Копретседателот на „Вреди“ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска во изјава за медиумите истакна дека со премиерот Христијан Мицкоски уште не разговарале за деталите и за ресорите што ќе бидат опфатени со најавената реконструкција, која се очекува да биде во јуни. – Со премиерот, со владиниот партнер, само начелно разговаравме и договоривме дека ќе има реконструкција. Но, треба да седнеме да разговараме за принципите, за ...

Обезбедување одржливи и стабилни јавни финансии на среден и долг рок, спроведување постепена и одговорна фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит, зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во услови на енергетска и ценовна нестабилност, како и создавање услови за одржлив економски раст и зголемување на економската отпорност на идни кризи. Ова се главните цели на фискалната политика поставени во Фискалната ...

Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство што со години се градело – односи темелени на меѓусебна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка. Тоа го истакна претседателот на владата, Христијан Мицкоски, на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, по денешната средба во Охрид. Како што рече, Хрватска е близок партнер на Македонија, пријателска ...

Важноста на поддршката од Европската Унија во јакнењето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедносниот систем беа во фокусот на денешната средба меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас. – На средбата беа потврдени одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на ...

Македонската Армија в четврток на 28 мај на Градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците. Во соопштението од касарната „Јане Сандански“-Штип се вели дека на настанот кој се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со ...

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) во чиј состав е и синдикатот СПАИС во кој членуваат вработени од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) апелира до Град Скопје и до раководството на претпријатието да седнат заедно со синдикатот и да ги надминат проблемите со кои се соочуваат вработените. Според синдикатот, вработените во ЈСП особено возачите реагираат на распоредите за работа за верски празници, а проблеми со кои ...

Интензивно се асфалтираат улиците во новата индустриска зона Речица и Новини, информираа денеска надлежните. Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски објави дека во тек е асфалтирање на првиот слој на улиците во зоната. Проектот што се реализира со средства обезбедени преку Владата опфаќа изградба на водоводна и фекална мрежа, атмосферска канализација, изградба на внатрешни сообраќајници, воспоставување на сообраќаен режим и ...

Со 65 гласови „за“, 14 против и ниту еден воздржан Собранието денеска го донесе законот за задолжување за општи буџетски потреби во износ од 260 милиони евра. Како што рече заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, заемот ќе се користи за општи буџетски потреби, за финснсирање на капиталните инфраструктурни проекти и за враќање на старите долгови, меѓу кои и еврообврзницата од 700 милиони евра, земена во 2020 година. Каматата ќе ...

По повод утрешниот празник Курбан бајрам, честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Шаќир Фетаи. – Со желби возвишениот Алах да ги прими нашите жртви, курбани и молитви, наградувајќи нè со Неговата милост и безгранични благодати, денес, со срце и душа, го очекуваме големиот празник Курбан бајрам, празник што го означува извршувањето на обврската хаџ, обврската на принесување курбан, како и деновите ...

Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменковска Трајковска и директорката на Институтот за јавно здравје – Скопје, д-р Марија Андоновска денеска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции со којшто се овозможува воспоставување институционална мрежа која директно ќе придонесе кон заштита и унапредување на јавното здравје, како и подобрување на целокупните услови за живот на локалното население. Прес-службата на Општина Кисела ...

Македонската Влада е за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија и сметам дека тие напредуваат многу добро – оцени хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ при денешната посета на земјата. Одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски, забележа дека единственото отворено прашање во овој момент се односите со Бугарија. – Бугарија имаше избори. Имаме стар претседател и ...

Нашата статегија е да ги завршиме реформите дома бидејќи тие ни требаат нам. Втора работа која што исто така сме спремни да ја испорачаме е Акцискиот план за малцинства, што го работевме заедно со Брисел и експерти препорачани од ЕК. Се додека билатералните спорови и т.н. булинг кон нас од една земја – членка на ЕУ се наша препрека, ова што одамна го залуживме ќе се одалечува, но ние не губиме надеж и енергија, туку напротив ќе продолжиме ...

Осум концерти во четири фестивалски вечери ќе понуди програмата на годинашниот 25. Оффест (OFFest), кој ќе се одржува од 3 до 6 јуни. Организаторот, Скопски џез фестивал, денеска на прес-конференција најави богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на континентот Африка. Директорот Оливер Белопета соопшти дека се држеле до стандардната концепција и сите изведувачи доаѓаат со специјални проекти. Иако се работи за јубилеј, ...

Македонија повторно на европска раскрсница – во што попрво да верува – фазно членство„, „членство без право на глас„, „арбитражна комисија за вето„, квалификувано мнозинство. Додека во Брисел се редат предлозите за укинување или заобиколување на апсурдните вета, пред се заради Украина, дома повторно се отвора прашањето – дали треба да почека појасна слика за иднината на Унијата пред да се спроведе најбоната точка – уставните измени. Според ...

Истиот модел кој се предлага за приклучување на Украина кон ЕУ, треба да се однесува и за останатите држави од регионот, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прес-конференцијата по повод потпишувањето на договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Хрватска. Коментирајќи го писмото на германскиот канцелар Мерц, испратено до Европскиот совет, во кое тој предлага Украина да биде асоцијативна членка, додека Западен Балкан ...

По повеќе од четири децении, државното електромашинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип целосно ќе се реконструира. Со проектот е предвидена нова енергетски ефикасна фасада, обновени училници и современи кабинети. Во тек е подготовката на документацијата, по што ќе биде позната и вредноста на инвестицијата. Реновирањето ќе се реализира етапно и нема да влијае врз наставниот процес. „Во тек е подготовка на проектната документација за целосна ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Меморандумот, како што информираат од МЕРМС беше потпишан во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска делегација на земјава, предводена од премиерот на ...

Откако вчера се скрши стомната во срцето на Општина Центар, откако пропадна тротоар и падна бандера врз автомобил, видовме како градоначалникот Горан Герасимовски истрча на терен, глуми загриженост и експресно изрекува казни. Како народна изрека вели: откако ќе се скрши стомната, ќе стоиме покрај неа и ќе пишуваме казни. Е па, тогаш ќе поднесете сметка за штетата, но ќе биде доцна, стои во соопштението од ЗНАМ. Додека градоначалникот си ги ...

Државната изборна комисија на денешната седница едногласно го усвои Годишниот план за работење и напредување за 2026 година. Претседателот на ДИК Бојан Маричиќ истакна дека планот е подготвен во целосна согласност со законските одредби од Законот за вработените во јавниот сектор и Изборниот законик. -Основната цел на овој план е да обезбедиме, што е еден тренд во последните две години и добро е да продолжи, соодветен стручен и професионален ...

Пратениците дадоа зелено светло за Законот за задолжување кај странски банки од 260 милиони евра. Овој заем беше предвиден уште лани согласно буџетот за годинава за враќање стари долгови, капитални инвестиции и буџетски потреби. . Министерството за финансии претходно побара понуди од 14 банки, по што доби одговор од 8. Се работи за реномирани финансиски институции од САД, ОК и ЕУ. Заменик министерот за финансии истакна дека заемот е земен по ...

САД соопштија дека започнале нови напади врз јужен Иран, таргетирајќи ирански ракетни позиции и бродови кои се обидуваат да постават мини, објави Би-би-си. Нападите, како што велат, биле преземени во „самоодбрана“ и биле наменети „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“, се вели во соопштението на Централната команда на САД. Портпаролот на Централната команда, капетан Тим Хокинс, изјави дека американската ...

Чешката влада одобри измени на законот со кои се заоструваат правилата за престој и финансиска поддршка за украинските бегалци. Властите објаснуваат дека мерките се одговор на злоупотреба на помошта и на перцепцијата дека бегалците имаат предност во однос на домашното население. Меѓу предлозите е укинување на исклучокот со кој украинските возила беа ослободени од технички прегледи, како и можност за исклучување на воено способни мажи од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, денеска на церемонија ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards“. Како што информираат од кабинетот на претседателката, на настанот кој е во организација на Women in Tech® Македонија во соработка со Министерството за дигитална трансформација, а под покровителство на Сиљановска-Давкова, ќе бидат доделени и ...

Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка. Според Предлог-законот за задолжување на Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте ...

Подмладоците на политичките партии во земјава денеска ќе потпишат Декларација за европски вредности и кохезија на настан во Скопје во организација на Институт Охрид, а поддржан од Европската Унија. Целта на оваа иницијатива, соопшти организаторот, е да се создаде редок и значаен јавен момент во кој младите политички лидери ќе застанат зад заеднички вредности што се клучни за демократскиот развој и европската иднина на земјата: дијалог, ...

Во Амфитеатарот на Градежниот факултет – Скопје, УКИМ, во организација на Факултетот, денеска за првпат ќе се одржи „Бизнис ден 2026“ – насловен како „Од Амфитеатар до реализација – од студент до менаџер“. На настанот, како што најавуваат организаторите, успешни инженери, менаџери и алумни на Факултетот ќе го споделат своето работно искуство од областа на градежништвото со своите млади колеги. Во Амфитеатарот на Градежниот факултет – Скопје, ...

Венко Филипче и СДСM се директно фатени на дело во отворена соработка со бугарски активисти кои отворено го негираат македонскиот идентитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНE. Специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, Венко Филипче, преку Рубин Земон е во директна соработка со Виктор Стојанов, кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови. Виктор Стојанов е лице познато по своите ставови со кои ...

Од 29 до 31 мај во Куманово ќе се одржи едно од најзначајните фотографски случувања во Македонија и на Балканот, Малински фото фестивалот. Основан во 2014 година од страна на група ентузијасти од Фото клуб Куманово, тој се вбројува во интернационални фестивали, со гости од Бугарија, Турција, Србија, Кина… Директорот на овој Фестивал, Владимир Јовановски, истакнат и реномиран фотограф со бројни светски награди и признанија, за него вели дека ...

Четворица државјани на Турција се приведени и против нив е поднесена кривична пријава поради физички напад врз доставувач во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 24 мај околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, кога, според пријавата, по претходна расправија околу сообраќајот, осомничените со патничко возило „ауди“ удриле во мотоциклот на 20-годишниот Ф.М. од Скопје, кој во моментот извршувал ...

„Кроација ерлајнс“ ги продолжува намалувањата на фреквенциите на своите летови од Загреб до Скопјe и до Сараево, објави специјализираниот сајт „Екс ју авијација“. – Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе опслужува во просек по седум летови неделно до Скопјe, што е намалување од девет неделно во јуни минатата година, додека Сараево ќе има просечно девет до десет летови неделно, во споредба со единаесет минатата година. Превозникот ги намалува ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15