По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска беше гостин во семејството Јетиш. Во топла, пријателска и празнична атмосфера, таа им го честиташе празникот и им посака здравје и бериќет, негувајќи ги традициите на меѓусебно почитување и соживот меѓу сограѓаните, информираат од Општина Кисела Вода. Како што потенцираат оттаму, бидејќи вистинската суштина на овој празник лежи во ...

Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четиричасовна претходно помината теоретска обука, информираат од Министерството за внатрешни работи. ОД МВР појаснуваат дека е донесен нов Правилник со кој се уредува задолжителната четиричасовна теоретска обука за управување со мотоцикл до 125 cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW). -Напоменуваме дека не смее да се управува со мотоцикл ...

Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело, велат од Владата, како одговор на барањето на СДСМ за организирање референдум. Потренцираат дека укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е ...

Советот на Општина Делчево донесе Одлука за формирање Просторни сили за заштита и спасување, со цел зголемување на подготвеноста за справување со природни и други непогоди на локално ниво. Согласно одлуката, силите ќе дејствуваат на подрачјето на општината и ќе имаат задача да обезбедат заштита и спасување на луѓето и материјалните добра. Просторните сили се организираат како Универзална единица за заштита и спасување, формирана во состав на ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно со сончеви ...

Авионско третирање против комарци утре ќе спроведе општина Карбинци на повеќе локации.Акцијата ќе се реализира во раните утрински часови, од 5 до 8 часот, а ќе бидат опфатени околу 300 хектари долж речното корито на Брегалница, оризовите полиња кај Крупиште и неколку речни текови во Општината. Од локалната самоуправа апелираат до пчеларите навремено да ги затворат кошниците за да се заштитат пчелните семејства од влијанието на средството со ...

Со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи, информираат од МВР. Како институција која е постојан сервис на граѓаните, велат оттаму, веруваат дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на ...

Во емисијата „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека Владата продолжува со економска политика насочена кон силни капитални инвестиции и поддршка на градежниот сектор со цел зголемување на бруто-домашниот производ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Овие 260 милиони евра кои Република Македонија ќе ги повлече ќе бидат за финансирање на одредени ...

По години и години чекање и неизвесност, пациентите со мултипла склероза конечно ќе добијат полесен пристап до неопходните лекови. Терапијата се децентрализира. Наместо само на Клиниката за неврологија во Скопје, лековите отсега ќе бидат достапни и во ГОБ „8 Септември“, Клиничката болница во Штип и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Пациентите велат дека се задоволни од соработката со институциите. Посочуваат дека терапијата навремено ја ...

Македонија високо позиционирана според конкурентноста и иновациите. Сите македонски региони се рангирани во топ 20 во регионот, а најдобри резултати покажале скопскиот и југоисточниот регион – покажа истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики и Фондацијата Конрад Аденауер. Главни двигатели на иновациите и знаењата се странските инвеститори кои користат високи технологии. Слабости се детектирани во недостатокот на кадар, ...

На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје по повод 35 години независност ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, како и Македонија олл стар – Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски. Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на 35 години независност по настапот на Давид Гета и Монолит шоу на 8 ...

На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, минатата година дипломирале 7 612 студенти, што претставува зголемување за 8.4 проценти во споредба со 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии минатата година, 27.3 проценти дипломирале во областите бизнис, администрација и право. Од вкупниот број дипломирани студенти, 5 677, односно 74.6 проценти се ...

Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците кои од својата плата ги даваат за чланарина, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. Лажната скромност на синдикалците како Трпе Деаноски од УПОЗ излезе на виделина. Додека во Македонија вели дека се мали платите и дека се борел за поголеми плати, дека граѓаните живееле во сиромаштија и мизерија, Трпе ...

Во првиот квартал годинава склучени се 1.797 бракови и нивниот број е намален за 2.7 проценти во споредба со истиот период од 2025 година, објави денеска Државниот завод за стaтистика. Според податоците на ДЗС, регистрирани се 494 разведени бракови, што претставува зголемување од 6.2 проценти во споредба со истиот период од 2025 година. Во првиот квартал годинава склучени се 1.797 бракови и нивниот број е намален за 2.7 проценти во споредба ...

Очигледно е дека единствениот кој безрезервно им верува на пораките на Румен Радев дека уставните измени се последната пречка на патот кон Европската Унија е токму специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. Премиерот на Бугарија, Румен Радев излегува во јавноста и вели дека македонските револуционери како Гоце Делчев и Јане Сандански се ...

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево објави јавен повик преку кој се повикуваат граѓаните да предложат жени од Делчево кои, според нив, заслужуваат да бидат дел од изложба на фотографии и инспиративни животни приказни. Како што информираше директорката на библиотеката Билјана Петровска, активноста е организирана во чест на жените кои со својата работа, хуманост, храброст, талент и посветеност оставиле и сè уште оставаат значаен ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на најавите за укинување на роамингот на ЕУ со Западен Балкан, вели дека тоа не зависи од нас, туку од ЕУ, а оптимистичко сценарио тоа да се случи би можело да биде 1 јануари 2027 година. – Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани. Тоа сепак зависи од Европската Унија, рокот не зависи од нас, но би значело оптимистичко ...

Една од точките на дневниот ред на Комисијата за правни прашања и човекови права, која се одржува во Талин и на која учествува пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, соопшти денеска собраниската прес-служба. Во воведниот меморандум на оваа тема се најавува обновен фокус на подобрување на спроведувањето на пресудите донесени од Европскиот суд за човекови ...

Започнува децентрализацијата на добивање третман и терапија за пациентите со мултипла склероза (МС) во три регионални центри, информираше денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој присуствуваше на одбележувањето на Денот на мултипла склероза во Скопје. Од националното Здружение за МС велат дека ова претставува долгогодишно примарно барање на здружението и успешно се имплементира како пилот-програма во три ...

Го потпишаа Преспанскиот договор без да го прашаат народот. Го потпишаа Договорот за добрососедство со Бугарија не го прашаа народот. Го прифатија Францускиот предлог и се обврзаа на нови отстапки и повторно не го прашаа народот. Сега на Венко Филипче и на СДСМ им текна да бараат рефендум, народот да кажел дали треба да се откажеме од идентитетот за да влеземе во ЕУ. Не може Христијан Мицкоски да одлучува за нашите судбини. Едноставно, доста ...

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, како заеднички претставник на лицата кои живеат со дијабетес во државата, подолг временски период укажува на потребата од подобрување на пристапот до редовни, навремени и континуирани специјалистички прегледи. Редовните контроли претставуваат основен и неопходен дел од здравствената грижа за лицата со дијабетес, бидејќи преку нив се следи текот на болеста, се проценува здравствената ...

Македонија е добро рангирана на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој обезбедува компаративен преглед на состојбите и капацитетите за иновации и конкурентност во регионот, како и сет препораки за унапредување на јавните политики и поттикнување на одржлив економски раст. Ова беше посочено на презентацијата на Индексот, во организација на Центарот на истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад ...

Градот Скопје и Министерството за култура и туризам потпишаа меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град. Меморандумот, потпишан од градоначалникот на Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставува важен чекор во подготовките за Скопје 2028 – Европска престолнина на културата и има за цел посилна институционална координација во развојот и ...

Верниците од исламска вероисповед денеска го одбележуваат Курбан Бајрам, вториот најголем муслимански празник по Рамазан Бајрам. Празникот започнува со бајрам-намаз, молитва преку која верниците бараат милост и благослов од Алах. Еден од главните обичаи за Курбан Бајрам е принесувањето курбан – жртва што симболизира посветеност и приближување кон Бога. Курбан Бајрам трае три дена и се слави 70 дена по Рамазан Бајрам. Празникот е тесно поврзан ...

Различностите да бидат мост, а не пречка, порачува во честитката за празникот Курбан Бајрам македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Таа нагласува дека Курбан Бајрам ги носи вредностите на човечност, солидарност и заемно почитување, неопходни за посилно и пообединето општество. „Во свет обременет со неизвесност, недоверба, отуѓеност и ослабено чувство на заедничка припадност, големите празници имаат силна духовна димензија и ...

По години и години чекање и неизвесност, пациентите со мултипла склероза конечно ќе добијат полесен пристап до неопходните лекови. Терапијата се децентрализира. Наместо само на Клиниката за неврологија во Скопје, лековите отсега ќе бидат достапни и во ГОБ „8 Септември“, Клиничката болница во Штип и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Пациентите велат дека се задоволни од соработката со институциите. Посочуваат дека терапијата навремено ја ...

Убеден сум дека овој простор ќе стане нов дом на џезот во Скопје, порача Министерот за култура Зоран Љутков од просториите каде ќе биде сместен Националниот џез оркестар. Станува збор за современ и функционален објект кој треба да обезбеди достоинствени услови за работа на музичарите и да стане нов центар на културата во Скопје. Првата фаза на реновирање веќе е завршена и опфаќа инфраструктурни работи и инсталации. Во тек е и втората фаза, ...

35тиот роденден на Македонија освен Дејвид Гета ќе донесе и други спектакуларни изведувачи и изненадувања. Со настап на светскиот тенор Хозе Карерас и најголемите македонски музички имиња, на први септември на плопштадот Македонија ќе започне одбележувањето на независноста. Заедно со поддршката од Македонската Филхармонија, организаторите велат дека главната цел е да се соединат македонската музичка традиција заедно со светската класика. ...

Побезбедно, поефикасно и забрзано лекување на тироидната жлезда пристигна во Македонија. Во клиничката болница „Аџибадем Систина“ се отвори првиот центар за тироидна жлезда, каде преку нови методи се овозможува посовремен третман. „Формирањето на Центарот за тироидна жлезда е значаен чекор кон обезбедување врвна, интегрирана и прецизна медицинска грижа за нашите пациенти. Главната цел на овој Центар е пациентите да можат за само еден ден на ...

Македонија мора да продолжи стратешки да се договара и да склучува партнерства со земјите членки на ЕУ, бидејќи тоа е одлична можност да се позиционира државата. Според познавачите на приликите, во време кога Македнија е блокирана од страна на Бугарија, земјава стратешки се поврза со светската сила САД, потоа со Велика Британија, а регионално со две значајни земји членки на ЕУ, Унгарија и Хрватска. Потребна е стратегија што покажува дека ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.65
47%
1017
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
62%
1014
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.07
73%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.32
51%
1017
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
4.33
53%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
61%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
47%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
0.59
46%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.37
50%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.24
54%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
65%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
0.49
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Злато

135639.33