Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Виктор Осимен, ќе мора да замине на операција по повредата на левото колено. Напаѓачот на Галатасарај се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Штутгарт, а дополнителните лекарски прегледи и магнетната резонанца открија истегнување и присуство на слободен фрагмент во зглобот. Поради тоа, турскиот клуб закажа артроскопска операција, која треба да биде извршена во болницата „Маслак Аџибадем“ ...

Голманот на Екваротијална Гвинеја, Хесус Овоно, и човекот кој што беше вмешан во сериозниот инцидент во втората шпанска лига по што трагично почина играчот на Тенерифе, Хесус де Мигел, сериозно размислува да заврши со професионалното бавење фудбал. Тој според извои блиски до неговото семејство е во сериозно тешка психолошка состојба, и во моментов се чувствува много лошо. Ана Маје, координаторка во Фудбалската федерација на Екваторијална ...

Евертон славеше со 3:1 против Ковентри во натпревар од Премиер-лигата, но вториот гол на Тиерно Бари предизвика големи реакции и незадоволство кај гостите. Напаѓачот на Евертон постигна два гола во само четири минути, но вториот беше спорен поради сомнеж дека претходно ја допрел топката со рака. Ковентри поведе во 52. минута преку Јан Гбохо, но Бари со гол во 57. минута израмни на 1:1. Само четири минути подоцна, по една нафрлена топка во ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се откажал од идејата за дополнително зголемување на бројот на учесници на Светското првенство во фудбал. Според информациите на британскиот весник „Тајмс“, Инфантино ги известил претседателите на шесте континентални конфедерации дека нема да ја турка иницијативата за проширување ниту на Мундијалот, ниту на Светското клупско првенство. Во јули годинава, Инфантино најави дека ФИФА би можела да го зголеми ...

Манчестер Сити официјално го потврди трансферот на мароканскиот вундеркинд Ајуб Буади. Лил доби 95.000.000 евра за фиксниот дел од компензацијата, а може да добие уште 5.000.000 преку бонуси. Мароканецот пристигнува за да пополни една од дупките создадени со заминувањата на Родри, Рејндерс и Гонзалез. Мароканецот има само 18 години и потпиша договор до 2031 година. Тој е второто големо засилување за Манчестер Сити откако Елиот Андерсон ...

Ливерпул најверојатно ќе се откаже од Јакуба Минте од Брајтон, откако „галебите“ ја одбија втората понуда од „Енфилд“ од 70.000.000 евра, тврдат медиумите на островот. Гигантот од „Енфилд“ мора да се засили на позицијата крилен напаѓач, па ќе ги фрли сите карти на крајот од преодниот рок за да ги доведе Бредли Баркола и Ибрахима Ембаје од Пари Сен Жермен. Баркола е сè уште приоритет на Ливерпул, а „Лекип“ пишува дека ПСЖ го држи францускиот ...

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг, минува низ најтешкиот период во кариерата и животот. Поранешната ѕвезда на Манчестер сити, Челси и Арсенал се соочува со сериозна закана од затворска казна, откако официјално е обвинет за три тешки прекршоци. Стерлинг е обвинет за опасно возење, одбивање да даде примерок за алкотест и поседување на забранет азотен оксид, познат како „гас за смеење“. Случајот е поврзан со сообраќајната несреќа во мај, кога ...

Американскиот кошаркар Најџел Вилијамс-Гос е пред продолжување на соработката со Жалгирис, дознава „Баскет њуз“. Плејмејкерот е на чекор од потпис на нов тригодишен договор со литванскиот клуб, а во договорот наводно ќе има и клаузула за раскин. Во текот на летото, за Вилијамс-Гос се појави интерес од Панатинаикос, но Жалгирис веднаш стави до знаење дека не планира да го пушти својот играч. Американецот има значајно евролигашко искуство и ...

Баскет Кам и Про Баскет Кавадарци и во новата сезона ќе бидат дел од највисокото друштво во женската кошарка. Двата клуба добија зелено светло за настап во Првата лига, откако нивните жалби по првичната одлука за неиздавање лиценци биле прифатени. По разгледувањето на дополнително доставената документација, Комисијата за лиценцирање утврдила дека двата клуба ги исполнуваат условите за учество во сезоната 2026/27, вклучително и критериумите ...

Њукасл Јунајтед го договори трансферот на Нико Гонзалез од Манчестер Сити вреден 60 милиони евра Шпанскиот играч за врска (24) пристигна во Сити од Порто, но по само 18 месеци се најде надвор од сериозните планови на клубот. Ова лето, Сити го донесе Ајуб Буади од Лил за 100 милиони евра, додека потрошија 135 милиони за Елиот Андерсон. Гонзалез претходно изјави дека не сака да го напушти „Етихад“, но се премисли откако доби гаранции дека ќе ...

Нотингем Форест го сруши клупскиот рекорд за трансферот на Лиам Делап. Напаѓачот дојде од Челзи за околу 50 милиони фунти. Според англиските медиуми, сè е договорено, останува Лиам Делап да ги помине лекарските прегледи во наредните денови и да потпише договор со Нотингем. Делап пристигна во Челзи пред една година од Ипсвич за 30 милиони фунти, но Челзи одлучи да го продаде ова лето. Делап се мачеше минатата сезона прво со повреда на рамото, ...

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ќе добие сосема нов погонски агрегат на Големата награда на Италија, што значи дека ќе стартува последен, без оглед на резултатот што ќе го постигне во квалификациите. Лидерот во генералниот пласман веќе го искористи дозволениот број мотори за оваа сезона, па Мерцедес одлучи да ја отслужи казната во Монца. Возачите имаат на располагање четири погонски агрегати во текот на сезоната, но поради проблеми со ...

Здружението на професионални фудбалери на Англија, во вторникот вечерта, ги додели наградите на најдобрите од претходната сезона. Најдобар играч е Бруно Фернандес, додека наградата за најдобра кај дамите ја освои Каџа Шо. Бруно Фернандес е првиот играч на Манчестер Јунајтед кој ја добива наградата, за која одлучуваат колегите играчи, од 2010 година, кога Вејн Руни беше лауреат. Што се однесува до Каџа Шо од Манчестер Сити, таа ја освои оваа ...

Тренерот на Реал (М), Жозе Мурињо рече дека верува дека Бразилецот Винисиус е неправедно цел на критики, но додаде дека напаѓачот на мадридскиот клуб може подобро да одговори на провокациите. Бразилскиот фудбалер беше вмешан во неколку инциденти со навивачи и играчи на противничкиот тим за време на натпреварот од второто коло од шпанската Ла Лига против Еспањол, кој се играше во саботата во Барселона. „Постојат ситуации во и надвор од ...

Челзи ќе ги предупреди своите навивачи за можни забрани за доаѓање на стадионот поради секташки скандирања од страна на некои навивачи за време на победата од 3:2 против Фулам. Раководството на клубот одлучи да реагира со писмо по инцидентот на натпреварот на градските ривали, пишува „Дејли Мејл“. За време на дербито на западен Лондон на стадионот „Крејвен Котиџ“, од трибината каде што се наоѓаа гостинските навивачи се слушна песната „Флејта ...

Поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари го нападна Хулијан Алварез за начинот на кој се обидува да го напушти Атлетико Мадрид. Аргентинецот јасно ја изрази својата желба да оди во Барселона ова лето, но Атлетико одби да го пушти, а целата ситуација стана уште покомплицирана откако навивачите го исвиркаа на натпреварот против Виљареал. „Тој и неговите менаџери се идиоти. Како можете да кажете „Сакам да го напуштам клубот“? Дали е ...

Познати се 32 од вкупно 36 учесници во финалната фаза од Лигата на шампионите. За потсетување 29 се квалификуваа директно, плус три клуба кои го заработија тоа право синоќа преку плејофот. Листата ќе биде комплетирана во среда навечер, а ждрепката ќе се одржи во четврток, во „Фрималди Форум“ во Монако. Пари Сен Жермен ја брани титулата европски шампион од претходната сезона. Французите ја освојуваат Лигата на шампионите во последните две ...

Каталонскиот клуб Барселона се соочува со динамична завршница на летниот преоден рок, планирајќи да се разделни со петмина фудбалери чија вкупна пазарна вредност изнесува 175 милиони евра според податоците на Трансфермаркт. Тренерот Ханси Флик направи значајни промени во тимот, откако претходно летото клубот го напуштија играчи како Роберт Левандовски, Феран Торес, Марк-Андре Тер Штеген и Роналд Араухо, а беа ангажирани имиња како Родри, ...

Откако беа обезбедени Давиде Фратези од Интер и Јосип Шутало од Ајакс клубот од италијанската престолнина е на добар пат да комплетира уште еден трансфер. Тоа е напаѓачот Андреа Пинамонти, играч кој ги има минато сите категории на италијанската репрезентација, има одиграно и еден меч за сениорската селекција. Игра во Сасуоло и доаѓа ма „Олимпико“ и на позајмица вредна 3 милиони евра и опција за откуп од 11 милиони евра. Откако беа обезбедени ...

Фудбалерот на Лион, Лоис Опенда, ги сподели своите очекувања за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите против Фенербахче. – Секој играч се стреми да игра во Лигата на шампионите, па затоа велам дека високите очекувања се позитивен фактор. Нашата заедничка желба да играме во најпрестижното клупско натпреварување во Европа нè мотивира да постигнеме големи работи. Шансите против овој одличен турски клуб се изедначени – 50:50. Играме дома, ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка во квалификациите за пласман на главниот турнир на УС опен, откако вечерва загуби во воведното коло од Јапонката Маи Хонтама со 2-0 во сетови (7- 6, 6-3). Во првиот сет двете тенисери имаа по три брејк гема, а Јапонката Хонтама беше во постојано водство. По 2:0 и 4:1 во гемови за јапонската тенисерка Ѓорческа успеа да израмни на 5:5, но во тај-брејкот противничката поведе ...

Германскиот кошаркар Јоханес Фојтман објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера, соопшти Германската кошаркарска асоцијација. Фојтман дебитираше за Германија во 2014 година, а во повеќе од една деценија одигра 128 натпревари и постигна 830 поени. Крилниот центар беше дел од златната генерација на германската кошарка и со репрезентацијата ги освои најголемите трофеи. Во 2023 година беше дел од историскиот состав кој ја освои ...

Отвореното првенство на САД 2026 ќе се одржи во Њујорк во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“. Квалификациите во поединечна конкуренција започнуваат денес а натпреварите од главната фаза за мажи и жени започнуваат на 30 август. Вкупната исплата на играчите на Отвореното првенство на САД 2026 ќе биде рекордни 108 милиони долари. Ова е зголемување од 20 проценти во однос на 90 милиони долари доделени на играчите во 2025 година. Ова ...

По мала пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена. Повратникот во сениорскиот национален тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има доволно време за ...

Македонската сениорска репрезентација го одработи првиот собир во „Т Арена“ во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период за гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029. „Веројатно го имаме најдобриот можен ростер. Во овој момент имаме на располагање 14 кошаркари, практично речиси комплетен состав, со исклучок на Јакимовски. Ова е краток, многу краток период за ...

Чави Ернандес и официјално е нов селектор на Холандија. Поранешниот тренер и играч на Барселона потпиша договор до 2030 година, а на претставувањето порача дека во новата улога има само една цел – победа. Спортскиот директор на холандската федерација, Најџел де Јонг, откри дека Чави бил избран по одбивањата на Пеп Гвардиола и Арне Слот. Во финалната трка бил и Михаел Рајцигер, но федерацијата се одлучила за Каталонецот. „Не ме интересира дали ...

Фудбалската федерација на Северна Ирска (ИФА) објави денеска дека е време за промени во Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и порача оти нема да гласа за реизбор на претседателот Џани Инфантино идната година. Првиот човек на светскиот фудбал е под силен притисок изминатите недели поради неговиот контроверзен план да продаде 21 процент од комерцијалните права на турнирите во организација на ФИФА на приватни инвеститори. Плановите на ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на прес конференција во Бергамо официјално беше претставен како ново засилување во редовите на италијанскиот прволигаш Аталанта. „Не морав двапати да размислувам кога се појави оваа можност бидејќи Аталанта е врвен клуб и го докажа тоа низ годините, вклучително и со освојувањето на Лигата на Европа“, рече Елмас на промоцијата, која дојде два дена по неговото официјално деби во дресот ...

Фудбалската федерација на Киргистан објави денеска дека е договорен спогодбен раскин на соработката со хрватскиот стратег Роберт Просинечки, кој ја напушта селекторската должност без да ја предводи репрезентацијата на официјален натпревар. Педесетиседумгодишниот Просинечки официјално ја презеде должноста селектор на Киргистан во декември лани и ја предводеше репрезентацијата на Киргистан на четири пријателски натпревари со ефект од два порази ...

Манчестер Јунајтед официјално го потврди доаѓањето на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба од Брајтон. За фудбалерот е платено 65 милиони фунти, додека целиот договор би можел да се зголеми за дополнителни шест милиони евра со бонуси. 22-годишниот фудбалер потпиша повеќегодишен договор со „црвените ѓаволи“ откако успешно ги заврши медицинските прегледи. Доаѓањето на Балеба претставува најскапото летно засилување за тимот предводен од ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Платина

49319.25