Во Литературното кафе „Метаноја“ вечерва од 19 часот ќе биде промовиран музичкиот албум „To kongsdØtre“ на Џулијан Мишиќ, кој претставува уникатен уметнички проект што ги спојува источната византиска и скандинавската духовна музика. Како што соопштуваат организаторите, станува збор за издание на „Apollon Records“, во кое авторот Мишиќ, кој творечки делува меѓу Норвешка и Македонија, преку музика и поезија ги поврзува културите на Истокот и ...

Меѓународниот парламент за толеранција и мир ги надминува националните парламентарни агенди и ги обединува пратениците околу универзалните вредности, како мирот и толеранцијата. Неговата примарна цел е да ја разбуди човечката одговорност во оневозможувањето на насилството, промовирањето разбирање и одбраната на човековото достоинство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која синоќа имаше средба со учесниците на 14-тата пленарна ...

Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, член на Друштво на писателите на Македонија и претседател на Македонско научно друштво, со поддршка на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја претстави македонската поезија на „Свето слово“ во Бургас, соопштија од македонскиот КИЦ во Софија. Со својот поетски настап, се наведува во соопштението на КИЦ – Софија, таа не само што го претстави сопственото творештво, туку достојно го пренесе ...

Трпе Деаноски, претседателот на гранковиот синдикат УПОЗ, кој инаку е и член на претседателството на ССМ, избрал луѓе блиски до СДСМ кои се членови на синдикатот и организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора кои чинеле 60.000 евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Привилегирани лица добиле можност да учествуваат на овие спортски игри, иако УПОЗ брои над 3.000 членови. Разочарани членови на синдикатот кажаа дека предност ...

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе се обрати на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026 во Скопје, информираат од Владата. Форумот се одржува денеска и утре со мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а организиран е во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерството за животна средина и ...

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ со механизација сè на терен и се обидуваат да го изгасат пожарот кој избувна синоќа на депонијата „Краста“, соопшти денеска директорот на претпријатието, Сашо Томиќ. Тој информираше дека сите расположливи екипи се на депонијата и во текот на денот со затрупување на земја ќе се обидат целосно да го изгасат чадењето. Вчера интервенирале и кумановските пожарникари до едно возило од 20: 35 до 23:10 часот. ...

Од денеска почнува глобалната транзиција кон е-АТА CARNET, целосно електронски систем за обезбедување документација за извоз на стоки, за кој Стопанската комора има јавни овластувања и ги издава овие документи во интерес на компаниите. – Во време кога дигитализацијата станува предуслов за поефикасни административни процеси и поконкурентна економија, модернизацијата на инструментите што ја олеснуваат меѓународната трговија претставува природен ...

Филипче се додворува на Радев уште пред тој да стане премиер. Филипче почна да зборува за уставни измени и дека мора да се спроведат без гаранции, а тој уште веднаш би го направил истото доколку би имал власт. Јасно е дека Филипче го следи моделот на Заев и го носи неговиот политички багаж за да ја задржи фотелјата на Бихаќка. Поради тој модел, беа спроведени последните уставни измени, што доведе до тоа државата да го промени уставното име, ...

Серијалот на министри за правда од ДУИ не завршува со Блерим Беџети, Аднан Јашари и Валдет Џафери. Сега на ред е Билен Салији, уште еден кадар на ДУИ кој го имаше Министерството за правда во раце, но испитот по правосудство на албански јазик го остави таму каде што го затекна, стои во соопштението на ВРЕДИ. Билен Салији не се памети по некоја реформа од која некој виде аир. Не се памети по некоја добиена битка за граѓаните, а уште помалку за ...

Во пресрет на летната туристичка сезона, Општина Дојран јавно ги објави резултатите од извршените анализи на површинска вода односно вода за капење од три мерни места на Дојранското Езеро. Примероците се земени на средината на минатиот месец од мерните места „Градска плажа“, „Плажа Гранико“ и „Плажа Полин“, а како што е наведено во објавата на Општината, анализите, кои како и секоја година ги врши ЈЗУ „Центар за јавно здравје” од Велес, се ...

Град Скопје ја реализираше втората авионска фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на територијата на градот. Активностите беа спроведени во раните утрински часови, согласно предвидената програма, законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје, соопшти прес-службатра на Град Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе биде реализирана и ...

Раст на даночната основа и на нето даночниот ефект кај данокот на добивка, покажува обработката на даночните биланси за 2025 година што ја направи Управата за јавни приходи. Ова, според УЈП, укажува на стабилност во наплатата на приходите од данокот на добивка. – Даночен биланс за оданочување на добивка – образец „ДБ” поднесоа 25.506 даночни обврзници, наспроти 25.051 во 2024 година, додека даночен биланс за оданочување на вкупен приход – ...

Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,8 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (12,3%). На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваа 4.925,3 милиони евра. Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 ...

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој утре во западните делови повремено ќе достигнува брзина од ...

Вчера во Скопје се одржа Седмиот конгрес на НСДП на кој за претседател беше избран Горан Мисовски, досегашниот претседател на партијата. На Конгресот беа избрани Централен одбор со 70 члена и Надзорен одбор со 9 члена, се наведува во партиското соопштение. Покрај изборот на претседател на партијата и партиски органи за мандатниот период 2026-2030 година, делегатите на Конгресот го разгледаа и усвоија Извештајот за работата на НСДП за периодот ...

Децата се најголемото богатство на нашето општество и гаранција за иднината на државата. Затоа, секоја одговорна политика треба во својот фокус да ги има нивната благосостојба, образованието и перспективата, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. По повод 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето, потсетуваме дека многу години нашите семејства се соочуваа со недостаток на перспектива, слаби институции и услови кои принудија илјадници граѓани да ...

Во периодот јануари – март годинава во државава запишани се 2 472 хипотеки врз недвижностите со вкупна вредност од 246.365.356 евра и 5.923.616.828 денари. Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во јануари се запишани 619 хипотеки, во февруари 849, а во март 1004. Во Центарот за катастар на недвижности Скопје во првиот квартал годинава се запишани 1318 хипотеки во вредност од 125 707 841 евра и 3 217 079 946 ...

Реконструкцијата на Владата била една од темите на дискусија денеска на првата седница на Централното собрание на Вреди по формирањето на партијата. – Во таа насока беше отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на обврските преземени пред граѓаните – соопшти Вреди по седницата, на која се разговарало за актуелните ...

Во Тетово каде се одржа конгресот на партијата Алијанса за Албанците на Зијадин Села, политичкиот субјект беше преименуван во Албанска Лига. Со 713 гласа „за“, колку што денеска имало делегати, Зијадин Села е избран за претседател и на Албанската лига, беше соопштено на Конгресот кој се одржа под мотото „Лигата е жива“. Зијадин Села во своето обраќање по изборот, оцени дека и оваа функција носи одговорност кон членството, делегатите и идните ...

Во Дрилон, Поградец Албанија се одржа првиот детски фолклорен фестивал „Фолкид“, на кој учествуваа и младинската група на КУД „Илинден” од Битола и фолклорната група „Преспа” од Пустец. На фестивалот учествуваа 12 детски фолклорни групи, со 200 учесници, од Албанија, Македонија и Косово претставувајќи ги пред публиката автентичните ора, традиционалните песни и народните носии карактеристични за нивните региони. Преку изведбата на народни ора ...

Под мотото „Да го одржуваме градот чист” Општина Дебар денеска реализираше голема еколошка акција, во која беа исчистени големи површини во градот и периферијата. Во акцијата учествуваа Јавното комунално претпријатие „Стандард”, општинската администрација и членови на Советот на општината, риболовци, граѓани, ученици, кои собраа голема количина отпад. – Може да изразам големо задоволство од масовното учество во акцијата која го исчисти не ...

Пропадна и вториот обид за продажба на луксузниот автомобил на Рамиз Мерко. Аудито А6, симбол на општинскиот комфор од минатото, не доби нов сопственик. Поради слабиот интерес за возилото со волан од змиска кожа, за кое Мерко своевремено искешира 67.000 евра , се одложи продажбата која беше закажана за 28 мај, а требаше да се реализира по пат на усно јавно надавање Од општина Струга за Алфа брифираат дека се пријавил само еден купувач, но ...

На декларација едно, во составот друго. Наместо со 20 проценти млечни масти, ситно сирење во маркетите се продавало со само 1 % млечни масти и 19 % палмино масло. Поради ваквите измами, кои ги открија инспекторите за храна, трговецот измамник може да одговара кривично и да си го затвори бизнисот. Директорт на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов информира дека во наредниот период Обвинителството ќе проверува дали производителот ...

Уставните измени сами по себе нема да ја однесат Македонија во Европската Унија. Главниот проблем, според поранешниот амбасадор Ристо Никовски, не е Уставот, туку преговарачката рамка со ЕУ. Тој смета дека Македонија треба да го откаже Вториот протокол со Бугарија и да побара промена на преговарачката рамка, бидејќи и по евентуалните уставни измени остануваат механизми преку кои Софија може да го блокира евроинтеграцискиот процес. Никовски ...

Од еколошка бомба до зелена оаза, старото јаловиште од рудникот „Злетово”, кое со децении се смета за еколошка закана за Пробиштип и околината, конечно ќе добие трајно решение. Општината подготви проект за санација на старата хидројаловишна депонија, во која со години се таложел отпад од преработката на оловно-цинковата руда. Со реализација на проектот трајно ќе се затвори едно од најсериозните еколошки прашања во регионот. „За почеток ќе ...

Во Одделението за управни работи – Скопје, одобрение за патување во странство за малолетни лица, покрај во работни денови ќе може да се извади и во стабота. Како и во изминатите години МВР очекува зголемениот обем на барања во наредниот период. – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот ...

Во координирана акција на полицијата во изминатите 24 часа, шест возачи низ државата завршиле во полициска станица поради сообраќајни прекршоци, меѓу кои возење под дејство на алкохол, предизвикување незгоди и напад врз полициски службеници. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во Скопје се приведени двајца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Кај едниот, кој управувал мопед, биле измерени 1,85 промили ...

Во рамки на оперативната акција „Пожар 2026“, полицијата спроведе превентивно-едукативна кампања на подрачјето на Сарај, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и „Национални шуми“, со цел подигнување на свеста кај граѓаните за ризиците од шумски пожари и унапредување на безбедносната култура. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, за време на активноста било укажано на опасностите од предизвикување шумски ...

Индустриска зона со нови фабрики, реконструкција и изградба на улици и дополнителни капитални проекти, се дел од инвестицискиот циклус вреден околу 1,2 милиони евра што се реализира во Општина Новаци. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на општината, нагласувајќи дека проектите претставуваат значајна поддршка за локалниот развој и отворање нови работни места. – ...

Полициски службеници, синоќа, во 23 часот, на улицата „Зеќир Чанка“ во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) од Дебар кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци. Полициските службеници утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај. -А.Л. на улицата „Амди Леши“ во Дебар, управувајќи моторно ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Цинк

0.00