Вкупното производство и уловот на риба во 2025 година изнесувале 1 992 тона што во однос на 2024 година претставува намалување за 19,5 отсто. Како што информира Државниот завод за статистика, намалување бележи и производството од аквакултура кое во 2025 година изнесувало 1 847 тони што е пад за 21 процент во споредба со 2024 година. Во 2025 година уловот од внатрешни води изнесува 145 тони и бележи зголемување од 5,1 отсто, а во рамки на ...

Кабинетот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов информира дека денеска е објавен конкурсот за учество на 17. Школа за млади лидери. Темата е „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“, која, како што се наведува од Кабинетот, ја одразува потребата од нови пристапи во лидерството и одговорно дејствување во услови на забрзани глобални промени и предизвици. Школата ќе се реализира во периодот октомври – ноември 2026 година и ќе ...

Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои, како што информира, ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во земјава. Овие активности беа детално презентирани на 10. состанок на секторската работна група за здравство. -Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. ...

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека ЗНАМ останува доследен на принципите на владеење на правото, институционална одговорност и почитување на Уставот и законите, при што целосна поддршка дава министерот за правда Игор Филков и неговиот професионален пристап во раководењето со ресорот. Во интервјуто за неделникот Фокус, Димитриевски потенцира дека ЗНАМ не ја гледа Владата низ призма на партиски ...

Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува на јасен став дека уставните измени не треба да се прават доколку тие ја водат државата кон нова неизвесност, без конкретни гаранции за остварување на полноправно членство во ЕУ. -По однос на тоа прашање ние сме јасни, сме го искажале нашиот став. Ние не сметаме дека уставните измени треба да се направат, а притоа таквиот чекор да не однесе во неизвесност и да ...

Почна единаесеттото издание на „Малински фото фестивал“ во Куманово кое уште еднаш покажа дека фотографијата на Балканот не е само уметност, туку и сведоштво за времето, општеството и културниот идентитет. Организаторите и учесниците сметаат дека регионот има исклучителни таленти, потребна е поддршка и едукација за младите генерации. Во организација на Фотоклуб Куманово, вечерва во Занаетчискиот дом во Куманово почна единаесеттото издание на ...

За дополнитлени 20 проценти се намалија царините за увоз на полупроизводи и сега намалувањето на царина при увоз од први јули ќе изнесува 70 проценти. Ова е продолжување на владините мерки за олеснување на работењето на домашните компании во време на криза. Сега преку намалување на царинските стапки за околу 70 производи што се користат како суровини, репроматеријали и полупроизводи во индустријата, од една страна, а од друга усогласувања со ...

Македонија ќе продлжи да бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ, но повеќе авантури како што правеше претходната власт на меѓународен план нема да има, порача премиерот Христијан Мицкоски. Како Влада се подготвени да работат на домашните задачи, да се ипорачаат реформите, да се изработи се што е објективно барање на Европската Унија, но исполнување на желбите на официјална Софија, како што беше во минатото ...

СДСМ моли за помош од оние кои ги исклучуваа од партијата за да ја победеле внатрепартиската цензура. Сите биле виновни освен самите тие. Коментари на социјалните мрежи ги забраниле поради некакви „вмровски ботови“. Па сега преку кратки видеа на социјалните мрежи дел од раководството се правда дека секоја критика за нив била бот. Додека забрануваат коментари, повикуваат токму преку коментари да се таргетираат луѓето кои не мислат како нив и ...

Модерен трговски центар „Мега шопинг парк” на површина од над 20 илјади квадратни метри е пуштен во употреба денеска во Гевгелија, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов, генералниот директор на трговскиот центар, Сотирис Јанакудакис, како и владини и општински претставници, и претставници од компанијата инвеститор „А ПЛУС 1″. Новиот трговски центар, според најавите, отвора простор за ...

Постои едно едноставно прашање на кое Блерим Беџети им должи одговор на секој студент, правник и албанец: што направи во текот на 1058-те дена додека беше министер за правда за правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик? Одговорот е болен, но јасен: НИШТО!, се вели во соопштението од Вреди. Цели 1058 дена беше на чело на Министерството за правда, со целосни надлежности, целосна моќ и целосна можност да го реши ова прашање. Не ...

Амбасадата на Грција во Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ заеднички организираа панел-дискусија посветена на книгата „Погребното слово на Перикле“ од Тукидид, еден од највлијателните текстови во политичката историја. Воедно, на настанот беше промовиран и новиот превод на „Погребното слово“, објавен од издавачкиот центар TРИ, стои во соопштението од Амбасадата на Грција во Скопјe. Деканот на ...

Општина Аеродром од вечерва е центар на фолклорот и традицијата, со почетокот на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој ќе трае до 1 јуни во Долно Лисиче. Покрај домашните ансамбли, на сцената ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Како што соопштуваат од општината, градоначалникот Дејан Митески им посака добредојде на учесниците и гостите, истакнувајќи дека фестивалот претставува ...

Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација, информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација. М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит. – Ве известуваме дека информациите кои излегоа во јавноста за потешкотии во авиосообраќајот се ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер. Утринските температури ќе се дижат од 4 до 14 степени, а максималните дневни од 19 до 31 степен. Како што информира УХМР, во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и среда времето ќе биде променливо облачно ...

Македонија ќе продлжи да бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ, но повеќе авантури И понижувања, како што правеше претходната власт на меѓународен план нема да има, порача премиерот Христијан Мицкоски. Во пресрет на посетата на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, тој очекува да се разменат повеќе идеи, за надминување на пречката за интеграција на државава во Европската унија од како што рече, ...

Редици од автомобили долги километри, нервозни туристи и со саати чекање во место. Ова е сликата која се почесто се гледа на граничниот премин Евозни во пресрет на летната сезона, а особено за продолжените празнични викенди. Новите правила за влез и излез во ЕУ, прават дополнително притисок врз веќе оптоварениот граничен премин. За да се намалат гужвите на граничните премини Грција ќе воведува пакет мерки со кои ќе се забрзаат контролите и ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше на отворањето на Мега шопинг паркот во Гевгелија, најави изградба на ваков сличен објект и на северената граница, во општина Куманово. Како што изјави, Владата ќе стори се за да ги олесни процедурите и да ја забрза постапката. -Како што сега разбрав од инвеститорот, веќе се развива идеја за изградба на ваков сличен, можеби нешто помал објект на северената граница, во општина Куманово. Ние како ...

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за Фокус порача дека СДСМ продолжува со старата матрица на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на политичките конкуренти, наместо соочување со сопствените слабости и внатрешна криза, се вели во соопштението од ЗНАМ. „Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран ...

Малолетник на возраст од 13 години го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово–Скопје, во атарот на селото Черкези. Според информациите од Министерството за надворешни работи, несреќата била пријавена на 28 мај околу 21:10 часот. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (24) од Куманово, и електричен тротинет управуван од 13-годишник од ...

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски осврнувајќи се на деновиве одржана средба со неговите колеги од Преспанскиот регион оценува дека Преспа обединува од повеќе аспекти. – Преспа нè обединува не само географски, туку и преку историјата, културата и одговорноста што ја имаме да го зачуваме ова уникатно богатство. Регионалната соработка останува клучна за градење побезбедна и поразвиена иднина за целиот наш регион, нагласува тој. ...

Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот, а не со судиите – оценува претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, нагласувајќи дека токму „послушноста“ во минатото довела до „разнишана правна држава и недоверба кај граѓаните“, додека денешната „нервоза“ кај политичките структури е показател дека Судот излегол од компромисноста и си ја врши работата. Во интервју за „Нова Македонија“ Костадиновски се осврнува на ...

Со владината одлука за дополнително намалување и усогласување на царинските стапки за полупризводите и суровините, ги правиме нашите извозници и домашни и странски инвеститори уште поконкурентни, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. По отворањето на трговскиот центар „Mega shopping Park“ во Гевгелија, тој напомена дека на претходните 50 отсто, сега има усогласување за дополнителни 20 проценти. -Донесовме одлука со која се зголеми обемот ...

Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата, вели премиерот Христијан Мицкоски, во однос на предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интеграција во Европската унија. Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање потврди присуство на претстојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, каде очекува, како што рече, да слушне повеќе за овие концепти и идеи. – Тие размислувања и идеи ги слушаме подолго време, не би ...

Венко Филипче уште еднаш покажува до каде е подготвен да оди за власт, амнестија и моќ, кога се во прашање македонските национални интереси. Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче не го интересира македонскиот идентитет и интегритет. Тој само сака прифаќање на бугарските позиции и ставање на Македонија во подредена положба, мислејќи дека само така ќе дојде на власт. ...

Двојните аршини на Трпе Деаноски и синдикалната организација на виделина, од една страна велат живееме во сиромаштија од друга страна 60.000 евра луксуз во Црна Гора, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо ваков настан да биде организиран во домашен туристички центар, со што средствата би останале во македонската економија, Деаноски одлучил синдикалните пари да завршат во странство, во луксузен туристички комплекс на Јадранот. Трпе ...

Министерството за внатрешни работи информира дека ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.С. (50) и едно правно лице од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Според информациите, во периодот од 2021 до 2025 година, првопријавениот, во својство на сопственик и управител на правното лице, како инвеститор, зазел делови од три катастарски парцели во државна сопственост со вкупна површина ...

Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двајцата од села во тетовското подрачје, по пријава за кривично дело поврзано со сексуално насилство врз малолетничка. Како што информираат од полицијата, пријавата била поднесена вчера околу 16:45 часот од страна на 62-годишно лице, баба на оштетената девојка. Според неа, 58-годишниот осомничен извршил кривично дело „полово вознемирување“ со елементи ...

Пет филма беа наградени на затворањето на 16. издание на Филозофскиот филмски фестивал, кој вчеравечер ги прогласи добитниците во категориите за долгометражни и краткометражни остварувања. Во Официјалната селекција на долгометражни филмови, наградата „Златен був“ од стручното жири ја доби филмот „Месечината ми е татко“ на грузискиот режисер Гиорги Овашвили, кој беше истакнат за неговата уметничка способност „тишината да ја претвори во јазик, ...

Територијалната противпожарна единица Куманово доби донација од три противпожарни возила, со кои ќе располагаат кумановските пожарникари, соопштија денеска надлежните. Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски информираше дека претставници од ТППЕ Куманово и од Доброволното противпожарно друштво (ДПД) претходно учествувале на петдневна обука во покраинската област Тирол во Австрија, каде посетиле практична едукација за ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Бакар

13.01