Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Сандро Тонали би можел да биде еден од најголемите трансфери во претстојниот летен преоден рок. Според Матео Морето, Италијанецот ќе биде баран во текот на летото, а тој би можел да го замени црно-белиот дрес на Њукасл со светло сина или црвена боја. Сити и Јунајтед се вклучија во трката за неговиоттрансфер, а во овој момент „Црвените ѓаволи“ имаат мала предност пред својот градски ривал. Проценките велат дека обештетувањето за поранешниот ...
Верона, вчера, загуби од Милан (0:1), а по натпреварот, Гифт Орбан беше во центарот на вниманието, се тепаше со навивачите. Напаѓачот на Верона беше незадоволен по поразот, како и навивачите. 🚨🚨 مهاجم هيلاس فيرونا غيفت أوربان، بعد الهزيمة أمام ميلان، كان متوترًا جدًا ورفض التوقف مع الجماهير لالتقاط الصور، لكن أحد المشجعين قام بضرب سيارته، مما دفع المهاجم النيجيري إلى النزول من السيارة والدخول في شجار معه والاعتداء عليه ...
Чезаре Прандели, технички директор на италијанската репрезентација, зборуваше за Душан Влаховиќ со одбрани зборови. Поранешниот стратег на Фиорентина во Фиренца работеше со српскиот напаѓач. Во интервју за „Газета дело Спорт“, Прандели , на челниците на Јувентус им порача да му понудат нов договор на напаѓачот. „Не би имал ни најмал сомнеж, кога станува збор за продолжување на договорот на Душан. По продолжувањето на соработката со Спалети, ...
Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за суспензија на теренот на стадионот „Башкими“ во Куманово по инцидентот на вчерашниот натпревар со Струга Трим Лум. Воедно, против ФК Башкими 1947 Куманово и лицето Бурак Хида се покренува дисциплинска постапка, а предметот се доставува на понатамошно постапување пред Дисциплинската комисија на ФФМ. – Фудбалската федерација на Македонија најостро ги осудува сите форми на насилство и ...
Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер, наскоро ќе ја круниса својата љубов со брак, и тоа пред телевизиските камери. Во мај, Шумахер ќе се ожени со својот партнер Етјен Бускет-Касањ, со кого е во врска од јули 2024 година, а целиот настан ќе биде претворен во телевизиско шоу. Двојката неодамна ја потврди веста за свадбата на Инстаграм, а поканите за тридневната маратонска прослава веќе се испратени. Сега е откриено дека свадбата ќе ...
На 19.04.2026 во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадион „Башкими“ во Куманово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Башкими“ од Куманово и „Струга Трим Лум“ од Струга, настанала расправија помеѓу Б.Х.(39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб „Башкими“ и едно лице од гостинската екипа од Струга. -Подоцна, на паркинг простор, неколку лица со употреба на тврди предмети, го оштетиле ...
Фудбалерот на Наполи, Ромелу Лукаку, во текот на вчерашниот ден пристигна во Неапол од Белгија, објави „CalcioNapoli24“. Во март, 32-годишниот Белгиец остана во својата татковина за време на репрезентативната пауза и не се врати во Италија. Наполи одговори со парична казна. Во сезоната 2025/26, Лукаку постигна еден гол на седум натпревари. Тој пропушти повеќе од 30 натпревари на Наполи поради повреди. Договорот на напаѓачот со италијанскиот ...
Дијас постигна гол кој ќе беше поништен според старите правила, но во овој случај беше признат токму поради експерименталната примена. First ever goal from Wenger's 'Daylight' rule being trialed in the Canadian Premier League. Interesting one. Video courtesy of OneSoccer/Canadian Premier League. pic.twitter.com/MeXNft04JJ — Simon Evans (@sgevans) April 18, 2026 Потенцијална промена и критики Концептот, кој поранешниот менаџер на Арсенал ...
Барселона има задача: да ја дефинира иднината на Роберт Левандовски. На полскиот напаѓач му истекува договорот, а неговото останување или заминување ќе има големо влијание врз реконструкцијата на нападот за следната сезона. По три одлични години, неговите бројки опаднаа, а го надминаа дури и соиграчи како Ламин Јамал и Феран Торес. Повредите дополнително влијаеја врз неговиот континуитет. Во ваков контекст, клубот нуди продолжување на ...
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој важи за еден од фаворитите за нов селектор на Италија, во саботата ја отфрли таа можност, истакнувајќи дека се гледа долгорочно во „росонерите“, кои се трети во Серија А. „Мојата кариера зборува сама за себе, честото менување клубови не е дел од мојата ДНК. Сакам да работам во клуб кој функционира како компанија и треба така да се управува“, изјави Алегри на прес-конференцијата пред утрешниот ...
Казахстанската тенисерка Елена Рибакина го освои трофејот на ВТА турнирот во Штутгарт, откако во финалето ја победи Каролина Мухова од Чешка со 2-0 во сетови, 7-5 и 6-1. Рибакина ја заврши работата за само еден час и осумнаесет минути, не препуштајќи ѝ на ривалката никакви шанси за изненадување. Турнирот во Штутгарт се играше за награден фонд од еден милион евра. Рибакина е втора на ВТА листата, додека Мухова се наоѓа единаесет позиции ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот што се игра во словенечкиот град Порторож и е со награден фонд од 60.000 долари. Таа во мечот од второто коло денеска загуби од Катарина Завацка од Украина со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0) за 69 минути игра. Ѓорческа водство имаше само на стартот од мечот го освои првиот гем, кога воедно успеа да направи и брејк, но потоа следуваше и серија од четири гема за ривалката која ...
Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс во првиот натпревар од воведното коло од плеј-офот за шампионската титула во НБА. Нагетси славеа на домашен терен со 116:105, а повторно во фокусот на вниманието беше Никола Јокиќ. Српскиот центар, дуелот го заврши со троен ефект, постигнувајќи 25 поени, на кои додаде 13 скока и 11 асистенции. И овојпат Јокиќ имаше поддршка од Џамал Мареј , кој беше прв стрелец 30 поени, како и Арон Гордон кој ...
Манчестер Сити го победи Арсенал со 2-1 во клучната трка за титулата во Премиер лигата. Головите на Рајан Черки и Ерлинг Халанд им донесоа на „Граѓаните“ возбудлива победа, додека Каи Хаверц постигна гол за Арсенал. Сити го намали дефицитот на -3 со натпревар помалку. Халанд го постигна победничкиот гол и го прослави својот триумф со стил по натпреварот. 😅 Erling Haaland'ın keyfi yerinde… #PL pic.twitter.com/a80oMvlgJo — beIN SPORTS Türkiye ...
Кошаркарите на ТФТ го совладаа попладнево МЗТ Скопје Аеродром со 93-91 во дерби натпреварот од второто коло во ТОП 6 фазата на „МТЕЛ“ Супер лигата. ТФТ до триумфот дојде со фуриозна игра во четвртата четвртина во која надомести негатива од 14 поени, триумфирајќи со тројка на Ташовски во последниот напад. Ташовски со 27 поени беше најефикасен во редовите на ТФТ, додека на другата страна Војдан Стојановски и Меквин реализираа по 18 поени. ...
РК Вардар го освои 18.. трофеј во Купот на Македонија во клупската историја откако вечерва во супердраматично финале „црвено-црните“ славеа над Охрид со 24-23, за одбрана на трофејот освоен лани, вкупно петти куп трофеј што Вардар го освојува во последните шест сезони од мак-ракометот. Охриѓани имаат за што да жалат, ако се знае дека во вториот дел имаа „плус три“, а во самиот финиш и напад за изрманување со играч повеќе, но непотребно ...
Вардар 1961 го освои 18-тиот Куп на Македонија со победа над Охрид (23-24). По финалето беа доделени и индивидуалните награди: Јака Малус беше најдобар стрелец и МВП на турнирот, додека за најдобар голман беше избран Кристијан Пилиповиќ од Охрид. Малус блесна со вкупно 17 гола на мечевите против Алкалоид и Охрид. Поврзани вести: Вардар 1961 го освои 18-тиот Куп на Македонија со победа над Охрид (23-24). По финалето беа доделени и ...
Експертот за Ф1 ТВ и поранешен возач на Формула 1, Џолион Палмер, се осврна на ситуацијата во Ред Бул по најавеното заминувањето во 2027 на Џанпјеро Ламбиазе, тркачкиот инженер во тимот. – Целата куќа се промени. Зградата е иста, но мебелот е различен. Верстапен сè уште доаѓа на работа во Милтон Кинс, но се збогува со различни луѓе од различни области. И не само тоа, тој не се бори за титулата и не ужива во возењето на сегашните болиди. ...
Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Арсенал со резултат од 2:1 во натпревар кој може многу да влијае на шампионската трка во Англија. Атомски фудбал на „Етихад“, одлични шанси, стативи, жестоки дуели, една ужасна грешка на Донарума и еден магичен потег на Шерки. Сити со оваа победа дефинитивно се врати во трката за шампионската титула. На врвот Арсенал има натпревар повеќе, позитива од три бода и два гола подобра гол-разлика. Магичниот ...
ЖРК Ѓорче Петров ја продолжи доминацијата во Купот на Македонија кај дамите. „Лавиците“ дојдоа до 19. пехар во ова натпреварување, трет по ред, откако во финалето славеа против Спартак 30-33 (14-18), кој пак не успеа да приреди ново изненадување. Со по седум гола во таборот на победничките се истакнаа репрезентативките Емилијана Ризоска и Марија Гугуљанова, како и Армина Исиќ. Кај Спартак со 12 гола најдобра беше Сузана Зечевиќ, а десет даде ...
Реал Мадрид веќе бара наследник на Алваро Арбелоа, кој нема да ги предводи „кралевите“ следната сезона. Јирген Клоп, Маурицио Покетино и Дидие Дешамп се меѓу имињата што се поврзуваат, како и Жозе Мурињо. Според португалското издание „Рекорд“, враќањето на „Специјалниот“ на „Бернабеу“ не е исклучено. Засега нема разговори меѓу двете страни, но сегашниот тренер на Бенфика е позитивен во врска со можното враќање. Мурињо беше главен тренер на ...
Фудбалерите на Баерн го победија Штутгарт со 4:2 и станаа национални шампиони по 35-ти пат. Тимот на Винсент Компани четири кола пред крајот е недостижен за ривалите, имаат 15 поени повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд. До рајот на сезоната Баварците ќе се борат за уште два трофеи, во Купот на Германија и во Лигата на шампионите. Во недела, пред преполната „Алијанц“ Арена, откако гостите од Баден-Виртемберг поведоа во 21-та минута ...
Работнички го совлада Арсими со 2-0 на домашен терен, додека Струга извојува гостинска победа над Башкими од 4-0 над Башкими во двата завршни натпревари попладнево во рамки на 28 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Скопски Работнички извојува важна победа во битката за опстанок со головите на Мухарем (54 минута) и Хоџа (90+4). Струга извојува убедлив триумф на гостувањето во Куманово со головите на Кампаоре (45+2), Бојку (80), ...
Раководството на англискиот премиерлигаш Тотенхем ги осуди расистичките напади на социјалните мрежи врз дефанзивецот Кевин Дансо (27) по неговата грешка на натпреварот со Брајтон, повикувајќи на полициска акција. Дуелот во саботата меѓу Тотенхем и Брајтон заврши 2-2, а гостите израмнија во судиското продолжение по грешка Дансо. „Кевин Дансо е жртва на одвратна расистичка злоупотреба на социјалните мрежи. Однесување кое без сомнение е ...
Македонската ракометна репрезентативка Ана Марија Коларовска одигра уште еден маестрален натпревар во Хрватска, за својот тим Брод, кој во крајно драматична завршница беше поразен со 35:36 од фаворитот Сесвете. Уште од стартот на средбата, Коларовска покажа дека ќе биде една од клучните ракометарки во својот тим, започнувајќи со одлични продори да погодува и да и прави немир на противничката одбрана. Коларовска погоди и за 35:35 на минута до ...
Во Струмица овие денови се одржува завршницата на годинашното издание на ракометниот Куп на Македонија во двете конкуренции. Денеска на програмата се финалните натпревари, по кои ќе бидат доделени првите трофеи за сезонава. Први на теренот во салата „Парк“ ќе истрчаат ракометарките. Во мечот за куп трофејот пријатното изненадување Спартак ќе го предизвика бранителот Ѓорче Петров. „Лавиците“ од Ѓорче ќе го играат своето трето последователно ...
Денеска во Скопје се одржа состанок на кој учествуваа ракометни сојузи и релевантни клубови на кој беше постигна значаен исчекор кон унапредување на соработката и развојот на ракометот. РФМ излезе со соопштение со своја реакција на оваа тема: “Претставници на ракометните сојузи и релевантни клубови од регионот одржаа состанок на кој беше постигнат значаен исчекор кон унапредување на регионалната соработка и развојот на ракометот. На ...
Фудбалерите на Ливерпул го победија Евертон со резултат од 1:2 на стадионот „Хил Дикинсон“ во 33-то коло од Премиер лигата. Се чинеше дека Ливерпул ќе се задоволи со бод против своите најголеми ривали. Речиси беше така, а потоа се појави Вирџил ван Дајк и тоа во десеттата минута од судиското продолжение кога стрелаше за 1:2 и за победа, секако и за радост на „црвениот“ дел на Ливерпул. Голема победа на „Редси“, слатка победа на тимот на Арне ...
Милан ја победи Верона како гостин со резултат од 1:0 во натпревар од 33-то коло од италијанската Серија А. Тимот на Макс Алегри не се истакна денес, но сепак, неговите играчи славеа значајна победа против “фенерџијата“, по двата болни порази во домашното првенство. Не видовме многу од тоа во поголемиот дел од првото полувреме на стадионот Бентегоди, гостите не успеаја да ја наметнат иницијативата на теренот, додека екипата на Паоло Самарко ...
Чешката тенисерка Маркета Вондрушова, шампионка на Вимблдон во 2023 година, се соочува со суспензија до четири години откако беше обвинета за кршење на антидопинг правилото поради одбивање на тест. Спорниот инцидент се случил во декември за време на ненајавено тестирање надвор од тениските терени. Вондрушова тврди дека по 20 часот непознато лице заѕвонило на нејзината врата, одбило да се идентификува и побарало итен примерок од урина. Во тој ...