Денес со почеток во 21:00 часот, се играат реванш дуелите од елиминационата фаза во ЛШ. Атлетико е домаќин и ќе го пречека тимот на Барселона во третиот меѓусебен дуел во само десетина дена. На првиот меч Атлетико победи со 2:0, и е на прагот да се пласира во следната фаза, но сепак, далеку од тоа дека е се готово. Тренерот на Барселона Ханси Флик на официјалната прес конференција пред утрешниот дуел изјави дека верува во неговиот тим и во ...

По два натпревари без победа, екипата на Тиквеш славеше голема победа од 2:1 а гостувањето кај Струга во денешниот натпревар од 27. коло во ПМФЛ. Иако домашните први поведоа со автоголот на Тасев, кавадарчани брзо се вратија за израмнување преку Рамадани, додека на почетокот на вториот дел со голот на Сила, Тиквеш направи и целосен пресврт. Голема сенка на мечот остави тешката повреда на домашниот фудбалер Папе Фал, кој со возилото на ...

УЕФА денеска ги објави судиите за реванш натпреварите во четвртиналето од Лигата на шампионите. Дуелот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе го суди Словенецот Славко Винчиќ. Негови помошници ќе бидат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, а четврти судија ќе биде Давид Шмајц. ВАР тимот ќе го водат Холанѓаните Пол ван Боекел и Денис Хиглер. Натпреварот меѓу Арсенал и Спортинг ќе го суди француски тим предводен од Франсоа Летексие. Ќе му помагаат ...

Македонската кадетска машка репрезентација ќе учестува на Медитеранските Игри кои се одржуваат во Словачка, а се играат до денеска до 19 април. Селекторот, Горан Кузманоски и неговите момци ќе одиграат шест натпреварите, првите на програмата се веќе утре. Македонија ги отвара Игрите против Црна Гора (10:30 часот), додека пак исто на 13. април ќе одигра уште еден натпревар против Египет (15 часот). Фото:РФМ Поврзани вести: Македонската ...

Капитенот на „Црвените ѓаволи“, Бруно Фернандеш, откри што очекува од клубот за да го убеди да го продолжи престојот на „Олд Трафорд“. Португалецот, исто така, коментираше за работата на привремениот менаџер Мајкл Карик. Фернандесш 31, е клучен играч за тимот откако пристигна од Спортинг Лисабон во 2020 година. Тој продолжи да биде водечка фигура оваа сезона, постигнувајќи осум гола и обезбедувајќи 16 асистенции во извонредна индивидуална ...

Според информациите кои ги објавија медиумите од Србија, искусниот француски кошаркар потпиша договор со „црно-белите“, откако веќе неколку дена беше присутен на натпреварите на тимот, вклучително и дуелите против Асбел и Жалгирис, каде беше оддадена почит на легендарниот тренер Душко Вујошевиќ. Ловерњ, кој поседува и српски пасош, би можел да настапи веќе во завршницата од Суперлигата на Србија, што претставува значително засилување за ...

Виљареал продолжи одлично да игра оваа сезона, една од најдобрите сезони во последните десет години. Овој тим славеше во Билбао со резултат од 1:2 и со тоа да биде многу, многу блиску до Лигата на шампионите, бидејќи имаат дури 15 бода повеќе од Бетис, кој е на петтото место. Виљареал прв се закани преку Гај со одличен удар од околу 20 метри, а од другата страна забележуваме и одличен шут на Берчиче во 22-та минута, кој го сопре голманот на ...

Неверојатна вест од Островот. Имено Арсенал сè уште планира да го продолжи договорот на својот менаџер Микел Артета, дури и ако ја завршат сезоната без да освојат трофеј. Пред околу 20 дена, Арсенал беше во игра за освојување на сите четири купа, но… Прво, загубија од Манчестер Сити во финалето на англискиот Лига Куп, потоа беа елиминирани од второлигашот Саутемптон во четвртфиналето на ФА Купот, а вчера, со домашен пораз од Борнмут (1:2), ја ...

Комо – Интер 3:4 е исходот од дербито на 32 коло во Серија А. Победа извојувана со шампионски пресврт на лидерот кој сега има +9 во однос на Наполи и +12 во однос на третиот Милан. До крајот остануваат уште шест кола до крајот, а тоа значи дека Интер е блиску до нова титула, или до враќање на титулата. Интересно, клубот од “Џузепе Меаца“ во последно време секоја втора сезона станува шампион. Одличен меч, интересен, со многу шанси и голови и ...

Реал Мадрид работи на враќање на поранешниот играч од средниот ред Тони Крос во клупската структура уште од следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми. Во раководството на мадридскиот тим постои единствен став дека неговото искуство и секојдневното влијание би можеле да имаат значајна улога во понатамошниот развој на екипата. Тони Крос за време на престојот во Мадрид имал одличен однос со клупското раководство, вклучувајќи го и ...

Карло Анчелоти ја остави отворена вратата за можен камбек на Нејмар во составот на Бразил за претстојното СП, иако напаѓачот засега не доби повик за последните пријателски натпревари. И покрај тоа што Анчелоти претходно нагласуваше дека Нејмар ќе биде во конкуренција само ако биде целосно фит, ѕвездата на Сантос не се најде на списокот за дуелите со Франција и Хрватска. Нејмар, најдобар стрелец во историјата на Бразил со 79 гола, не ...

Кошаркарскиот клуб Дубаи, наводно го отпуштил тренерот Јурица. По поразот од Ефес во Евролигата, кој практично го остави тимот од ОАЕ без шанси за плеј-ин, двете страни се разделија, пишува новинарот Дарко Џелетовиќ. Големац заминува и покрај тоа што лани во ноември, го продолжи договорот до 2028 година. Дубаи моментално се наоѓа на 11-то место на табелата во елитното натпреварување и ќе му треба победа против Валенсија за да се квалификува ...

Двете првопласирани екипи во кошаркарската Супер лига ТФТ и МЗТ Скопје победнички ја започнаа ТОП-6 фазата. Лидерот ФТ славеше против Тиквеш со 80:74. Гостите имаа контрола во првото полувреме, но ТФТ направи пресврт со одлична трета четвртина и сигурна завршница. Зафиров беше лидер со 20 поени, додека Гордон додаде 17 за домашниот тим. Шампионот МЗТ Скопје Аеродром со силен финиш го победи Кожув со 84:75. Натпреварот беше израмнет до самиот ...

Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го пропушти последниот тренинг на „кралевите“, додека се подготвуваат за реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Причината за отсуството на Мбапе од тренингот на Реал е превентивна мерка, бидејќи Французинот има неколку конци на веѓата по ударот со лакт што го доби од Витор Реис на натпреварот против Џирона. Медицинскиот тим на Реал Мадрид одлучи да го изостави ...

Елиф Елмас и неговиот тим Наполи, извлекоа бод во ремито на гостински терен против тимот на Парма, во рамките од новото коло од Серија А шампионатот. Иако фаворит, Наполи од самиот старт на мечот имаше негатива откако Стрефеза погоди за домаќинот во првата минута. Скот Мектоминеј израмни во 60. минута на 1:1, и му остави доволно време на неговиот тим да дојде и до победа, но сепак тоа не се случи. Елмас денеска не се најде во стартиот тим и ...

Манчестер Сити убедливо го победи Челзи (3:0), во Лондон, во последниот натпревар од 32-то коло во Премиер лигата. Сити со натпревар помалку, пред меѓусебниот дуел со Арсенал има шест поени помалку. Сити, анемичниот Челзи го реши за само 17 минути, во второто полувреме. Во периодот од 51-та до 68-та минута, мрежата на Челзи ја тресеа О’Рајли, Гуехи и Доку. Челзи остана на шестото место, со мали шанси да се пласира во Лигата на шампионите ...

Благодарение на подобрата гол-разлика и високите порази на директните конкуренти од другите квалификациски групи, Македонија го обезбеди своето осмо, трето по ред, учество на европските првенства. Пивотот на нашата селекција, Ивана Гакидова беше меѓу поефикасните на мечот во Велење постигнувајќи три голови. – Искрено, игравме навистина лошо во овој натпревар и не бевме фокусирани на она што требаше да го направиме. Но, без разлика на сè, ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија е пред нов предизвик во квалификациите за ЕП, каде се среќаваат со селекцијата на Словенија. Очекувањата за натпреварот ги искажа репрезентативката Ивана Џатевска, која очекува тежок и сериозен натпревар против Словенија. – Во недела имаме натпревар против репрезентацијата на Словенија, ќе биде тежок натпревар и мора да го сфатиме сериозно. Се надевам дека можеме да се носиме со противникот, а ...

Женската македонска ракометна репрезентација и покрај поразот попладнево од Словенија со 27:18 во последното коло од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2026 избори пласман Европското првенство што ќе се игра во Полска, Турција, Чешка, Словачка и Романија. Македонските ракометарки го освоија третото место во групата 3, зад Германија и Словенија, а пред Белгија, воедно успеаја да се изборат да бидат една од четирите најдобро третопласирани селекции од ...

Ракометарите на Охрид ја продолжи победничката серија во Супер лигата. Тие убедливо триумфраа во дуелот со Тиквеш, совладувајќи го тимот од Кавадарци со конечни 37-20. Иако гостите на почетокот поведоа со 0-2, охриѓани брзо воспоставија целосна контрола на теренот и континуирано ја зголемуваа својата предност пред домашната публика. Најголемата разлика на натпреварот беше постигната во самиот финиш, кога домашниот тим стигна до недостижни 17 ...

Тешки моменти за тимот на Тотенхем, кој што сезонава мака мачи да обезбеди опстанок, а како стојат работите можно е и да не се случи тоа. Предмалку во најновото коло од Премиер лигата Тотенхем загуби од Сандерленд на гости со минимални 1:0. Стрелец на единствениот гол на овој меч на Мукиеле во 61. минута. Кристал Палас пак со гол во последните секунди од мечот успеа да слави на домашен терен со 2:1. Осула погоди за Њукасл, а пресвртот го ...

Женската тениска репрезентација на Македонија со пораз од 2:0 од Австрија го заврши настапот во годинашново издание од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се играше во Бања Лука. Ова беше дуел за пласман откако двете репрезентации по натпреварите во групи го загубија пласманот во оваа зона и следната година ќе настапуваат во Третата Европска зона од БЏК купот. Во двата сингла меча за македонскиот тим настапија Ана ...

И тоа како голема победа за Севиља во борбата за опстанок, против учесниците во четвртфиналето на Лигата на шампионите, тимот на Атлетико Мадрид со резултат 2:1. Не се чекаше долго на првото возбудување. По еден аут од левата страна на Севиља, имаше голема гужва во шеснаесетникот, а Мартинез не реагираше добро и направи прекршок врз Ромеро, се покажа на крајот по преглед со помош на ВАР дека тоа е пенал за домашните. Адамс беше сигурен ...

Сензационална вест која ја лиферуваат познатите спортски медиуми во Европа. Имено топката што е вистинска икона на Лигата на шампионите, познатата топка со ѕвезди, повеќе нема да биде официјална топка на ова натпреварување. “Адидас“, кој беше производител на топки и имаше договор со елитното европско фудбалско натпреварување, го завршува својот договор и нив ќе ги наследи компанијата „Најк“. Значи, ова е крај на една ера во европскиот ...

Јувентус со 0:1 успеа да слави на гости кај Аталанта во меч од 32-то коло на италијанската Серија А. Тимот на Лучијано Спалети ја продолжи серијата добри резултати, а со вечерашниот триумф, барем привремено стигнаа до зоната што води кон Лигата на шампионите, прескокнувајќи го Комо, кој утре ќе го игра својот дуел со Интер. Аталанта подобро го отвори дуелот подобро, и прва се закани преку Запакоста, потоа Залевски, а не долго потоа, Скалвини ...

Вчера на Сан Сиро, Милан претрпе тежок пораз од 0:3 од Удинезе, а тренерот Масимилијано Алегри не побара алиби по натпреварот. Тој призна дека тимот е во лош период и дека одбраната е неорганизирана, нагласувајќи дека промената во формацијата не е причина за проблемот. -Во лоша серија сме, загубивме три од последните четири натпревари. Не постигнуваме голови, што воопшто не е добро. Денес се браневме неорганизирано и мора да се собереме ...

Унион Берлин, член на германската Бундеслига, ќе испише историја во европскиот фудбал. По поразот од 1:3 против Хајденхајм и серијата лоши резултати во вториот дел од сезоната (само две победи во 14 натпревари), челниците го отпуштија тренерот Штефен Баумгарт (54). Неговото место изненадувачки го зазема Мари-Луиз Ета (34), која пишува историја како прва жена, главен тренер на клуб во Бундеслигата и воопшто во клуб од една од петте најсилни ...

Барселона направи голем чекор кон шампионската титула и сега има можност да ја круниса сезоната на најсладок можен начин, со победа против својот најголем ривал во Ел Класико. Каталонците ги искористија двата последователни неуспеси од Реал Мадрид и со победите над Атлетико Мадрид (2:1) и Еспањол (4:1) избегаа на девет бода предност, поради што сега се на чекор до 29-ти трофеј во клупската историја. Доколку и Барселона и Реал ги добијат ...

Кошаркарите на Денвер ја победија Оклахома со 127:107 во НБА лигата. Натпреварот во Колорадо го пропуштија неколкумина кошаркри на двата тима, меѓу кои и најдобрите Никола Јокиќ и Шеј Гилџес-Александер. Домашниот тим водеше во текот на целиот натпревар, а го реши натпреварот во своја корист на почетокот од последната четвртина кога изгради двоцифрена предност и конечно оствари убедлива победа. Денвер ја забележа својата 11-та последователна ...

Во дербито на колото во германската Бундеслига, екипата на Баер Леверкузен победи на гостински терен против Борусија Дортмунд со резултат од 1:0, а Андрих го постигна решавачкиот гол на крајот од првото полувреме. Хајденхајм го победи Унион Берлин со резултат од 3:1, а Ајнтрахт славеше на гостински терен против Волфсбург, беше 2:1 за гостите. Во еден од најинтересните натпревари екипата на Лајпциг успеа да слави над екипата на Борусија (М) ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
70%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
58%
1014
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
6.94
55%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
96%
1014
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
64%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1015
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
82%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
65%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
51%
1013
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Паладиум

49215.93

Платина

66712.80

Рутениум

55395.74

Калај

49.88

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Цинк

3.44

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.53

Родиум

324722.54

Бакар

12.14

Сребро

2840.84