Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со претставници на Француската бизнис-конфедерација, на која разговарале за можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, привлекување нови инвестиции и развој на партнерства во области со висок потенцијал за раст. Муцунски, како што објави на социјалните мрежи, на средбата се осврнал на приоритетите на Владата во делот на ...

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска престојува во посета на Брисел, каде што се одржува седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, тело за соработка на македонските општини со локалните власти на земјите од ЕУ, каде што ќе има и свое обраќање. Како што посочува Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, на овој форум присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите ...

Во време кога Северна Македонија бара нови економски партнери и посилно позиционирање на европската сцена, сè повеќе се истакнуваат луѓе што ги поврзуваат разните општества, пазари и институции. Еден од нив е и Самуел Видан Бјорн Наумовски-Вискиус, млад експерт за меѓународни односи со македонско-шведски корени, чија професионална кариера ги опфаќа Европскиот парламент, шведското Министерство за надворешни работи, граѓанскиот сектор и ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавениот, како што посочуваат од МВР, во својство на градоначалник на Општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени ...

Стопанската комора на северозападна Македонија организира Свечен настан по повод 20-годишнината од своето основање одбележувајќи две децении посветеност во застапувањето и унапредувањето на интересите на деловната заедница, стои во соопштението. В.д. претседателот на СКСЗМ во своето обраќање истакна дека: „На ова патување СКСЗМ треба да остане домот на албанскиот бизнис, институција која не само што слуша туку и дејствува; не само што ...

Стефан Богоев, екс претседателот на СДСМ, додека директорувал со Царината, примил мито од околу 1800 евра за да намести тендер со кој одржувањето на царинските терминали на границите, да го добие фирмата каде работел Александар Спирковски познат како Џемо. Богоев влијаел врз неговиот заменик Семир Муса во условите на тендерот да бидат така наместени за да може да добие фирмата која веројатно ги дала 1800-те евра како мито. Финансиската ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети Националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“. На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски. Преку сликарство, фотографија и современи визуелни ...

Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан: „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности за стратешка употреба на спортот во унапредување на националните и дипломатските интереси“, ќе биде одржан денеска во Скопје во организација на Олимпискиот комитет на Македонија. Целта на оваа конференција е да се поддржи поширока стратешка дискусија за растечката улога на спортската дипломатија во унапредувањето на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. ...

Македонската православна црква и верниците денеска го слават празникот посветен на светиот цар Константин и неговата мајка, царицата Елена. Денеска, на првата годишнина од осветувањето на храмот посветен на овие светители во центарот на Скопје, во него ќе биде отслужена Света архијерејска литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, во сослужение на повеќе архијереи на МПЦ. Пречекот на архиепископот и ...

Осум концерти во четири фестивалски вечери ќе понуди програмата на годинашниот 25. Оффест (OFFest), кој ќе се одржува од денеска до 6 јуни. Организаторот, Скопски џез фестивал, најави богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на континентот Африка. Директорот Оливер Белопета на прес-конференцијата во пресрет на фестивалот, соопшти дека се држеле до стандардната концепција и сите изведувачи доаѓаат со специјални проекти. Иако ...

Од денеска до 6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Како што информираат од кинотеката, во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат три комисии и тоа Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисија за финансирање и буџет и Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе го разгледува Предлог на закон за изменување на Законот за упатување работници од Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за ...

Државната комисија за спречување на корупцијата, во соработка со ИПА Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, денеска на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето во земјава. На настанот ќе бидат презентирани резултатите од дигиталната кампања за промоција на транспарентно и регулирано лобирање; клучните наоди од одржаните тркалезни маси со институции, локална самоуправа, ...

Орхан Муртезани, поранешниот министер за европски прашања денеска пред Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија во Собранието ќе ја претстави платформата за дипломатските активности на вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната делегација на Македонија при НАТО во Брисел. Македонски амбасадор во НАТО претходно беше Дане Талески, кому му престана мандатот во јануари 2025 година. Членовите на Комисијата својата ...

Во Скопје вечерва ќе биде промовирана првата книга од Нина Ангеловска Станков – „Ништо случајно“. Книгата е во издание на Издавачки центар ТРИ, кои објавуваат дека публиката веќе дава позитивни коментари за напишаното. На промоцијата ќе зборува Нина Ангеловска Станков. Таа е коосновач на „Grouper.mk“, првата платформа за групни попусти и една од водечките компании за е-трговија во земјата, меѓународно признат бизнис-лидер, доктор на науки и ...

Во кампусот Педагошка вечерва и на 5 јуни во Сули ан, со почеток во 20 часот ќе се одржи 46. Завршна годишна изложба на студентите на Факултетот за ликовни уметности за академската 2025/2026 година. Како што информираат од ФЛУ, пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот за ликовни уметности, создадени во текот на академската 2025/2026 година. Изложбите претставуваат увид во актуелните ...

Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Бутел. -Без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. „Боца Иванова“, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис „Дон“ (Општина Бутел), а во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“ и „Боца Иванова“ (Општина Бутел), соопшти РЦУК по добиено известување од ЕВН. Исто така, во ...

Традиционалната слика за европското семејство со повеќе деца брзо се менува. Најновите податоци на Евростат за 2025 година откриваат длабоки демографски промени во Европската Унија: бројот на домаќинства кои имаат деца се намалува, додека драматично расте бројот на луѓе кои живеат сами или како парови без потомство. Дополнително, за оние кои имаат деца, реалноста сè почесто значи дека само еден родител го носи целиот товар на нивното ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс“. Во судницата беа ...

Македонија не смее повеќе да води политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, како што нудат СДСМ и Венко Филипче. Билатералните прашања мора да се решаваат врз основа на реципроцитет, меѓусебно почитување и исполнување на обврските од двете страни. Потребен е дијалог а Бугарија да ги исполни своите обврски, Македонија нема да прифаќа нови условувања, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче и СДСМ повторно ја ...

Со одлука на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија формиран е Совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Комората на чие чело на предлог на претседателот на Комората Бранко Азевски за Претседател е избран универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје. За членови на Советот се избрани: проф. д-р Игор Неделковски, Ректор на Универзитетот „Св.Климент ...

Собраниската Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика оствари средба со претставници од Француската бизнис-конфедерација – МЕДЕФ, во чиј фокус биле транспортната инфраструктура (железници и патишта); енергетиката и обновливите извори на енергија; водата, животната средина и третманот со отпадот и отпадните води. Како што соопшти собраниската прес-служба, претседателот на Комисијата Бојан Стојаноски, изрази особено ...

Реформата на јавната администрација е препознаена како еден од клучните успеси на државата, се наведува во денешното соопштение на Министерството за јавна администрација по однос на изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на синоќешната прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски. – Изјавата на претседателот на Европскиот совет, Кошта, со што се поздравува напредокот на Република Македонија во спроведувањето на ...

Јавното обвинителство на Македонија денеска го промовираше новото лого, односно новиот симбол на институцијата, кој беше усвоен од Колегиумот на републичкото обвинителство. Логотипот е конструиран врз прецизна геометриска структура со цел да се обезбеди визуелна рамнотежа, стабилност и препознатливост во сите формати и апликации. Колорниот систем е составен од темно сина и златна боја. Темно сината ја симболизира довербата, професионалноста и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска положи венец пред Споменикот на слободата, во меморијалната област Девин во Братислава. Споменикот е поставен под замокот Девин, на сливот на реките Дунав и Морава на 17 ноември 2005 година и е дело на словачкиот скулптор Петер Месарош. Според авторот, металната решетката ја симболизира надминатата пречка на патот кон слободата, ...

Лудилото на СДСМ нема крај, немаат чувство за реалност. Очигледно имате кратка меморија, па затоа да ве потсетиме дека пролетта 2025 година Преспанскиот регион беше погоден од мраз и родот на јаболка беше намален за 50%. За разлика од минатото јаболката денес не пливаат по Преспанското езеро, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Соберете храброст и признајте дека денес откупот се одвива непречено, нема фрлен род на буништа, што беше во ...

Проширувањето е наша заедничка цел, а иднината на Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија, порача попладнево претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. – Вашата Влада покажа посветеност и сакам да ги пофалам континуираните напори што ги вложувате. Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската агенда кон ...

Нашата позиција е јасна – остануваме цврсто определени кон европскиот пат, не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа на другите, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес, бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите, и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио ...

Кадарот на ВРЕДИ, заменик-министерот за култура Седат Сулејмани, заедно со директорот на Албанскиот ансамбл на песни и ора, Јетмир Реџепи, го финализираа еден од најзначајните процеси за консолидација на Албанскиот ансамбл на песни и ора, една од најважните и најрепрезентативните институции на албанската култура во земјата, се наведува во партиското соопштение. Со потпишувањето на последните пет решенија за вработување, заврши третата и ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33