Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Специјализираната болница за нефрологија – Струга денеска прими донација од хуманитарното здружение LetzCare. Донацијата, како што информира директорот на институцијата Јетмир Зиба, содржи колички за лица со попреченост, електрична количка, болнички кревети, концентратори за кислород, како и неопходни медицински материјали како компресивни завои, стерилни гази, хируршки маски, средства за дезинфекција и ракавици за еднократна употреба. – ...
Мајчиното ментално здравје мора да стане дел од јавните политики и да се обезбеди достапна психосоцијална поддршка за секоја жена. Ова беше пораката од конференцијата „Ментално здравје како приоритет: Од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“, организирана од Здружението ЕСЕ и „Реактор“, со поддршка од француската амбасада. Кристоф Ле Риголер, aмбасадор на Франција, нагласи дека темата е релативно нова и во Франција, но ...
Мирот бара храброст, толеранцијата бара лидерство и демократијата од секој од нас бара да избереме одговорност пред поделба, достоинство пред омраза и соработка пред конфронтација – порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир. На пленарната сесија, која се одржува во македонското Собрание на тема „Унапредување на толеранцијата и ...
Министерството за спорт упати честитки до ракометарите, стручниот штаб и раководството на ГРК Охрид за историскиот успех и освојувањето на титулата во Европскиот куп на ЕХФ. – Овој триумф претставува голем успех за македонскиот ракомет и огромна гордост за македонскиот спорт. ГРК Охрид стана вториот македонски клуб кој успеал да го освои Европскиот куп, по успехот на РК Алкалоид минатата сезона, а воедно и четвртиот македонски ракометен клуб ...
Со изведба на социјален танц-театар, на кој беа прикажани сцени на насилство, отфрленост и осаменост, ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар денеска пред Собранието ја испратија пораката дека заштитата на децата од насилство мора да биде највисок општествен приоритет и дека „булингот“ секојдневно се случува во училиштата, но често останува незабележан од возрасните. Настанот, кој е во организација на „Меѓаши“ ...
Потребата од згрижувачки семејства е постојана. Потребно е да се зголеми свеста за оваа хумана работа, но и да се направат системски промени за да се овозможи развој на ваквиот тип на семејства, односно да се понудат повеќе мотивирачки решенија од страна на Министерството за социјална политика. Вакви пораки денеска испратија претставниците на надлежните институции на одбележувањето на Денот на згрижувачките семејства. Настанот се одржа во ...
Делегација на Собранието на Македонија, во состав: потпретседателот Антонијо Милошоски, заменик-шеф на делегацијата, и пратеникот Илир Хасани, заменик-член, учествуваше на пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО, што од 29 мај до 1 јуни се одржа во Вилнус, Литванија. Во контекст на денешните светски безбедносни предизвици, на сесијата беа нагласени стратешката определба на сојузниците за зајакнување на одбраната и ...
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со младите македонски борачи Абдулазиз Азизи и Лука Ананиев, освојувачи на бронзени медали на Европското првенство за борачи до 15 години што се одржа во Самоков, Бугарија. На средбата присуствуваа и нивните тренери, како и претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов. Како што информираат од Министерството за спорт, Ристовски им го честитал големиот успех на младите ...
Деаноски и Трендафилов треба повеќе да работат за работниците и да се борат за членството, а не да им ги трошат парите на синдикалците за луксузни патувања, привилегии и спортски игри на Јадранот. Од толкава Македонија и преубавите места за рекреација, на неизживеаниот Трпе Деаноски му текнало да потрошат 60.000 евра или околу половина од годишниот Буџет кој го собираат синдикалците од свој џеб и да оди со одбрани луѓе во Црна Гора, рече ...
Македонија нема да се помести ниту милиметар од своите позиции додека не добие јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија во форма на заклучоци. Македонија и граѓаните веќе еднаш платија прескапа цена поради лековерноста и погрешните политики на СДСM, предводени од Зоран Заев и Венко Филипче. Тогаш беше променето уставното име на Македонија, со длабоки уверувања дека тоа ќе значи сигурен влез во Европската Унија, рече Валентин ...
Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството, Милан Ристески, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на Обвинителство, Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган Јакимовски, ...
Глигор Јовановски со своето маркантно научно дело и богатата академска, педагошка и научноистражувачка дејност одигра клучна улога во развојот на Институтот за хемија, а со тоа и на Природно-математичкиот факултет како дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и на Македонската академија на науките и уметностите. Неговото научно творештво има значење и за развојот на светската наука, со што македонската држава може да се ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести, каде што е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата. Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30 отсто од децата на возраст од шест до девет години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14 ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески изразува загриженост поради најавеното зголемување на надоместоците во платниот промет од страна на неколку банки во земјата, оценувајќи дека во моментот не постојат оправдани причини за ваков потег. – Народната банка е непријатно изненадена од одлуката на дел од банките да ги зголемат надоместоците што ги плаќаат граѓаните и компаниите за услугите во платниот промет. Особено загрижува фактот што ...
Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 6,50 денари за литар, а бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ поскапуваат за половина денар – соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе биде 88,00 денари, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 90,00, „евродизел БС (Д-Е V)“ за 85,50, а литар екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 87,50 ...
Вкупно 16.885 казни се изречени во текот на изминатиот месец при интензивни сообраќајни контроли на патиштата спроведени од полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, информира Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од санкциите се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење – 4.473 прекршоци. Следуваат непрописното паркирање со 3.851 санкција, како и користењето мобилен телефон при управување ...
Седум и пол години казна затвор за Вангелица Илијевска изрече денеска судскиот совет од Основен суд Куманово, откако обвинетата призна вина, а Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од кривичниот законик. Илијевска пред речиси две години на 13. јуни, 2024 со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан. Јавниот обвинител Газменд ...
Заедно со заменик-градоначалникот на Карпош, Неделчо Крстевски, денеска го означив почетокот на реконструкцијата на улицата Загрепска, една од важните сообраќајни артерии во Карпош, која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Оваа улица има особено значење не само за жителите на Карпош туку и за сите што гравитираат кон овој дел од градот, особено имајќи предвид дека токму тука се наоѓа Институтот за респираторни заболувања кај децата – ...
Драстиично поефтиување на дизелот, бензинот минимално се покачува. Македонија останува со најниски цени на горивата во регионот. Новите пресметки од Регулаторна потврдија дека раѓаните ќе точат поефтин дизел за 6.5 денари, додека пак бензините поскапуваат само за половина денари по литар. Цената на бензинот од 95 октани ќе изнесува, 88 денари, на 98 октани, 90, дизел горивото ќе се продава по цена од 85,5 денари. Поевтина цена имаат и мазутот ...
Компанијата „Окта“ АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари за литар за бензините од 95 и 98 октани како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни годинава. Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ...
Стоп за врсничкото насилство и училишта каде нема да стравуваат за својата безбедност, е пораката што преку танцување, група ученици заедно со професорите, ја испратија до пратениците во Собранието. Ние децата сме сегашноста, а и побитно иднината на светот и нашиот правилен развој значи и правилен развој на иднината на која што сите ќе треба да бидеме дел, затоа е многу битно сега децата да растат во здрави услови и да се намали влијанието на ...
„Татко“ нема да доживее премиера. Продукцијата „Револушн“ објави дека се откажува од реализацијата на филмот и од државните пари доделени од Агенцијата за филм. Според продуцентот Дејан Милошевски, долгометражниот филм според сценарио и во режија на Јани Бојаџи, нема да биде снимен, одлука која како што вели не била донесена лесно, но сепак тимот одбива да биде дел од перфидната игра на надлежните. Оваа одлука не е донесена лесно. Напротив, ...
Добро е што шефот на Европскиот совет Антонио Кошта лично доаѓа да ја потврди посветеноста на ЕУ за проширување, но таа посета, посебно на Скопје, не смее да се сведе на веќе видените фрази. Македонија во последниве две декади се има изнасшлушано вакви охрабрувачки пораки, дека сега е моментумот, а потоа ништо не се случува. Според експертите, посетата е добар сигнал дека сме дел од плановите на Унијата, но на средбите Кошта ќе мора да понуди ...
Македонија во моментов има 384 згрижувачки семејства, каде што се сместени 664 деца и млади. На Први јуни, меѓународниот ден на згрижувачките семејства надлежните потсетуваат дека згрижувањето деца е една од најхуманите работи. Центрите за поддршка продолжуваат да го зголемуваат бројот на згрижувачките семејства, со цел секое дете да расте во безбедна и поддржувачка семејна средина. ТОНСКО – Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, ...
Потреба од едукација за здраво мајчинство, здрава бременост како и унапредување на менталното здравје на локално ниво се заклучоците на граѓанските организации во рамки на проектот за унапредување на перинаталното здравје, во периодот кога жената е бремена или тукушто родила. За време на проектот, само за 24 часа психолошка помош побарале 150 жени со деца на возраст од една година. Според анализите на организациите, податоците се ...
На 1 јуни 2026 година, во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), свечено се одбележа 80-годишниот јубилеј од раѓањето на академик Глигор Јовановски. Свеченоста ја отвори претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, со пригодно обраќање посветено на животот, научното творештво и на значајниот придонес на академик Јовановски во развојот на македонската наука. Во рамките на настанот беа промовирани изданијата ...
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одбележи 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски. Предвидена е промоција на Собрани трудови IV (2015 – 2025) од академик Јовановски и на капиталното дело – монографијата „Македонски природни богатства“, приредена од академик Јовановски. Пригодно обраќање ќе има претседателот на МАНУ, Живко Попов, за Собраните трудови ќе зборува академик Глигор Јованоски, додека за ...
Доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ од Ванчо Полазаревски ќе се одржат вечер, а настанот, на кој ќе биде награден добитникот на признанието за најдобар необјавен роман за деца и млади, што го носи името на големата македонска писателка за деца, Оливера Николова, се одржува на Меѓународниот ден на детето, кој во светски рамки се ...
Под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, во Скопје денеска и утре ќе се одржува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. Форумот ќе ги обедини носителите на политики, меѓународните организации, финансиските институции, приватниот сектор и граѓанското општество, со цел зајакнување на регионалната климатска соработка и отпорност. ...
„Мајчиното ментално здравје како приоритет: од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“ е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска и во чии рамки ќе бидат презентирани наодите од анализата „Кој се грижи? Мајчинство, ментално здравје и невидливиот товар на очекувањата“. Како што е најавено, конференцијата ќе ја отвори министерот за здравство, Азир Алиу, а ќе присуствуваат и францускиот амбасадор, Кристоф Ле Риголер, ...