Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Во присуство на високи претставници од Сојузното министерство за земјоделство, храна и регионален идентитет на Германија, Германската амбасада и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, вчера (1 јуни) во Долно Лисиче беше отворено демонстрациско поле за тестирање методи за адаптација кон климатските промени во земјоделството. Активноста се спроведува со поддршка од германската влада преку Германското друштво ...
По повод 20 години од формирањетој на Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“, денеска и утре Виница е домќин на низа содржини и свечености со кои се одбележува јубилејот на оваа установа од културата. Програмата предвидува научна конференција, културно-уметнички настани, изложба и чествување на значајни личности од македонската култура и наука. Прославата започна утринава во 10 часот, со научна конференција на темата „Музеите – ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во врска со најавите на СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче за нов закон за борба против корупцијата, со кој, како што посочуваат, ќе се врати довербата во правосудството, рече дека станува збор за истите луѓе кои, кога биле на власт, ги направиле измените на Кривичниот законик, со кои се овозможи застарување дела и избегнување одговорност. – Пред неколку недели, кога првпат ја слушнав оваа иницијатива, ...
Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со наодите на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај одредени производители бил утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано, нагласи дека најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, но дека вакви случаи ги доведуваат во прашање угледот на производителите и довербата на потрошувачите. – Најважното прашање е дали постои ризик за здравјето на ...
Размена на искуства и унапредување на парламентарните процедури и механизми за надзор во секторот одбрана и безбедност е целта на Регионалната годишна конференција на парламентарните комисии за одбрана и безбедност на земјите од Југоисточна Европа, што се одржува во Загреб, а на која од македонското Собрание учествуваат претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Павле Арсоски и пратениците Бране Петрушевски и Оливер Спасовски. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на новиот базен Карпош, во Општина Карпош. Како што соопштуваат од владината прес-служба, базенот е со вредност од 46.700.000,00 денари. Станува збор за училишен базен со корито со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на новиот базен Карпош, во Општина Карпош. Како што ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Од владината прес-служба информираат дека премиерот Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што следи пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе оствари средба и со претседателот на ...
Изградбата на автопатот Требениште – Ќафасан не е довeденa во прашање. Во соработка со УНЕСКО ќе се утврди неговата траса, вели министерот за транспорт Александар Николоски. Според него, УНЕСКО вели оваа траса е проблематична, но ќе се види финално што ќе кажат крај на јуни, почеток на јули. Како што информираат од Министерството за транспорт, Николовски нагласува дека ќе се направат сите напори да се покаже дека трасата е добра. -Ние ќе се ...
Јавното обвинителство на Македонија во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ денеска во Скопје организира конференција „Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“. – Конференцијата има меѓународен карактер и на неа ќе биде презентирана новата Комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026-2028 година, како и Акцискиот план и активностите за нејзина ...
Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ информира дека од 1 до 3 јуни во Скопје се одржува меѓународна конференција посветена на јавната радиодифузија. – ЈП НРД врши дејност од јавен интерес во областа на електронските комуникации преку развој, изградба и одржување на комуникациски мрежи, обезбедување и пренос на радио и телевизиски програми, поврзување со радиодифузни системи во странство и контрола на квалитетот и покриеноста на ...
Со панел – дискусија на тема „Размена на лидерски искуства на високо ниво „Од реформа до реализација: Градење на конкурентна и отпорна енергетска иднина“ продолжува Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. На овој панел предвидено е да се обратат Орхан Муртезани, специјален советник на премиерот, шведскиот амбасадор во земјава Ола Сулстром, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, ...
Завршен настан на проектот Akuo EduLab, во организација на компанијата Akuo, во партнерство со здружението Еко Логик и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со поддршка на Амбасадата на Франција во Македонија, ќе се реализира денеска. – Тркалезната маса на тема „EduLab: Од училница до заедница – градење компетенции за одржливост преку образованието“ ќе се одржи на Факултетот за образовни науки при УГД, со ...
Стопанската комора на северо-западна Македонија со свечен настан во Филхармонија, вечер одбележува 20 години од нејзиното основање. Како што се истакнува, овој настан одбележува две децении континуирана посветеност во застапувањето и унапредувањето на интересите на бизнис-заедницата, како и создавање на поповолна економска средина. Според најавата, настанот ќе обедини претставници на институции, бизнис-заедницата, како и локални и меѓународни ...
Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците на Бутел и Ѓорче Петров. -На ден 02.06.2026 година (вторник) без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улиците Натанаил Кучевишки, Петар Манџуков и Александар Урдаревски (Општина Бутел), а во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Петар Манџуков и Благоја Вујов. (Општина Ѓорче Петров), соопшти РЦУК по добиено ...
Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува 2.07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 проценти има во секторот Сместување и послужување храна, ...
Работниците плаќаат членарина за синдикатот да ги штити нивните права, а не за раководството да организира скапи патувања, привилегии и забави за одбрани поединци, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста заслужува одговор дали навистина биле потрошени околу 60.000 евра од синдикалните средства за спортски игри во Црна Гора? Дали овие средства, собрани од џебот на работниците, биле искористени за задоволување на интересите на тесен ...
Ние сме единствена држава што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации. Во следните неколку недели се отвораат пет нови линии – најавува вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. – „Австрија ерлајнс“ почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг-летовите од Виена. „Визер“ почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе биде одлично за развојот на туризмот, ќе ...
Во рамки на МЕФ 2026, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамед Хоџа, оствари билатерална средба со Фатма Варанк, извршна директорка на COP31 и заменик-министерка за животна средина, урбанизација и климатски промени на Република Турција. На средбата, како што соопштија од МЖСПП, биле разменети мислења за актуелните климатски предизвици, енергетската транзиција и подготовките во пресрет на Конференцијата на Обединетите нации ...
Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче и неговите политички истомисленици мора конечно да разберат дека Македонија повеќе нема да прави отстапки на слепо и нема да потпишува нови понижувања без јасни, цврсти и обврзувачки гаранции. Македонските граѓани веќе еднаш ја платија цената на погрешните политики на СДСМ. Под изговор дека ...
Вицепремиерот Александар Николоски вели дека се работи на изградба на пругата кон Бугарија, а за тунелот биле добиени позитивни сигнали од Софија. – Проблемот со Бугарија во однос на пругата е решен. Тоа беше чисто технички проблем. Добиваме позитивни сигнали за тунелот, штом колегите од Бугарија се подготвени, ќе работиме и на граничниот тунел – информира вицепремиерот Николоски во поткастот „Риштази“. Тој појаснува и до каде се работите во ...
Поради реконструкција на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово граѓаните не треба да ги паркираат возила на местата каде што се изведуваат градежните работи, повикаа денеска од општината. Оттаму велат дека пристапот на возила ќе биде отежнат, сè до обезбедување на услови за повторен проток на сообраќајот. Оваа процедура, како што додаваат, е неопходна заради обезбедување безбедноста при движење на граѓаните и возилата, како и заради безбедно и ...
Општина Центар вечер со почеток од 20 часот во Парк Капиштец, ја одржува првата филмска проекција на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“ во рамки на проектот „Патувачко кино“, што ќе трае од 2 до 13 јуни, соопштија денеска од локалната самоуправа. – Ги поканувам децата и родителите на бесплатно кино под отворено небо. Филмската приказна, реализирана со поддршка на Општина Центар, е специјално наменета за младите и носи ...
Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, кој традиционално се одржува во Берлин, Германија. Од училиштето соопштуваат дека проектот „Нашето патување на Јупитер“ бил изготвен од учениците од 4а одделение и координиран од наставниците Ирена Грегориќ и Стефан Симовски. – Конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ...
Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот. Речиси три децении немаше инвестиции во патната инфраструктура, ние како Влада ги придвижуваме работите и работиме на неколку фронтови, истакна вицепремиерот Александар Николоски. – Македонија ќе има одлични автопатишта, би рекол, најдобри во регионот во следниве години како ќе ги завршуваме проектите. Факт е дека ние изгубивме најмалку 3 децении, мислам, на последните две децении на 20 век, ...
За година и половина завршивме 37 километри и ги пуштивме во сообраќај на автопатот Охрид-Кичево и тоа е доказ дека многу сериозно ги водиме проектите. За разлика од нас, владата на СДСМ и на ДУИ седум години не стави ни метро асфалт, истакна вицепремиерот Николоски. Проблемот, посочи министерот, е на предходната влада која што од политички причини тој проект го напушти. – Факт е дека седум години владата на Зоран Заев на СДСМ и ДУИ, тој ...
По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, изразуваме благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес, пишува во соопштението на ВРЕДИ. Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност. Ја почитуваме неговата одлука и истовремено му се ...
По повод 1 јуни – Меѓународниот ден на децата, Општина Чаир официјално ја отвори манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, која во текот на јуни ќе понуди низа културни, уметнички и едукативни активности за граѓаните, соопштија вечерва од локалната самоуправа. – Отворањето беше одбележано со дефиле на стотици ученици од основните училишта во Чаир, облечени во народни носии, кои продефилираа низ Старата чаршија до Плоштадот Скендербег, ...
Предизвиците во најголемета енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, што се одржува во Скопје. Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски ...
Унијата е засилено фокусирана на имплементација на енергетските планови и испорачување на таргетите и во таа смисла сакам да и честитам на Македонија за усвојување на стратегијата и планост за енергетика и за оној напредок што го оствари на планот на правична транзиција. Ваквите напори се особено важни, многу реформи веќе стануваат применливи, преку рамката за енергетска заедница, и тие засилено ќе го обликуваат патот кон пристапување кон ЕУ. ...