Од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а до септември најдоцна се очекува да почне реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која изврши увид во градежните активности за темелна реконструкција на студентски дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда. ...

Потрошувачката кошничка е готова, беше дадена на Економско-социјалниот совет (ЕСС), очекуваме позитивни сигнали од сите и ќе почнеме да ја пресметуваме, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески. -Потрошувачката кошничка не е некој пандан на синдикалната минимална кошничка, едноставно ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика, туку и од сите други институции во државата – од ...

„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е тема на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026 кој свечено е отворен денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Го организираат Кабинетот на поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на ...

По повод одбележувањето на Светскиот ден на Мултиплекс склероза (МС), Мобилност Скопје со поддршка од страна на град Скопје, единаесетти пат организира мирен марш за силно поткревање на гласот на лицата со МС, Параплегија, Дистрофија и Детска парализа, како и успешно подигнување на јавната свест за овие дијагнози и состојби, постојаната борба за остварување на нивните права и создавање кохезија со заедницата за еднакви можности. По тој повод ...

Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа. Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Хдрцеговина ...

Конвенционалната дипломатија многу често зборува со јазикот на интересот и затоа зад нејзините прагматични цели лесно може да се појават сомнежот и поделбите. Културната дипломатија е ослободена од тој товар бидејќи не бара ништо за возврат. Таа единствено се обраќа на човечката душа и дух, создавајќи простор каде што се рушат стереотипите и предрасудите, истакна вечерва претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето во ...

Претседателката на здружението “ВМРО ДПМНЕ Албанија”, Елена Симонофски и познатиот активист за правата на Македонците во Албанија, Едмонд Темелко, денеска оствариле средба со министерката за образование и наука, Весна Јаневска. “На средбата разговаравме за прашања од исклучителна важност за македонската заедница во Албанија. Меѓу другото за унапредување на наставата по македонски јазик во Албанија, доквалификација на наставниот кадар и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо ...

„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е тема на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026 кој свечено ќе биде отворен денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Го организираат Кабинетот на поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе изврши увид во градежните активности за темелна реконструкција на државниот студентски дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда. Јаневска пред два месеца изјави дека привршува реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и дека од новата академска 2026/2027 година очекува во нив да почне сместувањето на студентите. – Од 1 ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе учествува на панел дискусија на тема „Редизајнирање на високото образование и универзитетите: вештачката интелигенција и соработката со индустријата како едни од најсериозните предизвици на денешното време“. Панелот е дел од меѓународна конференција посветена на градење синергија за креирање иновативни решенија во процесот на дигитална трансформација, што ја организираат Машинскиот ...

Армијата на Македонија денеска на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. Како што соопшти АРМ, настанот се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ). -Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од вооружувањето, опремата, возилата и ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште се изведуваа материјални докази на обвинителството – видео снимки и слики поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. Досега на судењето на пожарот во ...

Здружението „Вина од Македонија“ денеска ќе одржи средба со производители на вино, на која ќе присуствува и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тема на средбата, која ќе се одржи во М6 Едукативниот центар во Скопје се измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Здружението „Вина од Македонија“ денеска ќе одржи средба со производители на вино, на која ќе присуствува и заменик-министерот за ...

Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник и единствен кој верува дека уставните измени се последната и единствена пречка на патот кон Европската Унија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Наспроти пораките на официјална Софија дека Бугарите во македонскиот Устав се последно барање, на кои веруваат само СДСМ и Филипче, бугарскиот премиер, Румен Радев има јавни настапи каде што вели дека ...

Минималната температура изутринава во Берово изнесува 8 степени Целзиусови, во Лазарополе 9, во Mаврови Анови и Попова Шапка, во Крива Паланка и Претор, 11, Битола, 12, Скопје-Петровец, Тетово и Охрид, 13, Прилеп, Штип, Демир Капија и Струмица, 14, Виница, Гевгелија, Kрушево, Куманово и Кавадарци,15, Велес, 16, Скопје-Зајчев Рид, 17. Како што информира УХМР, времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ...

Лажната скромност на самопрогласените борци за работнички права излегува на виделина. Додека глумат загриженост за работници и, наводно, се борат за повисока минимална плата и тврдат дека во Македонија биле ниски платите, синдикалните претставници се луксузираат на трошок на синдикатите и врз грбот на работниците, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Еден од овие примери е Трпе Деаноски од УПОЗ, кој со пари од членарините на ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека по повод верскиот празник Духовден, утре шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат со скратено работно време, од 07:30 до 15:30 часот. Од претпријатието информираат дека со редовно работно време ќе се продолжи од 30 мај 2026 година (сабота). Воедно, ги повикуваат граѓаните да ги користат електронските сервиси, кои овозможуваат побрз и поедноставен пристап до ...

По завршувањето на стратешкиот економски дијалог меѓу владите на Македонија и Хрватска, генералниот директор на АД МЕПСО, доц. д-р Бурим Латифи, заедно со претседателот на Управниот одбор на познатата хрватска компанија КОНЧАР, Гордан Колак, извршија увид во градежните работи на новата 400 kV трафостаница во близина на Охрид. Оваа трафостаница, како што информираат од АД МЕПСО, претставува една од клучните компоненти на проектот за енергетска ...

На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје по повод 35 години независност ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, како и Македонија олл стар“ – Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски. Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на 35 години независност по настапот на Давид Гета и Монолит шоу на 8 ...

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава, кој нуди комплетна дијагностика, третман и следење на сите заболувања на тироидната жлезда кај возрасни и деца. На денешната прес-конференција беше посочено дека во рамки на Центарот функционира мултидисциплинарен тим специјалисти по нуклеарна медицина, торакална хирургија, радиологија, патологија, педијатрија и ендокринологија, кои на пациентите ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни ...

Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија потпишаа денеска Градежниот и Економскиот факултет со два германски универзитета од Северна Рајна-Вестфалија – TH Köln и FernUniversität Hagen. Како што беше речено, целта е размена на информации, студенти и професори, но и поддршка за унапредување на студиските програми во насока на создавање генерации кои ќе ги применуваат принципите на циркуларната економија – рационално ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол. Полицијата соопшти дека во Скопје три лица управувале возило без возачка дозвола, четири во Тетово, пет во Битола и по еден во Македонски Брод и Велес (малолетник). Едно лице во ...

Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени. Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а во 2028-ма процесот ќе биде заокриужен вклучително и со деветто одделение. -Од оваа година ...

Асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ денеска доставиле барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со предлог законот за игри на среќа и забавни игри. – Барањето е согласно член 129 став 2 од собранискиот Деловник, Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело да ја организира јавната расправа. Примената на ваквата демократска алатка ќе ...

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на одбележувањето на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“. По тој повод, беа испратени честитки и пораки за поддршка до четворицата матуранти и една ...

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година. Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како идни офицери во рамки ...

Во Штип заврши третото издание на спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“, со рекордно учество на ученици. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека е задоволен од масовноста и вклучувањето на учениците во спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“. – Сакам да се заблагодарам на организаторите, бидејќи кај учениците се промовира спортот на најдобар можен ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска имаше работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески на која биле отворени повеќе прашања, меѓу кои – локалниот економски развој, инфраструктурните инвестиции и дигитализацијата. Како што информира Кабинетот на Перински, станало збор за унапредување на соработката помеѓу Министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности за подобрувањето на ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.65
47%
1017
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
62%
1014
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.07
73%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.32
51%
1017
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
4.33
53%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
61%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
47%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
0.59
46%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.37
50%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.24
54%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
65%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
0.49
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39