавната свест за значењето на ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на ...
Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски” и „Киро Глигоров” од Скопје беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет. Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателката, церемонијата започнала со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови, по што ...
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево се сретна со претставници на стопански комори и на градежни компании за реализација на капитални проекти. -По интензивната агенда во Тиват утрово и можноста за средби со лидерите на ЕУ, директно на средба со стопански комори каде разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата, пишува Мицкоски на својот ФБ профил. Премиерот Христијан ...
Почна реконструкцијата на мостотот на реката Брегалница, кај Градскиот базен и зградата на ЈП „Македонијапат“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека овој мост е еден од најоптеретени од сообраќај во градот Штип, бидејќи е дел од булеварот „Гоце Делчев“.Анализите кои се направени од страна на надлежните институции покажуваат дека има потреба од негова реконструкција. Во градежните ...
Проблемот со бездомните кучиња во Скопје не може да се реши преку ноќ, но со новата стратегија, за година и пол до две граѓаните веќе ќе треба да ја заборават оваа тема, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие „Лајка“ Војислав Димитровски пред отворањето на тридневниот „Лајка фест“. Во рамки на настанот, во просториите на Град Скопје се одржа панел-дискусијата со домашни и странски експерти „Систем, закони и реалност: Справување со ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, пред почетоткот на работниот дел на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, изјави дека на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц разговарале и за нон пејперот на Германија и Франција, во кој се предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство. – Имавме билатерална средба со канцеларот Мерц, разговаравме и на таа тема. Имаме ние свој инпут во сето тоа и ...
Со официјално претставување на историско катче кое содржи медицинска апаратура што се користела меѓу двете светски војни денеска Лекарската комора одбележува 34 години постоење. Медицинската опрема е донација од семејството Србјак, кое е потомок на Ѓорѓи Дудев кој како доктор работел во Прилеп и е еден од првите организатори на здравствениот систем во Македонија. – Колегата оставил за себе апаратура која ние со гордост ја прикажавме денес. ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против професор од средно училиште во Кичево, кој физички нападнал малолетна ученичка која се здобила со телесни повреди – соопшти Министерството за внатрешни работи. -ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување работни задачи како ...
Завршено е асфалтирањето на улицата Гоце Делчев во беровското село Ратево, во должина од 591 метар, со што жителите добиваат подобрени услови за сообраќај и побезбедно секојдневно движење. Како што информираше градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, проектот е реализиран со средства од општинскиот буџет за 2026 година, а неговата вкупна вредност изнесува 5.786.419 денари. – Со реализацијата на овој проект обезбедуваме поквалитетна ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднела кривична пријава против А.Л.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 11.11.2025 година на булеварот Ослободување во Кичево, пријавениот бил затекнат ...
Секторот за внатрешни работи Штип информира дека во изминатиот период е забележан зголемен број пријави за кривични дела „измама“ и „обид за измама“, при што најчесто на мета се повозрасни граѓани. – Зголемен е бројот на случаи кога непознати лица од странски телефонски броеви се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини и слично имаат повреди и треба да им се изврши итна ...
Општина Ѓорче Петров во соработка со питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Универзалната единица за заштита и спасување при општината денеска реализираше акција за чистење на локалитетот Крст во Кучково. Акцијата беше организирана во рамки на цивилно-воена соработка со цел подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, одговорно однесување кон природата и зачувување на природните локалитети во општината. ...
Граничниот премин Маркова Нога е стратешки проект за овој регион, но ќе додадам – стратешки проект и за Балканот затоа што сите заедно констатиравме дека Преспа е една од најубавите микролокации на Балканот и во Европа – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешниот увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога – Лемос. Според министерот Тошковски, проектот за Маркова Нога е ...
Полициски службеници од СВР Куманово извршиле службен разговор со четири лица од Куманово, кои се сомничат дека од угостителски објект на улицата Гоце Делчев одзеле поголем број маси и столови. -Вчера во периодот од 11:00 до 13:00 часот во СВР Куманово, полициски службеници извршија службен разговор со Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишник, сите од Куманово. Тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица ...
Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи. – Денес, се наоѓаме во одделот за интензивно лекување на нашата ...
Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска, во Струга, учествуваше на 23. конференција на КОСАП, која ги обединува парламентарните комисии за европска интеграција и европски прашања од земјите учеснички во Процесот на стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа, од каде што, како што информираат, порача дека европската интеграција мора да остане процес заснован на јасни критериуми и ...
ДУИ повеќе од две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност. Вчерашната драма е обид за покривање на сопствениот срам, изјави Шабан Ајллајбегу на прес-конференција. За првпат, правичната и соодветна застапеност станува законско решение. ВЛЕН после 25 години од Охридскиот рамковен договор законски го решава ова прашање. Не со крпеници, не со импровизации, а уште помалку со алатки што денес ги има, а утре ги нема, туку ...
Министерството за образование и наука со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ја унапредува примената на Е-дневникот. -Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и овозможува интелигентно пребарување и генерирање ...
Паркот „Ринија“ во Топанско Поле добива нов изглед во рамки на инвестициите на Општина Чаир за уредување и унапредување на јавните простори, соопшти Општината. Во паркот, се додава во соопштението, се реализираат активности за подобрување на рекреативните и спортските содржини, создавајќи подобри услови за граѓаните, а особено за децата и младите. -Инвестираме во простори што секоја населба ја прават позелена, пофункционална и поубава за ...
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, на маргините на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), се сретна со Франческа Романа Д’Антуоно, италијанска политичарка и копретседател на Volt Europa, политичка сила застапена во Европскиот парламент. -За време на средбата ја информирав за положбата и за предизвиците со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија, особено ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека сè уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско-францускиот нон пејпер, кој денеска беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. – Разговорите во Тиват сè уште течат и сè уште не можам да кажам кој е конечниот исход од нон пејперот на Макрон. Мислам дека ова е обид да се отстрани администрацијата за да се забрза процесот и да се олесни со тоа што постапно ќе се воведуваат сите ...