Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Во Нови Сад денеска со свечена академија се одбележаа 80 години од населувањето на Македонците во Војводина на која се обрати претседателот на Владата Христијан Мицкоски и порача дека народот кој ги чува своите корени и јазик никогаш не се губи, не останува без дом и дека народот кој ја чува својата култура секогаш ќе има иднина. -Да испратиме порака дека човечката блискост е посилна од поделбите, дека културата е посилна од заборавот и дека ...
„Слушни ме“ не е филм кој се занимава исклучиво со музичката кариера на Слаткаристика. Станува збор за документарен проект со јасна општествена, едукативна и инклузивна димензија, кој преку неговата лична приказна ја отвора темата за говорните и комуникациските потешкотии кај децата и младите. Филмот ја истражува улогата на музиката и уметноста како можни алатки за надминување на овие предизвици, испраќајќи порака за прифаќање, еднакви ...
Јубилејот „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ е значаен момент и од историски и од културен аспект, оцени министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој е дел од македонската владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, на свечената академија во Нови Сад. Љутков оцени дека станува збор за значаен јубилеј, истакнувајќи дека заедницата на Македонци во Србија има важна улога во општествениот развој. – ...
Премиерот Христијан Мицкоси и неговиот српски колега Ѓуро Мацут денеска на средба разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји. – Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и ...
Изјава на министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од македонската владина делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која во Нови сад ќе присуствува на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“. Видеото може да го погледнете на следниот линк: Изјава на министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од македонската владина делегација, предводена од премиерот Христијан ...
Во Нови Сад попладнево се одржува свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“. Најавени се обраќања на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на српската Влада Ѓуро Мацут, претседателката на покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ, како и претседателката на Национален совет на македонското национално малцинство во Србија Зорица Митровиќ. Во Нови Сад попладнево се одржува свечена академија ...
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на покана од сестринската партија од Република Албанија се обрати на Конгресот на Националното собрание на Демократската партија на Албанија и во своето обраќањe ги пренесе поздравите од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, и истакна дека „иднината на Западен Балкан ја градиме заедно како партии кои делат исти вредности: слобода, одговорност, традиција, ...
Шок и неверување. Социјалните мрежи вријат откако Агенцијата за филм одлучи да одобри пари за снимање на документарен филм за раперот Слаткар кој меѓу другото е запаметен и по песна со која директно повикуваше да се гласа за промена на уставното име на Македонија. Во најголем дел од јавните реакции, граѓани велат дека имало други пејачи кои многу повеќе заслужувале биографска филмска обработка на нивниот живот и творештво. Помеѓу имињата кои ...
Додека нема испорака од бугарска страна, Македонија нема да ги помести ставовите ниту милиметар – ова е одговорот на премиерот Христијан Мицкоски откако бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова вчера во изјава за агенцијата БГНЕС, истакна дека Бугарија нема да се повлече од она што беше договорено во 2022 година и потенцираше дека патот на Скопје кон Европската Унија оди преку спроведување на преземените обврски. ...
Новиот закон за пушење кој следната недела влегува во Собраниска процедура мора стрикно да се почитува. Нема да има милост кон никого порачаа од Владата, бидејќи законот ги поминал сите филтри, а Владата се усогласила со угостителите, производителите и дистрибутерите на цигари и други производи кои ги конзумираат пушачите. Од денот на донесување на законот, само угостителските објекти ќе имаат една година да се прилагодат на новите законски ...
Годинашниов, нов оперативен план за вработување со мерки, тежок околу 40 милиона евра, ќе профункционира во јуни, веќе помина на владина седница и наскоро ќе се знаат деталите и можностите за вработување на невработени, социјално загрозени и, посебно, млади до 29 години, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. – Во вторникот на владина седница беше донесен оперативниот план и се надевам дека од нареднава недела ќе биде и ...
ДУИ мисли дека срамот може да се покрие со врева. Но правосудниот испит не се решава со викање и лаги. Се решава со работа. А работата тие ја имаа во свои раце со години, но не ја завршија. Министерството за правда премина од еден кадар на ДУИ кај друг. По Блерим Беџети, кој беше министер повеќе од 1000 дена, дојде Аднан Јашари. Имаше мандат, имаше надлежности, имаше печат. Единствено немаше волја за албанските студенти, се вели во ...
Левица манипулира со информации и ги доведува во заблуда граѓаните, споделувајќи забелешки од ревизорски извештај за работењето на Министерството за образование и наука во време на претходната Влада, поточно извештај за 2023 година, а препишувајќи ги истите на актуелната, се вели во реакцијата на МОН, на соопштение на Левица. Во интерес на вистината, должни сме да реагираме и да ja информираме јавноста за тоа. Сегашното раководство на ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи не беше изработуван ад-хок, ниту по принципот на сила, туку во еден инклузивен процес, заедно во консултации со сите засегнати страни, вели премиерот Христијан Мицкоски. Негова единствена цел е, како што нагласува, да има што е можно помалку лица кои конзумираат тутун. Нагласува дека нема да има повластени во однос на неговата примена без разлика во кои делови ...
Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ преводено од Слободан Трендафилов, организираше спортски игри кои траеле 4 дена во Чањ, Црна Гора и за кои биле потрошени 60.000 евра, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Раководството на ССМ целосно го има изгубено компасот и не живее во реалноста, затоа што Деаноски наместо борба за работниците и заштита на работничките права, тој по стапките на Трендафилов се повеќе се ...
Километарски колони, десетици туристички автобуси, доцнења и чекања со часови за влез во Грција е ситуацијата претпладнево на граничниот премин Евзони/ Богородица, според медиумите од Солун, кои пишуваат дека туристите се соочуваат со непријатности и задржувања поради биометриските контроли. Утрово, според медиумите, чекањето за патничките автомобили било околу два часа, а за туристичките автобуси дури и повеќе од пет часа, предизвикувајќи ...
Меморандум за соработка меѓу Општина Крива Паланка и општина Перечин, Украина, е потпишан во рамки на официјалната посета на градоначалникот Сашко Митовски на збратимениот град, по повод одбележувањето на 627 години од неговото постоење. Во текот на посетата, како што информираат од Општина Крива Паланка, се одржани работни и пријателски средби, како и присуство на свеченостите по повод празникот на градот, при што е потврдена континуираната ...
Ја заокружуваме целокупната консултативна и институционална постапка за Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи. Ова не е закон што се носи набрзина, ниту закон што се носи без слушање на засегнатите страни. Напротив, ова е закон што помина низ широка, инклузивна, детална и аргументирана постапка на усогласување меѓу државните институции, со инспекциските и надзорните органи, со претставниците на ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените и поевтинување на дизел горивото за 6,5 денари. За утре најави онлајн владина седница, а, како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, земјава ќе остане со убедливо најниски цени на горивата. -Утре во текот на денот ќе имаме онлајн владина седница. Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно ...
Промени на уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци – нема да има, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Сите се сеќаваме дека последните измени на уставот за промена на уставното име, ги направија Филипче и Заев, откако претходно беа убедувани дека тоа е последниот чекор на Македонија и утре дента ние влегуваме во ЕУ. Да ја потсетиме јавноста дека СДСM и ДУИ тогаш промовираа уставни измени за промена на името, ...
Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје. Како што информираат од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „ауди а4“ управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово и два мотоцикла – „бмв“ управуван од М.Ф.(19) и „хонда хдв“ управуван од Н.Б.(21), двајцата од Скопје. Мотоциклистот М.Ф. се здобил ...
Во рамки на студиската посета во Париз, делегацијата составена од претставници на Министерството за јавна администрација, Центарот за управување со промени, Агенцијата за администрација и Министерството за дигитална трансформација, изминатите денови оствари работни средби со претставници на Директоратот за јавна администрација на Франција (DGAFP), Институтот за јавен менаџмент и економски развој (IGPDE) и Директоратот за дигитални работи ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник треба да се разгледа на владина седница, по што се очекува, во најбрз можен рок, да помине и во Собранието. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на завршниот состанок со претставниците од тутунската индустрија и угостителскиот сектор, законот ќе стапи во сила веднаш, освен одредбата согласно која угостителите треба да ги преадаптираат и ...
Поголемо поевтинуваање на дизелот од вторник. Премиерот Мицкоски очекува Регулаторната комисија за енергетика да одлучи во понеделник цената на дизелот да се намали до 6 и пол денари по литар, а бензините да останат со исти или благо покачени цени за половина денар. Истовремено Владата ќе ги продолжи мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните, а преговара и со ОКТА да обезбеди попуст за првата половина од јуни. Ќе се изгласа ...
Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и ...
Во Нови Сад попладне со свечена академија ќе бидат одбележани „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“. На свечената академија ќе се обратат македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на српската Влада Ѓуро Мацут, претседателката на покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ, како и претседателката на Национален совет на македонското национално малцинство во Србија Зорица Митровиќ. На 25 мај премиерот на Србија ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер (над 40 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во ...
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу по повод Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи ќе одржат состанок со еснафските здруженија и заинтересирани страни. Средбата, како што информираат од владината прес-служба, ќе се одржи во Свечената сала во Владата. Предвидено е обраќање да има премиерот Мицкоски. Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу по ...
Со детска едукативна тура и забавни активности за најмладите, денеска стартува програмата во рамки на 44. традиционално искачување на Титов Врв на Шар Планина, што го организира Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово. Како што е најавено, повеќе од илјада планинари од земјава и регионот се очекуваат викендов да учествуваат на главното искачување, кое ќе се одржи на 31 мај. Настанот, кој важи за една од најмасовните планинарски манифестации во ...
Под покровителство на Град Скопје, Детскиот културен центар „Карпош“трет пат го организира Фестивалот на детски мјузикли што ќе се одржи од денеска до 1 јуни во кино „Фросина“. Фестивалот почнува во 19:00 часот со мјузиклот „Убавицата и ѕверот“ што ќе се изведе премиерно, препеан на македонски јазик од Студиото за детски и младински мјузикли Бродвеј Јуниор од Скопје, под раководство на Наташа Јанкова. -Целта на овој фестивал е да се афирмира ...