Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Ули Хенес, првиот човек на Баерн Минхен во разговор со германските медиуми, истакна дека лично е без зборови. Тој стана сериозен проблем за клубот и ќе му обрнат многу поголемо внимание. „Вистинска драма е, особено за Џамал“, почна Хенес и продолжи: „Имаше одредени знаци дека има проблем, но тоа никогаш порано не му се случило во клубот. Сега му се случи двапати за неколку дена. Тоа е огромен проблем, особено за Џамал, но и за клубот. “ Баерн ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер би можел да го пропушти Отвореното првенство на САД поради повреда на коленото, објави „Газета дело Спорт“. 25-годишниот Синер се врати во Торино во понеделникот, каде што го започна закрепнувањето од повредата на коленото и го одржа својот прв тренинг во затворен простор. Италијанецот ќе биде подложен на дополнителни прегледи, по што ќе биде донесена конечна одлука за неговото учество на Отвореното првенство ...
Формула 1 би можела наскоро да се врати во Јужна Африка откако извршниот директор на најбрзиот циркус, Стефано Доменикали, откри дека се одвиваат преговорите во многу добра насока. Доколку биде постигнат договор, Ф1, по пауза од повеќе од три децении, повторно ќе има трка на африканскиот континент. Последен пат Големата награда на Јужна Африка се возеше на легендарната патека „Кјалами“, во 1993 година. Патеката, која се наоѓа во северниот дел ...
Спорот меѓу Томас Вокап и Олимпијакос доби нова, посериозна димензија. Искусниот плејмејкер е решен да го напушти клубот од Пиреја и да се пресели во Дубаи, иако неговите претставници го советувале да не влегува во борба со актуелниот европски првак. Според Михалис Стефану од порталот „Бетарадес“, Вокап во еден момент одлучил да ги заобиколи своите претставници, кои се обиделе да го одвратат од таков потег. Кошаркарот наводно ангажирал свој ...
Турскиот клуб, кој неодамна го доведе Мохамед Салах, сега наводно размислува и за ангажман на Карим Бензема. Според турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, Трабзон првично преговарал со Ал Хилал за Дарвин Нуњез, но разговорите не оделе според планот. Во меѓувреме, на клубот му бил понуден Бензема, по што веднаш започнале разговори за можноста за реализација на трансферот. Францускиот фудбалер има договор со Ал Хилал до 2027 година, па најголемата ...
Премиерлигашот Тотенхем планира до крајот на преодниот рок да купи играчи од нападот, а во пред план сега е тандемот од Манчестер Сити Савињо и Омар Мармуш. Според британските медиуми преговори се почнати, но договор не е постигнат. Савињо подолго време е цел на Тотенхем, а бразилскиот фудбалер летово истакна дека сака трансфер во клубот од Лондон. Манчестер Сити од француски Троа го купи за 40 милиони евра, а сега бара 70 милиони. Во игра ...
Барселона го одреди напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес, како свој апсолутен приоритет на самиот крај од летниот преоден рок. Информацијата беше објавена за време на пренос во живо на каналот Jijantes FC од страна на доверливиот шпански новинар Жерард Ромеро, нагласувајќи дека германскиот стратег Ханси Флик лично побарал да му се донесе аргентинскиот голгетер. Станува збор за исклучително комплициран договор поради финансиската состојба и ...
Ракометната федерација на Македонија изминатиот викенд беше домаќин на две репрезентативни селекции од Египет – сениорската Б селекција и репрезентацијата до 20 години, кои престојуваат во Македонија во рамки на своите подготовки. За време на престојот, египетските селекции одиграа пријателски натпревари со македонски клубови. Сениорската Б селекција одигра контролен натпревар против РК Алкалоид, додека репрезентацијата до 20 години одигра ...
Англиската Астон Вила донесе нови фудбалери и денеска претстави уште двајца. Покрај Манзамби, Гарначо и Жоао Гомеш, Астон Вила денеска придодаде уште двајца фудбалери во ростерот на Унаи Емери, а тоа се нов голман и нов лев бек. Зајон Сузуки пристигнува од Парма за сума од 35 милиони евра за да биде прв голман и наследник на Дибу Мартинез, додека левиот бек пристигна од Атлетико Мадрид. Матео Руџери за сума од 24 милиони евра пристигна во ...
Бразилскиот напаѓач Андре Луиз го напушти Олимпијакос и се пресели преку барата, во Спортинг Канзас Сити, во рекорден трансфер. Иако клубовите не ја открија сумата на обесштетувањето, американските медиуми објавуваат дека Спортинг ќе плати 18 милиони долари за напаѓачот, кој има 24 години. Луиз ќе стане најскапиот играч во историјата на тој клуб. Претходниот рекорд на Спортинг беше 7,5 милиони долари, кои беа платени во 2019 година за ...
Пол Погба (33) повеќе не е играч на Монако, откако клубот објави дека спогодбено се разделил со поранешниот светски првак. Во објавата се потенцира дека само делумно ги исполниле целите што ги поставиле на почетокот на минатата сезона. Погба тогаш потпиша двегодишен договор. Сепак, сега е раскинат откако Погба одигра само 115 минути за Монако минатата сезона. Ова е уште еден од низата удари што ги претрпе фудбалерот кој на почетокот на ...
Кошаркарски клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на тимот за сезоната 2026/27 со уште едно големо засилување и инвестиција во македонската кошаркарска иднина амбо ТФТ ново име е Ѓорѓи Цветковски! Со само 18 години, Цветковски веќе покажа дека е еден од најголемите македонски таленти. На Европското првенство до 18 години бележеше одлични 17.3 поени во просек, со извонредни 45% реализација за три поени, со што се најде како втор најдобар ...
Александар Костоски и официјално е нов играч на КК Соколи. Поранешниот македонски репрезентативец – Александар Костоски се чини дека е вистинско ново засилување за новата сезона. На Евробаскет 2015 беше најефикасен во нашиот национален тим со 49 поени на пет натпревари, а во богатата кариера настапувал во Македонија, Франција и Романија. Александар Костоски и официјално е нов играч на КК Соколи. Поранешниот македонски репрезентативец – ...
По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за периодот 2027–2031 година. За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување. – Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните ...
Астон Вила официјално ги потврди трансферите на Матео Руџиери и Зајон Сузуки. Италијанскиот дефанзивец дојде од Атлетико Мадрид за 25 милиони евра, плус 1,5 милиони евра бонуси, додека јапонскиот голман, кој беше на работ на трансфер во Пари Сен Жермен, пристигнува од Парма за 30 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси. Руџери (24) доаѓа на „Вила Парк“ по само една сезона во Атлетико, со идеја да го замени Лука Дињ, кој се врати во ПСЖ. ...
Брајтон го официјализира трансферот на напаѓачот Промис Дејвид. Канадскиот репрезентативец пристигнува на позајмица од белгискиот вицешампион, Унион Сен Жилоа. Според „Скај Спортс“, договорот меѓу двата клуба вклучува и клаузула за траен откуп во вредност од 22 милиони фунти, која ќе се активира доколку се исполнат одредени услови. 25-годишниот Дејвид, кој игра на позицијата централен напаѓач, има импресивна статистика за тимот од Брисел. Тој ...
Манчестер Јунајтед и Брајтон се блиску до договор во врска со трансферот на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба, а преговорите меѓу двата клуба продолжуваат во позитивна атмосфера, објави „Атлетик“. Јунајтед понуди околу 60.000.000 фунти за 22-годишниот фудбалер со дополнителни 5.000.000 преку бонуси. Таа понуда моментално е под износот што Брајтон го очекува за трансферот на Балеба, но сите страни работат на постигнување договор. ...
Стразбур се договорил за дефанзивецот Карим Кулибали од Вердер, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, трансферот на 19-годишниот Германец изнесува 20 милиони евра. Вклучена е и клаузула за препродажба, без бонуси. Договорот на Кулибали со Вердер е до 30 јуни 2029 година. Во сезоната 2025/26, дефанзивецот има запишано една асистенција на 27 натпревари. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на младиот германски репрезентативец на ...
Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос, наводно, пред околу четири недели се конвертирал во ислам во Бразил, објавија турски медиуми. Информацијата ја објави Али Шахин, пратеник од турската Партија на правдата и развојот (АК Партија), по средбата со претставници на муслиманската заедница во Сао Паоло. Според извештаите, Шахин по средбата на социјалните мрежи му честитал на Роберто Карлос за одлуката, упатувајќи му нему и на неговото ...
Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати откако во второто коло загуби од младиот Аргентинец Тиаго Тиранте со 2-1 во сетови (4:6; 6.4 и 6:4). Тој по мечот, што траеше 2 часа и 45 минути зборуваше за здравствените проблеми со кои се соочува изминативе години. -Не е првпат, а сигурно ниту последен. Едноставно во прашање се здравствените проблеми. Имам проблеми особено кога влажноста е голема и со висока ...
Екипата на Кадилак ја направи првата голема промена во својот краток престој во Формула 1. Тимот, кој е поддржан од Џенерал Моторс, изненадувачки го замени досегашниот тимски шеф Грем Лоудон со поранешниот прв човек на Алпин, Марцин Будковски. Кадилак дебитираше во Ф1 на почетокот на сезоната 2026, откако проектот кој започна како Андрети конечно доби официјално одобрување. Сепак, по првата полусезона, тимот се наоѓа на последното 11-то место ...
Тренерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо, испратил јасна порака до клупските челници дека сега е вистискиот момент за да се испрати понуда за шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Мартин Зубименди. Португалскиот стучњак е убеден дека играчот за врска ќе се пресели во Мадрид доколку официјалната понуда не биде помала од 60 мил. евра. Тренерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо, испратил јасна порака до клупските ...
Мото ГП пристигнува во еден од најпознатите градови во светот, откако Рио де Жанеиро беше избран за домаќин на официјалното отворање на сезоната 2027 година. Главниот настан е планирано да се одржи на плажата Ботафого, во спектакуларен амбиент со планината Шугарлоуф во позадина Најавата доаѓа по исклучително успешното враќање на Мото ГП во Бразил во 2026 година. Тогаш, распродадениот викенд во Гојанија привлече речиси 150.000 гледачи, ...
Лука Модриќ зборуваше за својата одлука да потпише нов договор со Милан и не размислува летово да си замине од Милано. Во интервју за официјалниот сајт на клубот Хрватот се осврна и на повредата што ја заработи против Јувентус, која му ги засени последните месеци од сезоната. „Никогаш не помислив дека тоа ќе биде мојот последен натпревар за Милан. Длабоко во себе знаев дека сакам да продолжам, но во исто време морав да проверам и други работи ...
Цените на билетите за натпреварите на Филаделфија, достигнаа рекордно ниво пред почетокот на НБА сезоната 2026/27, а нивниот прв натпревар против Њујорк Никс би можел да стане најскапиот прв натпревар во историјата на лигата. Њујорк ќе биде домаќин на Филаделфија во „Медисон Сквер Гарден“ на 20 октомври, кога бранителот на титулата ќе го подигне шампионското знаме. Најевтините билети достапни за овој натпревар на секундарниот пазар се движат ...
Џини Бас, гувернерката на Лос Анџелес Лејкерс, правно ја оспорува одлуката на нејзините браќа и сестри да ги продадат преостанатите 17,8 проценти од семејниот удел во клубот на Џош Кушнер и Боб Игер. dobivaj vesti na viber Доколку зделката биде рреализирана, Бас би можела да ја изгуби позицијата што ја има од 2013 година. Семејството Бас гласаше овој месец за продажба на преостанатиот удел во Лејкерс, но Џини тврди дека гласањето е неважечко. ...
Фудбалерот на Баерн, Џамал Мусијала, се огласи на својот Инстаграм откако се струполи на теренот, среде натпревар. Ова му се случи втор пат за три дена. Германскиот репрезентативец неодамна имаше непријатна епизода против Лајпциг кон крајот на натпреварот, а во средата, за време на пријателски натпревар (Хајденхајм), доживеа речиси идентична ситуација. Тој влезе во игра во 61-та минута, а пет минути подоцна падна на тревата, речиси во ...
Навивачите на Рома во голем број, гласни и еуфорични, го пречекаа 19-годишниот Португалец Родриго Мора, новиот играч на „волчицата“. Рома неодамна го договори трансферот на суперталентиран тинејџер од Порто, човек кој игра на позицијата офанзивен играч за врска, на чие доаѓање инсистираше тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини. Италијанскиот клуб долго време преговараше со Португалците за двете страни на крајот да се „најдат“ на 50 милиони евра ...
Арон Ван-Бисака ќе и се приклучи на Астон Вила од Вест Хем. Искусниот дефанзивец ќе се пресели во Бирмингем на едногодишна позајмица, по што Вила ќе биде обврзана да го откупи неговиот договор. Договорот дојде откако Вест Хем ја отфрли првата понуда на Астон Вила која вклучуваше само позајмица. Сепак, клубовите најдоа компромисно решение во форма на позајмица со задолжителен откуп, пишува Би-Би-Си. Иако финансиските детали не се официјално ...
Златната топка од 2024 година и најдобриот играч на Светското првенство, кое заврши со триумф на Шпанија, Родри, официјално стана играч на Барселона. Барселона и Манчестер Сити постигнаа договор за трансфер на шпанскиот репрезентативец, кој потпиша договор со клубот од „Камп Ноу“ до 30 јуни 2030 година. Доаѓањето на еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот е голем успех за Барселона, која се здоби со играч способен да донесе ...