Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Џамал Мусиала нема да биде во составот на Баерн за првиот натпревар од новата сезона во Бундеслигата против Штутгарт. Иако е планирано младиот ас постепено да се приклучува на тимските тренинзи, тренерскиот персонал и медицинскиот тим немаат намера да преземаат никакви ризици, па затоа отворањето на првенството во петок е сè уште прерано за 23-годишниот напаѓач. Деталните прегледи покажаа дека двата инциденти се резултат на невролошка ...
Oфицијално РК Вардар го одложи вториот меч од регоналната лига во ракомет. „РК Вардар 1961 ја известува ракометната јавност дека на наше барање прифатено е одложување на натпреварот од 2-то коло на Регионалната Ракометна Лига помеѓу екипите на Динамо Панчево и РК Вардар 1961, кое по распоред требаше да се одигра на 26-ти Август ( среда ). Ова барање следи по низата на повреди и вирус кој го погоди нашиот тим, а поради што сме оневозможени да ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија. Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171. место на ВТА ранг-листата. Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105. место (5 август 2024 година). Мечот се игра како втор според денешната програма на теренот број 16, а почетокот на првиот меч е во 17 часот. ...
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска кошаркарска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена. Повторното враќање во репрезентативниот дрес за Димитријевиќ има и дополнителна тежина. Целта е Македонија да се избори за настап на следното Европско ...
Фудбалскиот клуб Тотенхем денес потврди дека потпишал договор со поранешниот играч на Манчестер Сити, Савињо. Според британските медиуми, трансферот е вреден 75 милиони фунти, со дополнителни десет милиони фунти во бонуси. Савињо пристигнува во Тотенхем по две сезони поминати во Сити, со кого ја освои Лигата и ФА Купот. Тој одигра 84 натпревари за Сити и забележа седум гола и 16 асистенции. Би-Би-Си потсети дека овој трансфер бил во тек ...
Доминик Ливаковиќ од Фенербахче се сели во Барселона, но хрватскиот голман нема долго да се задржи на „Ноу Камп“. Каталонските медиуми, објавија дека Барселона ќе плати два милиони евра и уште толку преку одредени бонуси за Ливаковиќ. Планот на челниците, на актуелниот шпански шампион е веднаш да го испратат Ливаковиќ на едногодишна позајмица, бидејќи сезонава Полјакот, Војчех Шчесни е планиран да му биде резерва на Џоан Гарсија. Од следната ...
Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер станаа мнозински сопственик на португалскиот прволигаш, Естрела Амадора. Германска инвестициска група купи 90 проценти од клубот за 40 милиони евра. Меѓу инвеститорите се познатите фудбалери Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер, додека функцијата претседател ќе ја преземе Јоханес Моцманг, поранешен член на одборот на Баерн. Сега веќе поранешниот сопственик Пауло Лопо ја презеде Естрела во 2020 година за ...
Петмина фудбалери би можеле да ја напуштат Барселона до крајот на преодниот рок. До крајот на летниот трансфер период остана уште една недела. Најзвучно има на трансфер листата е Френки Де Јонг. Изненадувачки, шпанските медиуми тврдат дека по доаѓањето на Родри, за Холанѓанецот повеќе нема место во Барселона. За ваквиот развој на настаните придонесоа и честите повреди на репрезентативецот на Холандија. Според информациите од Барселона, ...
Евентуалното заминување на Енцо Фернандез од Челзи, ќе предизвика мал домино ефект на фудбалскиот пазар, односно преселба на Едуардо камавинга на „Стенфорд Бриџ“. Финансиските барања на Челзи во врска со Енцо се јасни, 140 милиони евра, а како што стојат работите „граѓаните“ се подготвени да ги исполнат. Ако се случи трансферот, менаџерот на „сините“, Чаби Алонсо, знае каде ќе потроши половина од тие пари. Негова цел е Едуардо Камавинга, кој ...
Македонскиот првак Вардар го засили својот состав со Сирики Дијабате. 🇨🇮 23-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска настапува на позицијата централен дефанзивец. Со своите 192 сантиметри и физичките предиспозиции, Диабате ќе биде нова опција во одбранбената линија на црвено-црните. Вардар го донесе Дијабате, како замена за Дарко Велковски кој се пресели во Бахреин. Дијабате во кариерата има настапувано во Бугарија, во Ботев Пловдив ...
Рафаел Леао (27) би можел да го напушти Милан во финишот на преодниот рок и да се пресели во Премиер лигата. Астон Вила започна преговори со Милан во врска со португалскиот напаѓач, објави „Скај Спортс Италија“. Менаџерот Жорже Мендеш ги поврза двата клуба, а Леао е отворен за трансфер во Бирмингем. Една од причините е фактот дека Астон Вила ќе игра во Лигата на шампионите оваа сезона. Сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите и Вила сè ...
Чаби Алонсо го имаше своето деби на клупата на Челзи во победата од 3:2 против Фулам, клуб кој исто така ја започна новата сезона со нов тренер, Алваро Арбелоа. Токму Арбелоа го замени Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што ѝ даде нова димензија на приказната за двајцата поранешни соиграчи. Заминувањето на Алонсо од Мадрид следеше по турбулентен период, при што медиумите известуваа за тензиите со Винисиус Жуниор и лошите ...
Евролигата и Министерството за култура и туризам – Абу Даби го најавија почетокот на Суперкупот на Евролигата, а првиот турнир ќе се одржи на „Етихад Арена“ на островот Јас, со што ќе започне новата европска сезона. Според официјалното соопштение, на турнирот ќе учествуваат актуелниот шампион на Евролигата, Олимпијакос, шампионот од 2025 година, Фенербахче, финалистот од 2026 година, Реал Мадрид, и домаќинот Дубаи. Во полуфиналето на 18 ...
Рома ја декласира Фирентина со 4:0 во првото коло, во Серија А. Натпреварот на „Олимпико“ го одбележаа тројниот стрелец Дониел Мален и тројниот асистент, Паоло Дибала. Рома ја имаше иницијативата од самиот почеток и поведе во 27-та минута. Мален го следеше додавањето во шеснаесетникот и мирно ја испрати топката во долниот десен агол за 1:0. Домашниот тим можеше да поведе порано. Во 20-та минута, Родриго Мора помина покрај неколку играчи и ...
Челзи ја отвори новата сезона во Премиер лигата со победа од 3:2 против Фулам, во натпреварот обележан со две големи грешки на голманот Роберт Санчез, што предизвика гнев кај навивачите. И покрај огромните инвестиции во тимот во текот на летото, во кое Морган Роџерс стана најскапиот играч во историјата на клубот, тренерот Чаби Алонсо во својот прв официјален натпревар се соочи со сериозен проблем на голманската позиција. Санчез, кој останува ...
Челзи триумфално ја отвори новата сезона во Премиер лигата, откако го победи Фулам со 3:2 во возбудливото лондонско дерби на „Крејвен Котиџ“. Екипата на Чаби Алонсо беше поконкретна во клучните моменти, додека домашните двапати ги искористија грешките на голманот Роберт Санчез, но не успеаја да го избегнат поразот. Гостите не можеа ни да замислат подобар почеток. Поминаа само 31 секунда кога Жоао Педро ја затресе мрежата на Фулам и му даде ...
Ландо Норис победи на ГН на Холандија, откако доминираше на оваа трка. Трката донесе хаотичен старт, па рано отпадна четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен, кој излета од патеката во вториот круг и предизвика прекин. Антонели заврши втор, додека Џорџ Расел го освои третото место, пред Хамилтон. Формула 1 продолжува за две седмици со трката за Големата награда на Италија на легендарната патека „Монца“. Во бодови завршија уште и Леклер, ...
Гави предизвика загриженост кај навивачите на Барселона откако поради повреда го напушти теренот уште во финишот на првото полувреме против Елче. 22-годишниот играч за врска се фати за десното колено и го напушти теренот, но лекарските прегледи донесоа добри вести. Нема сериозна повреда, туку болката е последица на директен удар во коленото и се очекува Гави наскоро да се врати на тренинзите. Гави предизвика загриженост кај навивачите на ...
Турскиот играч имаше проблем со левото стапало, а резултатите од тестовите предизвикаа тревога во клубот. Проценките се во тек, а операцијата не е исклучена. Ако мора да биде опериран, Јилдиз нема да може да игра минимум два месеца. Турскиот фудбалер отсуствуваше кон крајот на минатата сезона поради проблеми со коленото, а сега има нов проблем со којшто треба да се справи. Турскиот играч имаше проблем со левото стапало, а резултатите од ...
Ракометната Федерација на Македонија денеска со соопштение информираше дека екипата на ЖРК Куманово се исклучува од Суперлигата. Според известувањето, согласно член 23 од пропозициите за натпреварување во Супер женската ракометна лига, ЖРК Куманово нема да биде дел од елитното друштво. „Согласно ранкингот од натпреварувачката сезона 2025/26, РК Деспина е нов член на Супер женската ракометна лига. Ова следува по претходно донесената одлука на ...
РК E.Пелистер и Омер Мехмедовиќ се разделија, и тоа пред босанскиот ракометар да одигра и еден официјален натпревар во дресот на битолскиот клуб. Мехмедовиќ во текот на летото беше промовиран како ново засилување на Е. Пелистер и ги започна подготовките со екипата, но најверојатно не успеа да се вклопи во системот на новиот тренер Лино Червар. Двете страни постигнаа договор за прекин на соработката, па Мехмедовиќ веќе нема да биде дел од ...
Комо ќе донесе големо засилување во нападот, откако постигна договор за трансферот на напаѓачот на Фиорентина, Мојзе Кин, тврдат италијанските медиуми. Според информациите на „Газета дело Спорт“, зделката треба да вреди вкупно 45 милиони евра. Комо е подготвен веднаш да издвои 40 милиони, додека преостанатите пет милиони би биле исплатени преку бонуси. Фиорентина претходно одби понуда за својот напаѓач вредна околу 30 милиони евра, но Комо ...
Поранешниот прославен фудбалер и актуелен претседател на Фудбалската федерација на Камерун, Самуел Ето му даде денеска поддршка на првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино. Претседателот на ФИФА е под бројни критики и повици да поднесе оставка на должноста, поради планот да продаде дел од комерцијалните права на приватни инвеститори, но Ето не гледа ништо лошо во неговите постапки. -Господинот Инфантино му ...
Манчестер Сити покажува сериозен интерес за ангажирање на напаѓачот на Ливерпул, Коди Гакпо. Како што пренесува угледното издание The Athletic, а ексклузивно потврдува и еден од најкредибилните новинари за трансфери, Дејвид Орнстин, раководството на „граѓаните“ внимателно ја следи ситуацијата со 27-годишниот холандски интернационалец. Според информациите на Орнстин, засега нема директни преговори меѓу двата клуба, со оглед на тоа дека Гакпо ...
Французинот Артур Фис и Американката Коко Гоф, ги освоија титулите во поединечна конкуренција на Мастерсот во Синсинати. Во машка конкуренција, во изминатите три години турнирот го освојуваа Ѓоковиќ, Алкараз и Надал. Фис, со најголемиот успех во кариерата им се приклучи на великаните. Францускиот тенисер, во финалето го победи Американецот Френсис Тијафо со 6:3, 1:6, 6:0. Ова беше првото финале во историјата на Мастерс турнирите во кое играа ...
Ракометарите на Прилеп го освоија трофејот на единаесеттото издание на Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“, откако во финалето убедливо триумфираа над екипата на ГРК Тиквеш со резултат 36-29 (17-12). Домашниот тим ја најави победата уште во првото полувреме со водство од 17-12, по што во вториот дел рутински го приведе натпреварот до крај во спортската сала „Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп. Во натпреварот за третото место ...
Кристофер Нкунку се враќа во РБ Лајпциг, објави Фабрицио Романо. Германскиот клуб постигна договор со Милан за позајмица на францускиот напаѓач, а договорот ќе вклучува опција за откуп за нешто помалку од 30 милиони евра. Нкунку претходно ги договори личните услови и сакаше да се врати во клубот каде што го помина најдобриот период од својата кариера. Французинот играше за Лајпциг од 2019 до 2023 година и во 172 натпревари постигна 70 гола и ...
Дресот, кој Мајкл Џордан го носел против Јута Џез, ќе стане најскапиот во спортската историја. Во 1998 година, Чикаго Булс ги победија Јута Џез со 4:2 во финалето на НБА и станаа шампиони, а MВП на финалната серија беше Мајкл Џордан. „Неговото Летечко Височество“ одигра неверојатна серија и имаше 24 поени во третиот натпревар кога Чикаго победија со разлика од 42 поени (96:54), и ова сè уште е најубедливата победа во еден натпревар од ...
Кошаркарската федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по разгледување на пристигнатите пријави и целокупната доставена документација, а согласно Статутот, Правилникот за натпреварување, Регистрацискиот правилник, Пропозициите за натпреварување, Правилникот за лиценцирање и одлуките на Управниот одбор на КФМ, комисијата за лиценцирање утврди дека КК „Соколи 1933“ – Штип ги исполнува условите за пополнување на испразнетото место во ...
E. Пелистер со победа над српскиот шампион Партизан го почна својот настап во Регионалната ракометна лига. Пред домашната публика а предводени од капитенот Филип Кузмановски, Пелистер го победи Партизан со 35:31. Е. Пелистер замина на одмор со предност од 20:13, а најголемата разлика на мечот изнесуваше водење од 8 гола предност (23:15, 24:16 и 25:17) во текот на второто полувреме. Партизан во финишот успеа само да ја намали негативата преку ...