Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донираше 1.740 топки за третолигашите од сите шест региони, односно Тетово, Битола, Прилеп, Струмица, Куманово и Скопје, топки кои ќе бидат распределени за клубовите од Третите лиги. Како што вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ова е само една од серијата донации за клубовите од домашните лиги, дополнувајќи дека редот продолжува, следна адреса ќе бидат пониските лиги. На овој начин ФФМ ...

Бразилскиот репрезентативец, поранешен играч на Монако и Ливерпул, Фабињо, сезонава ќе го носи дресот на Трабзон. Фабињо во Трабзон дојде како слободен играч, откако му истече договорот со Ал Итихад. Бразилецот ќе ја обнови соработката со Мохамед Салах, кој две недели претходно потпиша две годишен договор со Трабзон. Фабињо и Салах беа дел од тимот што ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и Премиер лигата една година подоцна. ...

Во претпоследниот натпревар од 4.коло,на ПМФЛ одигран на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Вардар го победи Силекс со 4-1. Уште во третата минута по одличната контра која ја повлече Спахиу од левата страна, тој добро уфрли во шеснаесетникот на противникот. Младиот Димитар Данев беше на вистинското место и ја затресе мрежата на кратовци за 1-0 за Вардар. Во 37 минута силексовиот капитен Дарко Ангелески ефектно ја затресе мрежата на вардарци ...

Струга беше на чекор да стане првата екипа која сезонава ќе остане непоразена против Шкендија, но тетовци сепак успеаја да слават со 2-1 и да ја запишат четвртата победа во новата сезона. Стружани добија пенал, а сигурен реализатор беше Христијан Малески, најдобриот стрелец на стружани од минатата сезона. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, на сцена стапи искусниот Бесарт Ибраими. Во 85. минута и тој беше прецизен од ...

Лацио ја започна новата сезона во Серија А со победа, откако победи во Болоња со 1:0. Екипата на Џенаро Гатузо стигна до трите бода благодарение на голот на Давиде Фратези во второто полувреме. Во 31-та минута, Лацио ја затресе мрежата преку Булеј Диа, но голот беше поништен поради офсајд. Болоња имаше неколку добри шанси во второто полувреме од натпреварот. Најубавата се случи во 49-та минута, кога Јенс Одгард шутираше со глава кон левата ...

На почетокот од новата сезона, Јувентус би можел да остане без еден од најважните напаѓачки адути. Повредата на Кенан Јилдиз за време на натпреварот со Фрозиноне сериозно ги загрижи челниците на торинскиот клуб, а доколку дополнителните прегледи го потврдат најлошото сценарио, турскиот репрезентативец би можел да биде надвор од теренот дури два месеци. Јилдиз го повреди левото стапало за време на натпреварот, поради што веднаш беше упатен во ...

Американските НБА тимови Минесота Тимбервулвс и Минесота Линкс добија нов мнозински сопственик, нешто повеќе од една година откако Марк Лор и Алекс Родригез ја презедоа контролата врз франшизите. Според Шамс Чаранија од ЕСПН, американскиот бизнисмен Марк Стад го финализираше договорот со кој станува најголем акционер и сопственик со контролен удел во двете франшизи. Стад ќе го откупи поголемиот дел од сопственичкиот удел на Марк Лор, а ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, триумфираше во спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Холандија, 12-та рунда од овогодинешното првенство во Формула 1. Во Зандворт, Британецот ја забележа својата трета спринт победа во пет трки оваа сезона, со секунда и пол предност во однос на Шарл Леклер во Ферари. На третото скалило на подиумот беше бранителот на титулата Ландо Норис, кој беше повеќе од две секунди зад него. Иако ...

Фудбалскиот клуб Партизан преживува тежки моменти. Во неделата, доживеа чпора од Младост во Лучани (3:1) и по шест рунди во првенството се наоѓа на претпоследното место на табелата. Црно-белите, во првите пет натпревари веќе забележаа три порази. Ден по новиот дебакл во Суперлигата, ФК Партизан излезе со вонредно соопштение. „Во врска со моменталната состојба и резултатите во домашното првенство, се одржа состанок на кој присуствуваа ...

Јонг-Ву Сеол ја напушта Црвена звезда, репрезентативецот на Јужна Кореа договорил трансфер во Бундеслигата. Црвена звезда потврди дека Саол ќе се пресели во Аугсбург, а обештетувањето ќе биде 4.000.000 евра. Преку бонуси, Звезда може да добие уште 1.500.000 евра, а тука се и десет проценти од следниот трансфер. Сеол пристигна во Звезда пред две години за 1.500.000. Ќе биде запаметен како еден од подобрите странски фудбалери што го носеле ...

Манчестер Сити, во финишот на преодниот рок, одлучи да направи решителен чекор кон реализација на трансферот на Енцо Фернандес. Доколку информациите од Англија се точни, тоа значи дека „граѓаните“ се подготвен да ги исполни барањата на Челзи. Неофицијално, станува збор за сума од 140 милиони евра. Ако се реализира, ова би бил вториот најскап трансфер во историјата на Премиер лигата, веднаш зад трансферот на Александар Исак од Њукасл во ...

Алехандро Балде сака да ја напушти Барселона, а Манчестер Јунајтед е заинтересиран за неговиот трансфер. Шпанскиот лев бек наводно не е убеден дека има сигурна иднина на Камп Ноу, особено по доаѓањето на Жоао Кансело. Според информации од Шпанија, агентот на Балде, Жорге Мендеш, веќе работи на наоѓање нов клуб, а Манчестер Јунајтед се појавува како сериозна опција. Англискиот клуб бара решение на левата страна, по неуспешниот обид да го ...

Во годината, во која беа одбележани четири децении од легендарната „Божја рака“, топката со која беше постигнат еден од најпознатите и најконтроверзните голови во фудбалската историја беше продадена на аукција. Судбината ја спречи првата продажба, кога топката, чија автентичност беше доведена во прашање, не успеа да достигне ниту минимална цена од два милиони евра. Овој пат топката, која заврши во рацете на Тунижанецот, Али Бин Насер во 1986 ...

Хулијан Алварез доживе This is just unprofessional from Julian Alvarez, not going to lie. A couple of years ago, he wanted to leave City because he was a substitute, behind Haaland in the pecking order. Atletico Madrid gave him the spotlight, paid a fortune to him and for him, built their entire team… — CitySide (@CitehSide) August 23, 2026 а жесток пречек од навивачите на Атлетико откако изрази желба да го напушти клубот и да и се приклучи ...

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, вели дека Џани Инфантино не траба да заборави дека е Европеец. Дополнително, Чеферин го нарече планот на неговиот колега од ФИФА „полош од Суперлигата“. Порано овој месец, ФИФА го отфрли планот на Инфантино за основање нова подружница, која би управувала со комерцијалните права и правата за билети за сите натпреварувања на ФИФА, при што 21 отсто би биле продадени на приватна инвестициска компанија. ...

Американките тенисерки Џесика Пегула и Коко Гоф ќе играат за трофејот на ВТА 1000 турнирот во Синсинати, САД. Ова е епилогот по двата полуфинални меч. Ноќеска Гоф ја победи Чехинката Сара Бејлек, претходно Пегула беше поуспешна од Ига Швјонтек од Полска. Коко Гауф (САД, 4 носителка) – Сара Бејлек (Чешка) – 6:4, 6:1 Џесика Пегула (САД, 3) – Ига Швјонтек (Полска, 7) – 7:5, 4:6, 6:4. Финалето ќе се игра во 1 часот по полноќ. Американките ...

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, не го криеше своето незадоволство откако Оли Воткинс не настапи во тешкиот пораз од 4:0 против Брајтон во неделата и сугерираше дека напаѓачот одбил да игра. Вила имаше проблеми со напаѓачите поради повредите на Брајан Маџ и Тами Абрахам, но Воткинс сепак беше изоставен од составот додека разгледуваше понуда од Саудиски Ал-Хилал. Поради недостаток на напаѓачи, Емери беше принуден да го стави офанзивниот ...

Фудбалерите на Њукасл и Ливерпул одиграа возбудливи 2:2 во воведното коло од Премиер лигата. „Црвените“ се спасија буквално во последните секунди со голот на Доминик Собослај од пенал, во деветтата минута од судиското продолжение, триесет секунди пред судијата Стјуарт Атвел да пзначи крај на возбудливиот дуел. Покрај Собослај, голема заслуга за израмнувањето и бодот за тимот на Ираола има и Шпанецот Виктор Муњоз, кој изнуди пенал. Њукасл, два ...

Шпанскиот херој од Светското првенство, Феран Торес, имаше блескаво деби во дресот на актуелниот европски првак, ПСЖ. Напаѓачот со два гола не дозволи пораз на „светците“ на гостувањето во Рен. Натпреварот заврши 2:2. Европскиот шампион губеше со 2:0 во првото полувреме против Рен, откако Шимански постигна прекрасен гол во деветтата минута, а предноста ја зголеми Лепол во 38-та минута. Во тоа прво полувреме, ПСЖ доминираше. Ја имаше ...

Јаник Синер потврди дека нема да игра на претстојниот Ју-ес Опен, поради проблем со десното колено. Италијанецот минатата сезона ја освои титулата. Синер се обиде да се подготви за последниот Гренд слем турнир во сезоната и тренираше во Монте Карло во изминатите неколку дена, но тој и неговиот тим проценија дека сè уште не е подготвен да се врати на терените. Италијанецот ја објави одлуката преку социјалните мрежи. „Иако работев напорно со ...

Барселона официјално го засили Јоан Макунду како нов играч, со што каталонскиот клуб дополнително ја засили конкуренцијата под обрачите и потпиша договор до јуни 2028 година. Макунду минатата сезона имаше турбулентен период, бидејќи играше и во Кина за Фуџијан, а потоа се врати во Монако за завршницата на сезоната. Ова не е првпат Барса да се интересира за 26-годишниот крилен центар. Каталонците сакаа да го доведат и минатото лето, но тогаш ...

Според шпанскиот весник „Спорт“, Деко планира да потпише со одбранбениот играч на Спортинг Лисабон, Гонсало Инасио, во време кога целото внимание на пазарот е насочено кон потпишување на недвосмислено напаѓачко засилување. Руи Боржес го остави левиот бек на клупата во третото коло од португалскиот шампионат против Алверка. Многумина го толкуваат одлуката на тренерот како отворање на патот за можен трансфер. Спекулациите во последните денови ...

Англискиот фудбалер на Баерн Минхен Хари Кејн е избран за најдобар фудбалер во Германија во традиционалната анкета на спортското списание „Кикер“. Кејн убедливо ја освои наградата со 272 гласа, оставајќи го зад себе соиграчот од Баерн, Мајкл Олисе, кој доби 203 гласа. Третото место му припадна на напаѓачот на Штутгарт, Дениз Ундав, со 61 глас. Признанието доаѓа по неверојатната сезона во која Кејн постигна дури 61 гол на 51 натпревар и беше ...

Шесткратниот ол-стар кошаркар Демар Дерозан договори соработка со Денвер нагетс и ќе потпише едногодишен договор вреден 3,9 милиони долари. Со тоа Никола Јокиќ добива искусно засилување за следната сезона. Денвер прво го испрати Пејтон Вотсон во Кливленд, а за возврат доби два пика на драфтот, за 2031 и 2032 година. Дерозан со недели се поврзуваше со Денвер . Тој стана слободен играч откако Сакраменто ја откупи последната година од неговиот ...

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започнува официјалните подготовки за вториот круг од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 година (Евробаскет 2029). Подготовките стартуваат во Скопје, во салата позната како „Т Арената“ или ребрендираната „Телеком Арена“ (во рамките на СЦ Борис Трајковски), со почеток од 17:30 часот. Селекторот Жозеп Марија Берокал и неговиот стручен штаб повикаа 15 кошаркари ...

За најкорисен играч (МВП) на финалето на ракометниот турнир во Охрид беше прогласен ракометарот на Охрид, Доминик Мате, кој воедно го доби и признанието за најкорисен играч на целиот турнир. Успехот на домаќинот го надополни Дино Славиќ, кој беше прогласен за најдобар голман на петтото издание на „Крсте Андоновски“. Признанието за најдобар дефанзивец му припадна на Марко Мамиќ од Загреб додека Абделрахман Ашраф од Египет е најдобар стрелец на ...

Винисиус на мечот со Еспањол веќе имаше жолт картон по расправија со Алекс Калатрава, а во второто полувреме падна во шеснаесетникот на Еспањол по дуелот со Еду Еспозито. Судијата не досуди пенал, но не го казни Бразилецот ниту за симулација. Доколку проценеше дека Винисиус намерно паднал, тоа ќе значеше втор жолт картон и исклучување. Од Еспањол веднаш реагираа на социјалните мрежи со порака: „Колку симулации се потребни за да добиеш втор ...

Домаќинот Охрид го освои трофејот на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Во финалето, Охрид го победи Вардар со 29:27 (12:10). Првиот дел од финалето мина во израмнета игра, се играше гол за гол, а ниту еден тим се до финишот на првото полувреме немаше предност поголема од еден гол. Охриѓани подобро влегоа во вториот дел, во 40-та минута стекнаа предност од четири гола (17:13), која до крајот не ја испуштија. Охрид до победата го ...

Кога се оценува работата на еден систем, најважно е да се гледа што е променето во начинот на неговото функционирање, какви услови се создадени и какви резултати произведува. Особено во фудбалот, каде една одлука или еден натпревар не можат да бидат единствена мерка за квалитетот на целиот систем. Во последните неполни две години, Фудбалската федерација на Македонија направи значајни промени во сегментот на службените лица, со јасна цел, ...

Италијанската фудбалска екипа на Рома сè уште не се откажала од надежта да го доведе Рафа Леао. Договорот е далеку од загарантиран. За Леао да им се приклучи на жолто-црвените, неколку работи треба да се случат. Првично, Милан не треба да добие понатамошни понуди за нивниот број 10. Барањата од Саудиска Арабија и Турција, и покрај високите понуди за плати, никогаш не го привлечоа Рафа, кој сонува за трансфер во Премиер лигата како следен ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Иридиум

315077.32