Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски очекува при претстојната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграцијата на државава во Европската унија од, како што рече, вештачкото билатерално барање. Порача дека ставот на државава не е променет и оти ќе се бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани. Мицкоски повтори дека нема ...
– Министерството за правда внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со наводите дека Никола Груевски стекнал унгарско државјанство. Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки – се вели во соопштението од Министерството за правда. Министерството ...
Поради уличен дефект на водоводната мрежа на улицата Христијан Тодоровски Карпош бр. 46 во населбата Бутел, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето за дел од жителите во ова подрачје, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Без вода ќе останат корисниците од дел од улиците Христијан Тодоровски Карпош и Мара Междуречка. Како што информираат надлежните служби, водоснабдувањето е прекинато од 10:00 часот и ќе трае сè до целосно ...
Во 2025 година е забележан пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено и намалување на бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите статистички податоци. Во исто време, кај кривичните дела доминираат имотните деликти и прекршоците во сообраќајот, како кај полнолетните лица, така и кај малолетниците. Согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупно 14.237 полнолетни лица ...
Градоначалникот на Дебар Фисник Меља, по повод празникот Курбан Бајрам, во својот кабинет оствари средба со градоначалниците на Општина Центар Жупа, Аријан Ибраим, и на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски. -За време средбата, покрај меѓусебните честитки по повод овој голем празник, ја искористивме можноста да разговараме и за регионални прашања и теми од заеднички интерес кои ги засегаат трите наши општини, информираше Меља. Посебен ...
Скопје ќе биде домаќин на меѓународен стоматолошки конгрес кој ќе се одржи од 12 до 14 јуни 2026 година, во организација на Стоматолошката комора на Македонија и под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Станува збор за 17-ти Меѓународен стоматолошки конгрес, кој ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“, под наслов „Дигитална стоматологија: синергија помеѓу 3Д технологии и AI“. Настанот ќе собере експерти од областа на ...
Во струмичкиот регион наредната недела ќе биде инсталиран компјутерски томограф согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга, најавува министерот за здравство, Азир Алиу. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица, како што соопшти денеска Министерството за здравство, Алиу напомена дека установата била затекната со значителни финансиски ...
Тринаесетгодишно дете од кумановско загина во сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези. Сообраќајната несреќа, како што наведуваат од СВР Куманово, се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од дваесет и четиригодишниот Ф.С. од Куманово и електричен тротинет управуван од тринаесетгодишниот малолетник од село Черкези. -По несреќата, малолетникот ...
Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ се одржа 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, под покровителство на Општина Илинден и во организација на КУД „Гоце Марковски“. Фестивалот започна со свечено дефиле на учесниците, кои придружувани од звуците на зурли и тапани продефилираа од ПООУ „Гоце Делчев“ низ главната улица во н.м Илинден. Настанот беше збогатен со изведба на големо интернационално оро кај кружниот ...
Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден отсто во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје минатата година. Од вкупниот број невработени лица, мажи се 62,4 отсто, а жени 37,6 проценти. Како што информира Државниот завод за статистика, бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 отсто. Од вкупниот број вработени, 57,9 отсто се ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Утре ...
Вработените во ЈП национален парк „Маврово“ во соработка со Македонската риболовна федерација, ја спроведе втората фаза од порибувањето на Мавровското Езеро со 2.090 кг. крап. Порибувањето е дел од активностите во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое оваа година ќе се одржи токму на Мавровското Езеро. Од МРФ информираат дека оваа активност е продолжение на напорите за збогатување и заштита на рибниот фонд во водите ...
Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Софија денеска со почеток во 18:30 часот ќе биде отворена меѓународната фотоизложба „Последните селани“, во организација на уметничката колонија „Арт поинт – Гумно“. На изложбата ќе бидат претставени дела од повеќе реномирани автори од различни земји, меѓу кои Ероу Рос (САД), Јана Хунтрова (Чешка), Алена Новакова (Чешка), Марек Пекни (Чешка), Ева Моричка (Чешка), Јана Мари ...
Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14 500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. За секој испит (предмет) од типовите матура се изработени посебни испитни програми врз основа на ...
Во Крушево во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврнале 34 литри дожд на метар квадратен, во Пожаране 8, Виница 6, Прилеп, Попова Шапка, Скопје – Зајчев Рид и Претор, 4, Тетово, 3, и по 1 литар во Гевгелија, Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Изутринава во Лазарополе се измерени 4 степени, Берово и Попова Шапка, 5, Mаврови Анови и Крива Паланка, 6, Битола и Kрушево, ...
Во првиот кваратл годинава во споредба со истиот период лани, цените на услугите во секторот за транспорт и складирање пораснале за 6.5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 6.7 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети. Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од ...
Венко Филипче и министерката за надворешни работи на Бугарија се на ист став, велат дека преговарале за Македонија со Европа, а не со Бугарија, се вели соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Но, Венко Филипче исто така цврсто стои на ставот оти смета дека треба да се спроведат уставни измени без никаква гаранција за Македонија на евроинтегративниот пат. Ова би му дозволило на Бугарија и понатаму да ја ветоизира Македонија. Филипче исто така е на ист ...
Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во државава открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна, соопшти денеска Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски зборуваше за изјавата на Рубин Земон од СДСМ, кој во гостување на бугарски поткаст рече дека македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев нема ништо направено за Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Манасиевски посочи дека таа изјава на Земон, наспроти тврдењата на СДСМ, никако не може да се нарече несреќна изјава, затоа што не може да излезеш на бугарски поткаст и да тврдиш ...
„По однос на прашањето за референдум, односно прашањето коешто го наметна лидерот на опозицијата, Венко Филипче е прашањето: дали сте за ЕУ. Ќе се потсетиме дека ние имавме исто такво референдумско прашање со владата на Заев, и тука апсолутно можам да истакнам дека прашањето е апсолвирано, бидејќи оваа Влада недвосмислено одговара и кажува и докажува, со факти и со аргументи, не само декларативно дека е за влез во ЕУ. Со конкретни чекори, еве ...
Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гулекас во однос на ситуацијата на граничните ...
Скопје изминатите два дена беше домаќин на 4. Форум за културна дипломатија – Скопје 2026, што годинава се одржа на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“, со учество на дипломати, политичари, експерти, уметници и јавни личности од Македонија, САД, Германија, Франција, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора. Настанот беше во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека постапката за 100 автобуси е повторно распишана и се очекува да биде успешно завршена, паралелно со плановите за воведување на брз автобуски систем (БРТ). – Денеска е реобјавена постапката за 100 автобуси, искрено се надевам дека овој пат ќе биде успешна. За да не биде градот зависен само од централна власт, владата ќе обезбеди 100 автобуси, но, јас го започнувам за многу скоро ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на седницата за пратенички прашања во Собранието истакна дека Владата води кредибилна и одговорна надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси, достоинството на државата и стратешките приоритети. Одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со евроинтеграцискиот процес и надворешната политика, министерот Муцунски потенцираше дека Владата води ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски истакна дека тезата на СДСМ дека државата не сака да биде дел од Европската Унија е неоснована, посочувајќи дека Владата активно работи на исполнување на реформите, зајакнување на демократските капацитети и градење стратешки партнерства со повеќе европски и светски држави, се вели во соопштрението од ВМРО-ДПМНЕ. „Сметам дека она коешто СДСМ сака да го прикаже е тоа дека ние водиме поинаква ...
Во рамките на јубилејното 45. издание на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“, млади уметници од повеќе земји и култури од светот, повторно пристигнаа во Бигорски, за преку различни ликовни техники и со својот непосреден творечки израз да ја доловат неговата духовна, природна и архитектонска убавина. -Во Бигорски, творечкиот порив доби особено возвишена рамка. Манастирската архитектура, конаците, каменот, дрвото, ...
Убеден сум дека Скопје – културна престолнина на Европа за 2028 ќе биде оној креативен момент во кој нашиот главен град ја претвора културата во свој најсилен дипломатски јазик, своја најпрепознатлива европска биографија и своја најдолготрајна иднина, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков вечерва на панел-дискусија во рамки на 4. Форум за културна дипломатија во Музејот на Град Скопје. Како што рече, Европа денес не бара ...
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, информираше дека е во тек донаторска акција преку која се очекува Кочани да добие минимум три електрични автобуси, а можно е да пристигнат и дополнителни комбиња за потребите на локалниот јавен превоз. Како што истакна Грозданов на денешната 14. седница на Советот на Општина Кочани, обврска на локалната самоуправа ќе биде да обезбеди соодветни паркинг места и базна станица за автобусите, ...
Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да ги задржат работните места, и покрај тоа што бројот на ученици значително е намален во изминатите години, а лани во 147 подрачни училишта воопшто и не се запишале ученици. Меѓу другото, затоа и воведуваме едносменска настава и продолжен престој во училиштата, со цел наставниците да имаат дополнителни активности, полн фонд на часови и да добиваат целосна плата. Во ова ...
Во Собранието, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Улогата на демократските институции во културниот дијалог: Од претставување до кохезија“ – сесија 2 во рамки на Четвртиот форум за културна дипломатија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето обраќање истакнал дека нашата држава има седум културни центри низ светот, нагласувајќи дека културата нема граници. Тој посочил дека Евровизија и студентските размени претставуваат ...