Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Фондацијата „Фросина Кулакова“ започнува официјална соработка со Министерството за внатрешни работи преку потпишување Меморандум за соработка, насочен кон унапредување на безбедноста во сообраќајот и спречување трагедии. Од Фондацијата информираат дека ова партнерство претставува продолжение на нивната мисија за подигнување на јавната свест, развој на општествено одговорни кампањи и обезбедување психосоцијална и правна поддршка за семејствата ...
Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во првиот квартал годинава е намалено за 19.4 проценти во однос на истиот квартал од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Наспроти товарниот патен превоз, во првите три месеци од годинава споредено со истиот период лани статистиката евидентира зглемување на количеството на превезена стока во железничкиот превоз, за 14.2 проценти, а во воздухопловниот превоз за ...
Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Владата, денеска во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата, по пречекот, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и ...
Свлечиште на земјата настанало денеска во општина Центар при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Денеска (25.05.2026) околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. “Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од ...
Ја разбирам потребата и на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и сите останати органи да бидат транспарентни, но во секој случај морам да потенцирам дека предистрага е постапка што сама по себе подразбира тајност во рамки на постапувањето, сѐ со цел да нема повреди на одредени начела во правото дефинирани согласно Устав и закон – изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју во една од ...
Инспекциските служби на Општина Центар заедно со Министерството за внатрешни работи веднаш излегле на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. Општина Центар денеска соопшти дека по извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата ...
Со еден ваков паметен систем, државата знае каде е жртвата во истиот момент, кои се најблиските полициски службеници што може да се упатат кон жртвата, каде е најбрзата здравствена услуга којашто може да биде дадена, каде е најбрзиот социјален одговор од страна на експерти коjшто може да биде даден и така натаму, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за можноста за воведување паметен систем за жртви од семејно насилство. Во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во интервју за една од националните телевизии најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. -И вие и јавноста за многу брзо ќе дознае зошто ова сум го кажал ова што сум го кажал – рече министерот, не изнесувајќи повеќе податоци. Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина ...
Околу 1,6 милиони муслимани се собраа во Мека на еден од најголемите годишни религиозни собири во светот. Овогодинешниот аџилак доаѓа во време на конфликтот на Блискиот Исток, а кревкиот прекин на огнот предизвикува загриженост за пошироката регионална стабилност. Аџилакот е еден од петте столба на исламот и секој муслиман кој има можност треба да го изврши најмалку еднаш во животот. Тој опфаќа низа ритуали што се изведуваат најмалку четири ...
Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Владата утре во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата по пречекот во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот ...
Дводневен експертски состанок на претставници на ревизорски институции од Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Словачка, почна денеска во Белград, чија цел е зајакнување на соработката и започнување заеднички ревизии за користењето на јавните средства за постигнување на Целите за одржлив развој, особено на локално ниво. Генералниот ревизор и претседател на Државната ревизорска институција на Србија, Ивица Гавриловиќ, ...
Премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут денеска во Белград разговараше со претседателката на Националниот совет на Македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ, за подобрување на положбата на припадниците македонското малцинство, и во таа прилика изјави дека Србија и Македонија се братски и пријателски земји, ориентирани кон соработка, почитување и заеднички просперитет. „Националните малцинства се вистинското богатство на оваа ...
Пожар кој избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, настанал во една од халите на фабрика за текстил, во која биле сместени машини и репроматеријали. Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека вчера во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали. По интервенција на ...
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство вчера е донесена малолетничка со породилни болки. По пријава од Клиниката приведена е нејзината мајка, а со таткото е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител. – На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека четири лица се лишени од слобода. Во тетовско село, вчера во 12:40 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А. (36) од истото село. Претходно, во 12:00 часот во просториите на Одделението за криминалистичка полиција Тетово, неговата 57- годишна мајка, пријави дека во нивниот семеен дом, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од кои деветмина управувале возило без возачка дозвола (тројца во прилепско и по еден во Желино, Гостивар, кичевско, Куманово, Скопје и Делчево), двајца под дејство на алкохол (Гевгелија и Скопје) и тројца со активна забрана за управување (Кичево, Куманово и Велес) – соопшти Министерството за ...
Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо верува на политиките на Радев дека уставните измени се последната препрека за нашиот влез во ЕУ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Но, не само што уставните измени не е последната препрека, туку не е ниту последно барање на Бугарија. На видео од 2019 година, слушаме како сегашниот премиер на Бугарија, Румен Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски ...
Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ. Тие што сакаа да го претворат Тетово во пашалак на Дака Давидовиќ, човек на американската црна листа, и ја оставија општината со долг од 24.000.000 евра, не можат да сфатат како Билал Касами го трансформираше Тетово за само еден мандат, истовремено намалувајќи го долгот, се вели во соопштението на ВРЕДИ. Во времето на ДУИ, не можеше да се изгради ...
Осум, од вкупно 35 автобуски постојки за Градскиот превоз во Кавадарци се комплетно дигитализирани. Оваа модернизација во вредност од 1,4 милиони денари овозможува следење на движењето на автобусите во реално време со што се заштедува и времето на чекање на граѓаните, а и точно планирање на нивните обврски без задоцнувања. Освен ова, дигитално автоматизираните постојки се обезбедени и со видео-надзор, а има и тотеми на кои ќе можат да се ...
Античкиот театар во Охрид крие средновековна црква под куќите што со години чекаат на експропријација. Археолозите ценат дека на источниот и југоисточниот дел од локалитетот постојат сериозни индиции за сакрален објект, но без отстранување на објектите, истражувањата не можат да продолжат. Надлежните веќе подолг период водат постапки за експропријација на четири куќи околу Античкиот театар. „Без нивна експропријација и отстранување не можеме ...
Најмалку 15 луѓе се повредени откако трамвај полн со патници излета од шини и се удри во зграда во Белград. Единаесет од нив се пренесени во болница, но ниту еден не е во животозагрозувачка состојба. Меѓу повредените има и две деца. Сѐ уште нема официјални информации за причината за несреќата. Не е познато дали станува збор за инфраструктурен проблем или несреќата е предизвикана од човечки фактор. Возачката кабина на трамвајот е целосно ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот за завршување на конфликтот со Иран е близу, но дека Соединетите Американски Држави нема да брзаат со негово финализирање. Сепак, како што посочува, американската блокада на иранските пристаништа во Ормускиот Теснец ќе остане во сила сѐ додека не биде постигнат и потпишан конечен договор меѓу Вашингтон и Техеран. Според него, двете страни треба да одвојат време процесот да биде ...
Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на портпаролот Валентин Манасиевски. Филипче е соработник со Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија. Неговите ...
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека до крајот на оваа седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 40 km/h). Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ...
Наскоро ќе биде готова првата линија на Градскиот воз од Зелениково до Нова железничка станица. Првиот човек на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски објаснува дека градежните работи се при крај. Предвидено е од септември да профункционира градскиот воз на овој потег. Овој проект е еден од клучните приоритети на Македонски Железници. “Ова е постоечка пруга, дел од коридорот 10 и одамна е во функција, но не онака како што треба да биде. На ...
По повеќе од шест часа драматична борба со огнената стихија, пожарот во поранешната текстилна фабрика „Декор Текс“ во Радовиш е целосно изгаснат. Пожарникарите со помош на колеги од Струмица, влегле директно во пламените јазици за да спречат уште поголема катастрофа…Огнот брзо се ширел поради големото количество запалив материјал и машини во магацините, а густ чад и високи пламени јазици го покрија целиот реон. Неколку пожарникари вдишале чад ...
Наместо да прифатат обединување за реформските закони и европскиот пат на Македонија, СДСМ упорно инсистираат на Бугари во Устав. Дури и ликуваат, па продолжуваат да одбројуваат за исполнување на законите од планот за раст, за кој патем е потребен консензус и соработка и од нивна страна. -Уште само 6 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски си го постави за целосно исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за ...
Додека граѓаните чекаат разрешница за случајот „Државна лотарија“, тежок 8 милиони евра, поврзан со Артан Груби, институциите молчат и го одолговлекуваат процесот. Од ВРЕДИ прашуваат кој има интерес постапката да се одолговлекува и дали некој се плаши од информациите што, како што велат, ги поседува Груби како „жива архива“ на ДУИ. – Артан Груби, заедно со бегалецот Перпарим Бајрами, се сомничи за злоупотреби во вредност од 8 милиони евра во ...
Прво Западен Балкан во ЕУ, па потоа Украина. Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Европската Унија треба да ги прими земјите од Западен Балкан пред Украина, за да го зачува кредибилитетот во регионот. ЕУ прво мора да ги исполни ветувањата дадени на земјите кои со години чекаат членство, пред да даде нови ветувања на другите кандидати. „Прво треба да ги примиме земјите кои долго време се подготвуваат за членство, кои многу жртвувале, ...