Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, потпиша нов договор со клубот. „Борусија Дортмунд го продолжи договорот со Ник Шлотербек (26) до јуни 2031 година. Германскиот репрезентативец потпиша нов договор овој петок“, се вели во соопштението на клубот. Шлотербек пристигна во Дортмунд од Фрајбург во 2022 година и оттогаш одигра 155 натпревари за „црно-жолтите“. Дефанзивецот постигна 10 гола и имаше 18 асистенции. Шлотербек одигра и 25 ...

Манчестер Сити ќе направи мала реконструкција во редот за врска, во летниот преоден рок. Капетанот Бернардо Силва заминува на крајот од договорот како слободен играч, сè уште не е познато каде, а исто така е неизвесно дали Родри ќе потпише нов договор, што би можело да доведе до негова продажба. Пеп Гвардиола не може да седи со скрстени раце, па затоа даде зелено светло клубот да се одлучи за Елиот Андерсон. Асот на Нотингем Форест е голема ...

Фудбалерот на Челзи, Енцо Фернандез и неговиот менаџер, му се извинија на клубот по изјавите што ги даде фудбалерот за аргентинските медиуми, за време на неговите репрезентативни обврски во Аргентина, објавија британските медиуми. Во интервјуто во Аргентина, Фернандес изјави дека би сакал да живее во Мадрид, со што ја остави отворена можноста да се пресели во Реал Мадрид веќе ова лето. Од Челзи порачаа дека немало дискусија за негова ...

Клубот официјално потврди дека Енди Робертсон, легендарниот лев бек и капитен на Шкотска, ќе го напушти „Енфилд“ по завршувањето на оваа сезона. По девет години исполнети со борбеност, спринтови по левата страна и многу трофеи, 32-годишниот Робертсон заминува како слободен агент по истекот на неговиот договор. Иако оваа сезона ја загуби стартната позиција од младиот Милош Керкез (започна само 6 меча во Премиер лигата), Робертсон сè уште е ...

Ноќта на „Камп Ноу“ донесе разочарување и гнев во таборот на Барселона, а најгласен по поразот од 0-2 од Атлетико Мадрид беше тренерот Ханси Флик. Германецот без задршка го критикуваше судењето, ставајќи ја под знак прашалник улогата на ВАР во натпревар обележан со контроверзниот црвен картон на Кубарси во завршницата на првото полувреме. Клучниот момент дојде по игра со рака во шеснаесетникот од Пубил, за која Флик сметаше дека требало да ...

Денвер нагетс ноќеска го победи Мемфис во натпревар од регуларната сезона на НБА со 136:119. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 14 поени, 15 скока и 10 асистенции. Најефикасен во победничката екипа беше Џамал Мареј со 26 поени. Во поразениот тим се истакнаа Кауард со 27, Хендрикс и Вилијамсон со по 16 поени. Резултати на другите НБА-натпревари одиграни ноќта среда кон четврток: Кливелнд- Атланта 122:116 Детроит – Милвоки ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја мина првата пречка на ВТА 125 турнирот во Мадрид откако денеска ја Јапонката Сара Саито со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) за 90 минути игра. Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Русинката Алина Корнеева (осма носителка), која со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3) ја победи Шпанката Марија Гарсија. На стартот од денешниот меч Ѓорческа и Саито загубија по два гема на свој сервис, а потоа македонската ...

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) официјално ги пушти во продажба билетите за претстојниот „Фајнал-фор“ (Ф4) турнир во рамките на Купот на Македонија. Овогодишниот ракометен празник ќе се одржи во Струмица, а салата „Парк“ ќе биде епицентарот на машкиот и женскиот ракометен крем. Љубителите на ракометот ќе имаат прилика со само еден купен билет да ги проследат сите полуфинални натпревари закажани за 17 и 18 април. Цената на билетот ...

Ракометарите на Вардар 1961 ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа Бутел со 42-27 во натпреварот од петтото коло на плеј-офот во Суперлигата на Македонија. Натпреварот кој се одигра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ во целост му припадна на фаворитот кој беше убедлив. Најефикасен во таборот на Вардар беше Јака Малус со осум реализации, додека исто толку даде и Дејан Милосављевиќ кај Бутел. На вардарци до крајот на сезоната им се ...

Македонскиот кошаркарски вицешампион ТФТ прави голем чекор кон пласман во финалето на АБА2 лигата. Кошаркарите на ТФТ поведоа со 1:0 во победи во полуфиналната серија со црногорската екипа на Сутјеска. Тимот од скопско Тафталиџе, вечерва на гостувањето во Никшиќ славеше со 88-93. Најефикасен во победничката екипа на ТФТ беше макеоднскиот репрезентативец Виктор Ташовски кој постигна 28 пени, а додаде и шест асистенции. Реванш натпреварот во ...

Арсими триумфално се врати од Ѓорче Петрв, совладувајќи ја Македонија ЃП со минимални 0-1 во 26. коло од ПМФЛ. Со овој важен успех, гостите направија значаен исчекор на табелата и се оддалечија од опасната зона, искачувајќи се на седмата позиција. Клучниот момент се случи во 28.минута. По една долга топка зад одбраната, Фатјон Јусуфи одлично се снајде и прецизно погоди за водство од 0-1. Погодокот беше предмет на ВАР проверка, но по кратка ...

Роберт Левандовски, 37-годишниот полски напаѓач, му е понуден на Милан како засилување за следната сезона. Неговиот договор со Барселона истекува на лето, што значи дека би можел да пристигне на Сан Сиро без обештетување. Во време кога Милан бара силен напаѓач за да ги зголеми своите амбиции, доаѓањето на еден од најдобрите стрелци во неговата генерација претставува примамлива можност, пишува Gazzetta.it. По Борусија Дортмунд, Баерн и ...

ФИФА ги објави имињата на 170 судии кои во текот на Светскиот шампионат во САД, Мексико и Канада ќе бидат делегирани на вкупно 104 натпревари. Педесет и двајца ќе имаат статус на главни, 88 ќе бидат делегирани како помошни арбитри додека 30 ќе бидат ангажирани како дел од ВАР екипата. Поради зголемениот број на учесници, ФИФА мораше да избере рекорден број на судии кои доѓаат од шест континенти и 50 земји кои се членки на Светската ...

Футсал репрезентацијата на Македонија со победа го отвори настапот во првиот круг од квалификациите за пласман на Светското првенство. Во првото коло селекцијата на Македонија ја совлада Бугарија со 4:1. Серијата погодоци ја отвори Иван Крстевски уште во втората минута, а веќе во осмата имавме водство од 2:0 откако во листата на стрелци се запиша Берат Рамадани. Во 18. минута имавме можност да стигнеме и до поубедлива предност, но Тони ...

Косуке Јасухира е нов ракометар на ГРК Охрид. Јапонецот доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати во историската сезона на клубот. -Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од ...

Фудбалерите на Рајо Ваљекано обезбедија убедлива победа од 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Конференциската лига. На мечот со грчки АЕК, шпанскиот тим одигра одлично во првото полувреме и комплетно го разби ривалот, пред реваншот кој следната недела ќе се одигра во Атина. Рајо поведе со голот на Ахомах во 2. минута, додека Лопез во судиското надополнување од првиот дел зголеми и на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Палазон од пенал ...

Барселона поднесе жалба до УЕФА во врска со судењето на првиот натпревар против Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите (0:2). Во 54-тата минута од натпреварот, дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Марк Пубил, ја допре топката што му ја додаде голманот Хуан Мусо со рака. Судијата Иштван Ковач ја игнорираше ситуацијата и не досуди пенал. Правниот оддел на клубот поднел формална жалба до УЕФА во врска со настаните што се случија ...

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се огласи по поразот на неговиот тим од Пари Сен Жермен со 2-0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Секако дека не сум задоволен од поразот. Единственото позитивно нешто е што имаме уште еден натпревар следната недела“, рече Ван Дајк. „Беше тешко. Имавме неколку контранапади кои можевме да ги направиме подобро. ПСЖ постојано се движи по теренот. Треба добро да комуницираме и ...

Реал Мадрид инсистира да ги забрза работите околу трансферот на Мајкл Олисе. Инсајдерот Кристијан Фалк известува дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој веќе беше заинтересиран да го потпише крилниот напаѓач на Баерн Минхен во текот на летото, бил импресиониран од неговиот настап на „Сантијаго Бернабеу“ синоќа. Се тврди дека Реал Мадрид сега е уште позаинтересиран да го потпише 24-годишниот франциски репрезентативец. ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го коментираше триумфот од 2-0 над Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Аргентинецот не беше пресреќен и рече дека реваншот сигурно ќе биде многу тежок. „Атлетико долго време не победил тука. Многу е тешко да се игра на овој стадион. Барса е веројатно најдобриот тим во Европа, заедно со Пари Сен Жермен и Баерн Минхен. Благодарение на нашите колективни напори, ...

Средниот бек на српскиот ракометен клуб Партизан, Миха Котар, од следната натпреварувачка сезона 2026/27 ќе ги брани боите на Е.Пелистер. Во последните неколку натпревари, Словенецот беше најдобриот играч на белградските „црно-бели“. Особено блесна во финалето на Купот на Србија во Бањица против Динамо Панчево (34:27). Иако имаше договор до јуни 2027 година, Словенецот доби дозвола од Партизан за промена на средината. Се очекува да го замени ...

Тотенхем подготвува сериозна реконструкција на тимот, а една од клучните позиции што сакаат да ја решат ова лето е голманската. Изборот е Џејмс Трафорд. Младиот голман на Манчестер Сити е идентификуван како приоритет, особено како дел од плановите на новиот тренер Роберто Де Зерби да изгради свој тим. Трафорд (23) се смета за еден од најталентираните англиски голмани, а по развојот во системот на Сити и епизодата во Барнли, сега бара клуб ...

Барселона, синоќа беше поразена од Атлетико Мадрид (0:2) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а по завршувањето на натпреварот, Ханси Флик се жалеше на судијата Иштван Ковач. Атлетико победи на „Камп Ноу“ со головите на Хулијан Алварез и Александер Серлот, а клучен момент на натпреварот се случи во 44-та минута кога Пау Кубарси доби црвен картон. За Флик, но и за оние на кои Барселона им е во срцето, спорен е и ...

Саудиска Арабија објави напредок во изградбата на нова патека за Формула 1. Патеката е дизајнирана од поранешниот возач на Формула 1 Алекс Вурц, и е дел од спортско-забавен комплекс лоциран во близина на Ријад. Планот е патеката да биде завршена во 2027 година, а првата трка од Формула 1 е закажана да се одржи една година подоцна, во сезоната 2028. Гран при на Саудиска Арабија моментално се одржува привремено на патеката во Џеда, иако е ...

Атлетико Мадрид ја изненади Барселона и победи со 0:2 на гостински терен во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Барселона остана со играч помалку во 44-та минута, откако Пау Кубарси доби црвен картон. Атлетико го искористи играчот повеќе и со головите на Хулијан Алварез и Александер Серлот, стекна голема предност пред реваншот на „Метрополитано“ следната недела. Пред натпреварот, навивачите на Барселона го каменуваа ...

Мајкл Керик го раздвижи Манчестер Јунајтед, откако на клупата го наследи Рубен Аморим. Поранешниот фудбалер на Тотенхем и Манчестер Јунајтед ги врати „црвените ѓаволи“ во борбата за местата во Лигата на шампионите. Амад Диало, напаѓачот на „Црвените ѓаволи“, нема сомнение дека би сакал да продолжи да работи со Керик. „Мислам дека тој е вистинскиот човек за оваа работа. Има огромно искуство, го познава клубот совршено и едноставно ја има таа ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ги искажа впечатопците по синоќешниот пораз со ПСЖ. Англискиот претставник на гостувањето во Париз во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите загуби со 2:0. -Гледајќи го натпреварот како целина, мислам дека имавме среќа што загубивме со 2:0, бидејќи противникот имаше повеќе шанси отколку голови. Првиот гол беше особено тежок за прифаќање, бидејќи дотогаш не создадоа многу, а потоа топката ...

Кошаркарот на Милвоки, Кевин Портер Џуниор, нема да настапува до крајот на тековната НБА сезона поради повреда на коленото. Клубот соопшти дека Портер бил подложен на оперативен зафат, по што го очекува подолг период на рехабилитација. Тој последен пат настапи во март, а повредата го принуди предвреме да ја заврши сезоната. Во текот на сезоната, Портер настапи на 38 натпревари и имаше солиден учинок, со просек од 17,4 поени, 7,4 асистенции и ...

Илјадници навивачи се чувствуваат измамени по купувањето билети за Светското првенство 2026, откако наместо „премиум“ места добиле значително полоши позиции на стадионите. Според извештајот на „Атлетик“, ФИФА по продажбата ги прераспределила седиштата, при што дел од билетите од прва категорија завршиле во послаби сектори – без навивачите да бидат информирани или обештетени. Дополнително, организацијата ги изменила и мапите на стадионите, а ...

Легендарниот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ почина оваа среда во Белград. Веста за смртта на поранешниот тренер на Партизан, Црвена звезда, ЦСКА, ОКК Белград, Бреша, Пистоја, Лимож, и поранешниот селектор на Србија и Црна Гора, првиот селектор на Црна Гора, како и на Босна и Херцеговина, ја потврди порталот „Nova.rs“. Вујошевиќ имаше 67 години, а со години имаше здравствени проблеми предизвикани од дијабетес, па во 2025 година му беше ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
70%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
58%
1014
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
6.94
55%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
96%
1014
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
64%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1015
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
82%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
65%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
51%
1013
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Платина

66712.80

Алуминиум

3.53

Иридиум

253540.09

Злато

166450.52

Родиум

324722.54

Бакар

12.14

Рутениум

55395.74

Кобалт

45.39

Паладиум

49215.93

Калај

49.88

Сребро

2840.84

Цинк

3.44