Бројот на ликовни изложби во 2025 година е зголемен за 6 проценти во однос на 2024 година, но истовремено е забележан значителен пад и на бројот на уметници и на посетители, покажуваат најновите статистички податоци за Ликовни изложби и ликовни колонии. Во текот на 2025 година се организирани вкупно 594 изложби, од кои 325 биле самостојни, 238 групни и 31 ретроспективна. Вкупниот број посетители изнесувал 137.477, што укажува на намалена ...

Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот. Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, ...

Македонија без гаранции од ЕУ нема да спроведе уставни измени, Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. Македонија поради лековерноста и погрешните политики на СДСM, предводени од Зоран Заев и Венко Филипче плати прескапа цена со промена на Уставното име на државата. Затоа, овој пат уставни измени ...

ДДВ-то за горивата се враќа од 10 на 18%, но намалените акцизи од два денари по литар остануваат во сила. Издејствуван е повторно и попуст од снабдувачот ОКТА од два денари по литар кој стартува од утре. Владата на вонредна седница одлучи да ја продолжи мерката за акцизи од 13,5 денари за дизелот и 20 денари за бензините по литар до средината на јуни. Премиерот Мицкоски вчера најави дека очекува веќе во вторник дизелот подрастично да поевтини ...

Претседателот на Нова социјалдемократска партија (НСДП), Горан Мисовски, од говорницата на седмиот конгрес на партијата порача дека државата се движи во погрешна насока, критикувајќи ја актуелната власт за економска несигурност, поделби и „заробени институции“, додека ја истакна определбата на НСДП за социјална правда, силни институции и европска иднина. Мисовски потенцираше дека партијата во изминатите 20 години покажала одговорност и ...

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на разговорите што ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од два денара по литар што ќе почне да се применува од утре, понеделник, први јуни. -Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници постапувале по седум пријави поврзани со семејно насилство, при што четири лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор. Како што информира Министерството за внатрешни работи, изутрина во 08:20 часот, на улицата „Штипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ќ. (44) од с.Добридол, гостиварско, со престој во Тетово, поради ...

Во Општина Могила во тек е значителен инвестициски циклус вреден околу 700.000 евра, преку кој се реализирани и се подготвуваат повеќе инфраструктурни проекти финансирани од општинскиот и државниот буџет, како и преку програмите на Светска банка, рече денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила. Како што нагласи, во Могила се градат улици, канализациски и водоводни ...

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. Николоски напомена дека предвидените рокови за ...

Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска, одговарајќи на новинарско прашање, го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. При посетата на Општина Могила, Николоски истакна дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници ...

Утврдени се манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко, сооопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од земените и лабораториски анализирани 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори е утврдено дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи. Со тестирањата е констатирано дека во производите има помал процент млечни масти од ...

Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, преку видео-обраќање апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Како што информираат од Министерството за здравство, видео-обраќањето на Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. -Сакам да ...

УХМР информира дека до крајот на работната недела ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој во вторник во западните делови повремено ќе достигнува ...

Се поочигледно е политичкото влијание на СДСM во синдикалните структури на ССМ. Последен пример за тоа е организацијата на четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, зад кои стои членот на претседателството на ССМ и претседател на УПОЗ, Трпе Деаноски. За организација на настанот биле потрошени 60.000 евра. Разочарани членови тврдат дека предност при изборот имале лица блиски до СДСM. Наместо еднакви можности за сите привилегиите биле ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Педестница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Духовден го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го ...

Четвртата меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро ќе започне денеска во 10 часот на плажата кај хотел „Бисер“ во населбата Калишта, а во неа ќе учествуваат нуркачки клубови од земјава, како и гости од Србија и Хрватска. Покрај нив, во акцијата која има за цел зачувување на природните вредности и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, се очекува вклучување и на голем број волонтери, граѓани, еколошки ...

Нова социјалдемократска партија – НСДП денеска напладне ќе го одржи Седмиот конгрес, на кој треба да се изврши избор на органи на партијата – претседател, членови на Централен одбор и членови на Надзорен одбор на НСДП. Во Работниот дел на Конгресот ќе бидат разгледани и Извештај за работата на НСДП помеѓу Петтиот и Седмиот Конгрес, 2022-2026 година, конгресните документи: – Предлог – Декларација за заштита на трудот, Предлог – Декларација за ...

Ова е спортска традиција која трае многу години и треба да ја чуваме – порача министерот за спорт Борко Ристовски на одбележувањето на јубилејното 50.издание на Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“ во Радовиш на кое присуствуваа и градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов како и бројни поддржувачи на борењето и вљубеници во овој спорт. Турнирот,на кој ...

Скопското обвинителство ќе спроведе истрага за 31-годишното лице кое е осомничено дека свртувајќи на дупла полна линија и управувајќи возило под дејство на дрога удрило во 19-годишен мотоциклист кој од ударот се здобил со тешки повреди од кои починал. За осомниченото лице е побарана мерка притвор. -Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во следните два дена ќе престојува во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе учествува на Парискиот сајбер самит (Paris Cyber Summit 2026), еден од најзначајните меѓународни форуми посветени на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација, информираат од Министерството. Програмата на самитот е фокусирана на стратешки дискусии за актуелните ...

Венко филипче, исто како и Заев во своето време, се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени без гаранции се прифатливи и дека нема причина за загриженост. Заев користеше идентична реторика кога ги промовираше измените поврзани со името на државата, тврдејќи дека тоа е последниот чекор кон членството во ЕУ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо ветениот напредок од страна на СДСМ, Македонија се соочи со нови блокади, нови ...

Серијата на ДУИ со министрите за правда не завршува со Блерим Беџети и Аднан Јашари. Беџети молчеше повеќе од 1000 дена, Јашари го имаше печатот во рака, а сепак не мрдна со прст. Сега на ред е Валдет Џафери. Валдет Џафери не бил гостин во Министерството за правда. Бил министер, со мандат и можност да дејствува, но и за време на неговиот мандат правосудниот испит на албански јазик остана без решение, се вели во соопштението од ВЛЕН. Дури ...

Со слегувањето на Св. Дух врз апостолите се исполни Домостројот на спасението на човечкиот род, заврши основањето на Црквата Христова или Царството Божјо на земјата. Од мигот на првата христијанска Педесетница, Црквата почна да го живее својот живот во полнота, да расте и да се развива внатрешно и надворешно, во висина и ширина, за да подготвува и прима нови души за Христа. Кога се зборува за празникот Педесетница, тогаш неопходно е да се ...

Се поочигледно е политичкото влијание на СДСМ во синдикалните структури на ССМ. Последен пример за тоа е организацијата на четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, зад кои стои членот на претседателството на ССМ и претседател на УПОЗ, Трпе Деаноски. За организација на настанот биле потрошени 60.000 евра. Разочарани членови тврдат дека предност при изборот имале лица блиски до СДСМ. Наместо еднакви можности за сите привилегиите биле ...

Нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија е писателката Гордана Јовиќ-Стојковска, која денеска на редовното изборно Собрание добила поддршка од мнозинството членови на ДПМ (71). ДПМ вечерва соопшти дека во пријатна колегијална атмосфера во просториите на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје, членството на Друштвото на писателите на Македонија успешно го одржало своето редовно изборно Собрание, при што избрало ново ...

Во Нови Сад денеска со свечена академија се одбележаа 80 години од населувањето на Македонците во Војводина на која се обрати претседателот на Владата Христијан Мицкоски и порача дека народот кој ги чува своите корени и јазик никогаш не се губи, не останува без дом и дека народот кој ја чува својата култура секогаш ќе има иднина. -Да испратиме порака дека човечката блискост е посилна од поделбите, дека културата е посилна од заборавот и дека ...

„Слушни ме“ не е филм кој се занимава исклучиво со музичката кариера на Слаткаристика. Станува збор за документарен проект со јасна општествена, едукативна и инклузивна димензија, кој преку неговата лична приказна ја отвора темата за говорните и комуникациските потешкотии кај децата и младите. Филмот ја истражува улогата на музиката и уметноста како можни алатки за надминување на овие предизвици, испраќајќи порака за прифаќање, еднакви ...

Јубилејот „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ е значаен момент и од историски и од културен аспект, оцени министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој е дел од македонската владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, на свечената академија во Нови Сад. Љутков оцени дека станува збор за значаен јубилеј, истакнувајќи дека заедницата на Македонци во Србија има важна улога во општествениот развој. – ...

Премиерот Христијан Мицкоси и неговиот српски колега Ѓуро Мацут денеска на средба разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји. – Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Калај

53.60

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59