Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Во Министерството за образование и наука денеска ќе бидат потпишани договори за 14 заеднички научноистражувачки проекти на Македонија и Австрија во области со развоен потенцијал. Проектите, како што информираат од МОН, се дефинирани во стратегијата за паметна специјализација на државата. На потпишувањето на договорите најавено е обраќање на министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Во Министерството за образование и наука денеска ...
Под диригентската палка на Бисера Чадловска денеска ќе се одржи традиционалниот концерт со учениците од државните музички училишта. На концертот насловен „Младите доаѓаат“ ќе бидат изведени дела од Моцарт, Хајдн, Роули, Бернштајн, Елгар, Крепен, Капуци и Итуралде. Ќе настапат Софија Михајловска – пијано ДМУ Битола (III година во класата на проф. Маја Божиновска), Јане Петровски – пијано ДМУ Битола (VIII одд. во класата на проф. Јана Четелева ...
Во Скопје денеска ќе се одржи првата јавна расправа по нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на туризмот за периодот 2027 – 2032 година. Во воведниот дел најавено е обраќање на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Настанот ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност со почеток од 11 часот. Во Скопје денеска ќе се одржи првата јавна расправа по нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2026 во однос на истиот период од 2025 година се намалил за 3.0 %. Во април годинава, пак, споредено со април лани, бројот на работниците е намален за намален за 2.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со ...
Посетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција, се наведува во соопштението од .Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е ...
Шестото издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Македонскиот народен театар, во организација на Детскиот културен центар – Карпош. Како што соопштуваат организаторите, ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што истакна директорката д-р Билјана ...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8:00 часот наврналво Маврови Анови – 30 литри на метар квадратен, по што следуваат Лазарополе со 27 и Крива Паланка со 23 литри на метар квадратен. Значителни врнежи се регистрирани и во Охрид – 15 литри на метар квадратен, Штип и Крушево 14, како и во Скопје-Петровец и Виница по 13 литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде променливо облачно ...
Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол на политиките на Бугарија кои бараат нови отстапки од македонска ...
Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според статистичките податоци, градежниот сектор во првиот квартал годинава бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки, истакнува ...
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на регионалниот семинар „Kриптосредства и дигитални пари“, што се одржа во Приштина, во организација на Централната банка на Косово, каде што гувернери, претставници на централни банки, регулатори и финансиски експерти од регионот разменија мислења за современите предизвици и можности поврзани со дигитализацијата на финансискиот систем – соопштија денеска од неговиот кабинет. Во ...
Бројот на жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила во првите пет месеци годинава е намален со примената на системот „Безбеден град“. Резултатите за првите пет месеци годинава се 17 човечки животи повеќе отколку една година претходно, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски, во гостувањето на една од националните телевизии, направи споредба првите пет месеци од 2026 со првите пет месеци во 2025 ...
Приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол денеска се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект. Пиштолот е пронајден и следува соодветна пријава. Од СВР Tетово информираат дека денеска во 16:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово. При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство ...
Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска оствари средба со поглаварот на Албанската автокефална православна црква, архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г. Јоан. -Големо задоволство беше да се сретнам со г.г. Јоан, што е наша прва средба по неговиот избор. Во пријателски и срдечен разговор беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката, информираше Ѓурѓај. Во исто време го ...
На предлог на ВМРО-ДПМНЕ беа изгласани црвени линии, односно резолуција за црвени линии, во коишто ние како Македонија, како држава, нема да преговараме во делот на идентитетот, јазикот, културата и историјата, која што само за некој месец СДСM ја прегазија со оној договор за добрососедство со Бугарија во којшто треба да вметнеме Бугари во Уставот – истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Алфа телевизија. ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека привршуваат разговорите со државните институции за ребалансот на Буџетот и дека наскоро ќе биде познато од каде ќе се крати, а каде има простор за зголемување. Во интервју за една од националните телевизии, министерката верчерва открива дека одредени институции преку кои оди финансирањето на проектите во општините имаат побарувања за зголемување на ставката за капитални расходи. – ...
Не смееме да дозволиме и никогаш нема да дозволам, барем додека сум на оваа позиција, предмет со такви страшни докази во насока на докажување на одредeно кривично дело од кое ќе му се згади на македонскиот народ така да се затвори, и нема да дозволам, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за случајот „Мазут“. Тошковски, во гостувањето на една од националните телевизии, зборувајќи за случајот порача дека „секој треба да си ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се откажал од својата програма за нуклеарно вооружување. Во поткаст на „Њујорк пост“, тој изјави дека веќе е постигнат договор за нуклеарното оружје на Иран. – Не можеме да им дозволиме нуклеарно оружје. Тие веќе се согласија да немаат. Тоа беше голема работа, посочи Трамп. Тој негираше дека Иран има предност во судирот. – Иран нема морнарица. Нема воздухопловни сили. Имаат многу малку ...
Американската администрација предводена од претседателот Доналд Трамп најави нов пакет трговски мерки со кој би бил воведен дополнителен царински товар за увоз од 60 земји и економии. Се предлага да се воведат царини од 10 отсто или повеќе за производи од десетици големи трговски партнери, по истрага за увоз на стоки за кои се тврди дека биле произведени со принудна работа, објави „Асошиејтед прес“. Во извештајот што го објави Канцеларијатот ...
Европската Унија остро реагираше на предлогот на САД за воведување нови царини за увоз на стоки, оценувајќи дека секое дополнително зголемување над веќе договорените стапки е неприфатливо. Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, ги отфрли американските тврдења дека ЕУ не прави доволно во борбата против трговијата со производи создадени со присилна работа, нарекувајќи ги „целосно апсурдни“. ...
Министерството за образование и наука во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје доделија сертификати на 50 наставници од основните училишта кои учествуваа на работилница за унапредување на интеркултурното образование и училиштната кохезија, насочена кон креирање инклузивна и поддржувачка училишна средина. Како што соопштуваат од Министерството за образование и наука, работилницата овозможи наставниците да стекнат нови практични алатки за ...
Министерството за внатрешни работи од денеска до 7 јуни спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон возачи на возила со две тркала – мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, како дел од заедничка акција на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, во која учествуваат 34 европски земји. Како што соопшти МВР, контролите ќе бидат фокусирани на користење соодветна заштитна опрема, техничката исправност на возилата, ...
Македонските позиции се јасни и непроменети и нема цена која може да ме натера да влезам во авантура, во која што нема да има извесен крај, порача премиерот Христијан Мицкоски, повикајќи ги граѓаните на обединување, за заштита на македонските национални интереси. Ова доаѓа по пораката на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, дека единствениот начин да ги започнеме преговорите за членство се условите кои ги прифатија СДСМ и ДУИ во ...
Со презентација на доказите за инспекциските надзори на општинските инспектори продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште обвинителот продолжи со прикажување на материјалните докази, кои се однесуваат на инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори, како и ...
Винарската визба „Тиквеш“ доби уште едно значајно меѓународно признание за квалитетот и начинот на управување со своите лозови насади, откако лозовиот насад Лепово се стекна со „Платинест статус на извонредност“ во рамките на годишната евалуација спроведена од меѓународниот експертски тим на Perleuve, предводен од реномираниот агроном и истражувач Џовани Бигот, стои во соопштението од Винарската визба. Во конкуренција од повеќе од 2.200 ...
Демократската обнова на Македонија (ДОМ) активно ја следи постапката за обнова на А-Интегриранта еколошка дозвола за цементарницата „ТИТАН Усје АД Скопје“ и изразуваме сериозна загриженост околу неколку клучни аспекти во целиот процес, стои во соопштението од ДОМ. Иако компанијата најавува дигитализација со вештачка интелигенција и системи како Real Time Optimiser, сепак треба да се обрне посебно внимание на одредени клучни аспекти зад кои ...
– Во организација на Секторот за образование при Општина Куманово денеска се одржа работен состанок со директорите на основните училишта, претставници на Министерството за образование и наука, УНИЦЕФ, СОНК и локалните институции, на кој беше разгледана состојбата со уписот на првачињата за учебната 2026/2027 година и процесот на оптимизација на училишната мрежа. Целта на состанокот беше да се анализира моменталната состојба со уписот на ...
„Безбедноста не е игра – вози паметно!“ е пораката, со која Локалниот совет за превенција на Општина Берово, ја започна својата превентивна кампања за безбедно користење на електричните тротинети. Одлуката за реализација на кампањата, беше донесена на втората седница на новиот состав на ЛСП Берово, како одговор на се почестата употреба на електрични тротинети и потребата од поголема сообраќајна култура и одговорност кај младите. -Членовите на ...
Повеќе од 20.000 посетители и над 5.000 мотоциклисти од земјава и странство очекуваат организаторите на осмото меѓународно издание на мото-фестивал што ќе се одржи од 12 до 14 јуни на спортскиот аеродром „Аџитепе“. Од мото клубот „Мечки“ денеска на прес-конференција информираа дека подготовките за фестивалот се во завршна фаза и најавија дека годинешнава програма ќе биде најбогата досега. Столе Јакимовски, потпретседател и член на мотоклубот ...
Општина Делчево започнува нова фаза во креирањето на локалните политики за економски развој преку формирање Совет за развој на туризмот, тело кое ќе има задача да ги обедини институциите, стопанството и граѓанскиот сектор во насока на поефикасно искористување на туристичките потенцијали на општината. Градоначалникот Иван Гоцевски информира дека по направените анализи на состојбите во локалната економија и функционирањето на општинската ...
Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица доби пет нови изолациони (дишни) апарати, со што се зајакнуваат капацитетите на единицата за интервенции во услови на пожар, чад и други опасни ситуации. Опремата, како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, е од производителот „Дрегер“, а е набавена преку компанијата „Армор Плус“ од Скопје во вкупна вредност од 585.000 денари со вклучен ДДВ. При посетата на ...