Фудбалерот на Трабзонспор, Мохамед Салах, го постигна својот деби гол за турскиот клуб. Триесет и четиригодишниот Египќанец постигна гол во првото полувреме од денешниот натпревар против Башакшехир во второто коло од турската Супер лига. Ова беше трет натпревар на Салах за тимот. Напаѓачот потпиша двегодишен договор со Трабзонспор пред почетокот на сезоната 2026/27. Во својата кариера Салах има настапувано и за: Ливерпул, Рома, Фиорентина, ...

Габриел Мартинели би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, откако Ал-Хилал започна преговори со Арсенал. Саудискиот клуб сериозно е заинтересиран за 25-годишниот крилен играч, кој веќе седум години е дел од Арсенал. Топчиите за неговите услуги бараат околу 60 милиони евра. Во сите натпреварувања одигра 53 натпревари, на кои постигна 11 гола и запиша седум асистенции. Габриел Мартинели би можел да ја продолжи кариерата во ...

Фудбалерот на Манчестер Сити, Омар Мармуш, е ново засилување за Тотенхем. Клубовите постигнаа усмен договор за позајмица на Египќанецот со опција за откуп од 50 милиони фунти, што ќе стане задолжително под одредени услови. Минатата сезона, Мармуш одигра 21 натпревар во Премиер лигата, постигнувајќи три гола. Фудбалерот на Манчестер Сити, Омар Мармуш, е ново засилување за Тотенхем. Клубовите постигнаа усмен договор за позајмица на Египќанецот ...

Формула 1 тимот Ред Бул објави продолжување на договорот со својот возач Макс Верстапен. Новиот договор важи до 2030 година. Претходниот договор на Холанѓанецот требаше да истече во 2028 година. Претходно се шпекулираше дека Верстапен размислува да го напушти Ред Бул и да продолжи кариера во друг тим, а медиумите првенствено ги наведуваа Мерцедес и Мекларен како опции. Верстапен вози за Ред Бул од 2016 година. Дваесет и осумгодишниот тркач е ...

Нотингем Форест со пораз ја започна новата сезона. Вчера со 0:1 загуби дома од Лидс. На „Шумарите“ им е јасно дека им треба напаѓач. Пари имаат, ќе го трошат заработеното од трансферот на Елиот Андерсон во Манчестер Сити. Нотингем Форест испрати понуда од околу 82 милиони евра за напаѓачот на Брентфорд, Игор Тијаго. Бразилскиот напаѓач е под договор до 2031 година, но растечкиот интерес за него би можел да доведе до трансфер кон крајот на ...

Манчестер Сити го договори трансферот на еден од најголемите светски таленти, Ајуб Буади од редовите на Лил. Англискиот шампион се согласи да плати пакет вреден дури 100 милиони евра, во кој се вклучени и дополнителните бонуси. Младиот марокански фудбалер е изоставен од составот на францускиот клуб за денешниот натпревар, што е јасен знак дека зделката е пред самата завршница. Буади на почетокот од следната недела треба да ги мине ...

НБА инсајдерот Ентони Ирвин презентираше интересна теорија според која Лос Анџелес Лејкерс би можеле да се обидат да спојат две европски суперѕвезди во 2028 година, а тоа е Лука Дончиќ и Никола Јокиќ. За време на гостувањето во подкастот „Лејкерс Лаунџ Мејлбег“, Ирвин зборуваше за иднината на Јокиќ во Денвер Нагетс, а како една од причините зошто српскиот центар би можел да почне да размислува за заминување, ги наведе потезите на ...

Трагедија го погоди фудбалскиот свет отако младиот 25-годишен Куевин Кастро го загуби животот за време на натпревар во Португалија. Кастро ненадејно се струполил на теренот во 10. минута од дуелот против Естрела Амадоре. Медицинските екипи веднаш интервенирале и се обиделе да му помогнат, но, за жал, не успеале да го спасат. Покрај ВБА, настапуваше и за Јорк Сити, Кембриџ сити и други англиски екипи. Трагедија го погоди фудбалскиот свет ...

Манчестер Сити постигна договор со Лил за трансфер на мароканскиот играч за врска Ајуб Буади. Договорот е вреден почетни 95 милиони евра, со дополнителни пет милиони преку потенцијални бонуси. Ова е третиот најскап трансфер во клупската историја. Пред Буади се само Џек Грилиш (117 милиони фунти) и Елиот Андерсон (116 милиони фунти). Буади треба да се пресели на „Етихад“ и да потпише договор до 2031 година, со можност за продолжување на ...

Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение по повод случувањата на вчерашниот меч меѓу Шкендија Арачиново и Арсими кој се играше на стадионот во Чаир како дел од 4. коло од новата сезона во ПМФЛ. Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на ФФМ. “На натпреварот од четвртото коло на Првата МФЛ, одигран на стадионот во Чаир помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Аресими, беа забележани две клучни и особено ...

Фабрицио Романо, познатиот фудбалски инсајдер, 23-годишниот тенисер Карлос Алкараз ја информираше јавноста дека чекањето заврши. Шпанецот потврди дека ќе ја брани титулата во Њујорк. Седумкратниот гренд слем-шампион пред четири месеци го повреди зглобот на десната рака на турнирот во Барселона, поради што беше принуден без борба да му го предаде мечот од второто коло на Томаш Махач. Оттогаш не одигра ниту еден натпреварувачки меч и пропушти ...

Реал Мадрид го победи Еспањол со 2:1 на гостински терен во својот прв натпревар од новата сезона во Ла Лига. Ова беше првиот официјален натпревар на Жозе Мурињо по враќањето на клупата на Реал, 13 години по завршувањето на неговиот прв мандат. Херој на победата беше Карлос Еспи, кој постигна гол во 90-та минута за конечни 2:1. Реал поведе во деветтата минута, кога по нафрлувањето на Арда Гулер, Џуд Белингам со глава ја погоди топката за 1:0. ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го коментираше триумфот од 2-1 над Еспањол во првото коло од Ла Лига. „Кралевите“ дојдоа до победата благодарение на голот на резервниот играч Карлос Еспи кон крајот на натпреварот. „Мислам дека ја заслуживме победата, но Еспањол не заслужи да изгуби. Го контролиравме натпреварот многу добро, вршевме притисок, преземавме многу ризици и мислам дека заслуживме да победиме. Сепак, за тим кој игра како ...

Соколи Штип продолжува со создавање на на респектабилен ростер. Во својот состав тренерот Марјан Србиновски го додаде и Никола Караколев, кој ќе ја има улогата на капитен. „Со своето огромно искуство, лидерски дух и безрезервна борбеност, капитенот Никола Караколев ќе го предводи нашиот нов тим и во претстојната сезона! Подготвен за новите предизвици и максимално мотивиран, тој ветува дека екипата ќе се бори за секоја топка, секој поен и ...

Во клубот пристигна Американецот Камерон Гуден, кој настапува како плејмејкер Роден е во 1998 година, а висок е 183 сантиметри. Дипломирал на Универзитетот „Јута Тех“ во 2003 година, а последен ангажман му беше во мексиканскиот клуб Рајос де Хермосиљо. Со неговото доаѓање, кумановчани ги засилуваат надворешните позиции, а претходно потпишаа договор со Ренато Димитриевски, Алек Петкоски и репрезентативецот Бојан Крстевски. Во клубот пристигна ...

Фудбалерите на Баерн Минхен го освоија германскиот Суперкуп наречен „Франц Бекенбауер“, откако во финалето славеа над Борусија во Дортмунд со 2:1 (2:0). Натпреварот се играше на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, но дури ни тоа не ѝ помогна на Борусија да избегне уште еден пораз во дуелот против баварскиот гигант. Екипата на Винсент Компани повторно демонстрираше поголем квалитет од својот голем ривал, иако „милионерите“ дадоа се од себе, ...

Неверојатен меч во СЦ “Билјанини извори“ во битката за финале на турнирот „Крсте Андоновски“. Загреб водеше и со пет гола разлика, но Охрид успеа да се врати и да дојде до само еден гол негатива во последните две минути, а потоа на крилата на Славиќ и Ѓукиќ конечно и да се избори за реми 30-30 кое значеше последен чекор до обрана на трофејот. Неверојатен на голот на Славиќ кој запиша 13 одбрани, девет во второто полувреме. Прв стрелец беше ...

Македонскиот ракометен репрезентативец, Милан Лазаревски е подготовен да се врати на терените. Поради повреда на рамото, вардаровиот пикер беше надвор од терените. Лазаревски успешно ја заврши рехабилитацијата, на голема среќа не станува збор за нешто посериозно. Тој поради истиот проблем претходно една година беше надвор од терените. Македонскиот ракометен репрезентативец, Милан Лазаревски е подготовен да се врати на терените. Поради ...

Фудбалерите на Севилја победија во Билбао со 3:1, во второто коло. Мечот го обележаа грешките на фудбалерите на Атлетик, кои им ја подарија победата на гостите од Андалузија. Шпанската фудбалска репрезентација ја освои титулата светски шампион, а најдобар голман на тој турнир и незаменлив чувар на мрежата беше Унаж Симон, голманот на Атлетик Билбао. Во второто коло од Ла Лига, голема грешка на Симон, Билбао претрпе пораз дома од тимот на ...

Иако сезоната низ Европа штотуку започна, веќе добивме еден од кандидатите за наградата „Пушкаш“. Во натпреварот од 2. коло од англискиот Чемпионшип, Бирмингем и Бристол, видовме чиста мајсторство во режија на Доминик Балард. Напаѓачот на гостинскиот тим успеа да ја смести топката во мрежата со удар со петица што ги побива сите закони на физиката. Дојдовниот центаршут од левата страна не беше добар и Балард тргна во спротивна насока од ...

Фудбалерите на Брентфорд го надиграа и убедливо го поразија Тотенхем со 3:0 (2:0) во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Тимот на Роберто Де Зерби донесе многу скапи нови играчи во текот на летото, но ниту еден од нив не се покажа како засилување во првото коло. Спарс буквално беа разбиени од Брентфорд. „Пчелките“, одигра феноменален натпревар, победата ја најави Луис-Потер во 12-та минута по големата грешка на Бергвал. Водството ...

Астон Вила преговара со Леон Горецка за негов потенцијален трансфер во Премиер – лигата. Германскиот играч за врска ова лето, по осум сезони, го напушти Баерн Минхен и сега како слободен фудбалер преговара со англискиот клуб. Горецка бара околу 7 милиони евра нето-плата по сезона, плус бонус за потпис на договорот кој би можел да достигне 10 милиони евра. Горецка има 31 година, а во Баерн пристигна во 2018 година од Шалке без обесштетување. ...

Извонреден почеток на фудбалерите на Евртон на новата премиерлигашка сезона. „Сините“ од Ливерпул пред своја публика ги освоија премиерните три бода победувајќи со 2:0 на дуелот со Кристал Палас. Победата на „карамелите“ ја најави Десбјури-Хол со голот во 42. минута, а печат на триумфот стави Бери со голот во 53. минута од мечот. Големо разочарување за навивачите на „Сити Граунд“ каде екипата на Нотингем Форест на домашен терен загуби во ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со Претседавачот на Бордот на Обединетата македонска дијаспора, Арџи Белио. На состанокот беше договорена соработка која ќе оди во насока на откривање, мапирање и поврзувње на младите фудбалски таленти со македонско потекло ширум светот. Во следниот период ќе се работи на воспоставување соработка со македонските фудбалски клубови и заедници низ дијаспората, ...

Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси, е казнет за своите постапки во ремито 2-2 во регуларната сезона против Филаделфија Јунион. Во втората половина од натпреварот, избувна конфликт помеѓу Меси и играчот од средниот ред на противничкиот тим, Квин Саливан. Капитенот на Интер Мајами го удри противникот во тилот со отворена дланка, по што двајцата играчи се соочија лице в лице. И покрај инцидентот, 37-годишниот Меси избегна суспензија и ќе може ...

Новото големо засилување за Барселона, фудбалерот од средниот ред Родри, тренира индивидуално втор ден по ред. Тој доцна започна со предсезонските тренинзи по Светското првенство во 2026 година и затоа нема да игра на првиот натпревар на „блауграна“ во Ла Лига, утре против Елче. Се очекува Родри постепено да ја врати својата форма и да може да дебитира во едно од следните кола против Атлетик или Рајо Ваљекано. За разлика од него, Кансело кој ...

Клеј Томпсон ја заврши својата кратка епизода во Далас и кариерата ќе ја продолжи во Мајами. Искусниот шутер постигна договор со Маверикс за раскин на соработката, по што ќе се пресели во редовите на Хит. Според НБА-инсајдерот Шемс Чаранија, Мајами одамна бил заинтересиран за 36-годишниот кошаркар и сега конечно успеал да го обезбеди неговиот потпис. Томпсон во Далас пристигна во 2024 година, но по две сезони двете страни решија да ја ...

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас и оваа сезона нема да игра за РБ Лајпциг. Еламс, минатата сезона беше на позајмица во Наполи, а оваа ќе ја мине на северот на Италија, во Аталанта. Елиф Елмас, како што пишуваат италијанските медиуми, во Бергамо пристигна на барање на тренерот Маурицио Сари. 26-годишникот го стави потпис на договорот, кој вклучува едногодишна позајмица, со можност Аталанта да го откупи неговиот договор по завршувањето ...

Фудбалерите на Хал го победија Манчестер Јунајтед со 2:0 во првото коло од Премиер лигата. Хал ја постигнаа првата победа против Јунајтед во историјата на Премиер лигата. Победата на Хал му ја донесоа централните дефанзивци во првото првото полувреме. Иако Манчестер Јунајтед доминираше во поседот на топката, Хал се бранеше организирано во првото полувреме и се закануваше во транзиција. Јунајтед ја имаше првата голема шанса во 13-та минута, но ...

Исак Хаџар заработи незгодна повреда за време на летниот одмор во Формула 1 и сега ќе мора да го пропушти претстојниот гран-при викенд во Холандија. Французинот го повредил зглобот на едната рака и не е во состојба да го вози болидот на Ред Бул во Зандворт, по што клубот одлучил да го повлече Лиам Лоусон на неговото место. Лоусон е член на вториот тим на Ред Бул, но сега ќе добие барем еднократно унапредување и ќе му биде тимски колега на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Платина

49319.25